АРОНИЈА – ЧУВАР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ
Црните топчиња полни со лековит нектар, налик на боровница, со благо-киселкаст вкус сличен на дренка и невообичаена арома која потсетува на онаа на рибизлите, се вистинска витаминска бомба. Го лекуваат срцето, го регулираат крвниот притисок, ги закрепнуваат крвните садови, го топат холестеролот, ја спречуваат појавата на атеросклероза.
Потекнува од Северна Америка а најраширена е во Русија и е отпорна на ниски температури, затоа и ја нарекуваат сибирска боровница. Аронијата може да опстане и на температура од -45⁰С. Расте во облик на грмушка и може да достигне висина од 2 метри. Нејзиниот плод се јаде и има многу лековито својство а може да се бере и после два месеци откако ќе созрее плодот. Северноамериканските Индијанци ги користеле свежите плодови за спречување на стомачни тегоби, а лисјата и кората ги користеле како чај со кој се спречувало крварење на рана. За нејзиниот опстанок не се потребни посебни услови, а исто така и не треба да се прска затоа што не заболува од вошки или болести.
Плодовите на црната аронија се исклучително богати со минерали и витамини. Од витамините содржи: Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минерали содржи железо, калциум, калиум, манган, молибден, фосфор и јод. Содржи голема концентрација на антиоксиданти (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во борбата со малигни заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни материи, па и тешки метали. Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил плодовите на аронијата се користеле за ублажување на здравствените тегоби на озрачените. Аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол. Научниците сметаат дека го штити организмот од штетните радиоактивни зраци на компјутерите и телефоните.
ГЛАВА – ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните жили на главата и помага кај главоболка и мигрена.
ЕНДОКРИНИ ЖЛЕЗДИ – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и регулира излачувањето на нејзините хормони, па помага кај болестите на штитната жлезда и гушавост.
КРВ И КРВНИ САДОВИ – ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај артериосклероза, воспаление на вените и проширени вени.
ЖЕЛУДНИК – ги намалува грчевите и болките во желудникот, го смирува воспалението на слузницата на желудникот па помага кај чир на желудникот и грчеви на желудникот.
ЦРЕВА – ги смирува грчевите и болките на цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и сопира пролив.
ПАНКРЕАС И ЖЕЛУДНИК – ја подобрува работата на панкреасот и излачувањето на жолчката, му помага на панкреасот да ги неутрализира штетните материии, па помага кај болен и оштетен панкреас, кај воспаление на жолчниот меур и жолчните канали, жолтица, жолчен песок и жолчен камен.
Истражувањата на руските научници потврдиле дека зрелите плодови на аронијата лековито дејствуваат на дробовите и жолчката па аронијата има влијание на подобрата работа на панкреасот и излачувањето на жолчката, т.е. помага на панкреасот да ги неутрализира штетните материи, кај оштетен и болен панкреас помага во подобрување на функцијата на истиот, помага кај воспаление на жолчниот меур, жолчните канали, жолчен песок, камења на жолчката и жолтица. Кај желудникот и цревата аронијата ги смирува грчевите и болките, го смирува воспалението на слузокожата па помага кај чир и желудочни грчеви и помага во сопирање на пролив. Аронијата помага кај шеќерната болест така што го намалува нивото на шеќер во крвта, помага кај болестите на штитната жлезда и ја подобрува и регулира работата на хормоните на истата и на тој начин го јакне имунитетот на целиот организам. Аронијата ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, помага кај артериосклероза, воспалени и проширени вени. Исто така ја подобрува циркулацијата на крвта во главата и мозокот и помага кај главоболка и мигрена. Поради превентивното и лековито дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја вброиле аронијата меѓу лековитите билки.
Ако се изедат три до четири зрнца пред секое јадење, го лекува срцето и го регулира крвниот притисок. Сокот од плодот ги закрепнува и крвните садови, го топи холестеролот и спречува појава на атеросклероза. Нутриционистите препорачуваат да се изедат 10-15 зрна аронија секој ден.
Освен сокот и чајот од аронијата може да се направи вкусен мармелад, компот, овошни кашички, желе, сируп, сокови и разни овошни слатки. Кога ќе се измеша со друго овошје се добива богата арома и убава темна боја. Зрели, слатко киселите плодови на аронијата можат да се јадат свежи без ограничување, а посебно се препорачуваат кај болести на желудникот и цревата и против пролив. Можат да се употребуваат варени, печени или сушени, а може и да се замрзнат за подоцнежна употреба. Поради големата количина на пектин кој лесно се претвора во желе, плодовите на аронијата се особено вкусни направени како мармелад, измешани со круши и рибизли. Плодовите можат да се исушат и да се сомелат и да се додаваат во тесто за леб, печива и колачи.