Бурата што доаѓа

Сподели го ова:
← Сите изданија

Гласник на реформацијата · 2022

Бурата што доаѓа

Молитвена седмица · Читајте, размислувајте и проучувајте

Бурата што доаѓа — насловна страница
Во пресрет на бурата
Гласник · 2022

Во пресрет на бурата

Без разлика каде живеете на оваа планета, големи се шансите дека во одреден момент ќе се соочите со бура. Облаците обично се формираат и се спојуваат заедно толку блиску додека целото небо не се затемни и на крајот бурата избувнува – понекогаш со огромен бес.

Во овие последни денови од историјата на Земјата, животот се споредува со развојот на бура. Духовната состојба на човечката психа станува сè помрачна и помрачна како што се приближуваат разни облици на зло во срцата и умовите од сите страни.

Сепак, не смееме да се чувствуваме напуштени во темнината! Небесниот Бог во Својата Реч ни дал целосни информации за да не бидеме изненадени од она што се случува и што допрва ќе се случи. Во Својата бескрајна милост, Бог ни дал скапоцени зборови на надеж.

„Ангелите сега ги задржуваат ветровите на судирот да не дуваат сѐ додека светот не биде предупреден на судбината што му се заканува; но бурата се подготвува, готова да ја опустоши Земјата; и кога Господ ќе им заповеда на своите ангели да ги одврзат ветровите, ќе избие таков судир што ниту едно перо нема да може да го опише.

Библијата, и само Библијата правилно ги опишува сите настани. Во неа се откриени големите завршни сцени од историјата на нашиот свет, настани во чија сенка веќе се наоѓаме; од татнежот на нивното приближување Земјата трепери, и човечките срца се исполнуваат со страв“ — Воспитување, 162, 163.

„Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; ја изобличува и ги распрснува оние што живеат на неа… зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет… затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна… престана веселбата со тимпани; молкна вревата на оние што се веселеа; стивнаа звуците на харфите“ (Исаија 24:1-8).

„О, каков ден! Зашто Господовиот ден е близу и доаѓа како запустување од Севишниот… зрната се изгниени под грутките; пусти се житниците, срушени се амбарите, зашто снема жито. Како воздивнува добитокот! Здивени стада говеда, скитаат, зашто им нема пасиште. Па и стада овци ја поднесуваат казната” (Јоил 1:15,17,18).

„Срцето ми се раскинува… не можам да молчам зашто ти слушаш душо моја, звук од труба, боен повик. Соопштуваат гибел врз гибел, сета земја е ограбена” (Еремија 4:19,20).

„Ја гледам земјата: пуста е, еве и празна; и небесата — нема на нив светлина. Ги гледам горите: тие треперат, а сите ридови се растресени. Гледам: ете нема човек, сите небесни птици одлетале. Гледам: еве, плодното поле запусте, Господ ги разурна сите градови“ (Еремија 4:23-26).

„О, зашто е голем овој ден, сличен нему не бил! Време на неволја е за Јакова, но ќе се избави од неа” (Еремија 30:7).

„Ајде народе Мој, влези во собите и затвори ги вратите зад себе. Скриј се за миг, додека не помине гневот” (Исаија 26:20).

Заштитата на Бога и Неговите ангели, како и уверувањето за Неговото постојано присуство, им се ветени на оние кои целосно му се посветени на Христа. Додека гледаме како бурата се собира со таква огромна сила, да имаме доверба во моќната Рака која е над сè — Раката која го држи универзумот на место и беше закована на крстот за секој од нас.

Стоејќи цврсто – познавајќи го Бога
Гласник · 2022

Стоејќи цврсто – познавајќи го Бога

„За учениците кои биле сведоци на Христовото преобразување, напишано е дека, кога таа величествена глетка исчезнала, никого не видоа освен самиот Исус (Матеј 17:8). Само Исус и единствено Исус — тие зборови ја содржат тајната на животот и моќта што ја карактеризирала историјата на првата црква. Штом ги слушнале првите Христови зборови, учениците почувствувале дека им е потребен. Го барале, Го нашле и тргнале по Него. Тие биле со Него во храмот, на трпезата, на гората, на отворено во природа — како ученици со учител, секојдневно примајќи вечни вистини од Него.

Кога Христос се вознел на небото, апостолите сè уште го чувствувале Неговото божествено присуство полно со љубов и светлина. Тоа било чувство на лично присуство. Исус, Спасителот, кој одел пеш, кој разговарал и се молел со нив, кој со Своите зборови влевал надеж и утеха во нивните срца, се вознел од нив на небото уште додека пораката била на Неговите усни. Додека го прифаќала триумфалната ангелска кочија, до нив допирале Неговите зборови: ‘И ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот’ (Матеј 28:20). Тој се вознел на небото во човечка лика. Знаеле дека е пред Божјиот престол, дека сè уште е нивни Пријател и Спасител, дека Неговата љубов и сочувство се безмерни и дека Тој со задоволство се идентификува со човештвото кое страда. Знаеле дека Тој ги изнесува пред Отецот заслугите на Својата крв, укажувајќи на Своите прободени раце и нозе, како потсетник на цената што ја платил за нивниот откуп, и таа мисла ги крепела да поднесат презир и срам заради Него. Нивното единство со Него сега било посилно отколку кога лично бил меѓу нив во тело. Од нив излегувала светлина, љубов и божествена сила на Оној кој живеел во нив, и луѓето се восхитувале гледајќи го тоа.“ — Делата на апостолите, 65.

ВО МРАЧНИТЕ ВЕКОВИ КОИ НАСТАПИЛЕ

„Сатаната добро знаел дека Библијата ќе им овозможи на луѓето да ги препознаат неговите измами и да се спротивстават на неговата сила. Со Божјото слово и самиот Спасител на светот се спротивставил на неговите напади. Секој негов напад Христос го дочекувал со штитот на вечната вистина, велејќи секој пат: ‘Напишано е’ (Матеј 4:4). На секое наговарање на непријателот му ја спротивставувал мудроста и силата на Божјото Слово. За да ја одржи својата власт над луѓето и да го зацврсти авторитетот на папскиот узурпатор, сатаната морал да ги држи во целосно непознавање на Библијата. Библијата – кога би била достапна на луѓето – во нивните очи ќе го воздигне Бога, а на смртниот човек ќе му ја одреди неговата вистинска положба, затоа нејзините свети вистини морале да останат сокриени и забранети. Таквата логика ја прифатила и упорно применувала Римската црква. Стотици години ширењето на Библијата било забрането. На луѓето им било забрането да ја читаат или да ја имаат во своите домови, додека несовесните свештеници и бискупи ги толкувале нејзините учења за да ги оправдаат своите тврдења. На таков начин папата станал општо признат Божји намесник на земјата, кој има власт над црквата и државата.

Бидејќи Библијата како единствен детектор за откривање на овие заблуди била отстранета, сатаната можел слободно да работи според својата волја. Пророштвото објавило дека папството ‘ќе помислува да ги измени времињата и Законот’ (Даниел 7:25). Тоа не се колебало да го почне ова дело. За да им се даде на обратените од незнабоштвото некаков вид на замена за идолите што порано ги обожавале и така да им се олесни нивното таканаречено прифаќање на христијанството, во христијанското богослужение постепено се воведувал култот на слики и реликвии – мошти на светци. Најпосле еден општ црковен собор со својот декрет конечно го воспоставил овој систем на идолопоклонство. За да го доврши богохулното дело, Рим се осмелил да ја исфрли втората заповед од Божјиот закон, која забранува обожавање на слики, а за да остане бројот на заповедите неизменет, десеттата ја поделил на две.

Духот на компромис со незнабоштвото го отворил патот за уште поголемо непочитување на небесниот авторитет. Работејќи преку непосветените водачи на црквата, сатаната се обидел да ја промени и четвртата заповед потиснувајќи ја прастарата сабота, денот кој самиот Бог го благословил и посветил (Создавање 2:2,3), и воздигнувајќи го наместо неа, празникот што незнабошците го празнувале како ‘чесен ден на сонцето’. Оваа промена во почетокот не се обидувале да ја направат отворено. Во првите векови сите христијани ја празнувале вистинската сабота. Ревнувале за Божјата чест зашто верувале дека Неговиот закон е непроменлив, најусрдно ја чувале чистотата и светоста на Неговите прописи. Но сатаната, за да ја постигне својата цел, многу лукаво и вешто работел преку своите агенти. За да се сврти вниманието на народот кон неделата, таа е прогласена за празник во чест на Христовото воскресение. Во недела обично се одржувани важни богослуженија, но сепак таа се сметала само како ден за разонода додека саботата и понатаму се празнувала како свет ден.

За да го подготви патот за делото што планирал да го изврши, сатаната плански ги навел Евреите, уште пред Христовото доаѓање, да ја оптоварат саботата со многу строги прописи, така што нејзиното празнување навистина станало вистински товар. А сега, користејќи се со лажната светлина со која саботата некогаш била прикажувана, направил на неа да се гледа со презир како на еврејска уредба. Додека христијаните главно продолжиле да ја празнуваат неделата како празник на радоста, тој ги навел од саботата, со цел да покажат омраза кон сѐ што е еврејско, да направат ден на пост, тага и жалост.“ — Големата борба, 51,52.

БИБЛИЈАТА Е СОЧУВАНА И СПОРЕД НЕА СЕ ЖИВЕЕЛО

„Во земјите надвор од римската власт, постоеле групи на христијани, кои биле речиси сосема слободни од папската расипаност. Опкружени со незнабошци, тие со текот на годините паднале под влијание на некои од нивните заблуди, но и понатаму ја сметале Библијата како единствено правило на верата и се придржувале кон многу од нејзините вистини. Овие христијани верувале во непроменливоста на Божјиот закон и ја празнувале саботата од четвртата заповед. Цркви кои ја држеле оваа вера и ја спроведувале во својот живот постоеле во централна Африка и меѓу Ерменците во Азија.

Меѓу оние што се спротивставувале на папската власт на прво место биле Валденжаните. Токму во земјата каде папството го поставило своето седиште, се појавил најсилен отпор против неговите лаги и изопачености. Со векови црквите на Пиемонт ја чувале својата независност, но конечно дошло време Рим да ја побара нивната покорност. По безуспешните борби против нејзината тиранија, водачите на овие цркви неволно ја признале, против своја волја, надмоќноста на оваа сила на која, како се чинело, и се покорува целиот свет. Сепак, имало и такви кои одбиле да се потчинат на папскиот авторитет и на прелатите. Тие биле решени да останат верни само на Бога и да ја сочуваат чистотата и едноставноста на својата вера. Така дошло до одделување. Оние кои се придржувале до старата вера морале да се повлечат; некои, напуштајќи ги своите родни Алпи, го кренале знамето на вистината во туѓи земји, други се повлекле во осамени долини и карпести пештери, и таму ја сочувале својата слобода да му служат на Бога.

Верата која со векови ја одржувале и поучувале валденжанските христијани, била во остра спротивност со лажната наука на Рим. Нивната вера била заснована на Божјиот пишан збор, вистинскиот темел на христијанството. Но, тие скромни селани, во своите зафрлени засолништа, одделени од светот и врзани за секојдневната работа околу своите стада и своите лозја, не дошле сами до вистината која била во толкава спротивност со догмите и ересите на отпаднатата црква. Нивното верување не претставувало ништо ново, туку наследство од нивните татковци. Тие се бореле за верата на апостолската црква, за верата „која им е предадена на светите еднаш засекогаш” (Јуда 3). ‘Црквата во пустината’, а не гордата хиерархија воспоставена во големата светска метропола, била вистинската Христова црква, чувар на богатствата на вистините кои Бог му ги доверил на Својот народ да ги пренесе на светот.

Една од главните причини која довела до одвојување на вистинската црква од Рим била омразата на римокатолицизмот кон библиската сабота. Како што било проречено од пророштвото, папската власт ја згазила вистината. Божјиот закон бил фрлен во прав, а човечките обичаи и традиции биле воздигани. Црквите кои биле под власта на папството многу бргу биле принудени да ја празнуваат неделата како свет ден. Среде распространетите заблуди и суеверија, многумина, дури и од вистинскиот Божји народ, додека ја празнувале саботата, станале толку збунети што и во недела се воздржувале од работа. Но, ова не ги задоволило папските водачи. Тие барале не само да се празнува неделата, туку и да се осквернува саботата; и оние кои би се осмелиле да ја слават ги обвинувале со најтешки зборови. Божјиот закон можеле да го држат во мир само оние кои побегнале надвор од моќта на Рим.“

„Валденжаните први од европските народи го добиле преводот на Библијата (Види Додаток). Стотици години пред реформацијата ја поседувале Библијата во ракопис на својот мајчин јазик. Тие ја имале вистината неизвалкана, и тоа ги направило посебен предмет на омраза и прогонство. Тие ја прогласиле Римската црква за отпаднатиот Вавилон од Откровението, и ризикувајќи го дури и сопствениот живот, се спротивставувале на нејзината расипаност. Додека, под притисок на долготрајните прогонства, некои попуштиле во својата вера и малку по малку отстапувале од нејзините карактеристични начела, други, цврсто се држеле за вистината. Во текот на сите тие векови на мрак и отпадништво, имало Валденжани кои не ја признавале врховната власт на Рим, кои го отфрлиле обожавањето на слики како идолопоклонство, и кои ја празнувале вистинската сабота. Во најжестоките бури на противење тие ја сочувале својата вера. И покрај тоа што биле прободувани со копја и спалувани на римските клади, тие непоколебливо го бранеле Божјото слово и честа на Неговото име.

Зад високите планински утврдувања, засолниште на гонетите и угнетуваните во сите времиња, Валденжаните го нашле своето место за криење. Тука светлината на вистината, речиси среде сеопштата темнина на средниот век, не престанала да свети. Тука, за илјада години, сведоците на вистината ја чувале старата вера.

Самиот Бог за Своите верни го подготвил ова посебно величествено засолниште како светиња која одговара на возвишените и големи вистини што им ги доверил. За овие верни изгнаници планините претставувале симбол на непроменливата Божја правда. Укажувајќи им на своите деца на високите планини кои се издигале пред нив во својата непроменлива величественост, им зборувале за Оној кај кого нема промена ниту сенка од измена, и чиј збор е траен како и вечните ридови. Бог ги утврдил горите и ги опашал со јачина, и ниту една рака, освен Неговата неизмерна сила, не можела да ги помести од нивното место. На сличен начин го поставил и Својот закон, основа на Своето владеење на небото и на земјата. Човечката рака може да допре до своите ближни и да им го уништи животот, но како што не може да ги искорне планините од нивниот темел и да ги фрли во море, исто така не може да измени ниту еден пропис од Божјиот закон, или да избрише едно од Неговите ветувања дадено на оние што ја извршуваат Неговата волја. Во својата верност кон Неговиот закон, Божјите слуги треба исто така да бидат цврсти како и неподвижните планини.

Планинските масиви кои ги опкружувале нивните тесни долини, биле постојани сведоци на Божјата творечка моќ и гаранција за Неговата заштита и грижа. Овие побожни патници и придојденици, навикнувајќи се на тие неми симболи на Божјата присутност, ги засакале истите. Не покажувале никакво негодување поради својата мачна судбина, никогаш не се чувствувале осамени среде планинската самотија. Му заблагодарувале на Бога што им овозможил засолниште од гневот и суровоста на луѓето. Се радувале што можеле слободно да Му служат. Честопати, кога биле прогонувани од своите непријатели, силата на тие големи ридови се покажала како сигурна одбрана. Од многуте непристапни врвови кон небото се издигале нивните пофалби на Бога, а римските војски не можеле да ги замолкнат нивните песни на благодарност.

Чиста, едноставна и срдечна била побожноста на овие Христови следбеници. Тие ги ценеле начелата на вистината повеќе од куќите, имотот, роднините, пријателите па дури и од самиот живот. Грижливо настојувале овие начела да ги всадат и во срцата на младите. Од најрано детство младите биле поучувани од Писмото и ги учеле барањата на Божјиот закон да ги сметаат за свети. Копиите на Библијата биле ретки; затоа нејзините драгоцени зборови ги учеле напамет. Многумина биле во состојба да изговорат напамет големи делови од Стариот и Новиот завет. Мислите за Бога се соединувале со возвишените сцени на природата и со скромните благослови на секојдневниот живот. Малите деца ги научиле да му се заблагодаруваат на Бога како дарител на секоја милост и утеха.

Родителите, иако нежни и полни со љубов, мудро настојувале да не ги навикнат своите деца да си угодуваат себеси. Пред нив бил живот полн со искушенија и тешкотии, а можеби и маченичка смрт. Уште од детството биле воспитувани да ги поднесуваат тешкотиите, да се потчинуваат на наредбите, а сепак да размислуваат и постапуваат самостојно. Многу рано биле подучувани да носат одговорности, да бидат внимателни во говорот и да ја сфатат мудроста на молчењето. Со еден непромислен збор, кој би допрел до увото на нивните непријатели, секој поединец можел да го доведе во опасност не само животот на говорникот, туку и животите на стотици свои браќа; зашто како што волците го ловат својот плен, така непријателите на вистината ги прогонуваат оние кои се осмелиле да бараат слобода на вероисповедта.

Валденжаните ја жртвувале својата земна среќа заради вистината, и со упорно трпение се бореле за својот секојдневен леб. Секој дел на обработлива земја помеѓу планините грижливо бил искористен; долините и помалку плодните стрмнини биле направени плодни. Штедењето и строгото самоодрекување претставувало дел од воспитувањето кое децата го примале како единствено наследство. Биле поучувани дека животот според Божјата намера, треба да биде постојана дисциплина, и дека своите животни потреби можат да ги подмират само со лична работа, промисленост, грижливост и вера. Овој процес бил мачен и тежок, но благотворен, токму она што му е потребно на паднатиот човек во неговата сегашна состојба – училиште кое Бог го предвидел за негово обучување и развој. Додека младите на тој начин се челичеле со оскудица и напорна работа, не се занемарувало ниту негувањето на умните способности. Тие биле поучувани дека сите нивни сили му припаѓаат на Бога и дека мораат да ги развиваат и усовршуваат за Негова служба.

Валденжанските цркви според својата чистота и едноставност наликувале на црквите од апостолските денови. Отфрлајќи ја врховната власт на папата и прелатите, Библијата ја сметале за највисок и единствен непогрешлив авторитет. Нивните пастири, за разлика од господствено гордите свештеници на Рим, го следеле примерот на својот Учител кој не дошол да ‘Му служат, туку да служи’ (Матеј 20:28). Го паселе Божјото стадо, водејќи го на ‘зелени пасишта’ (Псалм 23:1,2) и кон живите извори на Неговата света Реч. Далеку од спомениците на човечкиот раскош и гордост, луѓето се собирале, не во величествени цркви или огромни катедрали туку во планинските сенки, во алпските долини, или, во време на опасност, во некоја пештера која им била како природна тврдина, за да ги слушаат зборовите на вистината од Христовите слуги.

Духовните пастири не го проповедале само евангелието, туку ги посетувале болните, ги поучувале децата во верата, ги предупредувале залутаните, настојувале да ги оттргнат несогласувањата и да ја унапредат слогата и братската љубов. Во време на мир се издржувале со доброволните прилози на луѓето, но, секој научил и некој занает или професија со која, во случај на потреба, би можел како и апостол Павле во свое време, сам да се издржува.

Младината добивала инструкции од своите духовни пастири. Иако е посветувано внимание и на разни гранки од општата наука, сепак Библијата била главен предмет на проучување. Евангелијата на Матеј и Јован, како и многу други посланија, ги учеле напамет. Се занимавале и со препишување на Библијата. Некои ракописи ја опфаќале целата Библија, а други само кратки делови, пропратени со едноставни објаснувања од оние кои биле способни да ја објаснат Библијата. На тој начин богатството на вистината, кое долго време било скриено од страна на оние што сакале да се воздигнат над Бога, било изнесено на светлина.

Со трпелива и неуморна работа, понекогаш во длабоки, темни подземни пештери на земјата, со светлината на факелите, биле препишувани Светите списи, стих по стих, поглавје по поглавје. Така делото напредувало, откриената Божја волја блескала како чисто злато; колку тоа дело станувало пославно, појасно и посилно, и покрај сите искушенија што се поднесувани поради него, можеле да сфатат само оние што учествувале во него. Ангели испратени од небото ги опкружувале овие верни работници.

Сатаната ги поттикнал папските свештеници и духовници да ја закопаат речта на вистината под урнатините на заблудите, ересот и празноверието; сепак таа, на најчудесен начин е сочувана неизопачена низ сите векови на мракот. Таа не носела човечки, туку Божји печат. Луѓето биле неуморни во своите напори да го замрачат јасното и едноставно значење на Писмото, и да го прикажат така како тоа да си противречи самото на себе. Но, слично на чамец на разбранетото море, Божјата реч преодолеала на сите бури кои се заканувале да ја уништат. Како што рудникот своите богати жили на злато и сребро ги крие под површината, и сите кои сакаат да ги откријат неговите скапоцености мораат да копаат, така и Библијата содржи богатства на вистината кои се откриваат само на искрениот, понизен и побожен трагач. Бог одредил Библијата, за сите припадници на човечкиот род, да биде учебник во детството, младоста и во зрелите години и да се проучува низ сите времиња. Тој на луѓето им ја дал Својата реч како откровение за самиот Себе. Секое ново сознание за вистината претставува ново откривање на карактерот на нејзиниот автор. Проучувањето на Писмото е од Бога одредено средство да се доведат луѓето во потесна заедница со нивниот Творец и да им даде појасно познавање на Неговата волја. Тоа претставува медиум за одржување на комуникација помеѓу Бога и човекот.

Додека Валденжаните го сметале стравот Господов како почеток на мудроста, тие не биле слепи ниту за важноста на контактот со светот, познавањето на луѓето и реалниот живот и да ги развиваат своите интелектуални способности. Од своите училишта во планините, некои од младите биле упатувани во воспитните институции во градовите во Франција или Италија, каде што за своите студии, размислување и посматрање, имале пошироко поле отколку во своите родни Алпи. Таму овие млади луѓе биле изложени на различни искушенија, биле сведоци на пороци и се среќавале со вештите сатански орудија кои сакале да ги вовлечат во најпрепредените ереси и најопасните измами. Но, нивното воспитување во детството ги подготвило да се спротивстават на сето тоа.

Во училиштата што ги посетувале, тие на смееле со никого да бидат доверливи. Нивната облека била така скроена, за во неа да можат да го скријат своето најголемо богатство – драгоцените ракописи на Писмото. Овие ракописи, плод на повеќемесечни и повеќегодишни напори, секогаш ги носеле со себе, и кога ќе им се укаже можност, внимавајќи да не предизвикаат сомнеж, внимателно покажувале по некој дел од тие драгоцени списи на оние чиишто срца им изгледале отворени за примање на вистината. Уште од мајчиното крило валденжанската младина биле обучена за оваа намена; тие ја сфатиле својата задача и верно ја извршувале. Во овие научни институции многумина преку нив ја прифатиле вистинската вера, и често се случувало нејзините начела да ја проникнат целата школа; сепак, папските водачи не можеле да го откријат изворот на оваа, како што ја нарекувале, заразна ерес.“ — Големата борба, 63-70.

АПЕЛ ДО НАС

„Каква и да е вашата должност, драги браќа и сестри, вршете ја како за Господа, со вашите најдобри способности. Не отфрлајте ја златната прилика која ви се овозможува сега и не дозволувајте вашиот живот да биде неуспех, постојано сонувајќи за удобностите и за успехот во некое дело кое Бог не го наменил на вас. Извршувајте ја вашата работа дури и сред опасности и неволи кои постојат во мисионерското поле, но, ве молам, не жалете се на тешкотиите и самопожртвувањето. Угледајте се на Валденжаните. Погледнете какви планови правеле за светлината на евангелието да ја однесат на замрачените умови. Ние не треба да работиме и постојано да очекуваме награда во овој живот, туку треба постојано нашите очи да ги насочуваме кон наградата на крајот од оваа трка. Денес се потребни мажи и жени кои ќе бидат толку точни во вршењето на своите должности, како што магнетната игла точно го покажува полот – мажи и жени кои ќе работат и нема да бараат патот пред нив да се израмни и од него да се отстрани секоја препрека.“ — 5. Сведоштво, 406.

Последно време
Гласник · 2022

Последно време

Среде агонијата на крстот, Исус извика:

„Се сврши“ (Јован 19:30).

На сите пророштва дадени низ вековите кои укажувале на овој момент сега им дојде крајот. Сè што вселената виде е дека Оној Кој беше без грев „беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме“ (Исаија 53:5).

„Се сврши“ беше страшна изјава за злите. Тие не успеале во обидот да го победат Спасителот и побегнале од местото на крстот. За Божјиот народ „Се сврши“ не беше страшна изјава. Ова беше изјава што му овозможи на секој што сака спасение да има пристап до благодатта.

Христос уште еднаш треба да го објави крајот. Уште еднаш пророштвата дадени во текот на многуте векови ќе го достигнат своето исполнување. Последните предупредувања дадени на светот кој тоне во грев ќе стигнат до својот крај. Како што тоа се случило кога на крстот изговорил „Се сврши“, така и во текот на оваа завршна Христова објава ќе постојат две групи на луѓе.

„Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!“ (Откровение 22:11-13).

Токму сега, додека се приближуваме кон оваа Христова изјава, сите ние правиме избор во која група ќе бидеме. Знаците предвидени во пророштвата се исполнуваат сѐ побрзо и побрзо. Гревовите на човештвото сега смело се практикуваат во пркос на Создателот. Нашата алчност, нашето уживање, нашата желба за превласт ги убиваат и нашите тела и светот околу нас. Како што човештвото се повеќе го отфрла Создателот, така Неговата милост се повлекува од земјата, и она што следи е пустош од невидени размери. Во текот на милениумите имаше природни катастрофи, но она што го доживуваме денес го надминува сето она што се случило во минатото, и само ќе се влошува.

„Но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:37).

Мислејќи дека знае подобро од Бога, човештвото си навлече на себе чуми, пандемии и катастрофи што самото ги произведе.

Доаѓа време кога гревовите се преголеми за Господ да ги поднесе, „бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини“ (Откровение 18:5).

Кога Христос ќе ја даде оваа последна изјава дека Неговото дело на посредување за човештвото е завршено, на чија страна ќе бидете вие? Како дете се сеќавам дека ја слушнав оваа порака проповедана во мојата мала црква во Пуслинч, Канада. Пророштвата беа јасно претставени. Датумите, царствата и нациите, графиконите кои визуелно ги прикажуваа пророштвата беа важни затоа што денес, кога ќе видам како се исполнуваат овие пророштвата пред мои очи, можам да ги препознаам какви се навистина. Многу сум им благодарен на сите што ги споделија пророштвата и предупредувачките пораки. Многумина од нас ги проучувале пророштвата, но сега сме очевидци на нивното исполнување.

ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ И ПРАВЕДНИЦИТЕ

За оние кои ја прифатиле преобразувачката сила на Христовото евангелие, последното време им носи неизмерна радост. Тие сфатиле дека нивната праведност не е ништо друго освен „извалкана облека“ (Исаија 64:6),

и го прифатиле Христа и Неговата праведност како своја. Христовата сила ги преобразила нивните животи и ги довела во хармонија со волјата на Создателот. Тие уживаат да ја вршат Божјата волја, а Неговиот закон е во нивното срце (Псалм 40:8).

Божјиот народ го прифатил спасението со Неговата благодат и преобразувањето со Неговата сила. Истиот Јован на кого му беа дадени откриените пророштва да ги сподели со нас, ни кажува дека нивната моќ доаѓа од нивниот извор, Исус Христос.

„А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Синот Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име“ (Јован 20:31).

Откровението е само продолжение на добрата вест за спасението. На крајот на краиштата, пророштвата запишани во последната книга од Светото писмо се прогласени за „Откровение на Исус Христос“ (Откровение 1:1).

Пророштвата за последното време ја откриваат моќта на моќниот Бог да го спаси Својот народ.

„Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску“ (Откровение 1:3).

Последните времиња не го плашат Божјиот народ. Нашиот Спасител ни кажа дека кога ќе видиме како се исполнуваат знаците на крајот, треба да се исправиме и да ги подигнеме главите свои „зашто се приближува вашето избавување“ (Лука 21:28).

Со нетрпение очекуваме да го видиме нашиот Господ лице в лице. Сакаме да Му оддадеме слава и благодарност на нашиот Спасител кој жртвуваше сè за нас. Иако не го заслужуваме тоа, Тој ни го отвори патот на спасението. Пророчкиот запис вели дека во тој голем ден Божјиот народ ќе погледне нагоре и додека сите ужаси на гревот ќе го обземат светот и неговите жители, ние ќе извикаме:

„Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нè спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него“ (Исаија 25:9)

Стремежот на адвентистите за разбирање на пророштвата не е да откријат моменти на оган и сулфур, туку да го откријат Исус Христос и да развијат подлабок однос со Него. Колку и да сме недостојни, знаеме дека не направивме ништо за да го заслужиме ова спасение:

„Ние сме слуги бесполезни, зашто го извршивме она што бевме должни да го извршиме“ (Лука 17:10).

Ние препознаваме дека „мора да постои сила која делува одвнатре, нов живот одозгора, за да може човекот да се промени, да го остави гревот и да стане свет. Таа сила е Христос. Само Неговата благодат може да ги оживее замрените способности на душата и да ја привлече кон Бога, кон светоста“ — Патот кон Христа, 15.

Во пророчка визија, слугинката Господова го гледа Божјиот народ на неговото патување во последното време. Додека околу нив се одигруваат ужасите на последното време, тие се повеќе и повеќе се одвојуваат од овој свет додека не станат целосно и сосем зависни од Бога. Во визијата таа гледа јажиња кои се спуштаат одозгора, а Божјиот народ цврсто се држи за овие јажиња.

„Кога ги слушавме звуците на забава и веселба кои изгледаа како да доаѓаат од бездната долу, се згрозивме. Слушнавме гнасни заклетви, вулгарни шеги и ниски, гнасни песни. Слушнавме воени песни и песни за танцување. Слушнавме инструментална музика, гласна смеа, измешани со пцовки, плач на болка и горчлив лелек, и повеќе од кога било бевме желни да не се оддалечиме од тесниот, тежок пат. Поголемиот дел од времето бевме принудени да се потпреме на јажињата со сета тежина, која се зголемуваше како што напредувавме.

За момент се двоумевме дали да се изложиме на опасност. Потоа извикавме: ‘Нашата единствена надеж е целосно да му веруваме на јажето. Тоа беше наша поддршка во текот на тешкото патување. Тоа нема да нè изневери ниту сега’. Сè уште бевме колебливи и загрижени. Тогаш беа кажани зборовите: ‘Бог го држи јажето. Не треба да се плашиме’. Овие зборови потоа ги повторија оние што беа зад нас, придружени со: ‘Тој нема да нè изневери сега. Тој нѐ доведе до тука безбедно“ — Christian Experience and Teachings of Ellen G. White, 182, 184.

Целосно зависни од Бога, последните времиња за праведните се исполнување на пророштвото и сигурно очекување да се сретнеме со нашиот Спасител. Ужасите што се случуваат околу нас се резултат на повлекувањето на Божјата заштитничка благодат. Меѓутоа, ние се потпревме на Него, и Тој ни дава ветувања дека лебот и водата нема да пресушат (Исаија 33:16).

ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ И БЕЗБОЖНИТЕ

Лишени од спасоносната Христова благодат, безбожните поинаку ги доживуваат последните времиња. Тие не можат да разберат зошто Божјиот народ живее така како што живее. Спасението за нив е тајна.

„На кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас“ (Колосјаните 1:27).

Тие со ужас гледаат како настаните во светот околу нив се расплетуваат пред нивните очи.

Името на последната книга од Библијата е различно, во зависност од јазикот на кој е преведена. Во германските и словенските јазици, на пример, оваа книга се нарекува „Откровение“, додека на многу латински јазици се нарекува „Апокалипса“. Тоа е истата книга, но вашето лично искуство со Христос одредува дали пророштвата содржани во неа и нивното исполнување се откровение на вашиот Спасител или застрашувачка апокалипса. Како што се одвиваат последните настани, безбожните се сеќаваат на луѓето што ги споделувале предупредувачките пораки од овие пророштва. Во последните мигови, непосредно пред да се објави изјавата „Се сврши“ – додека кон нив се нудат последните зраци на милоста – некои ја прифаќаат евангелската порака и им се придружуваат на праведниците во благодарност за нивното спасение во откровението. За жал, многумина ја отфрлуваат последната порака на предупредување и нив ќе ги снајде апокалипса.

Пророчките сцени покажуваат дека Божјата милост се повлекла, но всушност не е Бог тој што се повлекол, туку човештвото го отфрлило. Човечките суштества по своја слободна волја се свртеле против создавањето. Создаденото суштество сега му кажува на својот Создател дека Тој повеќе не е добредојден меѓу нив. Не им треба Бог. Тие веруваат дека знаат подобро од Бога.

Големината на гревот расте експоненцијално.

„Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња. Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви“ (2 Тимотеј 3:1-4).

Во овие стихови, апостол Павле ја опишува ситуацијата во последното време кога општеството ќе биде толку одвоено од Бога што самата природа ќе почне да се распаѓа под товарот на расипаноста. Човечкото тело станува изопачено, во некои случаи поради болест, а во други поради намерно уништување на телото. Самата природа во светот околу нас, оптоварена со човечка алчност, почнува да се распаѓа. Сепак, иако знаат и гледаат распад на општеството, тие продолжуваат во своите намери. Безбожните изјавуваат дека се ослободиле од стегите што им ги наметнал Создателот.

„Им ветуваат слобода кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува“ (2 Петрово 2:19).

Но сега Христос вели: „Се сврши“. Згрозени, безбожните сфаќаат дека ништо не можат да направат. Тие го отфрлија спасението и целосно паѓаат под контролата на злото. Тие ќе се борат за преостанатиот дел од средствата со кои располагаат. Општеството се распаѓа околу нив, а тие бараат некој да го обвинат за тоа, бидејќи не можат да признаат дека нивните гревови ги довеле до таа состојба.

Словото веќе има запишано што се случува со општеството и со самата природа кога народот ќе ја отфрли волјата на својот Творец.

„Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; ја изобличува и ги распрснува оние што живеат на неа… Земјата ќе опустоши до крај и целата ќе биде ограбена, зашто Господ го изрече тоа слово. Тагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; небото пропаѓа заедно со Земјата. И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет. Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се намалени жителите земни, малку луѓе останаа“ (Исаија 24:1,3-6).

Без оглед на катастрофите и ужасите што се случиле во историјата, тие не можат да се споредат со она што наскоро ќе го снајде овој свет. Веќе сега гледаме како се појавуваат проблеми. Ширењето на пандемични болести, непредвидливите временски настани, порастот на насилните конфликти и уништувањето на природата – сето тоа е само почеток на она што следува. За безбожните, времето на крајот е навистина „апокалипса.“

ВРЕМЕ НА МИЛОСТ

Сега, додека сè уште траат последните мигови на Божјата милост, на секој од нас му е упатен последен повик цврсто да се држиме за благодатта.

„И чув друг глас од небото како вели: Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини“ (Откровение 18:4).

Да се излезе од овој свет и да се одвои од него, едноставно значи да се држиш за благодатта. Нашиот Творец искрено сака да ни ги даде најдобрите дарови и да нѐ исполни со Христовата праведност.

„Затоа излезете од нивната средина и одделете се’! Вели Господ, и Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки’, вели Господ Седржителот“ (2 Коринтјаните 6:17,18).

„Ние чекориме по патот на животот среде опасностите од последните денови. Мораме внимателно да го следиме секој чекор и да бидеме сигурни дека го следиме нашиот голем Водач. Скептицизмот, неверството, развратот и криминалот се насекаде. Би било лесно да се ослободиме од уздите на самоконтрола и да се срушиме низ гребенот во сигурна пропаст. Колку е голема милоста што нè опкружува и нѐ чува секој миг!“ — The Signs of the Times, January 26, 1882.

Божјиот народ го прифатил Неговиот дар на праведност во Исус Христос.

„Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нè знае, зашто не Го спозна Него. Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е. И секој што ја има таа надеж во Него, се очистува самиот себе, како што е чист Тој“ (1 Јованово 3:1-3).

Сега, откако го примивме тој дар и се преобразивме преку него, зарем нема да го споделиме со другите? Нашата порака не е порака на страв. Ние не проповедаме оган и сулфур. Настаните се запишани во пророштвата, за јас и ти да го знаеме времето во кое живееме. Сега, како никогаш досега, треба да ја споделиме Христовата праведност со светот на кој очајно му е потребна промена.

„Живееме во време кога злото преовладува. Опасностите од последните денови се трупаат насекаде околу нас, и бидејќи беззаконието се умножува, љубовта на мнозина заладува. Ова не мора да се случи кога сите би дошле кај Исуса полни со вера и доверба во Него. Неговата кроткост и понизност, доколку се негуваат, ќе донесат мир, спокојство и морална сила на секоја душа.

Краткото време се наметнува како поттик да ја бараме правдата и да го направиме Христос наш пријател. Но, тоа не треба да биде нашата движечка сила, бидејќи тоа има вкус на себичност. Дали е неопходно ужасите на Божјиот ден да бидат постојано пред нашите очи за да нѐ принудат преку страв правилно да постапуваме? Не треба да биде така. Исус е привлечен. Тој е полн со љубов, милост и сочувство. Тој предлага да биде наш пријател, да чекори со нас низ сите наши животни бури. Тој ти вели: Јас сум Господ, твојот Бог; оди со Мене и Јас ќе ги осветлам патеките твои. Исус, Величеството на Небото, сака да воспостави пријателство со оние кои доаѓаат кај Него со своите товари, слабости и грижи. Тој ќе ги направи Свои драги деца и конечно ќе им даде наследство повредно од царските територии, круна на славата поскапоцена од која било што некогаш била ставена на главата на највозвишениот земен монарх“ — The Review and Herald, 2. август 1881. година.

Време на борба
Гласник · 2022

Време на борба

Од тој тажен момент кога нашите прародители го напуштиле својот дом во рајската градина, надежта на секој верник е да го види денот кога гревот, страдањето и тагата ќе завршат и кога конечно ќе се вратиме во нашиот рајски дом.

Животот на оваа грешна земја носи со себе многу борби, искушенија и проби со кои секој треба да се избори. Во врска со тоа Јов напишал:

„Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји“ (Јов 14:1).

Подоцна во историјата, соочувајќи се со многу предизвици, Давид извикал:

„Зашто душата моја е полна со јад и животот ми се приближи до адот“ (Псалм 88:3).

Мажите и жените низ историјата се бореле против физички тешкотии, финансиски проблеми, проблеми во меѓусебните односи, тие воделе умни или емоционални битки и борби за здравје или опстанок. Сепак, во сите тие борби, постои благословена надеж. Иако понекогаш раката на верата е слаба, иако понекогаш ќе се бориме со разочарувања, сомнеж или депресија, сепак дури и во мракот можеме цврсто да се фатиме за прекрасните Божји ветувања.

„Силите на темнината упорно ја опкружуваат душата настојувајќи да го засолнат Христа од нашиот поглед, и единствено што понекогаш можеме да направиме е во тага и вчудовиденост да чекаме да бидат растерани облаците. Таквите доживувања се понекогаш навистина ужасни. Ни се чини дека нема никаква надеж и нѐ обзема очај. Во тие страшни часови мораме да научиме да се повикуваме само на Христовото страдање, фаќајќи се во сета своја немоќ само за заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. Никогаш нема да пропаднеме додека правиме така – никогаш!“ — 1. Сведоштво, 309.

Колку прекрасно ветување! Дури и во најтемниот час на неволја, иако можеби сме се поколебале на нашиот христијански пат, ако дојдеме кај Него во сета своја недостојност – тогаш Исус, кој се застапува за нас, нашиот Спасител, нашиот Посредник нема да нè одбие. Тој нас нè прима такви какви што сме, со целата нашата беспомошна недостојност. Тој никогаш нема да нѐ остави да пропаднеме, бидејќи Тој „ги очистува сите твои беззаконија, ги исцелува сите твои болести“ (Псалм 103:3)

– дури и страшната болест на гревот.

Сега, во овие последни часови од овоземната историја, додека бурни облаци се трупаат околу нас, Исус сè уште посредува за нас. Можеме да го изнесеме нашиот случај пред Него и да бидеме сигурни дека Тој, доколку Му довериме сè, ќе биде со нас се до крајот.

„Нашата голема потреба сама по себе е доказ, кој најречито зборува во наша полза. Меѓутоа ние мораме да бараме од Господа да ни го исполни тоа. Тој вели: ‘Барајте и ќе ви се даде’ (Матеј 7:7) и ‘Кој не го поштеди Својот Син, туку го предаде за сите нас, тогаш како со Него да не ни подари сè?’ (Римјаните 8:32)“ — Патот кон Христа, 95.

„Христовата крв зборува силно и убедливо за сите оние кои залутале, за оние кои се во бунт, за сите оние кои грешеле против големата светлина и љубов. Сатаната ни стои од нашата десна страна да нѐ обвинува, а нашиот Застапник стои пред Бога од десна страна да нѐ брани. Тој никогаш не изгубил ниту едена парницата што Му била доверена. Можеме да имаме целосна доверба во нашиот Застапник, бидејќи Тој своите заслуги ги изнесува во наша корист. Да ја слушнеме Неговата молитва упатена до Отецот непосредно пред Неговото страдање. Ајде да слушаме внимателно како се молел за нас, бидејќи нѐ имал во срцето“ — Коментари на библиски текстови, 853.

„Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави“ (Псалм 34:19).

ВРЕМЕ НА НЕВОЛЈА

Кога пловите на отворен океан, можете да наидете на многу тешкотии. Често луѓето се среќаваат со најголеми тешкотии додека се приближуваат до брегот. Понекогаш, додека патував со мали или големи превозни средства, чувствував мачнина и сакав да се вратам на копно. Но кога земјата конечно ќе се појавеше пред нашите очи, последниот дел од патувањето често станува уште потурбулентен. Опасност од високи бранови, морски струи и карпи може во секој момент да нѝ се закануваат со смрт или уништување. За да може бродот безбедно и на вистинското место да се закотви, потребно е да му се прилагоди курсот и да се подготви бродот пред да стигне на брегот за да се избегне негово заглавување. Исто така, на нашето животно патување, може да ни се смачи од овој свет на грев и страдање, и ќе посакаме конечно да се најдеме на небото. Додека гледаме напред, радосно сфаќаме дека се приближуваме до небесниот брег. Меѓутоа, последниот дел од патот носи опасности за кои треба однапред да се направат подготовки. Нашиот курс и нашата подготовка ќе одредат како ќе се снајдеме во тоа време на борба што е пред нас. Дали сме подготвени за конечното пристигнување на брегот и за сите турбуленции што ги носи? Како ќе се подготвиме?

ДА ГИ ПРЕДУПРЕДИМЕ ДРУГИТЕ

Денес, сѐ уште постои можност човечкиот род да дојде кај Исус, големиот Првосвештеник, и да ги искуси простувањето и мирот што Тој бесплатно ги нуди. Можеме да се подготвиме за времето на борба така што ќе ја носиме веста за спасението до светот околу нас, додека сѐ уште трае времето на милост.

„Многумина се премногу спокојни, како да се заспани. Тие велат: Ако пророштвото претскажало донесување на неделен закон, тогаш тој закон сигурно ќе биде донесен, и доаѓајќи до таков заклучок, тие си седат мирно во исчекување на споменатиот настан, тешејќи се со помислата дека Бог ќе го заштити својот народ во денот на неволја. Но, Бог нема да нѐ спаси ако не се трудиме да ја извршиме работата што ни ја доверил. Мораме верно да ја извршуваме својата должност, како будни војници, спречувајќи го сатаната да не добие предност над нас.

Треба внимателно да ја проучуваме Божјата Реч и со вера да се молиме Бог да ги задржи силите на темнината, бидејќи пораката штотуку допрела до релативно мал број на луѓе, а светот треба да биде осветлен со слава. Сегашната вистина – Заповедите Божји и верата Исусова – сѐ уште не се објавени така како што би требало. Постојат многу, дури и наши блиски личности, за чие спасение не е направен никаков личен напор.

Не сме подготвени за времето кога нашата работа ќе мора да заврши… Битката околу саботата ќе ја отвори оваа тема пред луѓето, давајќи ни можност да ги изнесеме барањата на вистинската сабота…

Време е Божјиот народ да работи како никогаш досега, бидејќи злото се зголемува. Богобојазливите луѓе кои ги држат заповедите треба да бидат вредни, не само во молитвата, туку и во делувањето; и ова ќе ја донесе вистината пред оние кои никогаш не ја слушнале. Светот е преплавен со лага и беззаконие, а оние што Бог ги направил чувари на Неговиот закон и на чистата религија на Исус, мора да бидат решени да дозволат нивната светлина да свети“ — The Ellen G. White 1888 Materials, 502,503.

ПОСТОЈАНА ЗАВИСНОСТ ОД БОГА

Точна е изреката дека карактерот се открива во криза. За да стоиме цврсто за време на кризата која е пред нас, мораме да создадеме навика на секојдневна зависност од Бога преку вера. Природната човечка реакција за време на неволја е да се грижи, да негодува, да се бори, да се крие или да бега. Наместо која било од овие реакции, нашата често повторувана навика треба да биде да клекнеме на колена и да се бориме со Бога во молитва со вера.

„Времето на неволја и страв, какво што е пред нас, ќе бара вера што може да поднесе премореност, одлагања и глад, вера која нема да се поколеба иако ќе биде жестоко испробана. Времето на милоста им се дава на сите за да се подготват за тоа време. Јаков победил затоа што бил истраен и решителен. Неговата победа е доказ за моќта на истрајната молитва. Сите што се потпираат на Божјите ветувања, како и Јаков, и ја покажуваат истата сериозност и истрајност, ќе одолеат како што одолеал и тој. Оние кои не сакаат да се откажат од самите себе, да се понизат пред Бога и долго и сериозно да се молат за Неговиот благослов, нема ни да го добијат. Да се бориш со Бога – колку малку луѓе знаат што е тоа! Колку малку се оние кои својата душа ја излевале пред Бога со толку силна желба сѐ додека снемале сила! Колку малку се оние кои со непоколеблива вера се потпреле на Божјите ветувања кога бранови на безнадежност, што не може да ги опише ниту еден јазик, го заплиснувале оној што се молел!

Оние кои сега толку малку се вежбаат во верата, се наоѓаат во најголема опасност да и подлегнат на моќта на сатанските измами и на декретот со кој ќе се врши насилство над совеста. Па дури и ако ја издржат пробата, сепак, тие во времето на неволјата ќе западнат во подлабока потиштеност и страв, бидејќи не навикнале да се потпираат на Бога. Лекциите на верата што ги занемариле, ќе бидат принудени да ги учат под страшниот притисок на обесхрабрувањето“ — Големата борба, 621.

ГРЕВОВИТЕ НИ СЕ ПРОСТЕНИ!

Се ближи времето кога Исус ќе ја фрли кадилницата во небесното светилиште и ќе се кажат следниве зборови:

„Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште“ (Откровение 22:11).

За да можеме да стоиме цврсто за време на борбата, кога Исус нема веќе да посредува за нас во небесното светилиште, потребно е преку Божјата благодат, нашите гревови да бидат избришани со Христовата крв.

„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени“ (Римјаните 4:7).

„Тие ги мачат своите души пред Бога, укажувајќи на нивното поранешното покајание за многу свои гревови и повикувајќи се на ветувањето на Спасителот: ‘Ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене’ (Исаија 27:5). Нивната вера не престанува затоа што на нивните молитви не им е веднаш одговорено. Иако поднесуваат најголем страв, ужас и неволја, сепак, не престануваат да се молат. Тие се потпираат на Божјата сила како што Јаков се држел за Ангелот, а зборови на нивната душа се: ‘Нема да Те пуштам додека не ме благословиш’.

Кога Јаков претходно не би се покајал за својот грев затоа што го добил првенството со измама, Бог не би ја слушнал неговата молитва и не би го сочувал милостиво неговиот живот. Така и Божјиот народ за време на големата неволја би бил совладан кога би имал непокајани гревови од минатото што би излегувале пред него во миговите на страв и болка. Очајот би ја уништил нивната вера и тие не би имале смелост да Му се молат на Господа за избавување. Но, иако длабоко се свесни за својата недостојност, сепак, не можат да откријат ниту еден прикриен грев. Нивните гревови уште порано биле изнесени пред судот и избришани и затоа тие не се сеќаваат веќе на нив.

Сите што се трудат своите гревови да ги оправдаат или да ги прикријат и што дозволуваат да останат во небесните книги непризнати и непростени, ќе бидат совладани од сатаната… Оние кои ја одложуваат својата подготовка за Господовиот ден, нема да бидат во можност тоа да го постигнат во времето на неволјата ниту во кое и да е подоцнежно време. Нивниот случај е безнадежен.

Оние таканаречени христијани, кои во овој последен и страшен судир ќе влезат неподготвени, во својот очај ќе ги исповедаат своите гревови со зборови на длабока болка, додека злите ќе ликуваат поради нивната мака. Овие признавања се слични на признавањата на Исав и на Јуда. Оние што постапуваат така, плачат поради последиците на престапот, а не поради својата вина. Тие не чувствуваат никакво вистинско каење ниту одвратност кон злото. Тие го признаваат својот грев поради страв од казна; но, како и фараонот некогаш, тие пак би се бунтувале против небото кога казните би биле повлечени“ — Големата борба, 619,620.

„Јаков не дозволил да биде одбиен. Знаел дека Бог е милостив и се повикал на Неговата милост. Тој укажал на своето страдање во минатото и на покајанието за сторените гревови и упатил молба за избавување од рацете на Исав. Така неговото настојување продолжило цела ноќ. Додека ги разгледувал грешките од минатото, тој бил доведен речиси во очај. Но, тој знаел дека мора да добие помош од Бога или ќе загине. Цврсто се држел за ангелот и упатувал молитви проследени со мачни, искрени извици, сѐ додека нѐ победил. Така ќе биде и со праведните. Додека ги разгледуваат настаните од нивниот минат живот, нивните надежи речиси ќе потонат. Но, кога ќе сфатат дека се работи за живот или смрт, тие искрено ќе викаат кон Бога и ќе му укажат на своите минати страдања и понизното покајание за нивните многубројни гревови… Така нивните искрени молби ќе му ги упатуваат на Бога дење и ноќе“ — Spiritual Gifts 3, 133.

Сега е време да се помириме со Бога и да побараме прошка за нашите гревови. Сега е време да ги отфрлиме работите кои нѐ спречуваат целосно да му се предадеме на Бога.

ГУБЕЊЕ НА НАШАТА ЗЕМНА ПОВРЗАНОСТ

За време на последното време на борбата, се што е земно – секоја последна приврзаност кон оваа земја – ќе биде уништена. Во нашиот секојдневен христијански живот, додека гледаме на Исус, нашиот Пријател, нашиот Постар Брат, нашиот Посредник, Оној кој ни е сѐ во сѐ, и ние ја губиме нашата приврзаност кон земните работи. Работите што ги поседуваме овде се само алатки за да им служиме на нашите потреби, потребите на другите и делото на вистината. Бараме град кој има темел, чиј градител и творец е Бог. Иако ова треба да биде нашиот доживотен фокус за време на борбата, секоја последна физичка приврзаност кон овој свет ќе исчезне.

„Оние кои соработуваат со Бога нема да имаат склоност да се препуштат на разни форми на забава; тие нема да бараат среќа и уживање… Големото дело на откупувањето ќе биде нивната прва грижа. Јадењето, пиењето, облекувањето, куќата и земјата, ќе бидат споредни прашања“ — Daughters of God, 16.

„Во времето на неволјите, куќите и земјата нема да им бидат од никаква корист на светиите, бидејќи ќе мораат да бегаат од разбеснетата толпа; нивниот имот тогаш нема да може да се употреби за унапредување на делото на сегашната вистина. Покажано ми е дека Божја волја е светиите, пред да дојде времето на неволјите, да се ослободат од она што ги оптоварува и со Господа да направат завет на жртва. Ако сѐ што имаат го положат на олтарот и сесрдно го запрашаат Господа за својата должност, Тој ќе ги поучи кога треба да се ослободат од својот имот. Така во времето на неволјите ќе бидат слободни, без ништо што би ги оптоварувало и успорувало“ — Рани списи, 56.

„Сега треба да се запознаеме со Бога проверувајќи ги Неговите ветувања. Ангелите ја бележат секоја сериозна и искрена молитва. Ние попрво треба да се откажеме од себичните задоволства, отколку да ја занемариме заедницата со Бога“ — Големата борба, 622.

„Случајот на Јаков исто така е гаранција дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени, искушувани и наведени на грев, но се вратиле кај Него со искрено покајание. Додека сатаната се обидува да ги уништи овие луѓе, Бог ги праќа Своите ангели да ги тешат и да ги заштитат во време на опасноста. Нападите на сатаната се жестоки и решителни и неговите измами страшни, но окото Господово бдее над Неговиот народ и Неговите уши ги слушаат нивните повици. Нивната болка е голема; се чини дека само што не ги проголтал пламенот на искушението; но Бог ќе ги спроведе низ огнот, како златото што се чисти во оган. Божјата љубов кон Неговите деца за време на нивното најтешко искушение е исто толку силна и нежна како и во деновите на нивната најголема благосостојба, но тие имаат потреба да поминат низ огнот на печката. Сè што е земно во нив мора да изгори, за да можат совршено да го одразуваат Христовиот лик“ — Големата борба, 621.

ВРЕМЕТО НА БОРБА Е ЗАВРШЕНО

Фала му на Бога што времето на борбата ќе заврши со Неговото прекрасно ветување. Додека „праведниците во својата душевна болка… викаат кон Бога дење и ноќе за избавување од рацете на злите што ги опкружуваат“ — The Story of Redemption, p. 97.

„Наскоро го слушнавме Божјиот глас кој наликуваше на бучење на многу води, објавувајќи го денот и часот на Исусовото доаѓање. Живите светии, 144.000 на број, го познаа и го разбраа гласот, додека злите мислеа дека тоа беше грмотевица и земјотрес. Кога Бог го изговори времето, Тој го излеа врз нас Светиот Дух и нашите лица се осветлија и почнаа да блескаат со Божјата слава, слично на Мојсеевото лице кога тој се симна од Синајската гора“ — Рани списи, 14.

Божјата слугинка понатаму опишува:

„Потоа слушнав триумфален вик на победа, силен, хармоничен и продорен. Погледнав во друштвото на оние кои до пред малку изгледаа толку депресивно и поробено. Но, на нивното ропство засекогаш му дојде крајот. Прекрасната светлина ги осветлува нивните лица. Колку прекрасно изгледаат сега! Секоја трага на грижа и исцрпеност исчезнува, а здравјето и убавината блискаат на лицето на секој од нив. Нивните непријатели, безбожните, насекаде околу нив паѓаат на земја како мртви, затоа што не можат да ја издржат светлината што ги осветлува ослободените светии. Оваа светлина и слава остануваат врз нив сѐ додека Исус не се појави на небесните облаци, а потоа друштвото на искушани верници се преобразува од слава во слава одеднаш, додека трепнеш. Тогаш се отвораат гробовите на светиите и тие излегуваат облечени во бесмртност, победоносно извикувајќи: ‘Победа над смртта и гробот’; и заедно со живите светии се вознесуваат за да го сретнат Господа во воздухот, додека од нивните бесмртни усни хармонично одекнува силниот крик на славата и победата“ — Christian Experience and Teachings of Ellen G. White, 178.

Браќа и сестри, ни претстои прекрасна иднина – но крајно време е да се подготвиме за бурата и времето на борба пред конечно да се приближиме до небесниот брег. Додека ги разгледуваме нашите животи, дали сме подготвени да се соочиме со патот што е пред нас? Во љубов кон душите околу нас, дали ние сериозно им го даваме последното предупредување на луѓето како што треба? Дали сме навикнати целосно да се потпираме на Бога или се потпираме на некоја земна поддршка? Можеби се чувствуваме крајно недостојни, но нашите гревови не треба да останат непростени; Исусовата крв ќе ги избрише нашите гревови. Дали доаѓаш кај Исус сега и во секое време? Дали сте измиени во крвта на Јагнето? Да го следиме Јагнето, и додека ги насочуваме погледите кон Исус, нашата приврзаност кон земните работи, работите што толку брзо ќе поминат, ќе исчезнат во безначајност. Господ да ни помогне да ја направиме оваа подготовка за времето на борбата!

Вистината во време на криза
Гласник · 2022

Вистината во време на криза

„Што е тоа вистина?“ (Јован 18:38).

Римскиот претор (царски гувернер) заклучил дека затвореникот што стоел пред него го има одговорот. Но, за жал, тој не се потрудил да го сочека одговорот. Каква загуба, страшна загуба… да не дознаеш! Можеше да знае! Воплотената Вистина беше токму таму пред него, но Понтиј Пилат не ја барал. А што е со нас?

„А не знаеш“ (Откровение 3:17), е она што Верниот Сведок му го вели на секој од нас денес.

Најлошо нешто за Пилат е што не знаел дека минува низ кризата на својот живот! Мислел дека Исус е во опасност, а не тој. Мислел дека тој е судијата – дека со него е се во ред! Каква огромна измама! Ваквиот став веројатно го чинел вечен живот. Во тие неколку часа ја решил својата вечна судбина. Токму таму, стоејќи во Негово присуство, покриен со скромната маска на затвореник, беше „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14:6).

Изгледаше како заробеник, но Тој беше Ослободителот.

„Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето“ (Јован 1:4).

Но, Пилат го пропуштил сето тоа! Тој не знаел…

Што би направил ти во таа ситуација? Дали би ја барал и следел вистината по секоја цена?

Патем, дали и ти во моментов се наоѓаш во криза? А јас? Што ако, несвесно, сме како Пилат, претпоставувајќи дека некој друг може да биде во опасност? На сите нас, Господ може да ни каже:

„Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи“ (Лука 19:42).

Денес мора да знаеме, драги мои браќа! Утре може да биде предоцна! Треба да ја знаеме вистината што ќе нѐ ослободи (Јован 8:32).

НАЈГОЛЕМАТА КРИЗА – ТОКМУ ПРЕД НАС!

„Владетелите и државниците, луѓе на доверливи положби и со авторитет, мисловните припадници на сите општествени слоеви… сфаќаат дека нешто големо и одлучувачко наскоро ќе се случи – дека светот се наоѓа на прагот на една страотна криза“ — Воспитување, 179.

„Борбата која непосредно ни претстои ќе биде најужасна борба која некогаш е доживеана“ — 6. Сведоштво, 407.

„Наскоро ќе настапи ‘време тешко, какво што немало откако постојат луѓето’ (Даниел 12:1), и тогаш ќе ни биде потребно искуство што сега го немаме, а кое мнозина занемаруваат да го стекнат. Често се случува очекуваната неволја да ја преувеличуваме, отколку што е во стварноста, но тоа не е случај со кризата што е пред нас. Ниту најбујната мечта не може да замисли колку тешко ќе биде искушението. Во тоа време на искушение секоја душа ќе мора да стои сама за себе пред Бога“ — Големата борба, 622.

Добрата вест е дека Бог ветил и го платил нашето спасение:

„О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јаков, но тој ќе биде избавен од него“ (Еремија 30:7).

Како што Јаков победил во таа страшна неволја, така и ние ќе победиме!

„Јаков победил затоа што бил истраен и решителен. Неговата победа е доказ за моќта на истрајната молитва. Сите што се потпираат на Божјите ветувања, како и Јаков, и ја покажуваат истата сериозност и истрајност, ќе одолеат како што одолеал и тој“ — Големата борба, 621.

Иако Бог презел опсежни мерки за нашето спасение и платил неизмерна цена за тоа, нема да бидат спасени сите Негови деца. Што е со тебе? Што е со мене?

„Оние кои не сакаат да се откажат од самите себе, да се понизат пред Бога и долго и сериозно да се молат за Неговиот благослов, нема ни да го добијат. Да се бориш со Бога -колку малку луѓе знаат што е тоа! Колку малку се оние кои својата душа ја излевале пред Бога со толку силна желба сѐ додека снемале сила! Колку малку се оние кои со непоколеблива вера се потпреле на Божјите ветувања кога бранови на безнадежност, што не може да ги опише ниту еден јазик, го заплиснувале оној што се молел“ — Големата борба, 621.

Страшно предупредување! Нека Господ ни помогне денес да се разбудиме и да се подготвиме!

ДРАГОЦЕНА ВИСТИНА

Вистината е драгоцена ако ја разбереме и прифатиме. Тоа носи живот, живот Божји, бесплатно даден преку планот на спасението.

„И животот се јави… и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави“ (1 Јованово 1:2).

Познавањето на вистината нѐ става во привилегирана положба; ни овозможува да ја видиме целата слика, да ги разбереме причините, да ги предвидиме резултатите, да го направиме вистинскиот избор – и конечно – да уживаме во пријатните, посакувани резултати.

„Што е тоа вистина?“ Пилат го поставил ова прашање пред 2000 години, а денес ова прашање е поактуелно од кога било досега! Што ќе се случеше ако тој одвоеше време да слуша? Можеби ќе слушнеше, како Никодим, директен, шокантен одговор, но одговор кој би му го променил животот, откривајќи му го спасението на неговата душа! Но, тој не го направил тоа…

Сега е наше време! Да се запрашаме: Дали навистина сакам да ја знам вистината за себе, за мојата душа? Ако сме навистина гладни за вистината, ќе бидеме задоволни; тоа ќе биде за нас повеќе од правилното познавање на одредени работи или принципи за кои станува збор. Вистината е драгоцената Личност на Исус, Синот Божји и Синот Човечки. Не само што Тој ја има вистината за сѐ, Тој Е Вистината. И повеќе од тоа, ако Го прифатиме, Тој е Евангелието, Тој е решението за сите кризи, Тој е Спасението, Тој ни се нуди:

„Јас сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14:6).

ЛАГАТА

Уште од дрвото на познавање на доброто и злото, лагата е испреплетена со вистината. Она што вчера беше наречено „лажни вести“ утре може да се смета за „докажана наука“ и обратно; „зашто вистината се сопна на плоштадот“ (Исаија 59:14).

Од почетокот на својот бунт, сатаната со себе носел лаги измешани со некоја вистина. „Зашто е лажливец и татко на лагата.“ Тој смело лаже дека Бог не го казнува гревот (Создавање 3:4) и „со силен глас“ говори дека Господ не може да спаси! (2 Царевите 18). Со прифаќањето на неговите измами, човечката природа стана расипана и неспоива со вистината.

Ние „имаме очи да гледаме, а не гледаме“ (Езекиел 12:2).

Во време на криза, ова слепило е уште поголемо. Во криза, ние сме под стрес и имаме тенденција да реагираме импулсивно наместо да постапуваме мудро и промислено. Склони сме да бидеме измамени од нашите стравови и емоции кои ја искривуваат реалноста. Гледаме само „џинови“ и „во свои очи сме како скакулци“ (Броеви 13:34).

Стресот од кризата го скратува времето потребно за мирно размислување. Ние сме под притисок да ги решиме работите брзо, да ги завршиме работите – да се извлечеме! И во тој процес вистината може да се изгуби… Дури на крајот, кога ќе се смириме и ќе помине кризата, можеме да ги согледаме грешките и измамите и појасно да ја видиме вистината. Понекогаш ова преиспитување е болно и тажно. Откриваме дека вистината е поинаква од она што го мислевме и дека сме постапиле глупаво.

„Лукаво е човечкото срце повеќе од сè и е наполно расипано; кој ќе го разбере?“ (Еремија 17:9).

Затоа, не треба да гледаме во себе за да најдеме решенија за кризите. Мора да одиме до изворот на вистината! Ако почнеме од почеток, првата вистина – најважна – е оваа:

КОЈ Е БОГ?

На почетокот, „Бог на татковците ваши“, наречен „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ“ (Излез 3:14) не им бил познат на Израелците. Меѓутоа, кај Црвеното Море почнале да Го запознаваат! Тие сега ги виделе остатоците од египетската гордост и слава: лешевите на нивните угнетувачи кои брановите ги исфрлиле долж брегот. Тие ја видоа Божјата рака како ја брише египетската земја поради нејзиното тврдоглаво противење; го виделе столбот од облак и оган, ги виделе огромните водени ѕидови како му се покоруваат на гласот на Создателот! Ја виделе Неговата моќна рака како чудесно работи за нив! Тоа беше Вистината која им била откриена: меѓу нив беше и големиот „ЈАС СУМ“, Татко полн со љубов, желен да помогне, семоќен! Со вера успеале да го запознаат Бога.

„Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво“ (Евреите 11:29).

Ова е уште подрагоцено! Господ е „Вистината“, Тој е „Животот“ (Јован 14:6).

Тој е Изворот на самиот живот, на целата креација. Тој е решението за секој проблем што може да се замисли, Тој е „Патот“ за бегство, како и патот на праведноста. Тој изјавил:

„Никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене“ (Јован 14:6).

Тој има целосна контрола и не може да биде изненаден. Познавајќи Го Него, примајќи Го, Неговите деца добиваат живот и спасение, зашто да Го познаваат е вечен живот (Јован 17:3).

„Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот“ (1 Јованово 5:12).

Ова е вистината!

„Да се познава Бог, значи да се љуби Бог“ — Копнежот на вековите, 22.

Во време на неволја Го гледаме појасно; Тогаш се манифестираат Неговата љубов и спасоносна сила. Господ вели:

„Повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш“ (Псалм 50:15).

КОЈ СУМ ЈАС?

Друга важна вистина во време на криза е вистината за тоа кои сме ние.

„Карактерот на секој човек се открива дури кога ќе настапи криза“ — Христовите поуки, 412.

Петар мислел дека се познава себеси, но во кризата кога Христос бил уапсен, се открил себеси. Додека зборовите на одрекување сѐ уште беа свежи на неговите усни, тој погледнал кон Исус. Тогаш го видел Исуса како никогаш досега – полн со простување и без сенка на прекор.

„Спомените навирале врз него како плима. Спасителовата нежност и милост, Неговата љубезност и долготрпеливост, Неговата благост и трпеливост кон учениците кои грешеле на сето тоа тој се сетил… Помислата на сопствената неблагодарност, невистина, кривоклетство, го исполнувала со ужас“ — Копнежот на вековите, 712.

Како Петар, размислувајќи за Исус и ние можеме да ја разбереме нашата целосна беспомошност и суровата злоба на нашите срца. Болно, но спасоносно искуство! Токму ова откритие нè води, како и Петар, кон покајание и преобраќање. Како него, и ние стануваме ново битие, но само кога целосно ќе ја разбереме нашата очајна состојба и почнуваме да се мразиме себеси.

Данило признал:

„Во Тебе, Господи, има правда, а во нас – срам на лицата… зашто згрешивме пред Тебе. А кај Господ, нашиот Бог, има милосрдност и проштевање, бидејќи ние се одметнавме од Него“ (Даниел 9:7-9).

Апостол Павле изјавува:

„Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто“ (Римјаните 7:18).

Драгоцено, спасоносно разбирање!

Во светлината на Божјиот карактер, ние ја препознаваме нашата вистинска состојба:

„Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?“ (Римјаните 7:24).

„Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Тој ќе рече: ‘Еве Ме’“ (Исаија 58:9).

ГОСПОД Е ТУКА ДА СПАСИ

„Каде е Господ, Бог“ (2 Царевите 2:14).

Секој пат кога душата во својата немоќ и очај го бара Господа, Тој одговара: „Еве ме!“ Тој секогаш сака да биде со нас, а уште повеќе во време на криза. Тој е таму за да спаси „со исцелување во Неговите зраци“. Ова е самата суштина на Божјиот живот. „ЈАС СУМ“ значи дека Тој е насекаде (Псалм 139); Тој е со секое Негово дете кое има потреба.

„Навистина Господ се наоѓа на ова место, но јас не знаев“ (Создавање 28:16), ова е вистината за нас.

Шест века пред Христа, во Вавилон, пред запалената печка, тројцата млади Евреи самоуверено рекоа:

„Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нè спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нè избави“ (Даниел 3:17).

Тоа беше вистината! Не царскиот гнев, ниту запалениот пламен, туку милата Личност на Исус, која беше таму и слободно одеше со нив во тој оган. Апостол Павле го потврдува ова:

„Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив“ (Евреите 7:25).

Дали ни треба повеќе од тоа?

НИЕ ИМАМЕ МНОЗИНСТВО!

Во кризата во Дотан, опкружен со сириски војски, Елисеј, Божјиот човек, му објаснил на својот слуга:

„Не плаши се, зашто оние што се со нас, се повеќе од оние што се со нив“ (2 Царевите 6:16).

Која беше вистината во таа криза? Овде тие биле опколени од Сиријците без очигледна шанса за бегство. Но, во реалноста тие биле опкружени со моќни заштитни војски на небесните ангели. Не тие, туку Сиријците биле во опасност!

БОГ НЕ МОЖЕ ДА ГИ СПАСИ ОНИЕ ШТО МУ СЕ СПРОТИВСТАВУВААТ

Друга свечена вистина е дека „истиот облак кој за Египќаните бил голем мрачен ѕид, за Израелците бил извор на светлина… осветлувајќи го со своите блескотни зраци и патот што се пружал пред нив“ — Патријарси и пророци, 290.

„Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат“ (Јаков 4:6).

Тој сака да им помогне на сите; Тој го платил спасението за сите; но Тој може да ги спаси само оние кои го прифаќаат Него и Неговата благодат!

Би било страшна измама намерно да продолжиме да се спротивставуваме на Бога, да ја омаловажуваме Неговата благодат и во момент на криза да претпоставиме дека Тој е со нас! Сетете се на последната криза во животот на цар Саул (1 Самоилова 15:22,23) и во животот на Јуда Искариот (Матеј 27:3-5). Вистина е дека Господ, во својата долготрпеливост, честопати го одложува извршувањето на правдата определена со нашите избори, но тој пат на противење, бунт, духовна мрзливост, ако упорно се следи, сигурно ќе нѐ доведе до уништување!

„Јас викав, а вие не послушавте… вие ги отфрливте моите совети, не внимававте кога ве изобличував. Затоа ќе се насмеам на вашата погибел… Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да чујам; ќе ме бараат и нема да ме најдат“ (Изреки 1:24-28).

САМО НЕКОЛКУМИНА ЌЕ НАДВЛАДЕАТ

„Само мал број од оние што сега ја исповедаат вистината ќе бидат посветени со неа и конечно спасени“ — 1. Сведоштво, 608.

„Зашто мнозина се повикани, но малкумина се избрани“ (Матеј 20:16).

„Само двајца од онаа голема војска што излегла од Египет, влегле во хананската земја. Поради своето постојано застранување и постојани гревови ги оставиле своите коски во пустината“ — 1. Сведоштво, 609.

„Оние кои ја одложуваат својата подготовка за Господовиот ден, нема да бидат во можност тоа да го постигнат во времето на неволјата ниту во кое и да е подоцнежно време. Нивниот случај е безнадежен“ — Големата борба, 620.

Тоа ќе биде најболната вистина за срцето на нашиот драг Спасител! За многумина Неговата бескрајна жртва ќе биде залудна!

НАШИОТ УДЕЛ: ВЕРУВАЈТЕ! (ГЛЕДАЊЕ НА НЕВИДЛИВОТО)

Апостол Павле, чиј живот бил бескрајна криза (Види 2 Коринтјаните 11:23-29), ни го дал клучот:

„Зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно“ (2 Коринтјаните 4:18).

„Со вера тој (Мојсеј) го напушти Египет… зашто веруваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа“ (Евреите 11:27).

Со други зборови, „да се гледа“ во Него значи да се верува во Него, во сѐ што е и што прави!

„Праведникот ќе живее од верата“ (Римјаните 1:17).

„А верата е тврда увереност (конкретна стварност, уверување) во она на кое се надеваме и убедување за нештата, што не се гледаат“ (Евреите 11:1).

Со вера Го примаме (Јован 1:12), со вера ја добиваме Неговата праведност (Филипјаните 3:9), со вера се преобразуваме (2 Коринтјаните 3:18) и со вера сме спасени (Ефесјаните 2:8)!

Да го свртиме својот поглед од сѐ она што непријателот става пред нас! Оставете ги луѓето да кажат што сакаат. Имаме многу посветла визија за која треба да размислуваме: да го видиме драгиот Исус – ВИСТИНАТА, невидливиот Моќен Заповедник на вселената, со сето она што е создадено пред Неговите нозе, подготвено да исцели и спаси!

„Кога погледот еднаш ќе се насочи кон Него, животот наоѓа свое средиште… Должноста станува уживање, а жртвата задоволство. Да се слави Христос, да се стане сличен на Него, да се работи за Него, тоа е најголемата животна амбиција и најголема радост“ — Воспитување, 296.

Исто како и во кризата покрај Црвеното Море, „животот на христијанинот често е полн со опасности, и должноста што треба да се изврши изгледа многу тешка. Вообразениот често создава слика според која пред нас се наоѓа сигурна пропаст, а зад нас ропство и смрт. А сепак Божјиот глас јасно зборува: ‘Само напред’. Ние треба да ја прифатиме таа заповед дури тогаш кога со свои очи не сме во состојба да проникнеме низ темнината на неизвесноста и кога под нозете веќе ги чувствуваме студените бранови“ — Патријарси и пророци, 290.

Со вера во Него сме способни да се покоруваме.

„Верата делува преку љубов и ја прочистува душата, а со верата следи соодветна послушност, верно исполнување на Христовите зборови“ — Порака до младите, 121.

Затоа, гледајте во Него, „поубав од десет илјади други“!

„НАПИШАНО Е“

Во пишаното Божјо Слово, ние го „гледаме“ и „познаваме“ нашиот Спасител, како и реалноста на нашата сопствена слабост. Христос победил со зборовите:

„Напишано е“ (Матеј 4:4,7,10).

Тој не дебатирал со непријателот; „не сакал да преговара со искушувачот“ — Копнежот на вековите, 119.

Нека Господ ни помогне да го сториме истото.

„Кога ќе надојдат искушенија, не треба да гледаме на околностите или на личната слабост туку на силата на Речта. Целокупната нејзина сила ни припаѓа и нам“ — Копнежот на вековите, 123.

„Не живее човекот само од леб, туку од секој збор што излегува од Божјата уста. Христовиот следбеник често доаѓа во положба, каде што не може да му служи на Бога и истовремено да ги остварува своите земни цели. Можеби ќе изгледа дека покорувањето на некои од јасните Божји заповеди му оневозможува на човекот да дојде до средства за живот… Кога ќе ја усвоиме силата на Неговата Реч, тогаш нема да ги прифаќаме предлозите на сатаната за да добиеме храна или да ги спасиме нашите животи. Ние единствено ќе се прашуваме: Што заповеда Бог? Што ветил Тој? Ако правилно одговориме на овие прашања, ние ќе ги послушаме Неговите заповеди и ќе веруваме во Неговите ветувања“ — Копнежот на вековите, 121.

„БИДЕТЕ СПОКОЈНИ“

Опкружени со планини, блокирани од морето напред и притиснати одзади од египетските војски, невооружените Израелци не виделе ништо друго освен непосредна смрт. Со вера, Мојсеј, гледајќи го Господа меѓу нив, рече:

„Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни” (Излез 14:14).

„Но победата е од Господ“ (Изреки 21:31).

„Бидете спокојни“ – за нив и за нас, ова е една од најтешките вежби на верата! Да му оддадеме чест на Господа со тоа што целосно ќе Му се довериме, како вистински народ на спокојството (шабат на хебрејски) и да се подготвиме!

НЕМА ПРОСТОР ЗА ОБЕСХРАБРУВАЊЕ

Исус вели:

„Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот“ (Јован 16:33).

Христос не бил поразен, ниту пак бил обесхрабрен. Како што Тој победи, така можеме да победиме и ние. Неговата благодат ни е доволна, а Неговата сила совршено се манифестира во слабост. Да речеме со Павле:

„Сè можам преку Исус Христос, Кој ме крепи“ (Филипјаните 4:13).

Имајќи доверба во Него ние „стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нè возљуби“ (Римјаните 8:37).

ДРЖЕТЕ СЕ ДО НЕГО И ЌЕ УСПЕЕТЕ!

Победата ја гарантира Моќниот Освојувач! Ние треба само да се потчиниме на Неговата волја – и „ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?“ (Римјаните 8:31).

Во ноќта на последната жестока криза, ќе изгрее Сонцето на праведноста и Неговиот народ ќе биде вознесен со Него во слава, очистен, блескав, одразувајќи ја убавината на својот Откупител! Големата вистина дека „Бог е љубов“ ќе одекнува низ целото Божјо создание! Господ нека ни помогне да соработуваме со Него, да Му дозволиме целосно да нè спаси, да одиме со Него секој ден додека верата не прерасне во слава, кога Тој ќе нè прими во горните дворови! Амин.

Светот што пропаѓа
Гласник · 2022

Светот што пропаѓа

Во кој временски период живееме денес?

„Во времето на Мартин Лутер имаше луѓе кои дојдоа кај него и рекоа: ‘Не ја сакаме вашата Библија, ние го сакаме Духот’. Мартин Лутер им одговорил: ‘Ќе ви го истерам духот на нос’. Колку и да биле големи нивните тврдења, тие не се Божји деца“ — Sermons and talks 1, 22.

Во поранешните времиња праведниците мислеа дека е невозможно да се поврзат со Рим; иако противењето против овој систем на заблуда се одржувал само со ризик од загуба на животот или имотот, сепак многумина имале храброст да се одвојат, да се борат за вистината. Библиската вистина им била повредна од богатството, честа, па дури и самиот живот. Тие не можеле да поднесат вистината да биде закопана под мноштво суеверија и лажни изговори.

Реформаторите ја зеле Божјата Реч во свои раце и го подигнаа стандардот на вистината пред народот, смело објавувајќи го она што Господ им го открил преку внимателно проучување на Библијата. Поради нивната верност кон Бога, тие претрпеле најсурова смрт, но преку Христовата крв успеале да издејствуваат за нас слободи и привилегии — кои, за жал, сега лесно се предаваат на власта на злото од многумина кои тврдат дека се протестанти.

Да се потсетиме на 95-те тези на Мартин Лутер, кои некогаш одекнуваа низ планините и долините и ја потресоа Европа како земјотрес. Овој еден храбар човек повикал духовна војска од благородни Христови следбеници — а вистината за која тие се залагаа не можеше да се замолчи со оган, мачење, затвор или смрт. Дури и денес, преостанатите гласови на таа благородна војска на маченици ја откриваат римската моќ и отпадништвото — тајната на беззаконието што ја претскажал Павле — која ќе стане посилна во последните денови.

„А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа, да не се поколебате лесно во мислите свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден. Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над сè што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог. Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа? Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време. Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што ја задржува сега“ (2 Солунјаните 2:1-7).

ВИСТИНАТА Е РАЗВОДНЕТА

Кога раната црква станала корумпирана, оддалечувајќи се од едноставноста на евангелието и прифаќајќи ги платените обреди и обичаи, таа го изгубила Духот и Божјата моќ — и за да управува со совеста на луѓето, барала поддршка од световните власти. Ова резултирало со појавата на папството, црква која ја контролирала државната власт и ја користела за да ги постигне своите цели, особено во казнувањето на таканаречената „ерес.“

„Секогаш кога црквата во свои раце ја имала државната власт, таа ја употребувала да го казни оние кои не го прифаќале нејзиното учење. Протестантските цркви, кои оделе по стапките на Рим, соединувајќи се со световните власти, покажале слична желба да ја ограничат слободата на совеста. Пример за тоа е Англиканската црква која долго време ги прогонувала оние што не се согласувале со нејзиното учење. Во текот на шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век илјадници проповедници, што се осмелиле да мислат поинаку, биле присилени да ги напуштат своите цркви, и многу пастори и членови биле изложени на казни, затвор, тортура и маченичка смрт.

„Токму отпадот уште во почетокот ја навел црквата да побара помош од државата, а тоа го подготвило патот за развојот на папството, ѕверот. Павле рекол: „Зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот“ (2 Солунјаните 2:3). Значи, отпадот во црквата ќе му го подготви патот на ликот на ѕверот.

Библијата кажува дека пред Господовото доаѓање ќе настане состојба на верско опаѓање, слична на онаа во првите векови. „Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња. Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле“ (2 Тимотеј 3:1-5). „А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења“ (1 Тимотеј 4:1). Сатаната ќе дејствува „со секаква сила и знаци и лажни чудеса, и со секакво неправедно измамување“. А сите што „не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле“, ќе бидат препуштени самите на себе за да прифатат „сила на заблуда за да поверуваат на лагата“ (2 Солунјаните 2:9-11). Кога ќе настапи оваа состојба на безбожност, тогаш ќе настапат истите последици како и во првите векови.

Големата разновидност во верувањата што постојат во протестантските цркви, мнозина ја сметаат за силен доказ дека никогаш не може да се постигне присилно верско единство. Па сепак, веќе со години во протестантските цркви постои сè посилен стремеж да се обединат врз основа на учењата што им се на сите заеднички. За да се постигне такво единство, мора да се избегнат дискусии за оние прашања во кои не постои единство на мислење, без оглед на тоа колку се тие важни од библиска гледна точка“ — Големата борба, 443, 444.

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЖИГОТ НА ЅВЕРОТ

Јован опишува во Откровението:

„И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила; и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи¬тели да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата (иконата) на ѕверот“ (Откровение 13:11-15).

Бистата на ѕверот се воспоставува пред да се затвори вратата на милоста. Овој втор ѕвер од Откровение 13 ја применува сета моќ на првиот ѕвер во негово присуство и прави земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот ѕвер, чија смртоносна рана е исцелена.

„И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни, та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го има¬ат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово“ (Откровение 13:16,17).

Ова е последниот тест низ кој ќе помине Божјиот народ, повикан да го напушти Вавилон (конфузија, збунетост), пред да биде запечатен. Сите кои покажуваат лојалност кон Бога, држејќи го Неговиот закон и одбивајќи да ја прифатат лажната сабота, се ставаат под знамето на Господ Бог Јехова и го добиваат печатот на живиот Бог. Спротивно на тоа, оние кои ќе се откажат од вистината за небесното потекло и наместо тоа ќе ја прифатат неделата (првиот ден од седмицата посветена на паганскиот бог на сонцето) наместо саботата (седмиот ден – Божјиот свет ден на одмор воспоставен при создавањето) ќе го добијат белегот (жигот) на ѕверот.

ТРОЕН СОЈУЗ

Јован понатаму опишува:

„И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби; зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот“ (Откровение 16:13,14).

„Учењата на овие верски водачи ја отвориле вратата за неверство, за спиритизам и за презир кон Божјиот свет закон, а врз овие водачи лежи страшна одговорност за беззаконието што владее во христијанскиот свет.

Па сепак, токму овие водачи тврдат дека расипаноста што нагло се шири главно треба да им се припише на сквернителите на таканаречената „христијанска сабота“, и дека задолжителното празнување на неделата во голема мера би го поправило општествениот морал. Ова тврдење особено се истакнува во Америка, каде што најмногу е проповедано учењето за вистинската сабота. Таму реформата во врска со умереноста, една од најистакнатите и најважните морални реформи, многу често се соединува со движењето за празнување на неделата, чиишто застапници се претставуваат како луѓе што се борат за добро на општеството, а сите оние кои одбиваат да се обединат со нив, се прогласуваат за непријатели на умереноста и реформата. Но, фактот што едно движење кое шири заблуда се поврзува со дело што само по себе е добро, не е доказ во прилог на самата заблуда. Ние можеме да го сокриеме отровот ако го измешаме со здрава храна, но со тоа не ја менуваме неговата природа. Напротив, тој станува уште поопасен, зашто на тој начин речиси несвесно го земаме. Едно од сатанските лукавства е со лагата да се соединува токму толку вистина колку што е потребно таа да изгледа веродостојна. Водачите на движењето за неделата можат да застапуваат реформи што му се потребни на народот, начела што се во согласност со Библијата; но сè додека кај нив има барања што се спротивни на Божјиот закон, Божјите слуги не можат да се соединат со нив. Ништо не може да ги оправда оние кои ги отстрануваат Божјите заповеди заради човечките прописи.

Преку двете големи заблуди -бесмртноста на душата и светоста на неделата – сатаната ќе успее да го прелаже протестантскиот свет. Додека првата заблуда поставува темел за спиритизмот, втората создава врска на пријателство со Рим. Протестантите во Соединетите Држави ќе бидат први кои ќе подадат рака преку бездната за да ја прифатат раката на спиритизмот. Тие ќе ја прифатат раката на римската 535 Судирот што претстои власт и под влијание на овој троен сојуз, оваа земја ќе појде по стапките на Рим во газење на правата на совеста“ — Големата борба, 586-588.

Со декрет наменет за воспоставување на папска институција спротивна на Божјиот закон, нечистиот дух на отпадничкиот протестантизам ја држи римската моќ со едната рака, и спиритизмот со другата рака. Под влијание на овој сојуз, Соединетите Држави ќе бидат принудени да ги отфрлат сите начела на својот Устав што ја направиле протестантска и републиканска влада, и наместо тоа да усвојат мерки за пропагирање на папските заблуди и лаги. Кога тоа ќе се случи, можеме да знаеме дека часот на сатанската хипнотизирачка моќ е пред нас и дека крајот е близу.

Римокатолиците, протестантите и световните луѓе заедно ќе ја прифатат формата на побожност, но без нејзината сила, и во овој сојуз ќе видат голем предзнак на долгоочекуваниот Милениум.

ФОКУСОТ НА ПРОГОНСТВО КАКО НА ПРОТЕСТАНТИТЕ ТАКА И НА КАТОЛИЦИТЕ

Исус ги предупредил Своите следбеници:

„Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве тепаат. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за сведоштво пред нив и пред незнабошците. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете. Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен“ (Матеј 10:17-22).

Прогонствата на протестантите во име на католицизмот – за кои Христовата религија беше речиси избришана – ќе ја имаат својата целосна моќ кога протестантизмот и католицизмот ќе се обединат.

Кога главните цркви на Соединетите Држави, обединувајќи се околу оние доктринарни точки кои се заеднички за нив, ќе влијаат врз државата да ги наметне нивните декрети и да ги поддржи нивните институции, протестантска Америка ќе формира имитација на римската хиерархија, а граѓанските казни против неистомислениците ќе бидат неизбежни.

„А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети“ (2 Тимотеј 3:12).

НАШАТА ГОЛЕМА ПОТРЕБА ОД РЕФОРМИ

Се приближуваме кон крајот на земната историја и немаме време да се прилагодиме на обичаите и навиките на светот; наместо тоа, нашиот фокус треба да биде да ја бараме Божјата волја, да видиме што вели Светото писмо, а потоа да одиме според светлината што ни ја дал Бог. Нашите склоности, навики и обичаи не треба да преовладуваат. Божјата Реч треба да биде наше правило.

„Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои! Со сето срце мое Те барам, не дозволувај да застранам од Твоите заповеди. Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе“ (Псалм 119:9-11).

Нема потреба да бидеме духовни џуџиња ако постојано ги практикуваме нашите духовни способности. Самата молитва за одредени работи не ни носи ништо. Мораме да го навикнеме нашиот ум да размислува интензивно за духовните работи.

„И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос. Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, за да се исполни заповедта на Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот. Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното. Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир. Зашто копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се подредува на законот Божји затоа што не може. А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога. Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов. Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас. И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото; бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи“ (Римјаните 8:1-13).

Вежбањето ја зголемува силата и издржливоста. Многумина што се изјаснуваат како христијани се на пат да ги загубат двата света. Да се биде христијанин со половично срце и полусветовен не прави некој да биде делумно спасен, туку целосно изгубен.

ЗАКЛУЧОК

Мораме да се откажеме од сѐ што не оддалечува од Бога.

„Мамонот е идол на мнозина. Љубовта кон парите, желбата за богатство, претставува златен синџир кој ги врзува за сатаната. Друг друштвен слој обожава углед и световна чест. Животот исполнет со себично безделничење и ослободен од одговорности е идол на трети. Но овие ропски окови мораат да се раскинат. Ние не можеме половично да му припаѓаме на Господа, а половично на светот. Ние не сме Божји деца ако не сме тоа во целост“ — Патот кон Христа, 44.

„Желбите за добрина и светост сами по себе се добри доколку напредуваме; но ако останеме само на нив, нема да бидат од никаква корист. Мнозина ќе бидат изгубени иако сакаат и копнеат да бидат христијани. Тие не успеале својата волја да му ја потчинат на Бога. Затоа сега не се одлучуваат да бидат христијани“ — Патот кон Христа, 47.

Да го искористиме времето додека пробната врата е сè уште отворена! Не смееме да губиме ниту еден момент. Крајот е близу. Наскоро патиштата што се достапни за да се пренесе вистината ќе бидат опкружени со опасности од десната и левата страна. Ова е направено за да им се блокира патот на Божјите гласници, за да не можат да го прават она што сè уште можат да го прават сега. Мора да продолжиме со нашата работа. Силите на темнината работат со интензивна енергија што доаѓа одоздола, додека нечестивиот чекори со тивки чекори за да ги изненади оние кои сега спијат.

Сега сè уште можеме да го предупредиме светот, брзо да ја извршиме работата што ни е доверена. Наскоро ќе биде потешко отколку што можеме да замислиме. Нека Господ ни помогне да останеме на страната на правдата, да работиме со поглед вперен во Исус, нашиот Водач, и трпеливо и упорно да напредуваме кон победата!

Верата е посилна од стравот
Гласник · 2022

Верата е посилна од стравот

Кога размислуваме за претстојната бура, често ја поврзуваме со второто Христово доаѓање. Нашите желби, нашите надежи, нашите инспирации се сконцентрирани на таа благословена надеж за доаѓањето на нашиот Господ и Спасител. Но, што бараме кога зборуваме за Исусовото доаѓање? Кога велиме дека треба да го забрзаме доаѓањето на вистинскиот Месија по втор пат, тоа вклучува некои настани кои не се толку славни како второто доаѓање. Библијата нѐ потсетува на тешките времиња што ни претстојат тој ден.

„Тешко вам, кои го барате денот Господов! Зошто ви е тој ден Господов? Тој е темнина, а не светлина. Тоа е како некој да бега од лав, па да го сретне мечка, или да дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па да го касне змија“ (Амос 5:18,19).

Последната бура не е нешто што треба да се сфати лесно. Исус опишува страшни работи што ќе се случат, нешто што не можеме да го разбереме додека тие настани навистина не се случат.

„Тогаш им рече: ‘Ќе се крене народ против народ и царство против царство; а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци на небото. А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве во синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име’“ (Лука 21:10-12).

И покрај највредната подготовка, што ќе се случи кога овие сцени навистина ќе се случат?

„Често се случува очекуваната неволја да ја преувеличуваме, отколку што е во стварноста, но тоа не е случај со кризата што е пред нас. Ниту најбујната мечта не може да замисли колку тешко ќе биде искушението“ — Големата борба, 622.

Имавме мал предвкус за тоа како ќе биде тогаш во ова време на Ковид. До моментот кога ќе го читате ова, можно е кризата со Ковид да заврши. Од друга страна, вирусот веќе беснее повеќе од две години и не покажува знаци на намалување – туку постојано мутира. Тоа е како да бегаш од опасен лав само за да налеташ на мечка. И токму кога бегаме во последен момент, ја затвораме вратата од блиската куќа и ги ставаме рацете на каминот, за да нѐ касне змија.

На почетокот на февруари оваа година, во светот имаше потврдени речиси 390 милиони случаи на Ковид, од кои речиси 1,5% починале од оваа болест (иако лично знам неколку случаи каде што некој човек веќе умираше и ја очекувавме неговата смрт во секој момент, но потоа се заразил со Ковид и тој или таа биле вброени во оваа статистика). Но, тоа сепак покажува колку е сериозна болеста и станува полична кога ќе почине некој од блиското семејство или пријател.

Ако живеете во место кое е погодено од болест, ќе бидете обземени од вестите околу таа болест. Ако живеете во место што е опустошено од војна – а на оваа планета во моментов има многу такви места – не сте толку загрижени за болестите колку што сте за воената акција. Ако живеете во место каде што штотуку се случила катастрофа, вие сте загрижени дали ќе најдете место за престој. А ако сте на место кое е погодено од суша, загрижени сте што да јадете. Значи, прашањето за нас навистина е: Како да ги третираме сите овие податоци на лично ниво?

ЖИВОТ ВО СТРАШНО ВРЕМЕ

Што всушност се случува насекаде околу нас? Што се случува со овој свет каков што го знаеме?

„Ужас, јама и стапица за тебе, жителе на земјата! Тогаш, оној што ќе избега од викот на ужасот, ќе падне во јама; и кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; зашто прозорците од небесната височина ќе се отворат, и основите на земјата ќе се разнишаат“ (Исаија 24:17,18).

Вистинското прашање од пророчка гледна точка не е зошто сето ова се случува, туку зошто овие настани се толку благи во споредба со уништувањето што го гледаме опишано во Библијата во форма на разорни ветрови и опасни виори. Знаеме дека сите овие работи мора да се случат, па и уште полошо, пред да дојде денот Господов. Што е тоа што ги задржува овие настани?

„Не пакостете и на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог“ (Откровение 7:3).

За жал, Божјиот признат народ не е подготвен, а нашиот Творец во Неговата милост ни дава уште малку време да се подготвиме со тоа што ќе ги ублажи катастрофите од нивниот целосен гнев.

Научниците даваат сѐ од себе да објаснат што се случува и се обидуваат да најдат решение за сите овие настани – од пандемии до климатски промени. Сепак, ако го изостават Бога од целокупната слика, не можат да ја утврдат вистинската причина ниту да го најдат вистинското решение.

„Од светот веќе се повлекува Божјиот Дух кој го задржува злото. Едни по други брзо наидуваат урагани, бури, пожари и поплави, несреќи на море и на копно. Науката настојува да ги објасни овие работи. Знаците кои се натрупуваат околу нас, кои го најавуваат скорото доаѓање на Божјиот Син, се припишуваат на сè друго, само не на вистинската причина. Луѓето не ги забележуваат ангелите стражари кои ги задржуваат четирите ветра за да не дуваат сè додека Божјите слуги не бидат запечатени. Но, кога Бог ќе им нареди на Своите ангели да ги пуштат ветровите, тогаш ќе дојде до таква судир кој ниту едно перо не може да го опише“ — 6. Сведоштво, 408.

Во ова страшно време, секој член на црквата ќе биде лично тестиран како никогаш досега. Нашите основни верувања ќе бидат доведени во прашање и однадвор и, за жал, и одвнатре.

„Верата на секој поединечен член на црквата ќе биде испитана како да нема друг човек на светот“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 983.

Ова не се однесува само на последната бура што го вклучува универзалниот декрет на неделата. Очигледно постои и нешто пред тоа. Последниот тест е токму тоа – последен тест. Клучното прашање отсекогаш било и ќе биде – Божјата волја наспроти човечката волја.

„Напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби“ (Марко 7:7).

Дали навистина сме будни за вистинските проблеми што се појавуваат? Или мислиме дека можеме да направиме компромис за секое прашање, а потоа, кога ќе дојде неделниот декрет, наеднаш ќе бидеме верни?

„Кризата сега е пред нас. Битката треба да се води помеѓу библиското христијанство и христијанството на човечката традиција. Зарем не постои страшно занемарување во нашата сегашна поспана состојба?“ — The Review and Herald, 1 јануари 1889.

ПОБЕДА ВО КРИЗА

Што сака Бог да постигне со тоа што ни дава подготвителни тестови додека ја гледаме претстојната бура? Големото прашање отсекогаш било предавањето на човечката волја на грижливата волја на нашиот Небесен Отец.

„Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас“ (Јаков 4:7).

Покорувањето е поврзано со волјата, со умот. Затоа се работи за контрола на самите наши мисли.

„Па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа“ (2 Коринтјаните 10:5).

Целта на сатаната отсекогаш била да го контролира начинот на кој размислуваме.

„Иако се радувал што светите биле подложени на маки, сепак сатаната не бил целосно задоволен. Тој сакал да господари и со нивниот ум, а не само со телото“ — Рани списи, 210.

Додека гледаме војни, епидемии и катастрофи — вештачки, но и природни — измешани со прогонство, што направил Бог за да ни помогне да го издржиме сето тоа?

„Не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“ (Евреите 10:25).

Гледајќи дека тој ден се приближува, тоа значи дека додека го доживуваме буквалното исполнување на сите овие пророштва, треба да најдеме начини да продолжиме да се собираме за да се поттикнуваме еден со друг на ист начин како што правеле нашите предци кога таквите собири биле забранети.

Ова е причината зошто се основани Соединетите Американски Држави – да го дадат правото дадено од Бога да се состануваме заедно еден со друг без мешање на владата. Без ова право, Уставот на Соединетите Американски Држави би бил исфрлен од колосек, па тие морале да донесат Закон за правата, кој на почетокот делумно налага:

„Конгресот не може да донесе никаков закон со кој ќе воведе каква било државна религија или пак да го забрани слободното исповедање на некоја религија“ — Големата борба, 295.

Овој ист прв амандман продолжува да појаснува дека слободата на практикувањето на својата религија го вклучува „правото на народот мирно да се собира“, што вклучува и мирни протести против она што го прави владата. Сѐ додека живееме во релативно мирно време, треба да ја искористиме привилегијата да се собереме заедно за да се поттикнуваме – зашто ќе дојде време кога ќе жалиме што ги пропуштивме сите занемарени можности што можеби не сме ги ценеле. Наместо да се собираме, можеби сме избрале да останеме дома или сме се обиделе да најдеме други начини да го пропуштиме или занемариме дружењето со другите. Тогаш со тага ќе сфатиме дека тоа често сме го правеле од безначајни причини.

КОЈ СЕ ПЛАШИ?

Како што се приближуваме до кулминацијата на сите наши надежи, што можеме да очекуваме од страна на светот додека ги гледаме пророкуваните настани како се одвиваат пред нашите очи?

„Не излегувајте на нива и на пат не одете, зашто непријателски меч и ужас е од сите страни“ (Еремија 6:25).

И кој го засилува овој страв и го доведува до вознемирувачко ниво?

„Бидејќи слушав клевети од мнозина, ужаси насекаде! Пријавете го, и ние ќе го обвиниме“ (Еремија 20:10).

Прочитав наслови што го прават човекот преплашен, но кога ќе ја прочитате целата приказна, таа всушност и не е толку страшна како самиот наслов. И ова не се однесува само на новински извештаи. Неодамна, додека читав статија од Британскиот медицински журнал, прочитав шокантен наслов. Но, читајќи ги деталите, тие открија поинаква слика. Голем број луѓе ги читаат само насловите и живеат во постојан страв.

Што се подготвени да направат луѓето кога се плашат? Бенџамин Френклин, еден од водечките татковци основачи на Америка, кој помогнал во изготвувањето на Декларацијата за независност, еднаш рекол: „Оние кои ќе се откажат од суштинската слобода, за да купат кратка, привремена безбедност, не заслужуваат ниту слобода ниту безбедност.“ Штом човек се плаши, тој е подготвен да се откаже од сѐ. А која е движечката сила на стравот?

„И да ги избави оние, кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство“ (Евреите 2:15).

Во моментот кога се плашиме да умреме, стануваме робови и сме подготвени да се откажеме од сѐ за да имаме одредена сигурност дека ќе бидеме живи. Кога човек повеќе не се плаши од смртта, тој веќе не е роб.

Ако човек продолжи со таков страв, каде на крајот ќе заврши?

„А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт“ (Откровение 21:8).

Ова јасно покажува дека откупените ќе го надминат таквиот страв.

ВЕРА НАМЕСТО СТРАВ

Дали Божјиот народ понекогаш се бори со стравот? Патријархот Јаков го молел Бога:

„Спаси ме од рацете на братот мој, од рацете Исавови, зашто се плашам од него да не би, кога ќе дојде, да ме убие мене, и мајките и децата“ (Создавање 32:11).

Вистина е дека голем дел од она со кое се соочил самиот го предизвикал, но останува фактот дека се плашел. Решението беше да се изнесе работата пред Господа во молитва, и кога го стори тоа, Јаков станал поинаков човек – човек без никаков страв.

Кога ги гледаме околностите околу нас и почнуваме да се плашиме, кое е најдоброто решение што го дава Бог? Кога синовите на Израел видоа дека египетската војска се приближува, додека стрмната карпа спречуваше бегство од една страна, а пред нив беше морето, каква порака му дава Бог на Својот народ?

„И Господ му рече на Мојсеј: ‘Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израел нека врват’“ (Излез 14:15).

Да, среде такви околности, време е да се оди напред и да не се повлекуваме.

„Има мигови кога на Божјиот слуга, поради недостиг на средства потребни за една темелна и совесна работа, му се чини наполно неможно да го продолжи делото што мора да се изврши. Некои стравуваат дека со средствата што им се ставени на располагање не можат да го извршат сето она што го сметаат за своја должност. Но, ако сепак продолжат напред со вера, ќе се покаже Божјото спасение и нивните напори ќе бидат наградени со успех“ — Делата на апостолите, 357.

Со други зборови, „ако понизно и верно ја вршиме нашата работа, Господ ќе се погрижи за резултатите. Имајте вера во Бога“ — The Ellen G. White 1888 Materials, 71.

Додека ги посматраме настаните во светот – вклучително и Ковид или која било друга катастрофална зараза или катастрофа – како треба да се однесуваме со нив?

„Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте“ (Исаија 8:12).

Ако навистина веруваме дека се покоруваме на Божјата волја, тогаш не ни е важно дали ќе живееме или ќе умреме.

„Било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Господ. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме“ (Римјаните 14:8).

КАКО ДА ГО НАДМИНЕТЕ СТРАВОТ?

Првото нешто што треба да го решиме е: Што бараме? Нашиот Учител ни заповеда:

„Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде“ (Матеј 6:33).

Дали е небесното царство број еден за нас? Ако е така, тогаш не ни е важно колку долго живееме во овој свет сè додека ја исполнуваме целта заради која Бог нѐ поставил во овој свет. Животот на Стефан бил скратен на самиот почеток на неговата работа, а на Јован бил продолжен до длабока старост. Секој од нив си ја исполнил задачата и никој од нив не се плашел од смртта. Но, нивната волја беше целосно стопена во Божјата волја и тие целосно Му веруваа кога стануваше збор за исполнување на Неговите намери.

Она што во нас предизвикува страв од смртта е кога не ја извршуваме Божјата волја.

„Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него, ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори, тогаш ќе го кренеш неизвалканото лице свое, ќе бидеш цврст и нема да се плашиш“ (Јов 11:13-15).

Ова може да се случи само откако ќе се родиме повторно и кога некоја сила од небото ќе ги насочува нашите животи.

„Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји; зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: ‘Ава, Оче!’“ (Римјаните 8:14,15).

Запомнете дека стравот од смртта ги навел луѓето да бидат робови целиот свој живот. Тоа значи дека кога повторно ќе се родиме и ќе станеме синови Божји, повеќе нема да се плашиме од смртта. Да, ние го сакаме нашиот небесен Отец толку многу што тоа ни го менува целокупниот поглед на животот.

„Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта“ (1 Јованово 4:18).

Стравот од смртта е движечка сила што нѐ води во ропство. Страв од смрт во војна, од катастрофа, од пандемија, од глад, од прогонство – сите тие се исти. Вистина е дека не треба да одиме во прогонство без потреба. Ни велат да бегаме кога има војна. Треба да ги користиме сите достапни лекови – особено природните – кога ќе се разболиме. Но, ако некако заглавиме во опасна ситуација, за што треба да се грижиме?

„А вам, на Моите пријатели, ви велам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат. Ќе ви покажам од кого да се плашите: плашете се од Оној Кој, откако убие, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се!“ (Лука 12:4,5).

Што ќе се случи кога ќе бидеме подготвени?

„Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезол и Твојата палка ме успокојуваат“ (Псалм 23:4).

Во бескрајната Божја мудрост и милост, Тој може да нѐ остави да страдаме, но никогаш со страв.

„Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот“ (Откровение 2:10).

Како можеме да живееме во време на несреќи и никогаш повеќе да не се плашиме?

„Зашто видението се однесува на определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто ќе наиде и нема да забави. И ете, гордата душа ќе пропадне, а праведникот ќе живее преку верата“ (Авакум 2:3,4).

Ова верување е повеќе од едноставно верување.

„Верата може да постои без доверба, но довербата родена од доверба не може да постои без вера. Секој грешник кој ќе ја спознае Христовата спасоносна сила, ќе ја манифестира оваа доверба сѐ повеќе и повеќе како што напредува во искуството“ — Selected Messages 3, 192.

Дали ние поединечно и како народ имаме ваква вера која ќе нѐ води низ сите предизвици што претстојат? Нека Господ одговори на молитвата на учениците во нашиот денешен живот:

„Му рекоа апостолите на Господ: Засили ни ја верата!“ (Лука 17:5).

Подгответе го патот
Гласник · 2022

Подгответе го патот

Во старо време, кога царот или човек на висока позиција патувал во друга земја, обично тим од доверливи луѓе бил испраќан однапред за да го посетат регионот – за да се провери состојбата на патиштата и безбедноста на средината каде што би отишол царот, за да на него и на неговите советници им се даде сигурност и успех.

Денеска властите го следат истиот метод, но со пософистицирани средства. Пред царевите или претседателите да ги одржат своите состаноци, тие веќе ги имаат сите потребни информации за земјата во која ќе патуваат.

Пред Царот на вселената, Исус, да се воплоти како наш Цар на милосрдието, небесна група ангели однапред дојдоа да видат какви подготовки се прават за да го пречекаат нивниот сакан Цар. Тие претрпеа огромно разочарување. Во Ерусалим, главниот град на Израел, немало видливи знаци дека народот и нивните водачи се радувале на очекуваното раѓање на нивниот вистински Цар. Иако свештениците и верските водачи ги имаа сите пророчки свитоци во своите раце, тие беа целосно неупатени за овој прекрасен настан.

Ангелите биле речиси подготвени да се вратат на небото со тажната вест, кога нашле мала група овчари во полето во Витлеем како разговараат за пророштвата за доаѓањето на Месијата. Ангелите им ја пренеле радосната вест дека царот се родил на многу скромно место.

Верните овчари веднаш со искрени срца го посетија местото каде што го најдоа Исус во јасли и почнаа да им ја пренесуваат добрата вест на луѓето.

Друга група верни истражувачи на ѕвездите и пророштвата, кои дошле од далечна незнабожечка земја, заклучиле дека Небесниот Цар веќе е роден. Тие имале пристап до пророштвата на Валаам за доаѓањето на Месијата:

„Го гледам, но не е тоа сега, го посматрам, но не одблиску. Ѕвезда од Јаков се издига и жезол од Израел; тој ќе ги поразува кнезовите моавски и ќе ги ништи сите Ситови синови“ (Броеви 24:17).

Тоа не беше обична ѕвезда. Таа била формирана од далечна група светли ангели, истите кои им се појавиле на овчарите во Витлеем.

Благородните патници од Исток тргнале на долг пат за да го видат новородениот Цар. Конечно пристигнуваат во Ерусалим. Тие, исто така, очекуваа да наидат на радосна атмосфера поради доаѓањето на божествениот Цар; но и тие биле крајно разочарани. Пристигнувајќи во Ерусалим, тие биле поканети од царот Ирод, кој се преправал дека ги прима пријателски, барајќи од нив да му дадат прецизни информации и детали кога ќе го пронајдат Исус.

Ирод побарал од еврејските свештеници да го најдат пророштвото за кое станува збор. Како резултат на нивното истражување, тие го известиле царот дека Христос ќе се роди во Витлеем, според пророштвото на Михеј:

„Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израел и чие потекло е од почетокот, од вечноста“ (Михеј 5:2).

Со неколку исклучоци, целата нација не била подготвена да го пречека Исус. Од оние што биле подготвени, можеме да ги спомнеме само овчарите, мудреците од Исток, Елисавета, Захарија, Симеон и уште неколку други. Водачите ги толкувале месијанските пророштва според нивната национална гордост. И кога Христос дошол кај Својот народ, тие Го отфрлија.

ПРЕДВЕСНИК

Едно пророштво на Исаија јасно покажало дека ќе дојде предвесник кој ќе го предупреди народот за нивниот иден Откупител и да му го подготви патот.

„Гласот на оној што вика во пустината говори: ‘Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог’“ (Исаија 40:3).

Друго пророштво се наоѓа во Малахија за божествениот застапник кој ќе дојде да го подготви народот за доаѓањето на Господ:

„Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен. И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и ја удрам земјата со проклетство“ (Малахија 4:5,6).

Исполнувањето на ова пророштво беше јасно откриено во Новиот завет.

Кога Јован Крстител проповедал во јудејската пустина, изјавил во врска со сопствената мисија:

„Дојде Божјата реч до Јован, синот на Захарија, во пустината. И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштавање за проштевање на гревовите, така како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: ‘Гласот на оној што вика во пустината: Пригответе го Господовиот пат и исправете ги патеките Негови; секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат, и секое тело ќе го види спасението Божјо’“ (Лука 3:2-6).

ПОРАКАТА НА ИЛИЈА

Во ликот на Јован Крстител, Бог испраќа посебен гласник за да го подготви патот за првото доаѓање на Исус. Тој го претставуваше Илија и верно ја исполни својата мисија. Исто така, и денес Господ испраќа уште едно предупредување преку Своите гласници кои го претставуваат Илија, да го подготват народот не за првото доаѓање – туку сега за второто доаѓање на Исус.

„Јован беше повикан да изврши посебна работа; тој требаше да го подготви патот на Господа и да ги израмни Неговите патишта. Господ не го испрати во школата на пророците и рабините. Го однел далеку од населените места, во пустината, за да може да учи од природата и од Богот на природата. Бог не сакаше Јован да биде обликуван според примерот на свештениците и владетелите. Тој беше повикан да изврши посебна работа. Господ му ја даде Својата порака. Дали отишол кај свештениците и владетелите и ги прашал дали може да ја проповеда оваа порака? Не! Бог го чувал подалеку од нив за да не биде под влијание на нивниот дух и учење. Тоа беше гласот на оној што викаше во пустината: ‘Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог; секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети; и ќе се јави славата Господова, и сите луѓе ќе го видат спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа’ (Исаија 40:3-5). Ова е самата порака што мора да му се даде на нашиот народ; ние сме блиску до крајот на времето, а пораката е: Расчистете го патот за Царот; соберете ги камењата; подигнете го знамето за луѓето. Народот мора да се разбуди. Сега не е време да зборуваме: мир и безбедност. Поканата упатена до нас гласи: ‘Викај со сиот глас, не воздржувај се; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов – гревовите негови’“ (Исаија 58:1)“ — Избрани пораки 1, 393, 394.

КОЈА Е ТОЧНО НАШАТА МИСИЈА?

„Во ова време, непосредно пред второто Христово доаѓање на небесните облаци, Бог ги повикува луѓето кои ќе го подготват народот да опстане во големиот Господов ден. Токму такво дело како она што го направил Јован Крстител треба да се изврши во овие последни денови. Господ му дава пораки на Својот народ, преку орудија што Тој ги избрал, и сака сите да обрнат внимание на опомените и предупредувањата што Тој ги испраќа. Пораката што ѝ претходеше на Христовата јавна служба беше: Покајте се, цариници и грешници, покајте се, фарисеи и садукеи, ‘зашто се приближи царството небесно’. Нашата порака не е порака за мир и безбедност. Како народ кој верува во Христовото скоро појавување, имаме недвосмислена порака која треба да ја пренесеме: ‘Приготви се да Го дочекаш твојот Бог’.

Нашата порака мора да биде директна како онаа на Јован. Тој ги прекоруваше царевите за нивното беззаконие. Иако неговиот живот бил во опасност, тој никогаш не дозволил вистината да избледи од неговите усни. Нашата работа во ова време мора да се врши исто толку верно…

Во ова време на речиси сеопшто отпадништво, Бог ги повикува Своите гласници да го објават Неговиот закон во духот и силата на Илија. Како што Јован Крстител, подготвувајќи го народот за првото Христово доаѓање, им го сврте вниманието на Десетте Божји заповеди, така и ние треба да ја објавиме пораката со јасен звук: ‘Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд.’ Со истата сериозност што беше карактеристична за пророкот Илија и Јован Крстител, и ние мора да се трудиме да го подготвиме патот за второто Христово доаѓање“ — The Southern Watchman, March 21, 1905.

„И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сè што е на неа, ќе изгори. И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша, додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат? Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда. Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да излезете спокојни, неосквернети и непорочни… туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!“ (2 Петрово 3:10-14,18).

„Господова желба е Неговите следбеници да растат во благодат, нивната љубов да биде уште пообилна, да бидат исполнети со плодовите на праведноста, кои доаѓаат од Исус Христос, за пофалба и слава на Бога“ — The Signs of the Times, June 12, 1901.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШИ ОВАА РАБОТА

Во делот од Исаија кој ја опишува подготовката на Господовиот пат, Светото писмо продолжува да го опишува воздигнувањето на понизните и понижувањето на возвишените:

„’Секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети’ (Исаија 40:4). Со отворањето на Божјото Слово и со укажување на тоа јасното: ‘Така вели Господ’, треба да се отстрани секоја пречка за откупување на Божјиот народ. Вистинската светлина треба да свети, зашто мрак ја покрива земјата и темнина народите. Наспроти заблудата нека се појави вистината на живиот Бог. Објавувајте ја радосната вест. Имаме Спасител, кој го дал Својот живот за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.

Ќе се појават потешкотии кои ќе го попречуваат Божјото дело, но не плашете се. Нашиот Бог, што го држи заветот, кон Својата семоќ како Цар на царевите ја соединува и благоста и грижата на нежниот пастир. Нему ништо не може да му застане на патот. Неговата сила е неограничена и таа е гаранција дека Тој ќе ги исполни ветувањата дадени на Својот народ. Тој ќе ги отстрани сите пречки што го спречуваат напредокот на Неговото дело. Тој има начин да ги отстрани сите тешкотии, за да се избават оние кои Му служат и ги почитуваат средствата кои Тој ги користи. Неговата добрина и љубов се бескрајни и Неговиот завет е непроменлив.

Плановите на непријателите на Божјото дело можат да изгледаат цврсти и добро утврдени, но Тој може да ги попречи и најсилните планови; и Тој ќе го направи тоа во Свое време, и на Свој начин, кога ќе види дека нашата вера е доволно испробана и дека сме Му се приближиле, земајќи го Него за свој советник.

Не плашете се ниту во најцрните денови, кога сè ќе изгледа толку страшно. Имајте вера во Бога. Тој ја остварува Својата волја правејќи сè да биде на добро на Неговиот народ. Силата на оние кои Му служат и кои Го љубат ќе се обновува секој ден. Тој им го дава Својот разум во нивната служба, за да не грешат во остварувањето на Неговите намери.

Во Божјата служба никогаш не треба да се паѓа со духот. Нашата вера треба да го издржи сиот притисок на кој ќе биде изложена. Бог може и сака да им ја даде на Своите слуги сета сила што им е потребна. Тој ќе ги исполни, па дури и надмине најголемите очекувања на оние кои се надеваат во Него. Ќе им даде мудрост која е потребна во нивните различни потреби.

Испробаниот апостол Павле рекол: ‘Но Тој ми рече: Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.” Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова. Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен’ (2 Коринтјаните 12:9,10).

О браќа мои, држете се за својата почетна доверба цврсто до крајот. Светлината на Божјата вистина не треба да се затемни. Таа мора да светли среде темнината и заблудата која го покрива овој свет. Божјото Слово треба да им се отвора и на оние кои заземаат високи положби на земјата исто така како и на оние кои се на понезначителни.

Христовата црква е Божјо средство за објавување на вистината; Тој дал власт да изврши едно посебно дело и ако таа е верна на Бога покорувајќи се на Неговите заповеди, во неа ќе пребива превозвишеноста на божествената сила. Ако го почитува Израеловиот Господ Бог, нема сила која би можела да се спротивстави. Ако биде верна на своите обврски, силите на непријателот исто така нема да можат да ја победат како што плевата не може да пружи отпор пред ветрот.

Пред црквата е зора на светол, славен ден, ако се облече во облеката на Христовата праведност, оттргнувајќи се од секоја верност кон светот.

Членовите на црквата сега треба да го признаат своето назадување и меѓусебно да се зближат. Браќа мои, немојте да дозволите ништо да ве одвои од Бога или едни од други. Не говорете за разликите на мислењата, туку обединете се во љубовта на вистината каква што е во Исуса. Излезете пред Бога и повикајте се на пролеаната крв на Спасителот како на причина заради која треба да примите помош во борбата против злото. Нема напразно да се молите. Ако се приближите кон Бога со понизни срца и во цврста вера, ќе го победите непријателот кој настојува да ве уништи.

Обратете се кон Господа, вие затвореници на надежта. Барајте сила од Бога, живиот Бог. Покажете непоколеблива, понизна вера во Неговата сила и Неговата подготвеност да спасува. Од Христа тече жива река на спасението. Тој е Фонтана на животот, Извор на секоја сила. Ако со вера се фатиме за Неговата сила, Тој на чуден начин ќе го измени и најбезнадежното и најобесхрабрувачкото гледиште. Тој ќе го направи тоа заради славата на Своето име.

Бог ги повикува Своите верници, кои веруваат во Него, да им влеваат храброст на оние кои се сомневаат и очајуваат. Господ нека ни помогне да си помагаме еден на друг и да Го докажуваме со жива вера“ — 8. Сведоштво, 10-12.

СЕГАШЕН ПОВИК

„Господ бара објавување на недвосмисленото (отвореното) сведоштво како што беше давано во минатото. Тој бара обновување на духовниот живот. Духовните енергии на Неговиот народ одамна умреле, но треба да дојде до воскресение од очевидната смрт.

Со молитва и признавање на гревовите мораме да го расчистиме патот за доаѓањето на Царот. Кога тоа ќе го направиме, ќе ја примиме силата на Духот. Потребна ни е енергија таква каква што примиле учениците на денот на Педесетницата. Таа ќе дојде, затоа што Господ ветил дека ќе го испрати Својот Дух како сила која победува сè.

Ни претстојат тешки времиња. Сите кои ја познаваат вистината треба да се пробудат и да се потчинат на Божјата дисциплина со телото, душата и духот. Непријателот ни е зад петиците. Мораме да бидеме будни и да се чуваме од него. Мораме да го земеме сето оружје Божјо. Мораме да се управуваме според упатствата кои ни ги дал Духот на пророштвото. Мораме да ја љубиме вистината за ова време и да ѝ се покоруваме. Тоа ќе нè спаси да не подлегнеме на силата на измамата. Бог ни говори преку своето Слово (Светото писмо). Тој ни говори преку сведоштвата за црквата и преку оние книги во кои јасно ни се изложени нашите сегашни должности и ставот што денес треба да се заземе. Треба да се послушаат и да се примат предупредувањата кои ни се дадени, ред по ред, правило по правило. Каков изговор ќе дадеме ако ги отфрлиме?“ — 8. Сведоштво, 297,298.

„Исчистете го патот за Царот; отстранете ги камењата на сопнување; отстранете го ѓубрето; расчистете ги камењата, за да дојде Духот Божји меѓу нас и да го видиме спасението Божјо како светилка што гори. Тоа е она што ни треба. Не можеме да си дозволиме да прикриеме ниту еден грев. Овде сакаме најбогат благослов; бидејќи наскоро ќе се соочиме со искушението. Уште малку време и секој од нас ќе биде сериозно тестиран. Сакаме секојдневно обновување на Божјата благодат во нашите срца, за да можеме чекор по чекор да се искачуваме на скалилата на совршенството, издигнувајќи се сè повисоко и повисоко на патот што води кон небото, кон светоста и кон Бога.

Нека Божјиот Дух биде присутен на нашите состаноци. Нека ни помогне да го видиме Неговото спасение и нека Неговата слава се открие овде. Нека се крене секој глас за да Го славиме Бога, а не да си наоѓаме мани еден на друг“ — The Review and Herald, May 18, 1905.

„Нека Господ го благослови Својот народ во оваа молитвена седмица. Нека се исправи сета неправда, сите гревови признаени и нека биде напишано прошка покрај вашите имиња во небесните книги. Нека членовите на секоја црква, во секое домаќинство, Го бараат Господа и нека ги понизат своите души пред Него. Да го расчистиме, колку што е можно, царскиот пат од сето ѓубре со кое сме го блокирале“ — The Review and Herald, December 9, 1890.

Среде силна бура — завршна песна
Гласник · 2022

Среде силна бура

↑ Назад на почеток
Сподели го ова:

Поврзани статии