МАЛИОТ РОГ И АНТИОХ ЕПИФАН. ДАЛИ ИМА ВРСКА МЕЃУ НИВ? 

Сподели го ова:

Првиот детал на кој ќе обрнеме внимание е времето на следниот слој на пророштвата опишани во осмото поглавје од книгата на пророкот Даниел:

Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниел, имав второ видение по она што ми се беше јавило порано“ (Даниел 8:1).

Пророкот Даниел го гледа ова видение во третата година од царувањето на Валтазар по видението што му било дадено претходно. Во пророчкиот слој од седмото поглавје, за времето на примањето на видението било кажано следново:

Во првата година на Валтазар, вавилонскиот цар, Даниел виде сон пророчки и виденија во главата своја врз своето легло. Тогаш тој го запиша тој сон, откако го забележа главното“ (Даниел 7:1).

Пророштвата запишани од Даниел во осмото поглавје му биле дадени две години по виденијата опишани во седмото поглавје. Значи, ова е нов слој на пророштво со нови детали.

Содржина прикажи
ДА СЕ ​​ПОТСЕТИМЕ НА ПРОРОЧКИОТ СЛОЈ ОД СЕДМОТО ПОГЛАВЈЕ

Дали се сеќавате на што се однесуваше пророчкиот слој од седмото поглавје? 

А десетте рогови значат дека од тоа царство ќе се кренат десет цареви и потоа ќе се појави друг, поинаков од поранешните и ќе ги покори трите цара. И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за време, времиња и половина време. Потоа небесниот Суд ќе ја одземе од него власта и сосема ќе го уништи и докрајчи,а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите великодостојници ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему. Тука е крајот на овој извештај. Мене, Даниел, силно ме вознемирија размислувањата мои, и лицето ми пребледе, но словото го запазив во срцето свое“ (Даниел 7:24-28).

Небесниот гласник му го објаснува на Даниел видението што го видел, фокусирајќи се на малиот рог и неговите активности, кои ќе завршат со небесниот суд.

После тоа ќе се воспостави небесното царство во кое ќе живеат децата спасени од Бога, кои биле прогонувани од малиот рог. По ова видение Даниел размислува за она што му било покажано. Зборовите што му биле кажани од небото, тој ги чувал во своето срце. И сега поминаа две години, и тој повторно добива видение од Бога.

ОСОБЕНОСТА НА ЈАЗИКОТ НА КОЈ БИЛА НАПИШАНА КНИГАТА НА ПРОРОКОТ ДАНИЕЛ

Пред да го разгледаме оваа видение, да разгледаме една особеност на јазикот на кој била напишана книгата на пророкот Даниел.

Целото прво поглавје и првите стихови од второто поглавје се напишани на хебрејски јазик. Но, почнувајќи од четвртиот стих со зборовите: 

Тогаш Халдејците му рекоа на царот на арамејски јазик: ‘Царе, да си жив довека, кажи им го на слугите својот сон и ние ќе ти објасниме што значи тој’“ (Даниел 2:4).

Даниел се префрла на арамејски јазик, на кој ги напишал сите следни поглавја до осмото поглавје, кое сега го проучуваме. А од осмото поглавје до крајот на книгата, наративот повторно е напишан на хебрејски јазик. Ова не е случајност или каприц на Даниел, туку е светилник за оние кои ја истражуваат Божјата реч. Во првото поглавје се зборува за судот над Божјиот народ, а ние знаеме дека:

Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас…“ (1 Петрово 4:17).

Следно доаѓа пророштвото за судбината на светот, претставено со симболичниот идол. Избавување на младите од печката. Воспитувањето на Навуходоносор. Гозбата на Валтазар и падот на Вавилон. Избавувањето на Даниел од лавовите и пророштвото за судбината на светот, сега претставено со ѕверови. И сето тоа е напишано на арамејски јазик. На јазик разбирлив не само за Евреите, туку и за оние народи кои биле соседи со нив. Бог ги направил овие поглавја лесно разбирливи за сите. Тие покажуваат општи информации, информации кои можат да ги разберат сите.

Но, од осмото поглавје до крајот на книгата, сè е напишано на хебрејски јазик. На тој начин Бог му дава светилник на истражувачот на Божјата реч.

За да разбереме за што се зборува овде, мора да станеме како Евреин (се разбира во духовна смисла на зборот).

СВЕТИЛНИЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА ПОТРЕБАТА ДА СЕ ГЛЕДА СО ОЧИТЕ НА ЕВРЕИН

Со еврејски начин на размислување, ние ќе видиме уште неколку светилници. Првиот е замена во видението за нечистите животни со чисти животни. При што, овие животни ги симболизираат оние држави, кои порано во седмото поглавје, запишани на арамејски јазик, биле симболизирани со нечисти животни. 

Евреите исто така користеле и нечисти животни, коњи и камили, но во два наврати, за Евреин не станувало збор за нечисти животни. Тоа било кога станувало збор за храна, односно било забрането да се јаде месо од нечисти животни:

„Зашто вие сте свет народ на Господ, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ“ (Второзаконие 14:2,3).

И вториот случај било кога станува збор за принесување жртва на Бога:

Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ќе живеете и која ви ја давам, и почнете да принесувате на Господ жртви сепаленици, или жртви заклани, поради завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, за да направите пријатен мирис пред Господ, од крупниот или од ситниот добиток“ (Броеви 15:2,3).

И кој не стекнал еврејски начин на размислување, кој не ја разбрал оваа особеност на замена на нечисти животни со чисти во видението, нема да ги разбере слоевите на Божјите пророштва што Бог ги дава од осмото поглавје во книгата на пророкот Даниел.

Уште еден доказ дека ни е потребен еврејскиот начин на размислување е даден во следните текстови од осмото поглавје:

„И народот беше предаден заедно со секојдневните жртви поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше. И чув како еден ангел прашуваше друг, велејќи: ‘До кога ќе трае тоа од видението за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, што ги пази Светилиштето и војската небесна?’ Другиот му рече: ‘Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти’“ (Даниел 8:12-14).

Зборовите: жртва, светилиште, чистење на светилиштето — тоа се атрибути на еврејската вера.

ИСТОРИСКАТА ПОЗАДИНА НА ПОЧЕТОКОТ НА ОСМОТО ПОГЛАВЈЕ ОД КНИГАТА ДАНИЕЛ

Значи, иако сè уште не сме почнале внимателно да го разгледуваме новиот слој на пророштво опишан во осмото поглавје на Даниел, добивме многу навестувања од Бога за да разбереме на кој начин ќе се открие овој слој на пророштва. Ова пророштво на посебен начин ќе се однесува на Божјиот народ. Тоа ќе биде поврзано со жртвата и светилиштето, со чистењето на светилиштето.

И погледнете ги сите овие навестувања во општиот контекст на Божјиот суд над светот, над Божјиот народ, над малиот рог, за чии активности доста се зборуваше во претходното поглавје, во претходниот слој на Божјите пророштва.

Даниел има околу 88 години. Тој се наоѓа во Суза, во областа Елам (најверојатно по царска наредба, бидејќи времињата биле турбулентни). Абрадат, помошникот на вавилонскиот цар, се одвоил од Вавилон и преминал на страната на Мидо-Персија. Било видно, дека не било далеку исполнувањето на Божјото пророштво за промената на светската сцена на Вавилонското царство со Мидо-Персиско.

ПОЈАВАТА НА НОВ ЅВЕР ВО ПРОРОШТВАТА НА ДАНИЕЛ

Иако Вавилон сè уште не паднал, но се работело за многу блиска иднина. Веќе многу беше кажано за него во претходните слоеви на пророштвата. И затоа, во овој слој, Вавилон повеќе не се споменува:

Ги кренав очите и видов: а таму покрај реката стои еден овен: тој имаше два рога, обата високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот израсна подоцна. Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили“ (Даниел 8:3,4).

За да нè води во новиот слој на пророштвата, Бог директно ни кажува што симболизира овој овен:

Овенот што го виде – неговите два рога – тоа се мидискиот цар и персискиот“ (Даниел 8:20).

Дали разбирате каде сме во времето? Ова е време на Мидо-Персиската домонација. Време, означено во идолот со сребрените гради. А во седмото поглавје, тоа е мечка со три ребра во устата. Дали Бог нè информирал за времето и во разбирањето за тоа кој ни е прикажан во ова видение?

Да! Бог со само неколку зборови го објаснува она, на што теолозите ги посветуваат своите многутомни дела. 

Овој овен имал два рога, а роговите се високи, но едниот е повисок од другиот, и повисокиот израснал подоцна. Неговите два рога се царевите на Мидија и Персија. Но, повисокиот израснал подоцна. Претходно забележавме дека Персија, почнувајќи од Кир Велики, почнала да доминира во овој сојуз.

Овенот бодел во различни правци „кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили“. Ова се однесува на освојувањата на Мидо-Персија. На запад го освоиле Вавилон, на север – Ерменија и регионот на Каспиското Море, а на југ – Египет, Палестина, Либија и Етиопија.

ПОЈАВАТА НА НОВО ЖИВОТНО — ЈАРЕЦОТ. НЕГОВАТА ПРЕСМЕТКА СО ОВЕНОТ.

Даниел потоа гледа друго чисто животно:

Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден јарец, со таква брзина што не го допираше тлото; и тој јарец имаше силен рог меѓу очите свои“ (Даниел 8:5).

Бог, исто така, не нè остава во незнаење во врска со оваа сила:

Влакневиот јарец е царот на Грција; големиот рог меѓу неговите очи е првиот цар“ (Даниел 8:21).

Мислам дека ви е јасно дека зборуваме за Грчкото царство, на чело со Александар Македонски, кое ја заменува Мидо-Персија и порано беше претставено во идолот со стомак и бедра од бакар, а во седмото поглавје со леопард со четири глави и четири крилја од птица. Брзината на движење, означена кај леопардот со четирите крилја, е пренесена во осмото поглавје со зборовите „од запад идеше еден јарец, со таква брзина што не го допираше тлото“. Односно, јарецот, симболизирајќи ја Грција, како да леташе.   

Гледате дека имаме 100% правилна ориентација во времето и во разбирањето на силите претставени во новиот слој на пророштва. Што следно му е покажано на Даниел?

Му се приближи на двороговиот овен, кого го бев видел дека стои покрај реката, и се затрча кон него со сета жестина на својата сила. Видов како му се приближи на овенот; бесно го удри овенот и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила за да даде отпор; јарецот го обори на земјата и почна да го гази; немаше никој да го спаси овенот“ (Даниел 8:6,7).

Овде е даден пророчки опис на целосната победа на Грците, на чело со Александар Македонски, над Персијците. Грците му ги скршиле двата рога на овенот; а овенот немал сила да му се спротивстави, а јарецот, односно Грција, го оборил овенот на земја и почнал да го гази, а овенот немало кој да го спаси од него.

ПОДЕЛБА НА ГРЧКОТО ЦАРСТВО

Даниел потоа гледа нешто што исто така не е во спротивност со претходно дадената светлина:

Тогаш јарецот многу се возгордеа, но кога се засили, големиот рог се скрши, а на неговото место израснаа четири големи рогови кон четирите небесни ветра“ (Даниел 8:8).

Запомнете ги четирите глави на леопардот. И погледнете го толкувањето на Самиот Господ: 

„Скршениот рог и четирите рога што излегоа на неговото место, тоа се четири царства што ќе излезат од неговиот народ, но не ќе ја имаат неговата сила“ (Даниел 8:22).

Даниел гледа дека рогот на јарецот се скршил кога бил во голема сила. Со други зборови, царството не пропаднало и не било раселено од друго царство. По ненадејната смрт на Александар Македонски, царството што тој го создал набрзо било поделено на четири дела меѓу неговите четворица генерали: Касандер, Лисимах, Селеукус и Птоломеј.

ПОЈАВАТА НА ПОГРЕШНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА МАЛИОТ РОГ — АНТИОХ ЕПИФАН

Одиме понатаму на нов слој на пророштво:

Тогаш јарецот многу се возгордеа, но кога се засили, големиот рог се скрши, а на неговото место израснаа четири големи рогови кон четирите небесни ветра. Од едниот од нив изби мал рог, ама тој израсна многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја“ (Даниел 8:8,9).

Овде, почнувајќи од овој текст, поради некоја причина, многу христијани имаат збунувачка идеја да ги толкуваат овие стихови на начин што не е во согласност со принципите на слоевите на пророштвото, — принцип кој во неколку наврати се покажал како веродостоен и непроменлив. Голема група христијани одеднаш почнува да отстапува од правилниот принцип на толкување и се впушта во многу фантазии. Иако не постои библиска основа за ова. Многу христијани се убедени дека овој мал рог го претставува Антиох Епифан, еден од сириските цареви. Што ги води до ова толкување? Само тоа што малиот рог се појавува од еден од четирите рогови на кои било поделено грчкото царство на Александар Македонски.

Не можете да судите некого или нешто врз основа на еден атрибут. Тука зборувам за фактот дека јаглеродот е вклучен во составот на едната и на другата супстанција. Па што? Дали зборуваме за иста супстанција? Дали графитот, кој е направен од јаглерод, е исто што и дијамантот, кој е направен од истиот јаглерод? Се разбира не. Гледајќи ја кристалната структура на графитот и дијамантот, ќе видите дека тие се направени од јаглерод и во ова имаат слична карактеристика, но сепак не се идентични во сè.

Навраќајќи се на книгата на пророкот Даниел со овој заклучок, ќе си поставиме и ќе  одговориме на едно прашање. Дали сите знаци што го карактеризираат малиот рог во Даниел осмо поглавје, важат за Антиох Епифан? Можеби имаме графит во рацете, а не дијамант?

Во осмото поглавје од книгата на пророкот Даниел, ни се дадени доволно знаци со кои можеме непогрешливо да составиме духовен идентитет на силата претставена со малиот рог. (Прочитајте ја исто така како додаток и нашата претходна тема: Малиот рог – кој е тој?)

ДОКАЗ ПРОТИВ ТЕОРИЈАТА ДЕКА МАЛИОТ РОГ Е АНТИОХ ЕПИФАН

Кој бил Антиох Епифан? Потомок на еден од четворицата генерали кои го поделиле царството на Александар Македонски меѓу себе. Ова е династијата Селевкиди. Антиох Епифан бил осмиот владетел над Сирија. Тој заедно со уште 26 сириски цареви, се вклучени во симболиката на еден од роговите што се појавиле на главата на јарецот, односно Грција, откако неговиот голем рог, односно Александар Македонски,  се скршил.  

Но, ако дозволиме таква  идеја дека еден од 26-те сириски цареви од династијата Селевкиди да биде прикажан некако дополнително на рогот кој ја симболизира целата нивна династија, тогаш би требало да се издвојат најистакнатите од овие 26 владетели. Епифан не бил најистакнатиот од нив. Историјата сведочи дека титулата што си ја присвоил „Епифан“ —  славниот, предизвикала насмевка кај неговите современици со оглед на глупоста на овој владетел и често го нарекувале не „Епифан“, туку „Епиман“, — луд, лудак. Неговиот татко Антиох Велики, бил поразен во битка со Римјаните, но успеал да склучи мир со нив под услови поволни за Римјаните.  

Тој им дал дел од своите територии. Платил голем откуп. А што е најсрамно, како гаранција за верноста на неговите зборови за мир, тој го дал својот народ како заложник во Рим, меѓу кои бил и Антиох, кој подоцна се нарекол себеси „Епифан“. Пророштвото за малиот рог од осмото поглавје зборува за невиден раст на малиот рог:

Од едниот од нив изби мал рог, ама тој израсна многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја“ (Даниел 8:9).

Но, Антиох никогаш не станал она за што зборува Библијата во овој стих. Тој практично не презел ништо за зголемување своите територии. Тој привремено имал некои воени успеси против Египет. Но, кога Римјаните го поддржале Птоломеј, владетелот на Египет, тие побарале од Антиох да ги врати земјите што ги зазел. Потоа тој набрзина ги напушта овие територии. И сиот свој гнев поради својата слабост и неуспех го истура врз Евреите. 

УШТЕ ЕДНА НЕДОСЛЕДНОСТ ВО ЛАЖНАТА ТЕОРИЈА ЗА АНТИОХ ЕПИФАН

Погледнете уште еден библиски доказ дека малиот рог во Даниел осмо поглавје не може да биде симбол на Антиох Епифан:

Ги подигнав очите, и ете: овен стоеше покрај реката. Имаше два рога: двата рога беа високи, но едниот повисок од другиот, а оној повисокиот израсна после“ (Даниел 8:3).

Персија се издигнала малку над Мидија, и како резултат на ова издигнување поседувала 127 области: Тоа беше за време на владеењето на Ксеркс, – оној Ксеркс кој царуваше над сто дваесет и седум области од Индија до Етиопија“. Забележувате дека благиот пораст на Персијците над Мидијците подразбира огромна територија од Индија до Етиопија. Што се вели за Грција под Александар Македонски во истото осмо поглавје од книгата на пророкот Даниел?

Тогаш јарецот многу се возгордеа…“ (Даниел 8:8).

Царството на Александар Македонски било поголемо од она на Персија. Затоа, се вели дека во споредба со големиот рог на овенот, јарецот многу се возгордеал. Па погледнете ја динамиката. Големиот рог на Персија вклучува 127 области. Исклучително возгордениот јарец е огромното грчко царство. Сега да ги прочитаме карактеристиките на малиот рог од осмото поглавје: 

Од едниот од нив изби мал рог, ама тој израсна многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја“ (Даниел 8:9).

Малиот рог ИЗРАСНАЛ МНОГУ и кон југ и кон исток и кон Прекрасната Земја.

Според описот, малиот рог треба да ги надмине оние за кои беше кажано претходно. И Персија, и Грција, во која бил вклучена цела Сирија, се означени само со еден од роговите на главата на јарецот, односно Грција. Сепак, ова не е така. Антиох Епифан му оддава почит на Рим и покорно ги напушта освоените територии по волја на Рим. Тоа е величина.

АНТИОХ ЕПИФАН НИКАКО НЕ МОЖЕЛ ДА СЕ ПОБУНИ ПРОТИВ ВОДАЧОТ НА НЕБЕСНАТА ВОЈСКА

И уште еден аргумент од Светото Писмо, дека Антиох Епифан во никој случај не е симболизиран со малиот рог. Според Божјата реч, тој требало да се побуни против Водачот на небесната војска: 

„Па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од ѕвездите и ги смачка; се издигна дури и до Водачот на таа војска, ги запре секојдневните жртви и го урна местото на Неговата светиња“ (Даниел 8:10,11).

Но, Антиох Епифан умрел 164 години пред да се роди Христос. Излегува дека овој знак во никој случај не одговара на Антиох.

ДА ГО СУМИРАМЕ РАЗГЛЕДУВАЊЕТО НА ТЕОРИЈАТА ДЕКА МАЛИОТ РОГ Е АНТИОХ ЕПИФАН

Значи, дали треба да продолжиме да опстојуваме и да велиме, дали сепак е Антиох? Бидејќи еден од знаците се совпаѓа, иако ни тој не одговара. Тогаш препознајте го графитот како дијамант, бидејќи и двата се направени од јаглерод.

Веќе ви кажав дека Библијата не треба да се чита, туку да се истражува. Мора да станете детектив во потрага по духовни докази за да разберете што е напишано во Библијата.

Се сеќавате на двете жени на Адам, како се случи ова? Сè е многу едноставно. Оние кои дошле до ова не земале предвид дека Библијата ги прикажува информациите во слоеви, со повторувања и дополнителни детали. И тие, разделувајќи ги слоевите кои зборуваат за истото, односно за Ева, смислија две жени за Адам.  

Или, како пример, ако не го земете предвид раслојувањето на информациите дадени во Библијата, тогаш Ное влегол во арката двапати — пред потопот и откако дождот веќе паѓал на земјата четириесет дена. На еден ист настан, опишан од Бога во различни слоеви, не може да се даде различно толкување. Една иста сила во пророштвото не може да се нарече поинаку во различни слоеви на пророштвото.

Адам нема две жени, таа е една. Дали разбирате што сакам да кажам? Во осмото поглавје на Даниел, зборувајќи за малиот рог, Бог ја опишува истата сила, како и во седмото поглавје, но со дополнителни детали! Ова хармонично се вклопува во слоевитоста на откровението на Божјата вистина. И, исто така, ќе видите дека целиот тој опис што е даден за малиот рог, и кој во никој случај не одговара на Антиох Епифан, тој ќе одговара на силата за која Бог зборувал во седмото поглавје.

ДВЕ КАТОЛИЧКИ ЛАЖНИ ТЕОРИИ ЗА ТОА КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ РАЗБЕРАТ БИБЛИСКИТЕ ПРОРОШТВА  

Пред да ги земеме дополнителните информации од осмото поглавје и да ги комбинираме со она за што Бог зборува во седмото поглавје за да добиете поцелосна слика за силата претставена со малиот рог, ќе ви кажам од каде доаѓа ова учење дека малиот рог од осмото поглавје на Даниел е Антиох Епифан. 

Во 16. век, благодарение на реформаторите, луѓето почнале длабински да го проучуваат Светото Писмо, потврдувајќи ги вистините што ги разбрале со историски факти. Благодарение на ова сознание, протестантските реформатори увиделе дека римокатоличкиот папски систем е Антихристот. Ова е она што го велат библиските пророштва? Кога реформаторите го објавиле она што го прорекува Библијата, папството морало да направи нешто во врска со тоа. Тоа ги губело и луѓето и моќта и авторитетот. Језуитите добиле задача да смислат такво толкување на пророштвата, за да ги оттргнат  очите на луѓето од папството.

Двајца католички језуити развиja не една, туку две теории за тоа како правилно да се разберат библиските пророштва. Тoa се претеризмот — „поминало, минато, поранешно“ и футуризмот —  (лат. Futurum) – иднина.

Претеристичкото толкување го развил језуитскиот свештеник Луис де Алказар (1554-1613). Според ова учење, римскиот цар Нерон е Антихристот. Алказар ги припишува пророштвата од книгата на Даниел на ерата на Макавејците. А настаните опишани во книгата Откровение — во времето на животот на апостол Јован. Односно, пророштвата веќе се исполниле во минатото.    

ФУТУРИСТИЧКАТА ШКОЛА ЗА ТОЛКУВАЊЕ НА ПРОРОШТВАТА

Језуитскиот свештеник Франциско Рибера (1537-1591) ја развил футуристичката школа за толкување на пророштвата. Тој произволно, без да се потпира на историските факти, го издвоил деветтото поглавје од книгата Даниел, кое го содржи пророштвото за седумдесетте седмици, последната недела или седмица, и го поставил непосредно пред самото Второ Христово доаѓање. Тој го нарекол последниот седумгодишен период од земната историја, кога ќе се случат нејзините пресудни настани.

На овој начин, пророштвата ќе се исполнат во иднина, во пресрет на самото Христово доаѓање. Футуристите сметаат дека поголемиот дел од христијанската ера е средна ера, за време на кое не биле дадени никакви библиски пророштва. Рибера го идентификувал Антихристот со личност, со безбожниот владетел кој ќе биде прифатен од Евреите и ќе им помогне да го обноват храмот во Ерусалим. Според ова толкување, овој злобен владетел, во средината на седумгодишниот период, ќе го прекрши заветот, ќе го укине христијанството и ќе владее со светот 42 месеци. Ова време ќе биде време на искушение, период на голема неволја и прогонство.

Во 1950. година, бил објавен коментар на книгата Откровение, популаризирајќи ја  теоријата на Рибера. Во тоа време, протестантите сè уште сметале дека папството е Антихристот. Меѓутоа, футуристичкото толкување набрзо го опфатило речиси целиот протестантски свет. Понатаму, оваа теорија била дополнително развиена во протестантизмот и резултирала со таква ерес што за време на илјадагодишното царство, Евреите повторно ќе бидат вратени во рангот на Божји народ и ќе владеат со сите народи, живеејќи според законот на Мојсеј.  

Изненадувачки е што мнозина од Божјиот народ сега го прифаќаат ова еретичко учење како вистина. Не знаејќи дека овој ветар на ерес дува од папството, кое во Божјите пророштва е означено како сила на Антихристот. Така, преку овие лажни теории, папството си го постигнало своето. Папството било ослободено од сите сомнежи за соработка со ѓаволот, кој на папството му ја дал својата сила, и својот престол, и голема власт.

ИСТОРИСКИ МЕТОД НА ТОЛКУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА

Вистинското разбирање на пророштвата е историско разбирање. Застапниците на историскиот пристап веруваат дека книгите Даниел и Откровение опфаќаат низа историски настани од времето кога пророкот ги запишал своите виденија до крајот на земната историја — воспоставувањето на Божјото Царство на земјата. Овој метод се заснова на фактот на последователен и континуиран развој на историјата.

Ова е методот што го користиме при проучувањето на Библијата, во кој информациите ни се презентираат во форма на слоеви. И секој следен слој е органски поврзан со претходниот, плус содржи дополнителни информации. Само врз основа на овој метод разбираме дека Адам имал една жена. И Ное влегол во ковчегот еднаш пред потопот. И ова е единствениот правилен метод за разбирање на Библијата, ова веќе сте го виделе многу пати.

Според овој метод на разбирање на Библијата, пророштвата им биле дадени на Божјите избраници во форма на прогресивни паралелни виденија или слоеви. Секое наредно пророчко видение ги надополнува претходните информации, проширувајќи го нејзиното разбирање. Овој метод го користел Христос:

Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо (Лука 24:27).

Па им рече: ‘Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите’.  Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата“ (Лука 24:44,45).

Од првата до последната книга на Стариот Завет, Христос им откривал на Своите ученици слој по слој, што било кажано во пророштвата за Него. Така што историскиот метод на толкување и разбирање на Библијата е Божји метод, откриен од Самиот Христос. И опасно е да се измисли нешто друго. 

ВЕЌЕ ВО СЕДМОТО ПОГЛАВЈЕ БОГ НÈ ПОДГОТВИ ДА ЈА ПРИФАТИМЕ ВИСТИНАТА ДЕКА МАЛИОТ РОГ Е ПАПСТВОТО

Кога ја имате вистината во ваши раце и ви се нуди лажна, тогаш како што е лесно да се открие лажната, исто толку е лесно да се докаже вистината. А во нашиот случај, да се докаже дека малиот рог е Рим. Се сеќавате од седмото поглавје на Даниел дека четвртиот ѕвер, односно Рим, не престанува да постои. Тој е жив до второто доаѓање и ќе биде уништен заедно со неговото потомство —  малиот рог.

Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, ѕверот беше убиен пред очите мои и телото негово смачкано и предадено на оган за да изгори“ (Даниел 7:11).

Во следните слоеви на пророштвата, веќе од книгата Откровение, ни беше покажано како паганскиот Рим, симболизиран со змевот, му го дал својот престол, сила и власт на папството. ( Видете ја претходната тема). Папството е пагански Рим во христијанска облека:

И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт“ (Откровение 13:2).

Затоа, веќе во седмото поглавје, Бог нè подготвуваше да ја прифатиме вистината дека четвртиот ѕвер, односно паганскиот Рим и малиот рог, се сметаат од Него како ЕДНА сила во различни облици. И во Откровението Бог потврдува, дека на тоа мислел. Кога покажува како паганството преминало во папството со сите атрибути, силата на престолот и власта.

АКТИВНОСТИТЕ НА РИМ ВО НЕГОВИОТ ПАГАНСКИ ОБЛИК

Ајде да се ​​увериме дека малиот рог од осмото поглавје на Даниел го симболизира Рим во два облика — прво пагански, а потоа папски. За оваа богохулна сила, Бог не нашол ниту едно чисто животно кое би ја симболизирало. Затоа што, Христовата жртва била симболизирана со чисти животни. А оваа сила се бунтува против Христа.

Дури и паганската Мидо-Персија и Грција, Бог може да ги симболизира со овен и јарец. Но, паганскиот и папски Рим не бил таков. Затоа што ниту Мидо-Персија ниту Грција не си дозволија такво богохулење и противење на Бога како што си дозволил паганскиот Рим, кој подоцна станал папски Рим.

Ги комбинираме информациите од второто, седмото и осмото поглавје на Даниел. По Мидо-Персија следи Грција, а потоа Рим. Ова е непроменливата линија на пророштвото. Затоа, во осмото поглавје на Даниел за големината на малиот рог, односно за Рим, се вели:

„…мал рог… нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема Прекрасната Земја“  (Даниел 8:9).

И ако за сличната величина на Антиох Епифан не може да се каже ни со големо растегнување, тогаш таквата карактеристика е исклучително погодна за Рим.

За малиот рог се вели дека излегува од еден од четирите рогови на јарецот. Во 168 п.н.е., Рим ја соборил Македонија и ја направил таа земја дел од нејзиното царство. Затоа, во пророштвото, Рим се покажува со силата што излегува од еден од четирите рога на кои било поделено Грчкото царство. Еден од овие делови беше Македонија.

Откако малиот рог се зацврстил на оваа територија, на овој рог, тој ја започнал својата победничка активност, без разлика од тоа на кој рог се појавил.

Малиот рог нараснал кон југ. Египет станал провинција на Римското царство во 30. година п.н.е. Малиот рог нараснал на исток. Рим ја освоил Сирија во 65. година и ја направил своја провинција. Малиот рог нараснал кон Прекрасната земја, односно Јудеја, во земја каде што тече млеко и мед. Во 63. година п.н.е., Рим ја направил своја провинција. Сето ова се однесува на активностите на Рим во неговиот пагански облик.

АКТИВНОСТИ НА ПАПСКИОТ РИМ

Светото Писмо во Даниел, осмо поглавје, го надополнува она што претходно беше кажано за активностите на папскиот Рим:

Тој порасте сè до Небесната Војска, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите па ги згази. Порасна сè до Заповедникот на Војската, му ја одзеде секојдневната жртва и Му го разори неговото Свето Место. Војската се дигна против секојдневната жртва заради нечесноста, ја обори вистината на земја, и успеа во сè што правеше“ (Даниел 8:10-12).

А кон крајот на царството нивно, кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење; неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши големи пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите; заради лукавоста негова ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и без повод ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен – не со човечка рака“ (Даниел 8:23-25).

Да обрнеме внимание на заедничките светилници меѓу седмото и осмото поглавје од книгата Даниел, кои говорат за активностите на папството. Штотуку прочитавме во осмото поглавје: ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите“, „во срцето ќе се возгордее…“, „тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен – не со човечка рака“.

Да се ​​потсетиме што е кажано за папството во седмото поглавје од книгата Даниел:

И гледав како овој рог војува против Светите та ги надвладуваше“ (Даниел 7:21).

„На тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што горделиво се фали“ (Даниел 7:8).

И против Севишниот ќе зборува…“ (Даниел 7:25).

Потоа небесниот Суд ќе ја одземе од него власта и сосема ќе го уништи и докрајчи, а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно…“ (Даниел 7:26,27).

Не може да има грешка во препознавањето на силата претставена со малиот рог во Даниел осмо поглавје. Ова е Рим во два облика, пагански и папски.

ЗАКЛУЧОК ОД НАШАТА ТЕМА

Видовме дека осмото поглавје од Даниел претставува нов слој на Божјите пророштва, во кои Бог нè ориентирал во времето и ни дал дополнителни детали во врска со активностите на паганскиот и папскиот Рим. Овие детали се тесно поврзани со судот и Божјото светилиште. Бог ни ги дал овие откровенија на хебрејски јазик за да ни даде до знаење дека активностите на малиот рог поврзани со светилиштето и Божјиот суд можат да се разберат само во светлината на тие вистини за светилиштето и Божјиот суд што Бог му ги дал на Израел во старозаветно време.

Сподели го ова:

Слични објави