ЧИА СЕМЕ – СЕМЕ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

Сподели го ова:

Семето од чиа (salavia hispanica) се добива од жилаво цветно растение од фамилијата на нане, а e познато уште од времето на древните култури и претставувало значаен извор на енергија на Маите и Инките.

Поради извонредните карактеристики на семето Маите го нарекле “Chia” што значи “Сила”. Ова здраво семе, го стимулира варењето на храната и го регулира движењето на цревата за да се намали нивото на електролити.

Чиа семе се препорачува за оние кои сакаат да изгубат на тежина, бидејќи се постигнува побрзо разградување на телесните масти, и ни дава чувство на ситост, погодно е за оние кои се алергични на глутен, одличен додаток во сите закуски.

Семето од чиа е најбогатиот растителен извор на Омега-3 масни киселини       (дури 30%), Омега-6 масни киселини (10%), протеини и моќни антиоксиданси. Ова “супер семе” како што го нарекуваат нутриционистите е одличен извор на есенцијалните минерали (фосфор, манган, калциум и цинк), a содржи и висок процент од диетални влакна.

Семето од Чиа содржи:

– 8 х повеќе Омега-3 од лосос 

– 30% повеќе антиоксиданти од капина

– 25% повеќе влакна од ленено семе

– 5 пати повеќе калциум од млеко 

– две лажици чиа семе содржат два пати повеќе калиум од една банана.

Според научната анализа, 28 грама од ова семе содржи 138 калории, 8 грама масти, 12 грама јаглехидрати, 10 грама влакна и 5 грама протеини. Ова значи дека една лажица на ден обезбедува 18 проценти од дневната потреба на калциум, фосфор 27 отсто, 30 отсто од манган и помали количества на калиум, цинк и бакар.

 

Зошто да користите чиа семе?

Поради фактот што ова семе содржи корисни материи, тоа е препорачливо да се користи како додаток во храна, бидејќи ретко во храната што ја консумираме има доволно омега-3 масти.

Покрај тоа, чиа семето ја намалува инсулинската резистенција и го подобрува нивото на шеќер во крвта, и е одличен избор за борба против дијабетес тип 2. Интересно е тоа што, во споредба со традиционалниот леб, оној кој е направен од чиа семе е фаворизиран за намалување на шеќерот во крвта и како таков се препорачува за секојдневна употреба за луѓето кои страдаат од дијабетес.

Познато е дека денешниот начин на живот секој од нас го изложува на стрес, а тоа има сериозни последици за нашето тело, но најчесто на системот за варење. За проблемите со неправилни движења на дебелото црево и т.н. мрзливо црево, чиа семето ги обезбедува сите потребни влакна кои се апсорбираат во дебелото црево и овозможува враќање на правилно функционирање на дигестивниот систем и редовно празнење. Покрај тоа, помага во намалување на оток и воспаление на дебелото црево.

Чиа семето содржи голем број на корисни растителни соединенија. Едно од најчестите е chlorogenic киселина, која е природен и моќен антиоксиданс кој го намалува крвниот притисок. Покрај тоа, постои caffeic киселина, која е идеален сојузник во борбата против воспалителните процеси во организмот.

Научниците откриле дека чиа семето содржи кверцетин и kaempferol, два антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, остеопороза, и се покажа како корисно во превенција на малигните заболувања и други хронични заболувања. Чија семето е препорачливо да го користите за деца кои имаат проблеми со деминерализација на коските, што доведува до појава на рахитис.

Како да го консумирате чиа семето?

Бидејќи чиа семето има потполно неутрален вкус, може да се користи во прилог на сите оброци. Најчесто се препорачува да се комбинира со салати, чиа семето е погодно и со тост, како додаток во текот на подготовката на леб, колачи и бисквити, бланширано можете да ги додадете во јогурт и кефир. Идеално во комбинација со ореви, пченка, бадеми и просо.

Измешајте мелено семе од чиа, лен, тиква, сончоглед или интегрален сусам во ливадски мед и консумирајте секое утро по една лажичка за енергија.

Додадете семе од чиа во свежо цеден сок од овошје или зеленчук.

Додадете го во бистар сок да ја згуснете струкурата и да го збогатите.

Во оброк од мусли со млеко додадете семе од чиа да ја збогатите нутритивната вредност.

Измелете го семето од чиа, потопете го во топло млеко и направете каша.

Додадете измелено семе од чиа во интегрално брашно и подгответе вкусно и здраво лепче.

Направете милиброд комбинирајќи семе од афион и семе од чиа.

Додадете семе од чиа во изматени јајца, оставете ги да отстојат 10 мин и направете омлет.

Додете семе од чиа во супа за да ја збогатите нутритивната вредност.

Додадете го врз веќе зготвена леќа, спанаќ, ѓувеч и други варива.

Додадете семе од чиа во веќе сварен интергален ориз.

Здрав додаток во ќофтиња од тиквички и соини трошки.

Напревете пудинг од чиа со соино млеко или друго билно млеко.

Семето од чиа е одличен додаток во колачи.

Еве еден рецепт :

Изматете во блендер 2 банани, додадете 2 лажици чиа семе во 1 чаша вода, 1 лажица какао или рогач, мед ако сакате, оставете го од вечер во фрижидер и консумирајте го следниот ден.

Сподели го ова:

Слични објави