КОИ ВАЖНИ РАБОТИ МОЖЕМЕ ДА ГИ НАУЧИМЕ ЗА БОЖЈИОТ СУД ОД КНИГАТА НА ПРОРОКОТ ДАНИЕЛ?

Сподели го ова:

Во пораката на трите ангели, Бог ги предупредува сите што живеат на земјата дека на небото започнал истражен суд. Најпрвин на него ќе се разгледуваат случаите на верниците. Ние ќе продолжиме да ја истражуваме вистината за Божјиот суд, за да можеме подобро да разбереме каква е оваа фаза на Божјиот суд — истражниот суд. И, исто така, да дознаеме кога на небото започнала истражната постапка.

Содржина прикажи
КНИГА, ПРОТКАЕНА СО БОЖЈИ СУД

Ако внимателно ја читате Библијата, ќе забележите дека во речиси сите нејзини книги, во еден или друг степен се откриваат различни фази на Божјиот суд. Од книгата Создавање — до книгата Откровение, ни се открива вистината за Божјиот суд.

Но, постои една книга во Библијата, која не зборува во фрагменти за фазите на Божјиот суд. Таа е проткаена со Божјиот суд, почнувајќи од името на пророкот, кому Бог му дал можност да ја напише оваа книга. Ова е книгата на пророкот Даниел. Името Даниел значи „Бог е мој судија“, „Бог е мојот судија“, „Божји суд“. Дури и другото име, што му го дал царот Навуходоносор, не се задржало за него. Тој останал, според Божјиот план, како Даниел.

Сè што тој запишал од Бога, ни го открива од сите страни Божјиот суд. При што, оваа книга ни ги открива не само сите фази на судот, туку ни ги прикажува и сите групи на луѓе, кои живееле, живеат и ќе живеат до крајот на овој свет. И на кои ќе им биде изречена Божјата казна според нивниот начин на живот. Гледајќи ги внимателно и испитувајќи ги од сите страни, сигурно во една од тие групи ќе се видите себеси. И на тој начин ќе можете да извлечете заклучок, гледајќи ја нивната судбина од Бога. Дали да продолжите да живеете така, како што живеете или треба, пред да заврши времето на благодатта, да промените нешто во својот живот?

БОГ МУ ВЕТИЛ НА СВОЈОТ НАРОД ПОДДРШКА ПОД УСЛОВ ДА БИДЕ ПОСЛУШЕН

Во третата година од царувањето на јудејскиот цар Јоаким се крена вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим и го опседна. И го предаде Господ во раката негова јудејскиот цар Јоакима и дел од садовите на домот Божји, и тој ги испрати во земјата Сенаар, во домот на својот бог, и ги внесоа тие садови во ризницата на својот бог“ (Даниел 1:1,2).

Површниот читател ќе рече: па, каде е овде Божјиот суд? Не избрзувајте со заклучоци. Бог, доведувајќи го Својот народ во ветената земја, му ветил просперитет, заштита и поддршка. Но, не само така, туку под услов да Му бидат послушни:

И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази Својот завет и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови до илјада поколенија; а оние, кои Го мразат, ги казнува и ги погубува; Тој не заборава да го казни токму оној, кој Го мрази. И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, кои денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш.

И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ќе го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Тој на вашите предциблагословен ќе бидеш повеќе од сите народии ќе ја отстрани од тебе Господ, секоја немоќи ќе ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ќе го истребиш името нивно од под небото: никој нема да издржи пред тебе додека не ги истребиш (Второзаконие 7:9-24). 

ЗОШТО БОЖЈИОТ НАРОД ЈА ИЗГУБИЛ БОЖЈАТА ЗАШТИТА?

Значи, Бог му ветил Своја заштита на народот, под услов на послушност. Во првото поглавје од книгата на пророкот Даниел, читаме дека Вавилонците ја зазеле престолнината на Божјиот народ и го ограбиле Божјиот храм. Тоа не се случило случајно. Постоела некоја причина зошто Божјиот народ ја изгубил Божјата заштита:  

Седекија имаше дваесет и една година кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години; и тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. Тој не се понизи ни пред пророкот Еремија, кој пророкуваше од Господовата уста. И се одметна од царот Навуходоносор, кој го заколнал во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое дотаму, што не се обрати кон Господ, Бог Израелов. Па и сите началници над свештениците и над народот ги зголемија своите престапи, следејќи ги сите гадотии на незнабошците, и го осквернуваа домот на Господ, што Тој го беше осветил во Ерусалим“ (2 Летописи 36:11-14)

Овие текстови јасно ни ја покажуваат тажната состојба меѓу Божјиот народ — од врвот до дното. Царот чини зло во Божјите очи — не го слуша Бога, кој зборува преку пророкот Еремија; не ја одржува заклетвата дадена во името на Бога. Водачите на нацијата не се ништо подобри од него, кои исто така потонале во грев. Дури и свештениците грешат, имитирајќи ги гнасотиите на незнабошците, кои го обесчестиле Божјото живеалиште.

КОГА ЌЕ ЈА ПРЕКРШИТЕ БОЖЈАТА ЗАКЛЕТВА, ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БОЖЈИОТ СУД

Господ, Бог на нивните предци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште. Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Негови, додека гневот на Господ не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение.

И Тој го испрати врз нив халдејскиот цар Сè предаде Бог во раката негова. И сите садови на Божјиот дом, големи и мали, и ризниците на домот Господов, и ризниците на царот и началниците негови, – сè однесе во Вавилон. Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа А избавените од меч Навуходоносор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар“ (2 Летописи 36:15-20).

Бог се сожалил на нив и ги испратил Своите гласници со предупредувачки пораки. Но, тие се подбивале и ги исмејувале Божјите гласници.

И, како резултат на тоа, Божји суд. Божјиот гнев бил врз нив. Бог го извршил Својот суд, користејќи ги Вавилонците како извршители на Неговиот суд, кои убиле многу отпадници, го изгореле градот, храмот, ги однеле сите богатства во Вавилон, а исто така заробениците ги направиле свои робови.

СУДОТ НАД ЕВРЕИТЕ ВО ВРЕМЕТО НА ДАНИЕЛ МОЖЕ МНОГУ ДА НÈ НАУЧИ ДЕНЕС

Знаејќи го сето ова, почнуваме да сфаќаме дека уште од првиот стих од книгата на пророкот Даниел, ние имаме работа со Божјиот суд. Како може ова да се поврзе со нашето време? Може ли Божјиот суд, кој бил извршен над Евреите пред повеќе од 2600 години, да ме научи нешто денес? Да, може:

Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?“  (1 Петрово 4:17).

Дали забележувате паралели, аналогии, рефлексии на нашето време? Што ни кажува казната на Божјиот народ од страна на Вавилонците? Кој аспект од Божјиот суд ни го открива Бога преку судот врз Евреите?

„Зашто кај Господ, нашиот Бог, нема неправда, ни пристрасност, ниту поткупување“ (2 Летописи 19:7).

А и вие, господарите, исто така, однесувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност“ (Ефесјаните 6:9).

Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според делата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит“ (1 Петрово 1:17).

На примерот на судот над Евреите, Бог ни ги открива Своите свети начела, со кои се раководи во Својот суд! Тоа е апсолутна правда и целосно отсуство на пристрасност: А кој врши неправда, ќе добие според неправдата своја; и нема да има пристрасност“ (Колосјаните 3:25). Како оваа непроменлива вистина е релевантна во секое време за оние кои себеси се нарекуваат Божји народ.

НА БОГА НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ ФОРМАЛНИ СЛУЖБИ, ТУКУ ПРОМЕНЕТИ СРЦА

Евреите не верувале во тоа дека тие ќе бидат заробени од Вавилонците. Тие верувале дека нивната одбраност од Бога и Неговата наклонетост кон нив е апсолутна, независно од тоа како ќе живеат. Вавилонските војски стоеле надвор од ѕидините, и тие верувале дека нивната неволја ќе помине. Зашто во нивниот град се наоѓа Божјиот храм, во кој Бог ветил дека ќе живее меѓу нив.

Така вели Господ Саваот, Бог Израелов: исправете ги вашите патишта и вашите дела, и Јас ќе ве оставам да живеете на тоа место. Не надевајте се на лажливи зборови: ова е храмот Господов, храмот Господов, храмот Господов. Но ако ги исправите наполно вашите патишта и вашите дела, ако верно извршувате правда меѓу човекот и ближниот негов, ако не угнетувате туѓинец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло, Јас ќе живеам со вас на ова место, во оваа земја, што им ја дадов на предците ваши од века до века.

Ете, вие се надевате на лажливи зборови, кои нема да ви донесат полза. Вие крадете и убивате, вршите прељуба и се колнете криво, му кадите на Ваал и одите по други богови, кои не ги познавате, и потоа доаѓате и се исправате пред лицето Мое во овој дом, над кој е повикано името Мое, и велите: ‚спасени сме’, за да ги вршите сите тие гадотии и понатаму. Не се претвори ли овој дом во вашите очи во разбојничко гнездо, над кој е повикано името Мое? Ете, Јас го видов тоа, вели Господ“ (Еремија 7:3-11).

Дали сфаќате што вели Господ? Нему му е потребен нашиот свет живот, затоа што само тоа е вредно во Неговите очи. Не формални служби на обожавање, туку променети срца!

Евреите не се залагале за посветен живот, туку за припадност, која ги  уништила. Непристрасниот Господ ги наградил според нивните дела, без оглед на нивната припадност на Божјиот народ!

ХАРМОНИЈАТА НА ВСЕЛЕНАТА Е ЗАСНОВАНА НА ВЗАЕМНА СЛУЖБА

Ако Бог вети дека ќе направи нешто за луѓето, тоа нужно е придружено со условот да го добиеме она што Бог го ветил. Формулата за оваа врска е едноставна…ако…тогаш:

Понекогаш велам Јас за некој народ и царство дека ќе го искоренам, ќе го згазам и погубам; но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа, се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум намислил да го направам. А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ќе ги подигнам и ќе ги зацврстам; но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ќе го повлечам доброто, со кое сум намислил да го дарувам“ (Еремија 18:7-10).

Евреите не сакале да живеат според ова правило. Сакале поинакви услови. Што и да направиме — ние сме Твој народ, а Ти си должен да нè фаворизираш и благословиш.

Тие сакале само Бог да им служи. Но ова ја нарушило хармонијата во вселената. Бог создал сè со взаемна служба, а во вселената нема место за себичност. Затоа Луцифер со своите амбиции бил протеран од небото.

Еве каков бил ставот на Евреите: 

Па така, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски: вака вели Господ – еве, Јас ви подготвувам зло и смислувам нешто против вас; затоа повратете се секој од својот лош пат и исправете ги патиштата свои и постапките свои. Но тие велат: Не надевај се; ние ќе си живееме како што сакаме и секој од нас ќе постапува според своето закоравено зло срце’“ (Еремија 18:11,12).

ХРИСТОС ИЗГОВОРИЛ УШТЕ ЕДНА БОЖЈА ПРЕСУДА НАД ЈУДЕЈА

Божјиот суд над Евреите за кратко време им бил од полза. Времето минувало и Христос дошол на земјата. А болеста да се биде избран и ексклузивен уште повеќе ги погодила Евреите. 

Му одговорија и рекоа: Наш татко е Авраам’“ (Јован 8:39).

Но што дава припадноста според телото, а не според духот? Само отфрлање на Бога. Јован Крстител, најголемиот од сите пророци, Христовиот претходник, им рекол на овие самозадоволни луѓе:

Рожби змиини, кој ве научи да бегате од гневот што ќе дојде? Но створете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: Авраам е нашиот татко! Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраам. Зашто веќе и секирата е поставена до коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (Лука 3:7-9).

И Христос, Синот Божји, знаејќи го совршено добро својот Отец, дека нема пристрасност кај Него, изрекол уште еден Божји суд над Јудеја и Ерусалим, само не од Вавилонците, туку од Римјаните:

А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте дека е блиску неговото запустување. Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,зашто тоа е времето на одмазда, во кое ќе се исполни сè што е напишано(Лука 21:20-22).

А на која книга, според вас, се повикал Тој во овој суд над Ерусалим? Книга проткаена со Божји суд, на книгата на пророкот Даниел: 

Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чита нека разбере,тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините“ (Матеј 24:15,16).

ШТО ГО ЧЕКА СОВРЕМЕНИОТ БОЖЈИ НАРОД, АКО НЕ СЕ ПОКАЕ И ОСТАНЕ ВО ЛАОДИКИЈА?

Во врска со Божјиот суд, објавен во пораката на трите ангели, и со оглед на фактот дека судот пред сè се врши над Божјиот народ, би сакал, во светлината на Божјиот повторен суд над Ерусалим, да ги предупредам верниците кои сега се сметаат себеси за Божји народ. Господ не е задоволен од сегашната лаодикијска состојба на Својот народ, кога не е ниту студен ниту жежок. Бог ја изговара истата непроменлива формула (….ако…..тогаш):

Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја!те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш. Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се“ (Откровение 3:16,18,19).

А што ќе се случи ако Божјиот народ не се покае поради својата негрижа и продолжи, како стариот Израел, да се надева не на светиот живот во Господа, туку во својата положба како народ избран избран од Бога? Што ќе се случи со Божјиот народ во светлината на Божјиот суд и Божјата непристрасност?

Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш“ (Откровение 2:5).

Верниците мора да се сетат од каде дошле. Во Лаодикија дошле од Филаделфија, каде што владеела братска љубов и ревност во објавување на тројната порака, што денес не е случај. Покај се, вели Господ, а ако не се покаеш, тогаш Божјиот суд, праведен и непристрасен, ќе ве снајде со својата казна. Казната врз Ерусалим е поука за Божјиот народ.

ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ПОСТОЕЛ ОСТАТОК ВЕРЕН НА БОГА

За што следно ни кажува книгата на пророкот Даниел?

И му рече царот на Ашпеназ, началникот на дворјаните, да му доведе од синовите Израелови, од царски и кнежевски род, момчиња кои немаа никаков телесен недостаток, лични за гледање и способни за секаква наука, добро воспитани, бистри, што ќе одговараат за служење во царските палати, и да ги научи халдејски јазик.

И определи царот секојдневна храна од царската трпеза и вино што сам го пиеше, па заповеда да ги одгледуваат три години, а потоа да се појават пред царот. Меѓу нив беа од Јудините синови Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија. Тогаш началникот на дворјаните им ги смени имињата: Даниел го нарече Валтазар, Ананија – Седрах, Мисаил -Мисах и Азарија – Авденаго. Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува.

И им дарува Бог на четирите момчиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа“ (Даниел 1:3-8,17).

И покрај општото отпадништво, меѓу Божјиот народ сè уште има верни Божји деца, кои во секое време биле нарекувани остаток.

Да се потсетиме на времето пред потопот. На крајот на краиштата, Христос прави паралели на тие денови со нашето време: 

Но Ное најде милост во очите на Господ. Еве го животот на Ное: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше според Божјата волја“ (Создавање 6:8,9)

Дали забележувате по што Ное се разликувал од сите оние кои живееле со него во исто време? Бил непорочен, праведен, и имал најблизок и постојан однос со Бога.

Само тој му останал верен на Бога среде сеопштата расипаност и отфрлањето на влијанието на Божјиот Дух. Ное во тоа време бил Божји остаток на земјата, затоа што ја чувал светоста, а не припадноста на некого или на нешто, да речеме, на синовите Божји, потомците на Сит.

САМО ВЕРНИОТ ОСТАТОК ЌЕ БИДЕ СПАСЕН

Дали знаете каква судбина го чека Божјиот остаток? Каков ќе биде Божјиот суд за остатокот?

„Сè, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре. И се истреби секое суштество што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небески – сè беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот“ (Создавање 7:22,23).

Оваа вистина, дека само Божјиот верен остаток ќе биде спасен, е учење на целата Библија. А следствено на тоа и на Новиот Завет. Тоа значи дека ова се однесува на сите нас кои живееме во деновите на Божјиот суд. Апостол Павле, зборувајќи за духовниот Израел, за Божјиот народ од Новиот Завет, изјавува:

Така се вели и во книгата на Осија: Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена. И на она место, каде што им беше речено: Вие не сте Мој народ, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог. А Исаија извика за Израел: Кога Израеловите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен, зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата“ (Римјаните 9:25-28).

И забележете дека токму во врска со последниот Божји суд, имено со обновувањето на Божјата правда на земјата, Бог предвидува спасение само за верниот остаток.

ТРИУМФОТ НА ДУХОВНОТО НАД ТЕЛЕСНОТО ВО ПРВОТО ПОГЛАВЈЕ ОД КНИГАТА НА ПРОРОКОТ ДАНИЕЛ

Во првото поглавје од книгата на пророкот Даниел, постои уште еден триумф на Божјата правда. Стиховите од 3 до 6, ги прочитавме погоре.

Забележете дека не биле доведени само четирите момчиња на обука и да примаат храна од царската трпеза. За тоа сведочат зборовите „Меѓу нив (т.е. меѓу сите доведени момчиња) беа од Јудините синови Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија“. Но, зошто Божјата милост влијаела само на четворица, а од нив најмногу на Даниел?

Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува“ (Даниел 1:8).

И им дарува Бог на четирите момчиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа“ (Даниел 1:17).

Момчињата биле непоколебливи во почитувањето на Божјите начела. Иницијатор и личен пример за тоа бил Даниел. Тој ја ставил во своето срце идејата да му остане верен на Бога, без оглед колку ќе го чини тоа.

Момчињата, поттикнати од примерот на Даниел, станале планина за Божјата вистина. Тие не ги следеле своите желби и страсти. Тие не се обидувале да ја оправдаат безнадежноста на нивната ситуација. Тие не биле огорчени на Бога затоа што дозволил да бидат заробени, и затоа што ги направиле евнуси, лишувајќи ги од можноста да имаат семејство и деца. Тие не гледале на ништо од ова. За нив приоритет бил да му бидат верни на Бога во сите околности.

ВЕРНИОТ ВО МАЛКУ И ВО МНОГУ Е ВЕРЕН

Многумина денес себеси се нарекуваат Божји остаток. Но, во исто време, многумина не можат да го ограничат апетитот, да ги победат своите нездрави навики во исхраната. И тие сонуваат за поголеми победи.

Но Христос рекол:

Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив“ (Лука 16:10).

Ако сега, кога не се поставува прашањето на живот и смрт, подлегнете на својата необузданост, дури и кога храната е во прашање, тогаш на што се надевате во време на неволја? На чудо и моментална промена на карактерот?

Сетете се на параболата за десетте девојки. Кој претходно не се снабдил со масло, не можел да влезе на свадбената гозба. Бог ги предупредува сите што се живи и бараат да се спасат со остатокот:

Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако не беше спокоен во мирна земја, што ли ќе правиш, кога ќе надојде Јордан?“ (Еремија 12:5).

Оној кој во мирно и поволно време не победил во мали нешта, нема да може да и одолее на поплавата на Јордан, односно времето на неволја. А без истрајност до крај, до смрт, не може да се добие Божјиот венец.

Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот“ (Откровение 2:10).

ВО ПОСЛУШНОСТА КОН БОГА, НЕМА МАЛИ НЕШТА (БЕЗНАЧАЈНИ РАБОТИ ИЛИ СИТНИЦИ)  

Мора да разбереме дека во остатокот што ќе биде спасен, Бог нема да го смета оние, кои сами себеси се нарекуваат така. Туку оние, кои покажуваат верност и послушност кон Бога во сè. Дури и во она што многу верници денес го сметаат за неважно, односно во храната.   

Многу верници денес велат: најважно е да верувам, најважно е она што ми е во срцето, а не што јадам или што носам. Но, книгата на пророкот Даниел, книга на Божјиот суд, го учи спротивното, а не она што го исповедаат денешните христијаните кои себеси се нарекуваат остаток.

Нема мали нешта (безначајни работи) за Божјиот остаток. Од мали цигли се гради голема куќа. Од верноста во малите нешта се гради карактерот. И, врз основа на ова, ќе се одреди судбината на секој човек, т.е. Божјиот суд. А прашањето за исхраната нема да биде неважно прашање овде.

КНИГАТА НА ДАНИЕЛ УЧИ ДЕКА ВЕРНИОТ ОСТАТОК ЌЕ БИДЕ ТЕСТИРАН МНОГУ ПАТИ

Бог, преку книгата на Даниел, исто така нè учи дека верноста на Божјиот остаток ќе биде тестирана повеќе пати. Најсилниот тест ќе биде тест, во кој ќе се постави прашањето: ако му останеш верен на Бога, тогаш те чека смрт.

Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Дура, во областа вавилонскаТогаш гласникот високо извика: Ви се објавува вам народи, племиња и јазици -штом ќе го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од харфата и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор; а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка. Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор“ (Даниел 3:1,4-7).

Сеопшт декрет за сите народи, племиња и јазици за лажното поклонување на идолот наместо вистинското поклонување на живиот Бог! Дали ова е актуелно за нас, кои живееме во последните денови? Да, и тоа како.

ШТО ГО РАЗЛИКУВА ВЕРНИОТ ОСТАТОК ОД ДРУГИТЕ ЛУЃЕ?

На што Бог ги поттикнува луѓето во тројната ангелска порака? 

И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. Тој зборуваше со висок глас: Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори’“ (Откровение 14:6,7).

Вистината за сегашното време, последната порака на вечното евангелие, ги повикува сите што живеат на земјата да имаат страхопочит кон Бога, да Му оддадат слава и да Му се поклонат на Создателот. Можеби ќе се изненадите: Па, секако, на Создателот, на кого уште луѓето, Божјите созданија, можат да му се поклонат?

Бог предупредува во книгата Откровение, дека огромен број на оние што живеат на земјата, сите освен Божјиот остаток, ќе му се поклонат на ѕверот и ќе го примат неговиот белег (жиг):

И ќе му се поклонат сите земни жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот“ (Откровение 13:8).

Патем, овде се крие и вистината: зошто тие се остаток? Затоа што не му се поклониле на ѕверот. Кога би се поклониле, тие не би биле Божји остаток, дури и кога себеси би се сметале за такви и така себеси би се нарекувале.

ВЕРНИОТ БОЖЈИ ОСТАТОК ОТСЕКОГАШ ПОВЕЌЕ ПРЕТПОЧИТАЛ СМРТ ОТКОЛКУ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДУРИ И ЕДНО НАЧЕЛО ОД БОЖЈИОТ ЗАКОН

Таму, во полето Дура, во 3-то поглавје од книгата на Даниел, се вели дека мнозина биле повикани на полето да му се поклонат на идолот. Но, само тројца останале непоколебливо да стојат пред идолот.

Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот. Навуходоносор им рече: Вие, Седрах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте?

Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?

Одговорија Седрах, Мисах и Авденаго и му рекоа на царот Навуходоносор: Нема потреба да ти одговориме на тоа. Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нè спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нè избави. Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме“ (Даниел 3:13-18).

Ова е ставот на Божјиот верен остаток во секое време и на крајот од деновите. Тие повеќе би сакале да умрат отколку да прекршат макар и едно единствено начело од Божјиот закон. За остатокот спасен од Бога, се вели:

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада годиниБлажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20:4,6).

НИКОЈ ОД ВЕРНИОТ ОСТАТОК НЕМА ДА ГО ИЗБЕГНЕ ТЕСТОТ (ИСПИТОТ) НА ЛОЈАЛНОСТА

Сатаната ќе го насочи сиот свој гнев, во овие последни денови од историјата на земјата, кон верниот Божји остаток, а не кон сите верници:

И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос“ (Откровение 12:17).

Книгата на пророкот Даниел ни вели дека сиот Божји остаток ќе биде тестиран во однос на поклонувањето, како старите така и младите. И сите ќе бидат соочени со прашањето на животот и смртта.

Даниел не бил во полето Дура. И тој не бил тестиран од огнената печка. Но, тој исто така бил тестиран и по прашањето на верноста кон Бога преку заканата дека ќе биде растргнат од гладните лавови.

Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниел, па го фрлија во лавовската јама (Даниел 6:16).

Некој бил фрлен во вжарена печка затоа што му бил верен на Бога. А некој бил фрлен во јама со гладни лавови поради својата верност на Бога. Целиот остаток бил ставен на тест поради нивната верност кон Бога и правилно поклонување. Немојте да мислите дека некој од Божјиот остаток ќе остане непроверен:

Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нè прероди преку воскресението на Исус Христос од мртвите за жива надеж, за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас, кои Божјата сила преку верата ве сочувала за спасение, приготвено да се открие во последното време.

Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија,та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос“ (1 Петрово 1:3-7).

НАШАТА СУДБИНА Е ВО НАШИ РАЦЕ

Искушенијата откриваат дали сме верни и предани на Бога.

Искушенијата не нè прават полоши отколку што сме. Меѓутоа, тестирањата само ни покажуваат какви сме навистина. Даниел и момчињата биле цврсти во однос на исхраната. Истата цврстина ја покажале и пред смртта. Какви што биле, такви и останале. Значи, небесниот суд не е нешто одвоено од реалноста на земјата; небесниот суд е одраз на реалноста која се случува на земјата. Ова е она што Бог ни го објаснува кога зборува за Својот суд.

Нашата судбина е во наши раце. Бог постојано нè повикува преку Неговото Слово дека нашиот избор е тој кој ќе ја одреди нашата судбина: 

„Сведоци ми се небото и земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое“ (Второзаконие 30:19).

Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее. Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот“ (Галатјаните 6:7,8).

Имајќи го во предвид фактот дека небесниот суд ја одразува земната реалност, ќе ви станат јасни Христовите зборови:

Вистина ви велам: сè што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сè што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото“ (Матеј 18:18).

Затоа, дури и ако не сте присутни на Божјиот суд, можете да имате правилна претстава за тоа што таму се случува во врска со вашата судбина.

ПАВЛЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ БИДЕ СПАСЕН

Апостол Павле знаел дека искрено му служи на Бога:

Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух“ (Римјаните 9:1).

Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба. Затоа, сметам дека и сè друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и сè сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос“ (Филипјаните 3:7,8).

Бидејќи целиот свој живот живеел така, во постојан стремеж да стане како Христос, и сфаќајќи дека сè уште, во целосна смисла на зборот, не го достигнал Христа, Павле, сепак, дури и без да ја има во рацете одлуката на Божјиот суд во врска со неговата судбина, можел со сигурност да каже дека е спасен: 

Зашто јас веќе се изливам како жртва леаница, а времето за моето заминување настапи. Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување“ (2 Тимотеј 4:6-8).

Овде тој зборува не само за својата увереност во сопственото спасение, туку вели дека такво уверување треба да поседуваат сите оние кои со сето срце го чекаат Христа. Но, имајте на ум дека ова може да се каже само на крајот од животот, откако сте поминале низ сето тоа со Христа, а не во некоја поранешна фаза:

„Зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога“ (Евреите 3:14).

Само ако му останеме верни на Бога до крај, ќе ја добиеме пресудата на небото за нашата судбина. На ова нè учи и книгата на пророкот Даниел:

А ти оди кон својот крај, и отпочини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето“ (Даниел 12:13).

„Ќе те испратам сега, за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените“ (Дела 26:17,18).

ДВЕ КРАЈНОСТИ ВО КОИ МОЖЕМЕ ДА ПАДНЕМЕ КОГА ЌЕ ЈА ДОЗНАЕМЕ ВИСТИНАТА ЗА БОЖЈИОТ СУД

Бог ни го кажува сето ова, откако ќе добиеме правилна претстава за Божјиот суд, да не паднеме во две крајности. Првата се однесува на мошне ранливите луѓе. Кои, откако паднале, бидејќи згрешиле, почнуваат да мислат дека Бог ќе ги осуди на судот поради тоа и нема да ги спаси. А понекогаш дури и престануваат да се борат за свое спасение. Ова не е точно.  Животот сè уште не е завршен и вратата на милоста не се затворени.

Обрати се кон Бога во искрена молитва, прими прошка во склад со Неговото ветување, и продолжи понатаму кон совршенство во Христа:

Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот; а Тој е жртва за измирување за нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет“ (1 Јованово 2:1,2).

А Бог исто така нè предупредува и за втората крајност. Ова е време кога луѓето на почетокот на својот христијански пат тврдат дека се спасени, без да поминат низ сето она што Бог им го обезбедил.

Односно, без да го носат својот крст до крај и без да знаат како тие ќе се однесуваат во одредени околности пред „вжарената печка“ или „лавовската јама“. И апостол Петар пред искушенијата мислел дека е подготвен да го даде својот живот за Христа. Но, кога се соочил со огненото искушение, се одрекол од Христа.

НИШТО ТОЛКУ НЕ ГО ОБЕСЧЕСТУВА БОГА КОЛКУ ГРЕШНИОТ ЖИВОТ НА ОНИЕ КОИ ТВРДАТ ДЕКА ВЕРУВААТ ВО БОГА:

Штотуку ја допревме прекрасната книга на пророкот Даниел. Книга која од сите страни ни ја открива вистината за Божјиот суд, и од која веќе толку многу научивме за себе.

Време е судот да започне од верниците, од домот Божји. Бог ќе им суди на сите со Својот праведен и непристрасен суд. Припадноста на Божјата црква не значи автоматско спасение и ослободување од општите принципи според кои сите на сите ќе им се суди. Напротив, тоа е поголема одговорност и поголемо барање:

Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него“ (Лука 12:48).

Ако верникот денес го осудува гревот и ги учи другите да живеат свето, а самиот греши, зошто тогаш мисли дека неговиот грев е помалку грешен од гревот на оној кому му проповеда како треба да живее?

Апостол Павле го осудува таквото „евангелизирање“:

А кога дојде Кифа (Петар) во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување. Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незнабошците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се плашеше од обрезаните. Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицемерие беше заведен дури и Варнава. А кога видов дека тие не постапуваат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: ‘Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да живеат јудејски?’“ (Галатјаните 2:11-14).

Ништо не го обесчестува Бога повеќе од грешниот живот на оние кои тврдат дека веруваат во Бога:

Но, како е можно тоа да учиш други, а себе самиот да не се учиш? Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмовите; ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, зарем не Го срамотиш Бога? Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците, – така стои напишано. Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обрезанието твое станува необрезание (капење, миење од телесна нечистотија)“ (Римјаните 2:21-25).

БОГ ЌЕ ГО ОПРАВДА ЧОВЕКОТ КОЈ МУ СЕ ПОСВЕТИЛ СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ

Со оглед на ваквата состојба на работите, само остатокот ќе се спаси. Само оние, кои ќе Му останат верни на Бога среде општото отпадништво, ќе ја проповедаат вистината за Божјиот суд како Ное. Остатокот сигурно ќе биде тестиран. Откако ќе ги положи тестовите, тој ќе докаже дека е Божји остаток. Врз него ќе се урне сиот сатански бес, но со силата Божја тој ќе издржи.

Исто така научивме дека небесниот суд не е нешто што е целосно одвоено од земната реалност, небесниот суд — е одраз на земната реалност, небесниот суд — е показател за тоа кој навистина е кој. Небесниот суд и земната стварност — се две капки вода:

Лукаво е човечкото срце повеќе од сè и е наполно расипано; кој ќе го разбере? Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам внатрешноста, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови“ (Еремија 17:9,10).

Човекот кој со цело срце се предава на Бога не треба да се плаши од небесниот суд. Затоа што судот е на негова страна. Без оглед колку и да бил лош на овој свет, Бог ќе го оправда на судот:

Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.“ (Псалм 36:5-7).

НЕ ЗАВИДУВАЈТЕ НА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА ЗЛИТЕ

Не завидувајте на оној кој успева во животот и се збогатува. Сетете се на крајот на таквите во светлината на вистината за Божјиот праведен суд. За кој пораката на трите ангели вели дека тој веќе настапил.

Во Светото Писмо постои прекрасен псалм кој кажува како еден Божји човек за малку не потклекнал на духовниот пат поради благосостојбата на злите, и што му помогнало да одолее: 

Колку е добар Бог кон Израел, кон оние што се со чисто срце! А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, -зашто им позавидев на беззакониците, гледајќи го напредокот на грешниците, зашто не страдаат, нивните тела се цврсти и јадри. Немаат маки како другите, човечки неволји не ги засегаат. Затоа горделивоста им е како веришка околу вратот, а насилството им е облека. Очите им се подуени од сало, а од срцата им се излеваат безумија. Се подбиваат и злобно зборуваат, се закануваат надмено со насилство. Ја креваат устата против небото, а јазикот нивен ја обиколува земјата. Затоа народот Мој по нив се залетува, и мана не им наоѓа. И вели: ‘Како ќе дознае Бог, и има ли знаење во Севишниот?’ Ете, такви се грешниците, секогаш спокојни, богатство напластуваат. И си реков: зар залудо го чував чисто срцето свое и во невиност ги миев рацете свои? И се изложував на непријатности секој ден и на срам секое утро? Но ако речев: ќе расудувам и јас така, – тогаш ќе го изневерев родот на Твоите синови. И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене, сè додека не влегов во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај“ (Псалм 73:1-17).

Сподели го ова:

Similar Posts