Влијанието на лебот врз здравјето на луѓето

Сподели го ова:

Во примерот што им го дал на учениците во врска со молитвата, Исус рекол:

„Лебот наш насушен дај ни го денес“ (Матеј 6:11).

Лебот претставувал основна намирница за луѓето во минатото. Нашите предци консумирале житарки и, како што знаеме, биле подолговечни и поздрави од денешните генерации. Тие правеле леб од непросеано брашно, од целото зрно на житарката.

Проблемот на денешницата

Денес сè почесто се среќаваме со болести поврзани со начинот на исхрана. Консумирањето леб е исто така проблем на денешницата. Сè повеќе луѓе се интолерантни или алергични на глутен, состојка што ја содржат житарките, а најмногу пченицата.

Многу луѓе чувствуваат подуеност по консумирањето леб, но тоа често не е од самиот леб, туку од комбинацијата со путер, крем, месо, млеко… Проблемот е во комбинирањето на лебот со останатата храна, а не во самиот леб.

Нутритивни факти и скриени опасности

Лебот е здрава намирница што содржи влакна, калциум, железо, витамин Б и протеини. Парче црн леб има околу 70 калории.

Сепак, купечкиот леб често е „збогатен“ со штетни хемикалии:

Пропилен гликол: Антифриз што ја задржува белата боја на лебот.
Диацетил (Винска киселина): Емулгатор за заштеда на масло.
Калциумов сулфат: Гипс за полесно мешање на големи количини тесто.

Доколку немате утврдена интолеранција или алергија на глутен, немојте да ја отфрлате оваа намирница. Не го правете тоа ниту поради дебелината. Лебот сам по себе не дебелее. Проблемот е во додатоците, кои можат драстично да ја зголемат калориската вредност.

Совети од вдахновеното перо на Елена Вајт

Во една добра векна леб има многу повеќе практична религија отколку што мнозина мислат.
Здравјето на стомакот бара лебот да биде лесен и сув.
Употребата на сода или прашок за печиво во правењето леб е штетна и непотребна. Содата предизвикува воспаление на желудникот и често го труе целиот организам.
При правењето леб со квасец не треба да се употребува млеко наместо вода. Употребата на млеко е дополнителен трошок, а го превраќа лебот во помалку здрав. Лебот подготвен со млеко не трае толку долго како оној замесен со вода и многу полесно ферментира во стомакот.
Лебот треба да биде лесен и благ. Не смее да се дозволи ни најмала киселост. Векните треба да бидат мали и добро испечени, за да се уништат габите од квасецот. Кога е топол или свеж, лебот со квасец, од кој било вид, е тежок за варење. Затоа не треба да се изнесува на трпеза. Ова правило, меѓутоа, не се однесува на бесквасниот леб.

Двопек и подготовка за чување

Двопекот е еден од најлесно сварливите и највкусни производи. Обичниот леб нека се исече на кришки и да се исуши во топла рерна сè додека не исчезне и последната трага од влага. Нека кришките лесно заруменат.

На суво место ваквиот леб може да се чува многу подолго од обичниот, а ако повторно се загрее перед употреба, ќе биде свеж како штотуку подготвен. Лебот што е стар два или три дена е многу поздрав од свежиот.

Мнозина се доведени до смрт поради употреба на тежок, кисел леб… Ако тешкиот, кисел леб ги убива свињите, кои можат да изедат речиси сè, какво ли влијание ќе има врз човековиот желудник, кој е многу понежен орган?

Најдобрата практика за подготовка

Непросеаното црно брашно, помешано со чиста, мека вода и млеко, е најдоброто печиво што некогаш сме го вкусиле. Бара темелно џвакање, што им користи и на забите и на желудникот. Дава добра крв и донесува сила.

Црниот леб е подобар од белиот. Најфиното бело брашно не е најдобро за правење леб; неговата употреба често е причина за запек и други нездрави состојби.

Житарките во лебот треба да бидат разновидни. Мешавина од пченица, овес и ’рж е многу похранлива од чистата пченица.

Верска должност е секоја христијанка, девојка и жена да научи да прави добар, вкусен и лесен леб од непросеано пченично брашно. Мајките треба да ги земаат своите ќерки во кујната додека се уште млади и да ги учат на вештините на подготвување.
Сподели го ова:

Поврзани статии