КОПРИВА – МОЌНО ОРУЖЈЕ ВО БОРБА СО БОЛЕСТИТЕ

Сподели го ова:

Бог во природата ни дал сѐ што е потребно за нашето здравје, а токму тие лекови кои ги има насекаде околу нас се и бесплатни.

Копривата, таа обична коприва, која ја среќаваме на секој чекор, покрај ливадите, пасиштата, насекаде, претставува една моќна билка, еден моќен лек. Кога луѓето би знаеле, кога би искусиле колку е моќна копривата, сите би саделе или береле коприва.

Сите делови на копривата, лисјата, коренот, стеблото, цветот и семето имаат лековити својства. Латинското име на копривата е Urtica dioica. Поради своите прехрамбени и витамински вредности се смета за исклучително здрав, корисен и секако природен лек. Богата е со следните состојки: белковини, јаглени хидрати, масти, провитамин А, витамин Б2, Ц, К, фосфор, железо, пентатонска киселина и сл.

Како лек коренот на коприва се собира напролет и наесен, додека лисјата и стебленцата се собираат кога ќе настапи пролетта. Семето се собира во август. Копривата е ефикасен лек кај заболувањата на уринарниот тракт (мочните патишта). Исто така ја стимулира работата на цревата и се препорачува како терапија секоја пролет.

Добро е да се пие чај подготвен од врвови на свежа коприва, во траење од 4 седмици, напролет и наесен. Се пие по една шолја чај 30 минути пред појадок, а потоа 1-2 шолји во текот на денот, полека, во мали голтки. Чајот се пие незасладен. Може да се комбинира со нане и камилица.

Се препорачува терапија со чај (како напиток) во период од месец дена кај заболувањата на црниот дроб, жолчната кеса, слезината, во случај на тумор, чир, колитис (воспаление на дебелото црево), белодробна конгестија (наплив на крвта во белите дробови). Чајот не треба да се вари, бидејќи на тој начин се уништуваат активните својства.

Копривата е успешна во лекување на вирусни и бактериски заболувања.

Со стареење телото го губи железото и се појавуваат симптоми на умор и исцрпеност. Човекот чувствува слабост и редуцирана моќ на активно делување. Копривата, благодарение на железото што го поседува, во вакви случаи е мошне успешна, а по одредено време, организмот закрепнува.

Чајот од коприва се применува во случај на хидропсија (водена болест), бидејќи делува како диуретик (го подобрува мокрењето), потоа кај анемија (малокрвност), хлороза (бледило поради отсуство на менструација) кај младите девојки, леукемија.

Кога се во прашање алергиите, чајот треба да се пие подолго време.

Против ишијас се користи купка од коприва (220 гр. коприва за 1 купка).

За спречување на опаѓање на косата, во текот на миењето треба да се користи следната мешавина: варен сок од корен од коприва во кој се додава инфузија од лисја на коприва. Кожата на влакнестиот дел од главата треба да се масира со тинктура од коприва која се подготвува од корен кој е набран во пролет или во есен. Кожата секојдневно се масира со оваа тинктура. Копривата е мошне делотворна кај периферната артериопатија (заболување на периферните т.е. крвните садови на екстремитетите). Многу луѓе можат да избегнат ампутација на нога применувајќи ја „купката за нозе“ со чај од коприва. Во овој случај се користи топла купка во декокт (готвен сок) од коприва. Траењето на купката е 10 минути.

Тешкотиите предизвикани од перианални чиреви (анален отвор) се отстрануваат со употреба на 3 шолји чај дневно од коприва со додаток на една лажичка на шведска тинктура на секоја шолја чај.

Кај астенија (слабост на организмот), егзем, габични заболувања на нозете, пијте 3 шолји чај од коприва дневно, а нозете држете ги во чај од руса и мечкино грозје (Arctostaphylos uva ursi).

Против рак на желудник, исто така се препорачува чај од коприва. Инаку, со употреба на овој чај, превентивно се влијае во процесот на создавање на малигни тумори.

Начин на употреба:

-Инфузија: 1 полна лажичка коприва додадете во 250 мл врела вода, треба да отстои 30 секунди, а потоа да се процеди (кога е во прашање свежа билка); сушената коприва стои 2 минути во врела вода.

-Тинктура: Исечкајте ги корењата собрани во пролет или во есен, и ставете ги во шише, до врв. Преку тоа додајте ракија со јачина од 40%, така што билката да биде покриена со алкохолот. Затвореното шише треба да се остави на сонце или на загреани места 14 дена,  потоа се процедува.

-Купка за нозе: 1 полна дланка на корен, кој е добро измиен и една дланка коприва (лист и стебло), се оставаат да отстојат во ладна вода (5л) 12 часа, потоа се загреваат и се користат за купка во траење од 20 минути. Истите билки можат да се користат 2-3 пати.

-За миење на косата: Наполнете го садот од 5л со свежа или сушена коприва и варете ја на тивок оган до вриење, а потоа ставете го садот настрана и оставете да отстои поклопен 5 минути.

Ако се користи корен од коприва, една полна дланка треба да отстои во ладна вода 12 часа, потоа се загрева до вриење, тргнете ја од огинот и оставете ја поклопена 10 минути. За миење на косата се користи домашен сапун.

Сподели го ова:

Слични објави