„Духот Мој нема вечно да ги одржува во живот луѓето“: значењето на Создавање 6:3
Во претходното проучување ги разгледавме првите два стиха од шестата глава на Создавање. Видовме дека непосредно пред Потопот „синовите Божји“, односно потомците од лозата на Сит, поради гордоста почнале да се оддалечуваат од Бога, а тоа станало причина за нивниот пад: „Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање – надменоста“ (Изреки 16:18). Во својата гордост…
