Откако, пак, го изгони Адам, постави на исток пред градината Едем херувим и огнен меч…
Со Божја милост, заедно стигнавме до последните стихови од третата глава на „Создавање“ (Битие): „Адам ја нарече својата жена Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи. А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив. И Господ Бог рече: ‘Ете, Адам стана како еден…
