Совети за животот и исхраната
Житарки
Храна по избор на Создателот
481. Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот претставуваат храна која за нас ја одбрал нашиот Творец. Оваа храна, подготвена што поедноставно и поприродно, најздрава е и има најголема вредност. Таа дава снага, издржливост и сила на умот која не може да се добие од посложената и надразнувачката храна. — (1905) Здравје и среќа 296 {СЖИ 313.1}
[За контекст види – 111]
482. Оние коишто јадат месо, јадат житарки и овошје од втора рака; затоа што животните примаат од овие растенија храна која го подобрува растењето. Животот којшто бил во житарките и зеленчукот преоѓа на оној којшто ги јаде. Ние тоа го примаме со јадење на животинско месо. Колку е тоа добро да се добие непосредно, со земање на храна којашто Бог ја предвидел за наша употреба! — (1905) Здравје и среќа 313 {СЖИ 313.2}
[Луѓето треба повторно да прифатат исхрана со овошје, зеленчук и житарки – 515]
Дел кој одговара на исхраната
483. Грешка е да се претпоставува дека силата на мускулите зависи од употребата на месна исхрана. Потребите на телото можат подобро да се задоволат и може да се ужива многу подобро здравје со изоставување на таквата храна. Житарките со овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ги содржат сите хранливи состојки потребни за создавање на добра крв. — (1905) Здравје и среќа 313 {СЖИ 313.3}
484. Во житарките, овошјето, зеленчукот и зрнестите плодови се наоѓаат сите хранливи состојки кои ни се потребни. Ако дојдеме кај Господа со едноставен ум, Тој ќе не научи како да подготвуваме здрава храна без дамка штетно месо. — Manuscript 27, 1906 {СЖИ 313.4}
[Содржи потребни хранливи состојки – 513]
Богато снабдување
485. Богатото снабдување со овошје, зрнестите плодови и житарки коишто ги дава природата, сосема е доволно, и од година во година производи од разни краеви на светот можат секаде да стигнат, затоа што постојат големи олеснувања во транспортот. Заради тоа многу намирници коишто пред неколку години се сметаа за скап луксуз, сега се на дофат на секого како храна којашто е во секојдневна употреба. — (1905) Здравје и среќа 297 {СЖИ 313.5}
486. Доколку планираме мудро, тогаш сѐ она што најповеќе придонесува за здравјето може да се набави во секоја земја. Разни производи од ориз, жито, пченка и овес можат да се најдат секаде, исто така и грав, грашок и леќа. Сѐ ова, заедно со домашното или увезеното овошје, и разновидниот зеленчук кој успева на секое тло – дава можност да се избере храна којашто е комплетна и без употреба на месо. — (1905) Здравје и среќа 299 {СЖИ 314.1}
[Житарките се една од богатите природни слатки – 503]
Правилна подготовка
487. Овошјето, житарките и зеленчукот подготвени на едноставен начин, без зачини и маснотии од било кој вид, прават со млекото и павлаката најздрава храна. Таа го храни телото и му дава сила, издржливост и енергија на умот, кои не можат да се добијат од храната која надразнува. — (1890) Counsels on Health, 115 {СЖИ 314.2}
[За контекст види – 137]
488. Житарките и овошјето подготвени без животински масти и во што поприродна состојба, треба да бидат храна на трпезите на сите оние коишто тврдат дека се подготвуваат за живот на Небо.— (1869) 2. Сведоштво 352 {СЖИ 314.3}
[Да се адаптираме на исхрана со овошје, житарки и зеленчук – 514]
[Житарките составен дел на здравата исхрана – 399, 400, 403, 404, 407, 810]
Каша
489. Житарките коишто се употребуваат за каша или качамак треба да се варат по неколку часа. Меѓутоа, меките и течните јадења не се така здрави како тврдата храна којашто бара темелно џвакање. — (1905) Здравје и среќа 301 {СЖИ 314.4}
490. Некои искрено мислат дека правилата исхрана се состои главно од каши. Обилното земање каши нема да обезбеди здравје на органите за варење, затоа што таа е многу слична на течност. Поттикнувајте јадење овошје, зеленчук и леб. — The Youth’s Instructor, May 31, 1894 {СЖИ 314.5}
[Преголемата употреба на кашата претставува грешка – 499]
Грахам – каша
491. Вие можете да направите грахам – каша. Ако грахам – брашното е премногу крупно, просејте го и додека е кашата топла, додајте млеко. Тоа ќе биде највкусно и најздраво јадење за состаноците под шаторите. — (1871) 2. Сведоштво 603 {СЖИ 315.1}
Да го заземе местото на месната исхрана
492. Кога ќе се напушти месната исхрана, нејзиното место треба да го земе разнообразната храна од житарки, зрнести плодови, зеленчук и овошје, којашто ќе биде хранлива и вкусна… Местото на месото треба да се надополни со здрава но евтина храна. — (1905) Здравје и среќа 316, 317 {СЖИ 315.2}
[Зазема место наместо месната исхрана – 765, 795]
[Месната храна не е потребна таму каде што има овошје, житарки и зрнести плодови – 138]
[Едноставна исхрана за посетителите – 129]
[Употреба на житарките на трпезите на помошниците – 444, 651]
[На трпезата на Елена Вајт – Додаток 1:15-23]
[Болните во санаториумите да се навикнуваат на негова употреба – 767]
