Ум, карактер и личност
Самопочитување
Развивање на самопочитта. – Ако сакаме да им правиме добро на душите, нашиот успех со тие души ќе биде во сразмер со нивната доверба и со тоа колку им веруваме и ги цениме. Почитта која се покажува кон човечката душа којашто се бори е сигурно средство за обнова на самопочитта преку Исуса Христа а која што човекот ја изгубил. Нашите на предни идеи за тоа што може тој да стане претставуваат помош кои ни самите не можеме да ја цениме во целост.— Letter 50, 1893. (Fundamentals of Christian Education, 280.) {1УКЛ 255.1}
Почит кон достоинството на човекот како човек. – Секаде каде што принципите не се загрозени, разбирањето кон другите ќе нѐ наведе да ги почитуваме прифатените обичаи; но вистинската пристојност не нѐ принудува да ги жртвуваме принципите пред конвенционалноста. Таа не признава општествени разлики. Таа нѐ учи да се почитуваме себеси, да го почитуваме достоинството на човекот како човек, да го почитуваме секој член на големото човечко братство.—Воспитување, 240 (1903). {1УКЛ 255.2}
Негување самопочит. – Некои луѓе со кои доаѓате во контакт можат да бидат груби и неучтиви, но немојте вие самите поради тоа да бидете помалку човечни. Оној кој сака да ја зачува сопствената самопочит мора да биде внимателен непотребно да не ја повреди самопочитта на другите. На ова правило треба свето да се придружуваме кон најограничените, најнетактичните. Вие не знаете каков план има Бог со тие луѓе кои очигледно не ветуваат. Тој во минатото прифаќал личности кои ништо повеќе не ветувале или не биле повеќе привлечни за да извршат големо дело за Него. Неговиот Дух, кога ќе му се приближи на срцето, ја буди секоја способност на силна акција. Господ во тие груби, неизделкани камења видел драгоцен материјал, кој ќе ја издржи пробата на бурата, топлината и притисокот. Бог не гледа како што гледа човек. Тој не суди по изгледот, туку го испитува срцето и суди правилно.—Gospel Workers, 122, 123 (1915). {1УКЛ 255.3}
Совеста ја буди самопочитта. – На луѓето од принцип не им се потребни ограничувања со клучеви и катанци, нив не треба да ги надгледуваме или набљудуваме. Тие ќе постапуваат искрено и чесно во секоја прилика сами, без никаков надзор исто како и во јавноста. Тие нема да ја извалкаат својата душа за никаква добивка или себично збогатување. Тие ги презираат нечесните постапки. Иако тоа никој друг не може да го знае, знаат тие самите, и тоа би им го уништило самопочитувањето. Оние кои не се верни и совесни во малку, не би се реформирале да нема прописи, ограничувања и казни.— Testimony for the Physicians and Helpers of the Sanitarium 1879, 62. (Counsels on Health, 410.) {1УКЛ 256.1}
Самопочитта мора да се чува постојано. – Моралната чистота, самопочитта, силната моќ на отпорот, мораат постојано и цврсто да се чуваат. Никогаш не треба да се оддалечуваш од претпазливоста. Еден чин на фамилијарност, една индискреција, може да ја изложи душата на отворање на вратата на искушението и слабеење на моќта на одбивање.— Health, Philanthropic, and Medical Missionary Work 1896, 28. (Counsels on Health, 295.) {1УКЛ 256.2}
Почитувањето кон другите се мери со почитувањето кон себе. – Преку попуштањето на гревот, самопочитта се разорува; а кога неа ја нема, се намалува почитта кон другите; мислиме дека и другите се неправедни како и ние самите.—6. Сведоштво за црквата, 53 (1900). {1УКЛ 256.3}
Со лошите навики ученикот ја уништува самопочитта. – Со помош на своите лоши навики тој ќе ја загуби самопочитта, ќе ја загуби власта над себе. Не ќе биде во состојба правилно да расудува за прашањата што најмногу го интересираат. Ќе стане невнимателен и неразумен во пристапот кон својот ум и тело. Со лоши навики тој од себе ќе создаде урнатини. Нема да постигне среќа зашто, пропуштајќи да негува непорочни, здрави начела, самиот себе се ставил под власт на навики што му го уништуваат мирот. Годините што ги поминал напорно трудејќи се да стекне образование ќе бидат загубени, зашто се уништил самиот себе. Ги злоупотребил своите ментални и физички способности и храмот на неговото тело се наоѓа во урнатини. Уништен е и за овој живот и за животот што ќе дојде. Здобивајќи се со земно знаење, си помислил дека се здобил со богатство, но, отфрлајќи ја Библијата, тој го жртвувал богатството повредно од сѐ.—Христовите очигледни поуки, 108, 109 (1900). {1УКЛ 257.1}
Нетрпеливите зборови го расипуваат самопочитувањето. – Оние коишто му попуштаат на таквиот јазик (со зборови на нетрпеливост), ќе почувствуваат срам, губење на самопочит, губење на самодоверба и горко ќе се каат и жалат затоа што си дозволиле да ја изгубат самоконтролата и што зборувале на таков начин. Колку би било подобро никогаш да не биле изговорени зборови од таков карактер. Колку е подобро да се има маслото на благодатта во срцето, да се биде во состојба да се помине покрај сите провокации, и сѐ да се поднесува со христијанска смиреност и трпеливост.—The Review and Herald, February 27, 1913; (Messages to Young People, 327.) {1УКЛ 257.2}
Родителите никогаш нема да стекнат самопочит со бесмислени зборови. – Нека ниту еден раздразлив збор, грубост или страст не поминува преку вашите усни. Христовата благодат чека на вашето барање. Неговиот дух ќе ја преземе контролата на вашето срце и совест, ќе господари со вашите зборови и дела. Немојте никогаш да ја загубите самопочитта со непромислени, бесмислени зборови. Трудете се зборовите да ви бидат чисти, разговорот свет. Покажете им на своите деца пример за тоа какви сакате тие да бидат… Зборовите нека бидат тивки и пријатни, а изразот на лицето радосен.— Letter 28, 1890. (Совети за детето, 219.) {1УКЛ 257.3}
Самопочитувањето уништено со мастурбација. [Види Совети за детето, 439-468.] – Последиците од таквите понижувачки навики не се исти на сите умови. Има некои деца чии морални можности се многу развиени, кои дружејќи се со деца кои мастурбираат, биваат вовлечени во овој порок. Најчеста последица е да тоа ги прави меланхолични, нервозни и љубоморни; но сепак тие не мораат да го изгубат респектот кон верската служба или да покажат посебно неверство во однос на духовните работи. Тие одвреме навреме многу ќе патат од чувството на вина и ќе чувствуваат пониженост во сопствените очи и ќе го изгубат самопочитувањето.—2. Сведоштво за црквата, 392 (1870). {1УКЛ 258.1}
Не уништувајте го самопочитувањето. – Кога заблудениот ќе ја воочи својата грешка, внимавајте да не го уништите неговото самопочитување. Немојте да го обесхрабрувате укажувајќи му недоверба и незаинтересираност. Не велете: „Немам доверба во него додека не видам дали ќе се одржи”. Честопати оние кои се во искушение се сопнуваат токму заради тоа што се нема доверба во нив.—Здравје и среќа, 167, 168 (1905). {1УКЛ 258.2}
Самоиздршката ја зголемува самопочитта. – Треба да им се даде работа на оние кои настојуваат да се реформираат. Ниту еден кој е способен да работи не треба да биде поучуван да очекува дека храната, облеката и станот ќе му бидат дадени бесплатно. За нивна, но и за полза на другите, треба да бидат пронајдени начини на кои еднакво би вратиле за она што го примаат. Охрабрете ги во напорите да се издржуваат самите себе. Тоа ќе придонесе за нивната самопочит и благородна независност. Освен тоа, вработеноста на телото и умот претставуваат успешна ограда против искушението.—Здравје и среќа, 177 (1905). {1УКЛ 258.3}
Сопственоста им помага на сиромашните да стекнат самопочит. – Чувството на поседување на сопствени домови би им дало силна волја на сиромашните за напредок. Тие набргу би стекнале вештина во планирање и осмислување за себе; нивните деца би ги научиле навиките на внимателност и економија, а разумот многу би зајакнал. Тие би се чувствувале како луѓе, а не робови, и би биле во состојба во голема мера да го повратат своето изгубено самопочитување и морална независност.—Historical Sketches of the Foreign Missions of the Seventh-day Adventists, 165, 166, 1886. (Адвентен дом, 373.) {1УКЛ 258.4}
Лична култура и достоинство. – За Христовите пратеници важно е да ја увидат неопходноста за лична култура за да го украсат своето занимање и стекнат пригодно достоинство. Без ментална обука тие сигурно ќе доживуваат неуспех во сѐ со што ќе се зафатат.—2. Сведоштво за црквата, 500, 501 (1870). {1УКЛ 259.1}
Чувајте се од самосожалување. – Треба да се чуваме од самосожалување. Никогаш не потклекнувајте пред чувството дека не сте ценети колку што би требале да бидете, дека вашите напори не се вреднуваат, дека вашата работа е премногу тешка. Нека споменот на она што Христос го претрпел за нас, ја замолкне секоја мисла на негодување. Кон нас се однесуваат подобро, отколку што се однесувале кон нашиот Господ. „За себе сакаш ли нешто големо? Не барај!” (Еремија 45:5).—Здравје и среќа, 476 (1905). {1УКЛ 259.2}
Христос ја обновува самопочитта. – Не е тешко да се запомни дека Господ сака да ги положите своите проблеми и потешкотии крај Неговите нозе, и тука да ги оставите. Одете кај Него и речете: „Господе, моите бремиња се претешки за носење. Ќе сакаш ли Ти да ги понесеш за мене? А тој ќе ти одговори: „Јас ќе ги земам. Те сакам со љубовта вечна и затоа еднакво ти укажувам милост! Ќе ги земам твоите гревови и ќе ти дадам мир. Не потиснувај го повеќе своето самопочитување; бидејќи те откупив по цена на Својата крв. Ти си Мој. Твоите слабости Јас ќе ги зајакнам. Твоето каење за гревот Јас ќе го оттргнам”.— Letter 2, 1914 (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, 519, 520.) {1УКЛ 259.3}
Совет за човекот кој ја загубил самопочитта. – Исус те сака, и ми даде порака за тебе. Неговото големо срце на бесконечна нежност копнее за тебе. Тој ти праќа порака дека можеш да се извлечеш од замката на непријателот. Можеш повторно да го стекнеш своето почитување. Можеш да бидеш таму каде што ќе се цениш себе си, не како губитник, туку како победник, во и низ возвишеното влијание на Божјиот Дух. Земи ја Христовата рака и не испуштај ја.—Letter 228, 1903. (.) {1УКЛ 259.4}
Култивирање на самопочитта. – Не му е пријатно на Бог да се потценувате себеси. Вие треба да го култивирате самопочитувањето живеејќи така што ќе имате одобрување од сопствената совест и пред луѓето и пред ангелите… Ваша предност е да појдете кај Исуса да се очистите, и да стоите пред законот без срам и каење. „И така, нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот“ (Римјаните 8:1). Сѐ додека не мислиме за себе повеќе отколку што е потребно да мислиме, Божјата Реч не го осудува пристојното самопочитување. Како Божји синови и ќерки, ние треба да имаме разумно достоинство на карактерот, во кое гордоста и самоуважувањето немаат дел.—The Review and Herald, March 27, 1888. (HC 143.) {1УКЛ 260.1}
