ЗОШТО ИМА ПОТРЕБА ОД СУД? НАСТАНИ ПРЕД И ПОСЛЕ СУДОТ

Сподели го ова:

Да разјасниме дека на Бога не му треба суд за да одреди кој е праведен, а кој не. Бог знае сè за секого, дури и пред да размислиме, кажеме или направиме нешто:

Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светов“ (Дела 15:18).

„Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало…“ (Исаија 46:10).

„Така вели Господ – она што го зборувате… и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам“ (Езекиел 11:5).

Сите патишта мои си ги предвидел. Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш“ (Псалм 139:3,4).

Небесниот суд исто така не е наменет да ги задоволи Божјите барања. Односно, Бог вели: овој е виновен, а овој не е, а судот ја потврдува Божјата одлука. На тој начин Божјата одлука добива статус на законска одлука и станува правосилна. Не!

Затоа што целата вселена е населена со слободни суштества, обдарени со слобода на избор и Бог не прифаќа тие да Му служат од принуда или страв. Не е тешко да се погоди дека Божјиот суд се одржува за да може Бог, на кого тие Му служат и му се поклонуваат, да биде оправдан во Своите постапки. 

Содржина прикажи
БОЖЈИОТ СУД ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ТРИ ФАЗИ

Затоа што постојат три групи на создадени суштества во вселената. Една од тие групи се оние кои никогаш не згрешиле (ангелите и небесните жители). Друга група се грешниците кои се преобразени со Божјата благодат, односно спасените. Трета група се грешниците кои ја отфрлиле Божјата благодат (починатите). Сите овие три групи ја признаваат Божјата милост откриена преку Христа и Божјата правда:

„Во името на Исус да се поклони секое колено на сè што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот“ (Филипјаните 2:10,11).

Но, овие три групи не ја признаваат Божјата правда во исто време. Секоја група ќе добие свое време за да го направи тоа. А за да се случи тоа, Божјиот суд ќе се одвива во три фази, за овие три различни групи.

ПОСРЕДНИЧКАТА СЛУЖБА НА ПРВОСВЕШТЕНИКОТ СЕ ОДНЕСУВАШЕ САМО НА БОЖЈИОТ НАРОД

Во прототиповите од Стариот завет ни се открива вистината дека посредничката служба на првосвештеникот се однесувала само на Божјиот народ. Оваа вистина е јасно откриена и во Новиот завет:

И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: ‘Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него. А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незнабошците…’“ (Откровение 11:1,2).

И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори: ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое. Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав“ (Откровение 3:7-9).

Откако Бог им ја открил вистината за небесното светилиште и истражниот суд на верниците кои го истражувале Светото писмо и со сето срце копнееле за Христовото враќање, тие веднаш ја пренеле оваа вистина во светот. Ова беше првата ангелска порака:

„Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори“ (Откровение 14:7).

КРАТКО ПОТСЕТУВАЊЕ НА МИНАТИТЕ ТЕМИ

За да добиеме целосна слика за сите настани што ќе се случат пред да се воспостави вечното Божјо царство, накратко да се потсетиме на минатите теми. На овој начин можеме да ги поврземе со следните откровенија и ќе ја видиме убавината и хармонијата на Божјата реч. 

Во 1844. година, по завршувањето на пророчкиот период од 2300 години, на небото започна истражен суд. На овој суд во небесното светилиште, Бог Отецот, како Судија на целата вселена, одредува кој верник навистина се покајал. Кој, искористувајќи го Христовото посредување, му дозволил на Бога да го преобрази својот грешник во Христова праведност. Односно, дозволил да стане свет, соучесник на божествената природа, овде зборуваме за народот Божји:

Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?“ (1 Петрово 4:17).

Во прототиповите на Стариот завет, посредничката служба на првосвештеникот на Судниот ден, на Јом Кипур (Ден на покајание), се однесувала само на Божјиот народ и се извршувала за него: 

„И да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на собранието, која е меѓу нив, среде нечистотиите нивни. Кога ќе влезе тој за да го очисти светилиштето, и сè додека не излезе, никој да нема во скинијата. И така ќе се очисти самиот себе, својот дом и сиот израелски народ“ (Левитска 16:16,17).

Според описот даден на верниците во Филаделфискиот период, односно оние кои ја прифатиле вистината за небесното светилиште и со вера го следеле својот Првосвештеник Исус во Светињата над светињите на небесното светилиште, тие се наречени од Бога и Неговиот Син за вистински Јудејци, кои се поклонуваат во Божјиот храм, односно Божји народ. Но сите останати, кои ја отфрлиле оваа вистина, Бог ги нарекува лажни Јудејци, незнабошци, односно тие не се Божји народ.

Нив ги обединува општиот концепт на Вавилон , т.е. мешање на вистината со лагата, и тие во очите на Бога паднале. Искрените души се повикани од Бога да го напуштат овој систем.

ДА ГО РАЗГЛЕДАМЕ ПОНАТАМУ ПРОЦЕСОТ НА ИСТРАЖНИОТ СУД

Така, на небото, на истражниот суд, кој трае од 1844. година, Бог ќе открие од редот на сите верници, кои тврдат дека му припаѓаат на Христос, кој е навистина Негов, а кој не е Негов. Односно, судот ќе започне од Божјиот дом. После тоа, Христос ќе дојде да ја земе Својата црква од земјата:

„Кога ќе дојде Тој за да биде прославен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво“ (2 Солунјаните 1:10).

Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување“ (2 Тимотеј 4:8).

Овој суд се случува за небесните жители и ангелите, така што оваа категорија на создадени суштества, кои никогаш не згрешиле, да може да ја признае правдата на Божјиот суд:

Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти. Река огнена излегуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија“ (Даниел 7:9,10).

И чув друг како зборува од жртвеникот: ‘Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди’“ (Откровение 16:7).

Но, не смееме да заборавиме дека со овие свети суштества ќе живеат спасените, кои исто така мора да ја признаат Божјата правда. И на нив, според милоста Божја, Неговата мудрост и правда, како слободни и разумни суштества, Бог ќе им дозволи да судат. Но, не во однос на преиспитувањето на Божјата одлука за праведниците, туку за донесување сопствена одлука во однос на злите и паднатите ангели.

Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство“ (Откровение 14:8).

НА БОГ НЕ МУ ТРЕБА СУД, ТУКУ НА СПАСЕНИТЕ ЛУЃЕ

Благодарение на небесното светилиште, вистината за Божјиот закон блесна за Божјиот народ, односно за вистинските Јудејци.

За тоа дека треба да се држат сите десет Божји заповеди, вклучувајќи ја и саботата. Божјиот народ не е тој кој ја отфрла оваа вистина. Сатаната, преку папството, претставено со ѕвер во третата ангелска порака, наместо Божјиот печат ќе му го наметне својот белег (жиг) на светот. Односно недела наместо сабота. И секој што ќе му остане верен на Бога и го почитува Неговиот закон е вистински Јудеец. А кој ја празнува неделата, жигот на ѕверот, тој е лажен Јудеец, незнабожец.

Бог многу сака Неговите постапки да бидат разбрани од оние кои ќе живеат заедно со Него во сета вечност. Впрочем, меѓу изгубените се наоѓаат роднините и најблиските луѓе на оние кои ќе бидат спасени за вечноста. А спасените мора да разберат зошто не се спасиле оние што им биле драги. Ова е за да се осигура дека никој од оние што се спасени нема да се посомнева во Божјиот карактер. (Како што се случило со Луцифер за време на неговиот пад). Така што гревот никогаш повеќе нема да се појави во вселената:   

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години“ (Откровение 20:4).б

„Додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството“ (Даниел 7:22).

Не знаете ли дека светиите ќе го судат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за помали работи? Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното“ (1 Коринтјаните 6:2,3)?

На Бог не му треба суд. Тој веќе знае кој е кој. Судот во сите три фази е потребен за создадените суштества за да можат да ја препознаат Божјата правда во целата вселена, вклучувајќи ја и земјата.

НЕМА ВЛАДЕТЕЛ КАКО БОГ

Невозможно е  да се најде таква личност со чија помош ќе го прикаже Бога како Владетел, затоа што нема рамен со Него во сите параметри, нема и нема да има.

Што забележуваме кај земните владетели? Колку се тие искрени, колку се доверливи? Зарем не водат политика на двојни стандарди, не живеат ли двоен живот? Кога ќе излезе на виделина некоја вистина за владетелот во кој народот имал доверба, следува ново разочарување што резултира со недоверба кон сите наредни владетели. А народот нема излез. Затоа што нивниот авторитет се одржува со сила, а оние што не му угодуваат или ќе бидат принудени да послушаат или ќе бидат отстранети.

Сите овие форми на владеење немаат никаква врска со Божјото владеење засновано на искрена љубов, доверба, отвореност. Бог не прифаќа суштествата да бидат принудени да Го сакаат. Ова е причината зошто Бог искрено се открива Себеси и Своите дела на Своето создание.

Кога Тој ќе им ги открие на спасените Своите постапки и постапките на оние кои починале, односно на втората категорија разумни суштества во Вселената?

Веќе забележавме дека сега на небото, за време на истражниот суд, Бог им ги открива Своите постапки на ангелите, на небесните суштества и на оние што се спасени од земјата, за кои е напишано во Библијата. Тоа се Енох, Илија, Мојсеј и 24-те старешини кои воскреснале заедно со Христа, како прв сноп, гаранција за идната жетва.

На верниците спасени при Второто доаѓање, Божјите постапки, во светлината на постапките на изгубените, ќе им бидат откриени на небото по Второто доаѓање, за време на илјадагодишното царство.

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОНАТАМОШНИ НАСТАНИ

Еве ја хронологијата на овие настани. Христос доаѓа и ги воскреснува оние кои му се верни на Бога, ги подига од нивните гробови. А живите верни на Бога ги преобразува во бесмртност и ги зема со Себе на небесните облаци:

„Одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност“ (1 Коринтјаните 15:52,53).

„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ“ (1 Солунјаните 4:16,17).

Живите зли ќе загинат при Второто доаѓање, а мртвите зли нема да воскреснат додека не се заврши судот во кој ќе учествуваат спасените и за кој Бог одредил време од 1000 години:

„Во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прославен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа“ (2 Солунјаните 1:8-10).

Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение“ (Откровение 20:5).

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат… оживеаја и царуваа со Христос илјада години“ (Откровение 20:4).

Пред Второто доаѓање ќе се излеат неволји, кои ќе ја уништат земјата и оние што живеат на неа. По Второто доаѓање, ниту еден човек нема да остане на земјата:

А во оној ден ќе има погубени од Господ од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ниту прибрани, ниту погребани, туку ќе бидат како ѓубре по земјата“ (Еремија 25:33).

Сите праведници одат со Христа на небото на облаците, а сите зли се мртви.

КОГО ГО СИМБОЛИЗИРАЛ КОЗЕЛОТ ЗА ОТПУШТАЊЕ ВО ИЗРАЕЛСКАТА СЛУЖБА?

И тогаш Бог, преку Своето Слово, ни ја прикажува следната слика:

Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време“ (Откровение 20:1-3).

Она што овде е опишано во врска со сатаната, било откриено од Бога во симболичната служба во скинијата на денот на судот. Откако првосвештеникот посредувал за Божјиот народ во Светињите над светињите и изрекувал пресуда за секој од Божјиот народ, тој излегувал и сите гревови што му беа простени на Божјиот народ (односно исповедани и оставени), ги ставал на главата на отпуштениот козел. И тој бил однесен во пустината, носејќи ги на себе сите овие гревови:    

Па, откако ќе ги очисти светилиштето, скинијата на собранието и жртвеникот, (и откако ќе ги очисти свештениците) ќе го приведе живиот козел. Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите израелски, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустината; и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустината“ (Левитска 16:20-22).

Моќниот ангел од Откровение 20. поглавје го врзува сатаната со верига на околности. На ист начин, отпуштениот козел, кој бил доведен во пустината од определен човек за таа цел, исто така се нашол врзан со верига на околности, околности од кои не можел себеси да се ослободи. 

ЗНАЧЕЊЕТО НА ЗБОРОТ „БЕЗДНА“ ВО 20-ТО ПОГЛАВЈЕ ОД КНИГАТА ОТКРОВЕНИЕ

Зборот „бездна“ е спомнат во 20-тото поглавје од Откровението во врска со врзувањето на сатаната. Овој збор означува длабока бездна без дно, како и темно место лишено од живот, односно место на смртта.

Откровението 9. поглавје се применува на Арапската пустина, од каде дојдоа ордите на Сарацени (општ термин за арапските муслимани) како облаци од скакулци. И по падот на персискиот цар Хозрој, тие почнаа да ги наметнуваат своите учења низ исток со оган и меч:

Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И и беше даден клучот од кладенецот на бездната; па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот“ (Откровение 9:1,2).

Во Посланието до Римјаните, овој збор означува гроб:

„Или: ‘Кој ќе слезе во бездната?’, што значи да се изведе Христос од мртвите“ (Римјаните 10:7).

Но, овој збор ќе ни стане појасен во светлината на Божјото создавање на земјата:

Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната“ (Создавање 1:2).

Зборот „бездна“ во овој случај ја опишува опустошената состојба во која се наоѓала нашата земја пред Бог да ги создаде морињата и тревите, дрвјата и животните и на крајот човекот.

Господ ќе ги затресе планините со Својот глас и тие ќе бидат уништени. Островите ќе бидат расфрлани по океаните. Сè што е создадено од луѓето ќе биде уништено, а самите луѓе ќе загинат. Земјата ќе биде пуста и неплодна, како што беше на почетокот на нејзиното создавање. Токму на таква земја сатаната и неговите ангели ќе го поминуваат своето време размислувајќи за делата што ги правеле 1000 години.

СПАСЕНИТЕ ИСТО ТАКА ЌЕ ГО ДОНЕСАТ СВОЈОТ СУД ЗА САТАНАТА И НЕГОВИТЕ АНГЕЛИ

За време на овој временски период, спасените ќе се запознаат со Божјата одлука во врска со уништувањето на злите и ќе ја донесат својата одлука во врска со овие постапки на Господ. Тие ќе навлезат во она што сега е скриено од нивните очи, имено мотивите и побудите на оние кои не биле спасени со Божја одлука. Ќе им се даде можност самите да се уверат во праведноста на Божјата одлука и ќе ја поддржат со своите гласови. Иако меѓу починатите ќе бидат оние кои со сето срце ги сакале, за кои се молеле, нивните роднини и најблиски, со кои сонувале да живеат во вечноста.  

Спасените исто така ќе го донесат својот суд за сатаната и неговите ангели и тие ќе ги осудат нивните постапки. Оваа акција не е формалност, туку неодложна потреба. Ова е неопходно за да се осигура дека никој од спасените никогаш во цела вечност нема да се посомнева во праведноста на Божјите одлуки, и дека гревот никогаш повеќе нема да се појави за сета вечност:

Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сè, ниеден противник нема повторно да се крене“ (Наум 1:9).

По илјадагодишниот период, Христос и спасените луѓе се враќаат на земјата во небесниот Ерусалим:

Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж. И чув висок глас од небото како зборува: ‘Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог’“ (Откровение 21:2,3).

ЌЕ ИМА КАКО ВОСКРЕСЕНИЕ НА ПРАВЕДНИТЕ ТАКА И ВОСКРЕСЕНИЕ НА ЗЛИТЕ

Како што се сеќавате, Библијата учи дека сатаната ќе биде врзан од околностите илјада години. Потоа, тој ќе биде ослободен од овие вериги на околностите за малку време:

„Потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време“ (Откровение 20:3).

А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, и ќе излезе да ги лаже народите… и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град“ (Откровение 20:7,8).

Од каде доаѓаат оние што сатаната ќе ги собере за битка против спасените?

Хармоничното библиско учење ни кажува за две воскреснувања: воскресение на праведниците, наречено воскресение на животот и воскресение на злите, наречено воскресение за осуда:

„И ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:29).

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години. Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение“ (Откровение 20:4-6).

И ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат заклучени во темница и по многу денови ќе бидат казнети“ (Исаија 24:22).

ЗОШТО БОГ ГИ ВОСКРЕСНУВА ЗЛИТЕ?

Зошто Бог треба да ги воскресне оние што се осудени на смрт? За оваа, последна, трета категорија на разумни суштества во Вселената, откако ќе се запознае со материјалите за судот, кога на сите ќе им станат јасни нивните дела, постапки и мисли, да ја препознае Божјата правда во одлуката дека самите тие се виновни за својата пропаст и не можат да живеат во вечноста. Нивното признавање на вината ќе биде најмоќниот чин на рехабилитација на Божјиот карактер од страна на создадените суштества:     

И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни“ (Откровение 20:11,12).

ШТО ПИШУВА БОЖЈИОТ ГЛАСНИК НА НАШАТА ТЕМА

„Штом ќе се отворат книгите со извештаите и Исусовото око ќе ги погледне непокајаните, тие веднаш ќе станат свесни за секој свој грев што го направиле. Тие сега јасно гледаат каде ги одвело скршнувањето од патеката на чистотата и светоста, и колку далеку ги одвела горделивоста и бунтот во кршењето на Божјиот закон. Заводливите искушенија кои ги охрабриле да уживаат во гревот, злоупотребените благослови, презирањето на Божјите гласници, отфрлените предупредувања, брановите на милосрдие одбиени од страна на тврдоглавите и непокајани срца – сето тоа им е предочено како да е напишано со огнени букви

Сега е очигледно дека плата за гревот не е благородната независност и вечен живот, туку ропство, пропаст и смрт. Грешниците согледуваат што загубиле поради својот бунтовен живот. Тие ја презреле неизмерната и вечна вредност на славата кога им била понудена; но колку сега им се чини посакувана! ‘Сето ова’, извикува изгубената душа, „’можев да го имам, но со сопствениот избор сето тоа сето тоа го отфрлив далеку од себе. О, нечуена заблуденост! Го дадов мирот, среќата и славата во замена за несреќа, срам и очај’. Сите увидуваат дека нивното исклучување од небото е праведно. Со својот живот тие изјавиле: ‘Не сакаме со нас да владее овој Исус!’ (Лука 19:14).

Како хипнотизирани, грешниците го гледаат крунисувањето на Божјиот Син. Тие во Неговите раце ги гледаат плочите на Божјиот Закон, заповедите што ги презирале и престапувале. Тие ги набљудуваат изливите на восхит, воодушевување и длабока почит на спасените; и додека звуците на мелодиите како незадржливи бранови се разлеваат преку ѕидовите и допираат до безбројното мноштво кое се наоѓаа надвор од градот, сите едногласно извикуваат: ‘Големи и чудесни се делата Твои, Господи Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите’ (Откровение 15:3), и паѓајќи ничкум, му се поклонуваат на Кнезот на животот.

Сатаната увидува дека неговиот самоволен бунт го направил недостоен за небото. Тој ги обучил своите сили да војуваат против Бога. Небесната чистота, мирот и хармонијата сега за него би биле најголема тортура. Неговите обвинувања против Божјата милост и правда сега се замолчени. Срамот што настојувал да го фрли врз Јехова паднал врз него. И сега сатаната се поклонува пред Бога и ја признава праведноста на својата осуда.

‘Кој нема да се плаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!’ (Откровение 15:4). Секое прашање за вистината и заблудата во долготрајната борба, сега е разјаснето.

Последиците на бунтот, плодовите на престапувањето на божествените прописи, сега отворено се изложени пред сите создадени суштества. Целата вселена ја гледа разликата меѓу сатанското владеење и Божјото владеење. Сатаната го осудиле неговите сопствени дела. Божјата мудрост, Неговата праведност и добрина, сега се целосно оправдани. Јасно се гледа дека сите Негови постапки во големата борба биле спроведени во интерес на вечното добро на Неговиот народ и на сите светови што ги создал. ‘Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои’ (Псалм 145:10).

Историјата на гревот низ целата вечност ќе сведочи дека среќата на сите Божји созданија, е неразделно поврзана со постоењето на Божјиот закон. Имајќи ги пред очи сите факти на големата борба, жителите на целата вселена, и оние што му останале верни на Бога и оние што се побуниле, едногласно изјавуваат: ‘Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите“ (Откровение 15:3)’ (Големата борба, 666-670) .

СИТЕ ЈА ПРЕПОЗНАВААТ АПСОЛУТНАТА БОЖЈА ПРАВДА

Овде ни е прикажано времето кога секој ангел, и добар и зол, секој човек, и добар и зол, ја признава апсолутната Божја правда! И сите тие ќе го дадат својот глас во одбрана на Божјите постапки.

Забележете дека Бог не само што одлучува за судбината на некои грешници, туку во исто време ја исклучува можноста за појава на други грешници. Тој самиот ќе одлучи за судбината на самиот грев! Чиј корен е сомнежот во Божјата правда и љубов кон Неговото создание.

Затоа Бог не го уништил сатаната на почетокот кога тој паднал на небото. Зашто, ако го направеше тоа без да и даде можност на целата вселена да види каде води бунтот на сатаната, ќе им дадеше на сите разумни суштества причина за сомнеж, бидејќи карактерот на ѓаволот сè уште не беше откриен, тој го сокри под маската на побожност. А кога би бил уништен ѓаволот, тогаш, на небото, сите разумни суштества би му служеле на Бога не од љубов, туку од страв, но тоа е спротивно на Божјиот карактер:

„Кој не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов“ (1 Јованово 4:8).

Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта“ (1 Јованово 4:18).

Но, иако сатаната и злите ја признаваат Божјата правда, ова признание кај нив нема да произведе љубов кон Бога, туку само омраза.

Љубовта кон Бога е нешто што произлегува од послушноста кон Бога, што не беше случај во нивните животи. Затоа Светото Писмо ни кажува дека е бесмислено да се воведуваат злите (нечесните) во вечноста. Тие сепак ќе останат зли и рајот нема да ги промени:

Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодејствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово“ (Исаија 26:10).

САТАНАТА И ПОСЛЕДНИОТ ОБИД ДА СЕ КРЕНЕ ПРОТИВ БОГА

Пред да се изврши Божјиот праведен суд, со кој се согласиле и сатаната и злите, сатаната ќе направи уште еден обид да му се спротивстави на Бога:

„А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, и ќе излезе да ги лаже народите… и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град“ (Откровение 20:7-9).

ВО ПРАШАЊЕТО ЗА СПАСЕНИЕТО ЗА ВЕЧНОСТ, МНОЗИНСТВОТО НИКОГАШ НЕ БИЛО ВО ПРАВО И НЕМА ДА БИДЕ

Овој стих со себе носи многу тажни информации. Зборува за тоа колку мртви луѓе ќе има нивниот број е колку морскиот песок“. Тоа е затоа што што луѓето одат по широкиот пат кој е погоден за нивната грешна состојба, односно сами избираат да пливаат по течението, како и сите други.

Сите ја празнуваат неделата — па и јас, за да не ми се смеат дека сум саботар, секташ или Евреин. Сите јадат нечиста храна и други гадости забранети од Бога —  па и јас, за да не бидам осуден од мнозинството и да не ме сметаат за секташ. Сите веруваат во тројството, детето на папството – па и јас, за да не бидам, не дај Боже, прогласен за нехристијанин, бидејќи според мнозинството, човек не може да се смета за христијанин доколку не го исповеда папското учење за тројството.

„Живеј како сите други!“ — ова е слоганот на повеќето христијани. Воопшто не е тешко да се следи толпата, да се живее како стадо предводено од непознат водач и без да се има свое мислење. Многу е потешко да се спротивставиш на мнозинството за волја на вистината.

За ова е потребна верата на Исус и Неговата љубов кон Бога Отецот, кои се манифестираат токму во ситуации кога е потребно храбро да се спротивставиме на мнозинството. Христос ги предупредува и  охрабрува Своите следбеници:

Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина ги наоѓаат“ (Матеј 7:13,14).

Според Божјото Слово, да се следи мнозинството во прашањата на спасението значи следење во пропаст. Во прашањето за спасение за вечност, мнозинството никогаш не било во право и никогаш нема да биде. Вистината не се определува со мнозинството гласови, туку со примерот на Христовиот живот, кој во својот живот ја открил вистината на Божјото Слово. Библијата нè предупредува:

Не поведувај се по мнозинството да правиш зло и не согласувај се со мнозинството против правдата“ (Излез 23:2).

КАКОВ ЌЕ БИДЕ КРАЈОТ НА ОНИЕ ШТО ЌЕ ГО НАПАДНАТ НЕБЕСНИОТ ЕРУСАЛИМ?

Така, на крајот, сите зли ќе признаат дека Бог е праведен и дека направил сѐ за нивно спасение, но ништо повеќе не може да се промени.

Ако сите луѓе сепак го направат тоа, па зарем не би било подобро да се признае тоа сега! И да го искористиме спасението што ни е понудено на сите нас преку соединувањето со Христа. Зошто да признаете предоцна? Штом злите ќе го направат последниот обид, предводени од сатаната, да го нападнат небесниот Ерусалим, во кој се наоѓаат спасените, тогаш Божјиот суд веднаш ќе стапи на сила:

„Падна од Бога оган небесен и ги проголта“ (Откровение 20:9).

Погледнете ја завршната акција што ќе ја изврши огнот. Тој ќе ги проголта сите што се бунтуваат против Бога. Околу Небесниот Ерусалим ќе има пеколен оган, огнено езеро, во кое ќе изгорат сите бунтовници.

КАКО ШТО БЕШЕ ВО ДЕНОВИТЕ НА НОЕ, ТАКА ЌЕ БИДЕ И ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И спасените, кои се во Небесниот Ерусалим, ќе почиваат во него, како што Ное почивал во ковчегот за време на глобалниот потоп. Праведниците на себе ќе ја искусат непроменливоста на Божјите ветувања:

Кој од нас може да живее при оган што голта? Кој од нас може да живее при вечен пламен?  Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од поткуп, ги затина ушите за да не слуша за крвопролевање, и ги затвора очите да не го гледа злото“ (Исаија 33:14,15).

Ное бил спасен од водите на потопот затоа што одел со Бога. Ова заедништво со Бога го прави непорочен пред Бога. И сите, што не се разделија со своите гревови, загинаа од водите на потопот:

Тогаш го изгуби животот секое суштество, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; сè, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре. И се истреби секое суштество што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небески – сè беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот“ (Создавање 7:21-23).

Христос рекол дека она што се случило со светот во деновите на Ное е илустрација за тоа што ќе се случи со светот на крајот на времето. Како во деновите на Ное, сите што беа со праведниот Ное беа спасени во ковчегот.

ВТОРАТА СМРТ Е СМРТ ОД ОГАН

И сите што не влегоа во ковчегот загинаа од водите на потопот надвор од ковчегот. Така и сите што не се во Небесниот Ерусалим заедно со праведниот Христос ќе загинат во огнениот потоп: 

А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро“ (Откровение 20:14,15).

Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња… и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот“ (Малахија 4:1,3).

„Зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат Земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш“ (Псалм 37:9,10).

ИМИЊАТА НА СИТЕ ВЕРНИЦИ СЕ ВНЕСЕНИ ВО КНИГАТА НА ЖИВОТОТ

Зошто Бог им ја отвора книгата на животот на судот на злите? Ако е јасно дека таму не се евидентирани. Затоа што Бог сака да им покаже на многуте зли луѓе кои тврдат дека веруваат во Бога дека биле таму, но по своја вина биле избришани од оваа книга.  

Многу верници погрешно веруваат дека нивното име ќе биде запишано во книгата на животот само откако небесниот суд ќе донесе одлука дека се спасени. Колку е далеку оваа изјава од вистината. Кога Бог ги повикал Евреите во ветената земја, а тоа е прототип на тоа дека Бог ги повикал луѓето да го следат Христа во Божјото Царство, тогаш заедно со Евреите излегоа и други народи, кои веруваа во Божјите зборови, па дури и некои Египќани. Но, на патот кон Ветената земја, многу од нив пројавуваа каприци, мрмореа, па дури и богохулеа:

Придојдените меѓу нив почнаа да негодуваат, а заедно со нив и синовите израелски седнаа, плачеа и велеа: ‘Кој ќе нè нахрани со месо?’“ (Броеви 11:4).

Кога синовите израелски беа во пустината, најдоа еден, како собира дрва во саботен ден“ (Броеви 15:32).

„И синот на Израелката похули на Името. И го доведоа кај Мојсеј“ (Левитска 24:11).

А народот… се собра пред Арон, и му рече: ‘Стани и направи ни бог што ќе оди пред нас’… Утредента, станувајќи рано… и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат“ (Излез 32:1,6).

И што ни кажува Божјото Слово за овие луѓе? Словото Божјо ни кажува дека нивните имиња биле запишани од Бога во книгата на животот пред овие настани. Тој ги запишал таму за време на нивниот егзодус (излегување) од Египет. Но, по овие дрски чинови на бунт против Бога и Неговата волја, откако го замениле вистинскиот Бог со лажен, нивните имиња биле избришани од Божјата книга на животот.

А Господ му рече на Мојсеј: ‘Оној, што згрешил пред Мене, него ќе го избришам од книгата Моја’“ (Излез 32:33).

САМИОТ ЧОВЕК, СО СВОИТЕ ПОСТАПКИ, ГО БРИШЕ СВОЕТО ИМЕ ОД КНИГАТА НА ЖИВОТОТ

Вистината е јасна како ден. Бог го запишува во книгата на животот секој што верува во Него, и покрај неговата несовршеност, покажувајќи ја на тој начин Својата силна желба да ја спаси таа личност. Отсега, човекот се соочува со задача да живее на таков начин за да го задржи тоа име таму.

Ова е вистината на Новиот завет. Апостол Павле, зборувајќи за своите сотрудници, вели дека нивните имиња се веќе запишани во книгата на животот, иако, се разбира тие не биле совршени во сè и се бореле за своето спасение. Нивната пресуда сѐ уште не е донесена:

„А те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот“ (Филипјаните 4:3).

Колку ќе биде болно и срамно за изгубените кога ќе видат дека Бог ги запишал во книгата на животот, покажувајќи ја сериозноста на Неговите намери да ги спаси. Но, тие не го сакаа тоа и Бог беше принуден да ги избрише нивните имиња од оваа прекрасна книга. Тие ќе загинат засекогаш затоа што го отфрлија дарот на вечниот живот што им беше принесен во Христа:

Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).

Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него“ (Јован 3:36).

Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји“ (1 Јованово 5:12,13).

Без да биде накалемен со вера во Божјиот Син, без да го направи Неговиот живот свој живот, Неговата вера своја вера, Неговиот Дух свој дух, Неговата светост своја светост, Неговата љубов своја љубов, човекот е осуден никогаш да не биде спасен од ѓаволот и гревот. Неговото име ќе биде избришано од книгата на животот, во која Бог го запишал кога човекот имал барем малку надеж во верата во Бога.

ДА ГИ РАЗГЛЕДАМЕ НАСТАНИТЕ КОИ СЛЕДАТ  ПО ИЛЈАДАГОДИШНОТО ЦАРСТВО

Враќајќи се на 14-тото поглавје од книгата Откровение, на настаните што следат по 1000-годишното царство, но пред воспоставувањето на вечното Божјо царство, ние читаме за тие настани кои ние штотуку ги разгледавме, еве како тие се опишани таму:

И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.  И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: ‘Фрли го српот свој и обери го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели!’  И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев, и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии“ (Откровение 14:17-20).

Забележете дека кога се зборува за уништување на живите зли при Второто доаѓање, тоа зборува дека тие ја испиле чашата на Божјиот гнев:

И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: ‘Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја, тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев (Откровение 14:9,10).

Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев“ (Откровение 16:19).

Кога се зборува за нивното конечно уништување, по 1000-годишното царство, кое ќе се случи надвор од ѕидините на небесниот Ерусалим, се вели дека злите ќе паднат во кацата на Божјиот гнев.

Дури по нивното судење, во кое тие самите признаваат дека Бог е праведен, а нивното уништување е праведно, Библијата ги нарекува злите зрели за кацата на Божјиот гнев.

ЗОШТО УНИШТУВАЊЕТО НА ЗЛИТЕ ПО ИЛЈАДАГОДИШНОТО ЦАРСТВО Е СИМБОЛИЗИРАНО СО КАЦАТА НА ГНЕВОТ, А НЕ СО ЧАШАТА КАКО ПОРАНО?

Ако при Второто доаѓање врз злите се излева чашата на гневот, тогаш по 1000-годишното царство сите тие ќе бидат згмечени во кацата на Божјиот гнев, така што од нив ќе остане и ќе тече само крв, симболизирајќи го животот, во овој случај тоа е разделба на злите со нивните животи:

И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев, и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии (296 км)“ (Откровение 14:19,20).

А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, и ќе излезе да ги лаже народите… и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта“ (Откровение 20:7-9).

Последната смрт во целата вселена. Во кацата на Божјиот гнев загинуваат сите зли. Гревот и грешникот повеќе не постојат. Бог ги обновува небото и земјата во нивната првобитна убавина и чистота. И целата вселена го слави Бога кого тие го познаваат како Бог, кој е љубов.

И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина (Откровение 21:1).

Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат“ (Исаија 65:17).

Сподели го ова:

Similar Posts