КОГА Е РОДЕН ИСУС?

Сподели го ова:

Најголемиот дел од христијанскиот свет го слави раѓањето на Исус Христос на 24/25 декември. Дали Библијата ни кажува нешто во врска со тоа или молчи? Зошто Христовото раѓање се слави двапати годишно со различни датуми?

Христовото раѓање се слави на запад на 24/25-ти декември, а на исток на 6/7 јануари. До поделба (не онаа од 1054 година) дошло поради промена на календарот, кога Јулијанскиот календар бил отфрлен од страна на Западната црква како неточен и вовела Грегоријански календар, додека на  Исток се задржале верските празници според Јулијанскиот календар, но скоро сите земји во светот ја прифатиле Новата година според Грегоријанскиот календар. Некои источни земји, како што се Романија, Бугарија и Грција, го прифатиле Грегоријанското сметање на времето, па така и Божиќ кој бил славен на 24/25-ти декември, но при тоа останале православни верници.

Ова прашање ќе го проучиме од библиска перспектива и на крајот ќе видиме каков исход ќе добиеме, а ќе започнеме со стиховите од првото поглавје од Евангелие според Лука.

Во деновите на Ирод, царот јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета.“ (Лука 1:5)

Овде ни е покажано дека Захарија имал служба од редот Авијанов.

24 свештенички реда во Храмот

 Царот Давид ги поделил Ароновите синови во 24 групи, т.е. во 24 свештенички реда како би служеле без прекин преку цела година во Светињата каде што самиот Јахве, нивниот Бог, престојувал.

Еве ги и распределбите на синовите Аронови: Аронови синови беа: Надав, Авиху, Елеазар и Итамар. Надав и Авиху умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свештеничката служба ја извршуваа Елеазар и Итамар. И Давид ги распореди: Садок – од синовите Елеазарови, и Ахимелех – од синовите Итамарови, според редот на службите нивни. И се најде дека меѓу синовите Елеазарови имаше повеќе началници, отколку меѓу синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови – шеснаесет началници, а од синовите Итамарови – осум.“   (1. Летописи 24:1-4)

1 Ред   Јојарив 2 Ред   Једаја 7 стих
3 Ред   Харим 4 Ред   Сеорим 8 стих
5 Ред   Малкија 6 Ред   Мијамин 9 стих
7 Ред   Хакоц 8 Ред   Авија 10 стих
9 Ред   Јешуа 10 Ред Шеханија 11 стих
11 Ред Елијашив 12 Ред Јаким 12 стих
13 Ред Хупа 14 Ред Јешевав 13 стих
15 Ред Билга 16 Ред Имер 14 стих
17 Ред Хезир 18 Ред Хапицец 15 стих
19 Ред Петахија 20 Ред Езекиел 16 стих
21 Ред Јахин 22 Ред Гамул 17 стих
23 Ред Делаја 24 Ред Маазјаху 18 стих

Тоа беше нивниот ред за службата нивна за доаѓање во домот Господов, според наредбата за нив, утврдена од таткото нивни Арон, како што му беше заповедал Господ, Бог Израелов.“ (1. Летописи 24:19)

Секој од 24-те свештенички реда ја започнувал својата служба во Храмот на седмична сабота и следната сабота ја завршувал. Смената се случувала во седмиот ден од седмицата „Сабота“, каде што за секој „ред“ службата траела полни седум дена.

Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.“ (2. Летописи 23:8)

 А браќата нивни живееја во своите села и доаѓаа одвреме – навреме кај нив за седум дена.“ (1. Летописи 9:25)

 Божја волја била сите машки три пати во годината да дојдат во Ерусалим  на служба во Храмот и тоа на трите Големи празници.

Трипати во годината сите твои машки нека се појават пред Господа, твојот Бог, на местото што ќе го избере: на празникот Бесквасен леб, на празникот Седмици и на празникот Сеници. Ама никој нека не доаѓа при Господа со празни раце.“ (Повторени закони 16:16)

 Од Писмото знаеме дека почетокот на пресметката на една библиска година била во пролетта, во месец Авив (Нисан), така што првата група свештеници според редот Јојарив ја започнала својата служба во првата седмица. Одговорноста за втората седмица лежела на семејството или редот на Једаја, кои ја преземале должноста од редот Јојарив. Третата седмица започнувала со празникот Пасха и веднаш по него доаѓа празникот Бесквасни лебови кој траел седум дена, така што во тоа време сите свештеници (24 реда) биле присутни во Храмот според Божја заповед. По празникот Бесквасни лебови продолжувал планот на служење во овој случај со третиот ред. Третиот ред бил Харим. Овој распоред покрива период од 52 седмици или 360 дена (12 месеци), бидејќи библиската година траела точно 360 дена. Во една година секој ред на свештениците служел два пати по седум дена, освен на трите големи празници кога сите се појавувале пред Господа, што значи дека секој ред морал да служи пет седми

1. Месец
Авив – Нисан
(Март – Април)
2. Месец
Зиф – Ијар
(Април – Мај)
3. Месец
Сиван
(Мај – Јуни)
 1. Седмица Јојарив (1)  Сеорим (4)

Сите свештеници Педесетница

 2. Седмица Једаја (2)  Малкија (5)  Авија (8) Захарија
 3. Седмица Сите свештеници Бесквасни лебови  Мијамин (6)  Јешаја (9)
 4. Седмица Харим (3)    Хакоц (7)  Шеханија (10)

 

Зачнувањето на Јован Крстител

 Да се вратиме сега кај Захарија, таткото на Јован Крстител.

И кога се свршија деновите на неговата служба, се врати во својот дом. А по тие дни, неговата жена Елисавета зачна и се криеше пет месеци и велеше: …“ (Лука 1:23.24)

 На почетокот на првиот месец во пролетта (март/април), според временскиот план на свештеничката служба, Захарија служел во 10–та седмица според редот на Авија (тој бил потомок на оваа лоза). Значи, ако ја земеме во предвид службата на претходните свештеници, гледаме дека неговиот ред дошол во втората седмица од месецот Сиван (мај/јуни) – видете ја горната табела. По третата сабота од месецот Сиван, откако ја завршил службата, а извештајот вели дека веднаш по враќањето неговата сопруга забременила.

Зачнувањето на Исус Христос

 Причината зошто одиме преку Јован Крстител е да го одредиме Христовото раѓање. Бидејќи Тој по шест месеци бил зачнат од Светиот Дух.

 По тоа време зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: „Така ми направи Господ во деновите кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.” А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката и беше Марија.“ (Лука 1:24-27)

Забележете дека 26-тиот стих се однесува на бременоста на Елисавета, а не на шестиот месец од еврејскиот календар, така што целата слика станува уште појасна кога овој стих ќе го поврземе со 36 стих, кој гласи:

(36) „И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна.“

 Марија, значи, останала три месеци кај Елисавета, и откако заминала од неа Јован набргу бил роден.

(56) „А Марија остана со неа околу три месеци; и се врати во својот дом. (57) А на Елисавета и дојде време да роди, и роди син.“

 Ќе почнеме со зачнувањето на Јован Крстител на крајот од третиот месец од библискиот календар. По шест месеци (по зачнувањето на Елисавета), подоцна доаѓаме до деветтиот месец кој се вика Кислев (ноември/декември), во времето кога Марија зачнала, т.е. зачнувањето на Исус Христос. Всушност таа зачнала за време на еврејскиот празник Ханука – Празник на светлината. Повеќе за овој празник можете да прочитате на интернет. Дваесет и петтиот ден во месецот Кислев, кога овој празник се празнувал, можеме да го поврземе со Исуса Кој ги изговорил оние познати зборови токму на тој ден од празникот кога бил во Ерусалим: дека Тој е светлината на светот. Дека тој е светлината која дошла да ја разбие темнината. Ако го погледнеме евангелието, ќе видиме дека Исус секогаш бил на празниците во Ерусалим, т.е. во Храмот. Па така и на овој празник кој е многу значаен за Евреите.

И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“ (Јован 8:12)

 Додека сум во светот, Јас сум Светлина на светот.“ (Јован 9:5)

 Јас – Светлина – дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина.“ (Јован 12:46)

 Излегува дека не е случајно што Исус токму тогаш зачнал. На крајот на краиштата, Исус вели дека Тој е оној Кој оди меѓу седум свеќници. Во Јовановото евангелие тој празник се нарекувал и празник на посветување.

Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима.“ (Јован 10:22)

 Во извештајот се гледа дека била зима. Ако била зима и тогаш бил зачнат тогаш никако не можел повторно да се роди во зима во исто време следната година, бидејќи времето на жената е 40 седмици, а не 52.

Раѓањето на Јован Крстител

Ако добро следевте кога Јован Крстител бил зачнат – на крајот од третиот месец Сиван, тогаш можете да броите 40 седмици или 9 месеци, и така доаѓате во средината од месецот Авив (Нисан), што одговара на времето на празникот Пасха и Бесквасни лебови. Интересно е да знаеме дека кај Евреите пред прославата на Пасха-Седер-вечера, се поставува и посебна чаша или пехар во исчекување на пророкот Илија во тој седмодневен празник, на што исто така наговестува и пророштвото на пророкот Малахија. Седер значи „ред“.

Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен.“ (Малахија 4:5)

Исус го идентификувал Јован како Илија, кого Евреите го очекувале. Денес, пред Христос да се појави на небесните облаци, ќе се појави народ кој ќе дојде во Духот и силата на Илија да го подготви патот за Господ.

Потоа учениците Негови Го прашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?” Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сè; но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сè што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител.“ (Матеј 17:10-13)

Дури и ангелот кој му се јавил на Захарија рекол дека Јован е очекуваниот Илија.

„И тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорните кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“ (Лука 1:17)

Празникот на Бесквасни лебови започнува на 15 -тиот ден во првиот месец, и ова може да биде ден на раѓањето на Јован и очекуваниот Илија, зашто тоа е девет месеци од зачнувањето. Знаеме дека Марија била кај Елисавета полни три месеци и кога се приближило Елисавета да роди Марија отишла во својата куќа. Зошто таа си отишла дома, а не останала уште некој ден додека Елисавета да се породи? Да не тргнуваме од тоа дека можела да биде од помош во тој час. Марија отишла во својата куќа бидејќи празникот Пасха и Бесквасните лебови бил близу. Во тоа време семејствата заедно ја прославувале Пасха. Тоа бил оној празник кога сите биле во куќата кога ангелот ги убивал Египќаните.

Раѓањето на Исус Христос

Бидејќи Исус бил роден 6 месеци подоцна од Јован Крстител, можеме да дадеме приближен датум ако го утврдиме приближниот датум на раѓањето на Јован Крстител, користејќи го библискиот календар. Од 15-тиот ден од првиот месец Нисан, по 6 месеци доаѓаме до 15-тиот ден од седмиот месец (Тишри). И на што наидуваме во тоа време? Празникот Сеници или Сухот. На 15-тиот ден од тој месец започнува првиот ден од последниот и третиот празник во годината на кој сите машки во Израел биле должни да се покажат пред Господа во Храмот.

Кажи им на синовите израелски и речи им: во петнаесеттиот ден од истиот месец, седмиот месец, е Празникот на сениците, Господов празник што трае седум дена.“ (Левитска 23:34)

Емануел

Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануел.“ (Исаија 7:14)

 Еману-ел значи: Бог со нас. Божјиот Син дошол да престојува меѓу нас.

И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.“ (Јован 1:14)

Еврејскиот збор за „престојува“ е Суха, а празникот Сухот значи „Сеници“ или можеме слободно да го преведеме како Шатор, тоа бил празник на радост и веселба. Каква радост? Зарем тоа не е радост дека ни се родил „СПАС“!

На оваа земја нема поголема радост од таа да се нарекуваме Божји деца и да бидеме, а тоа единствено е можно преку доаѓањето на Месијата.

Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата. Во тој крај имаше пастири, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо. И одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.“ (Лука 2:7-11)

Зошто во тоа време немало место во гостилници? Витлеем бил околу 10 километри оддалечен од Ерусалим, и многу луѓе дошле да го прослават празникот Сеници, како што било пропишано од Мојсеевиот закон. Секоја соба била зафатена од страна на „верниците“ кои дошле на овој празник. И единственото засолниште што го имале Јосиф и Марија била една мала штала. Забележете дека празникот Сеници траел 8 дена.

Седум дена принесувајте Му на Господ жртва; а во осмиот ден правете свето собрание, и тогаш принесувајте Му на Господ жртва; – тоа е свечено собрание, и никаква работа не вршете. Тоа се Господовите празници, во кои треба да свикувате свети собранија, за да Му принесувате на Господ жртви: сепаленици, крвни и бескрвни жртви, како и преливи – секоја во својот ден,  освен во саботите Господови, освен даровите ваши, заветите ваши, што ќе Му ги давате од благодарност на Господ. А на петнаесеттиот ден од седмиот месец, кога ги собирате плодовите на земјата, празнувајте празник Господов седум дена: првиот и осмиот ден нека ви бидат за починка.“ (Левитска 23:36-39)

Зошто осум дена? Една од причините може да биде затоа што машкото дете на осмиот ден е обрежано или посветено на Бога.

И кога навршија осум дена, за Неговото обрезание, Му го дадоа името Исус, како што Го нарече ангелот, пред да биде зачнат во утробата.“ (Лука 2:21)

Така Исус бил обрежан во осмиот и последен ден од празникот Сеници. Кај Евреите денес овој осми ден се смета за одделен празник од празникот Сеници, и го нарекуваат „Shemini Atzeret“ или осми ден. Осмиот ден од Соборот (завршен празник) претставувал крај на прославата која била составен дел од празникот Сеници, како што вели Божјото Слово. Во Библијата овој празник се споменува неколку пати. Во тој ден се посветуваат на Господа плодови од берба (жетва). Така и Христос бил посветен на Бога тој ден (8-ми ден од празникот) како прв човек кој ќе го победи гревот во телото и ќе го „отвори патот на светите“ за нови победи.

Во осмиот ден имајте славно собрание. Не работите никаква работа.“ (Броеви 29:35)

За размислување:

А во последниот, големиот ден на празникот Исус застана и извика, велејќи: „Ако е некој жеден, нека дојде при Мене и нека пие. Кој верува во Мене – како што е кажано во Писмото – „од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.” Тоа го рече пак за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; зашто Духот уште не беше слезен, зашто Исус уште не беше прославен.“ (Јован 7:37-39)

 На крајот од ова поглавје (седмо) последниот 53 стих вели: И секој си отиде во својот дом.“ Сите заминале во своите домови, а Исус? А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да наслони.’“ (Матеј 8:20) Дали навистина немал каде глава да наслони? Првиот стих од следната глава вели: А Исус отиде на Маслиновата Гора.“ Бил под Небото, небесниот шатор, под вистинскиот Сухот, Ти, Кој се облекуваш со светлина како со облека, си го прострел небото како шатор.“ (Псалм 104:2)

Заклучок:

Доколку претходните информации темелно ги проучувавте и ги истражувавте од Писмото, сигурно е дека Исус бил роден на 15-тиот ден во седмиот месец Тишри, на првиот ден од празникот Сеници, кој според денешниот календар се паѓа во месец септември/октомври.

Идно исполнување на празникот Сеници

 Интересно е да се напомене дека празникот Сеници бил празник кога се собирала бербата или бербата на плодовите, односно жетвата.

И празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на берењето плодови на крајот од секоја година кога го собираш родот од твоите ниви.“ (Излез 23:16)

Празнувај го празникот на седмиците, празникот на почетокот на жетвата на пченицата и празникот на бербата на крајот од годината.“ (Излез 34:22)

 А за времињата и часовите, браќа, нема потреба да ви се пишува, бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време. И додека уште велат: ‘Мир и безбедност!’, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат. Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да може да ве затече како крадец. Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.“ (1. Солунјаните 5:1-5)

Сподели го ова:

Слични објави