ЗОШТО Е ЗДРАВО ДА СЕ ПИЕ ВОДА?
Зошто имаме толку голема потреба од оваа течност? Затоа што ги прави мускулите пофлексибилни, го оживува умот и телото, го изострува интелектот. Уште една полза – го намалува крвниот притисок;
помага во исфрлањето на токсините од телото; ги отстранува проблемите на мочниот меур; го потпомага варењето; го подмачкува телото; ја изградува одново рскавицата; ја регулира температурата на телото, работата на цревата и ја ублажува депресијата.
Покрива речиси повеќе од половината на површината на земјата. Дури и во облаците, кои ги гледате на небото, и таму се наоѓа оваа течност како заборавена чудотворна течност. Научниците ја нарекуваат H2O, но повеќето од нас ја знаат како ВОДА.
Водата е чудесна течност. Насекаде има вода. Во дрвјата, растенијата, дури и најмалите семиња во земјата имаат потреба од вода за да из’ртат, но исто така и новите клетки во телото. Ткивата, кои се обновуваат и изградуваат нови клетки, имаат потреба од вода, за да го започнат, подржат и завршат процесот. Водата е важна за секоја функција на човечкото тело.
Ако размислувате и ги посматрате работите научно, кога ќе испиете една шолја кафе, телото всушност не може да ја искористи водата во кафето. Всушност кафето го прави телото потрошувач на вода, бидејќи за да ги исфрли токсините од кафето, телото мора да потроши две чаши вода. Така што кога некој пие кафе, автоматски ќе му недостигаат две чаши од таа чудесна течност, од која телото има потреба. Човечкото тело е приближно 70% вода.
Еве некои интересни факти за водата.
Еден женски или машки мускул има приближно 75% вода. Мнозина луѓе не ни помислуваат дека коските содржат приближно 25% вода. Но тоа го вели статистиката. Тоа се определени стандарди. Крвта е приближно 82% вода. Човечкиот мозок е приближно 85% вода.
Сега да ги разгледаме човечките органи.
Прво секој орган во телото работи како треба единствено ако има доволно вода. Второ секој орган ќе го регулира својот состав и продуктивноста во зависност од тоа колку вода има на располагање за таа задача. И трето вашиот мозок ги определува стандардите за секој орган, во зависност од тоа, колку вода има на располагање за работата. Едноставно кажано вашиот мозок ја набљудува сета вода која е на располагање за функционирање на вашето тело, и ја распределува водата до различни места, каде што има потреба од вода. Значи, не само каде што мисли дека треба да биде водата, туку каде водата навистина треба да биде.
Ако немате доволно вода за да се изврши некоја функција во телото, мозокот многу често зема вода од други места и таа вода оди до местото кое итно има потреба од вода. Водата, на пример, би се одзела од цревата и од крвта, за да може да послужи на поважните места во телото ако нема доволно вода да послужи на сите места во исто време. Значи, ако имате недостиг од вода, вашето тело не може да функционира 100%. Тоа треба да ги намали функциите како мозокот би можел да ја распредели водата до органите кои имаат најголема потреба од неа.
Многу луѓе страдаат од висок притисок затоа што имаат недостаток на вода. Констипација или затвор се јавува поради истата причина. Ако земете голтки топла, чиста вода, 15 минути пред јадење (околу 500 мл, 2 чаши), никогаш нема да ви наштети, туку напротив ќе ви помогне, затоа што го подготвува стомакот за примање на храната. Ако околу 15-20 минути пред јадење во стомакот има доволно вода и, ако мислите на јадење, панкреасот ќе произведе повеќе бикарбонат, кој ќе отиде во стомакот и ќе ги неутрализира киселините кои стомакот ги произведува, спречувајќи некои работи како што се чиреви и стомачни болки за време на јадењето.
Ете, тоа го прави водата – помага да се сигнализира мозокот да ги подготви другите органи за процесите кои претстојат. И, ако има доволно вода, овие органи ќе работат подобро. На тој начин варењето ќе се подобри, способноста да се движиме ќе се подобри, способноста да мислиме ќе се подобри.
Водоземните животни, кога се дехидрираат, произведуваат многу хистамин. Зошто е важен хистаминот? Кога се добро хидрирани, нивото на хистаминот е многу, многу низок. Ако извадите такво животно од водата, нивото на хистаминот е многу низок, но ако стои подолго време надвор од водата, нивото на хистаминот се зголемува. Ќе се прашате, зошто е тоа така? Зошто служи хистаминот и каква му е функцијата?
Кај луѓето хистаминот може да предизвика болка. Кога човек има хронична болка, тоа може да значи дека телото е дехидрирано. Кога жабата ќе излезе од водата нивото на хистаминот се зголемува. Исто е и кај луѓето. Дехидрирањето може да предизвика високо ниво на хистамин, кој кога ќе се сретне со нервите причинува болка во организмот.
Ако имаме недостиг на вода во куќата се обидуваме да ја распределиме водата за најнеопходните потреби. На ист начин, кога телото добива помалку вода, отколку што има потреба, хистаминот го стартува системот за регулација на водата. Хистаминот упатува некои невротрансмитери да ги активираат потсистемите кои го регулираат приемот на водата.
Кога телото не добива доволна количина на вода или клетките не можат да ја задржат водата, водното количество во клетките се намалува. Кога клетките не можат да ја задржат водата дали сте ги забележале луѓето кои пијат вода, после тоа веднаш треба да одат до тоалетот? Дали се чудите зошто се случува тоа? Можеби е затоа што клетките не можат да ја задржат водата. Бидејќи содржината на водата во секоја клетка игра важна улога во одржувањето на нормалната функција, недостатокот на вода може да доведе до загуба на некои функции, доведувајќи до одредени симптоми.
Клиничките симптоми на дехидрација се: депресија, болка, умор, сушење на устата, темно жолта урина, запек, астма, алергии итн. Колку течност му е потребна на човечкото тело? Сте слушнале можеби од 6 -10 чаши вода на ден. Околу 30 мл. вода/сок на секој еден килограм на телесна тежина.
Кога клетката е болна таа е како издупчена. Таа има дупки на некои места и не може да ја задржи водата. Додека здравата клетка е изградена правилно и ја задржува водата многу добро. И, ако ја задржува водата многу добро, тоа означува дека клеточната функција е на 100%. Ќе прима многу добри сигнали од мозокот. Ќе испраќа и пораки до различни ткива. Ќе прима и испраќа многу добро.
Луѓето кои ги применувале овие правила, кои пиеле 8-10 чаши вода или сок од разно овошје или зеленчук, велат дека им исчезнале старечките дамки, брадавиците на вратот им паднале. Ако го примените овој програм, уште во првата година, можете да изгледате 10-15 години помлади, и не само да изгледате помлади, туку и да се чувствувате помлади. Енергијата ќе ви се поврати, ќе почувствувате виталност, видот ќе ви се подобри. Сѐ ќе почне да работи подобро.
Тешко е за верување, но всушност е вистина. Една од најдобрата храна за хранење на кожата се кајсиите. Кајсиите ја потпомагаат структурата на клетките и на целото тело да ја задржува водата. Четири до пет кајсии на ден, за некое време. Можеби ќе кажете: „О, јас имам оток, не сакам да ја задржувам водата.“ Да, сакате! Отокот покажува, дека клеточната структура не функционира правилно. Нешто не е во ред. Нешто, што навистина помага да се ослободите
од отокот, не е да земете диуретик туку ако јадете банани и суво грозје. Само два дена тоа да ви е храна – банани и суво грозје.
За појадок банани и суво грозје, за ручек банани и суво грозје… и ќе видите како отокот се намалува. Зошто банани и суво грозје? Затоа што на тој начин телото се хидрира, структурата на клетките започнува да работи многу подобро. Храната е вашиот лек.
Зелените билки содржат најмногу вода. Дали сте забележале што јадат сите животни во природата? Јадат ли лубеница? Или пак јадат многу живо зеленило? Количеството на вода во живата, зелена храна е неверојатно! И затоа животните кои јадат живо зеленило немаат многу потреба од пиење на вода. Ако тревата е убава и сочна, тие земаат многу течност. Само понекогаш ќе ги видите како пијат вода, зашто имаат потреба и од двете. Тоа е многу важно, потребни ви се и двете работи.
Др. Емил Буржи е швајцарски научник од 1930-тите години. Овој доктор открил големи работи за хлорофилот, кој е течност и од кого имаме потреба. Хлорофилот е чудесен. Кога правел различни експерименти врз пациенти, тој на пример открил дека: „хлорофилот помага за подобрување на различни форми на анемија, за подобрување на функцијата на срцето, намалување на високиот крвен притисок и општото подобрување на целото здравје.“
Хлорофилот е речиси идентичен со црвените крвни зрнца. Ако човек испие свежо исцеден хлорофил околу еден литар, тоа ќе замени приближно 3.5-4.5 кг. зелени растенија, во зависност од тоа колку сок има во нив, и ако не изгубиле многу влага. Ако додадете свежо исцеден јаболков сок во хлорофилот, за да го направите повкусен, и ако го испиете тоа за вечера ќе добиете трансфузија. Тоа е така затоа што централен атом на хлорофилот е магнезиумот. Додека централен атом на хемоглобинот е железото. Па така телото сето тоа го претвора во вистинска крв. Хлорофилот се претвора во крв. Човек нема потреба од трансфузија на крв, ако едноставно го проба ова. Дали ова ќе убие некој? Не. Едноставно пробајте и ќе видите каков е ефектот. Едноставно пробајте!
Во 50-тите години на 20-тиот век д-р Бернард Џексон направил многу интересен експеримент. Зел глувци во својата лабораторија ја исцедил крвта и ја заменил со хлорофил. Исцедил 97% од нивната крв и ја заменил со хлорофил. Погодете што станало со глувците? Не позеленеле, туку продолжиле да живеат. Многу интересно. Неверојатно!
Колку зелени растенија земаме на ден? Колку зеленило? Во Библијата Бог кажал: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна.“ – Битие 1,29.
Имаме потреба од повеќе зелени растенија. Многу зелени растенија. Земјата ја нарекуваат ’сината планета’, но тоа е голема грешка. Ако излезете надвор, која боја преовладува? Зелената. Што ни кажува тоа? Нашиот сакан Создател кажува: „Деца, Јас направив да имате зелени растенија.“ Колку е потемно растението, толку повеќе хлорофил има. Колку повеќе светлина добива, толку повеќе хлорофил ќе има. Исто така молекулот на хлорофилот има чудесна сличност со хемоглобинот на црвената боја на крвта. Црвениот крвен пигмент е мрежа од јаглеродни, водородни, кислородни и азотни атоми, групирани околу еден атом на железото. Хлорофилот е слична мрежа од истите атоми, освен што централниот атом е магнезиумот.
Некои од откритијата на доктор Бернард Џексон се следните. Меѓу другото, д-р Бернард Џексон учел под туторство на д-р Џон Харви Келог.
Зголемувањето на бројот на крвните клетки го снабдува организмот со железо. Ги неутрализира донесените токсини. Ја подобрува анемичната состојба. Ги пречистува и обезмирисува ткивата на цревата. Помага во прочистувањеto на црниот дроб. Го исхранува срцето со железо. Ја регулира менструацијата. Помага при хемофилија. Ги намалува проблемите со шеќерот во крвта. Помага при астма, затоа што ја елиминира слузта од дробовите. Обично во повеќето случаи на астма проблемот е во недостиг на вода. Слузта е таму, затоа што телото се обидува да ја поддржи клеточната структура на дробовите влажна. Затоа се создава слуз и човек не може добро да дише. Исто така ја зголемува содржината на железо во мајчиното млеко. Го подобрува производството на мајчиното млеко.
Исто така, помага чиревите и раните побрзо да заздрават. Ги отстранува миризбите на телото. Се спротивставува на бактериите во раните. Можете да го ставите на раните. Ги чисти забите и структурата на забите при парадентоза. Ги подобрува носните секрети. Го отстранува лошиот здив. Го смирува воспаленото грло. Ги подобрува воспалените крајници. Го смирува гастритисот. Ги смирува болните хемороиди. Помага при отцепувањето на слузта (секретот). Ако некому му тече носот, поради грип или ринитис, потребен му е многу хлорофил. Ја подобрува циркулацијата на нозете. Помага при проширени вени. Ја намалува болката причинета поради воспаление и уште многу други придобивки.
Органски минерали наспроти неоргански минерали.
Во хлорофилот има органски минерали, ако се свежо исцедени. Ако ги загреете, што ќе се случи со ензимите – тие умираат и стануваат неоргански. Постојат два вида на минерали: органски и неоргански. Физиологијата на човекот има биолошка привлечност кон органските минерали. Тоа означува дека тие се живи. Повеќето органски минерали за функциите на телото доаѓаат преку диетата со растителна храна. Растението кое расте го претвора неорганскиот минерал од почвата во корисен органски минерал. Кога органскиот минерал (од растителната храна) влегува во стомакот, треба да се прикачи кон одредена протеинска молекула (хелатотерапија) за да биде апсорбиран и тогаш добива пристап до ткивата каде што има потреба. Кога растителниот минерал ќе премине во телото, тој се користи како коензим за формирање на телесни течности, формирање на крв, клетки на коските и подржување на добри врски меѓу нервните клетки. ТОЛКУ ЕДНОСТАВНО!
Од каде ги набавуваме минералите? Од храна, жива храна, убав хлорофил.
Без здрав органски минерален баланс внатре и надвор од клетките на мускулите, крвта и коскените подструктури, телото ќе почне да има грчеви, да трепери. Ако некому му се случило вакво нешто, сега знаете зошто. Нешто не е во ред. На крај може да дојде до целосна парализа или откажување или и двете.
Просечно телото преработува околу 40 000 чаши течности секој ден преку најефикасниот преработувачки систем во светот, но има потреба да замени само 8-10 чаши од таа течност. Чудесно, нели? Дали некогаш сте се прашале колку многу течност поминува низ вашите бубрези? Телото преработува разни нешта преку денот. Тоа е неверојатно сложен систем, но бара толку мала и едноставна грижа.
Дали има значење каква вода пиете? Која е најдобрата вода за пиење? Јас мислам, дека дестилираната вода е најдобрата вода за пиење. Но зарем дестилираната вода не ги извлекува минералите од телото? Дали ова некогаш порано сте го слушнале? Вистина е, но истовремено и не е вистина затоа што ова е нецелосно тврдење. Да, дестилираната вода извлекува, всушност не извлекува, туку однесува минерали од телото.
Ако ја испитувате урината на човек кој пие многу дестилирана вода, ќе забележите присуство на минерална содржина во урината. Но, ако ја проверите минералната содржина ќе забележите дека минералите се неоргански. Телото се обидува да се ослободи од нив. Ќе ви дадам пример. Во една клиника доаѓале луѓе кои пиеле вода од кладенец (извор) и имале болки во зглобовите, состојба на артритис. Кога ги ставиле на режим без изворска вода, без минерална вода, само на дестилирана вода, погодете што исчезнало? Исчезнале болките. Од урината излегле сите неоргански минерали, кои биле наталожени во и околу зглобовите. И кога пак се вратиле на минерална или изворска вода, погодете што се случило? Болки и болести.
Дали е тоа единствената вода која можеме да ја пиеме? Не, никако, не! Но таа е можеби најдобрата вода за човечкото тело.
„Дестилираната чиста вода не спроведува електрицитет, кога се на располагање 2 дела на 1 милион или помалку неоргански материјали. Водата со 5 дела неоргански содржини на 1 милион делови на вода или повеќе спроведува електрична енергија, затворајќи го просто колото и го иницира тестот на сијалицата. Колку е повисока неорганската содржина на 1 милион, толку по-неефективно водата ги спроведува органските минерали до ткивата.“ – Доктор Мјулинг, 1994 год. 2 издание. „Чистата вода функционира сега. Време е за акција.“
Тоа е многу важно! Затоа што ги транспортира хранливите материи до ткивата и овозможува телото да се ослободи од нештата, од кои нема потреба. Така што флашираната вода, водата од чешма, филтрираната вода преку обратна осмоза и онаа преку јаглен, спроведуваат
електрицитет, потврдувајќи дека тие не се најдобри преносители на минерали и не се соодветни за апсорпција.
Како заклучок тоа е логично и функционира многу добро.
„Колку е повисока неорганската содржина на 1 милион, толку по неефективно водата ги спроведува органските минерали до ткивата.“ Така што треба да имате нешто, што ќе ги земе органските минерали и да ги однесе до ткивата, коишто имаат потреба. Многу, многу важно! Главно сите минерали пронајдени во изворската вода и особено во водата од бунарите, не можат да бидат асимилирани од телото. Но, ако посебна аминокиселина или друг телесен ‘катализатор’ присуствува во водата, сите важни процеси на апсорбирање во телото, не можат да се остварат (имплементираат). Тоа ги остава бигорот, мртвите минерали и соли да пливаат низ телото, затнувајќи (оптоварувајќи) ги артериите, бубрезите, зглобовите и другите дигестивни органи (органи за варење).
Постојат луѓе кои се не бубрежна дијализа 2-3 пати во неделата. Каква вода користат за бубрежна дијализа? – Дестилирана вода. Зошто тие луѓе немаат недостиг на минерали? Затоа што дестилираната вода нема да извлече никакви органски сврзани минерали од телото, живи минерали. Второ телото ќе се ослободи само од минералите коишто не се потребни или не ги препознава како органски.
Водата има многу функции во човечкото тело, но основната функција на водата е да дејствува како средство за чистење и лекување. Во органите како црниот дроб, белите дробови, мозокот, како и крвта, лимфната течност, плунката и другите органи, дел од дигестивниот систем, количеството и квалитетот треба да бидат големи.
И ако погледнеме во природата сета таа вода е единственото средство коешто телото го користи за разни ензимски и хемиски реакции. Транспортира хранливи материи, хормони, антитела и кислород преку крвта и лимфниот систем. Протеините и ензимите во нашето тело работат поефикасно во раствор со низок вискозитет, како дестилираната вода. Водата е раствор за телото и ги регулира сите функции, вклучително и целата активност на сето она што се раствора и пренесува.
Колку е важна водата? Исклучително важна.
„Илјадници кои можеле да живеат умреле од недостиг на вода и чист воздух…. Овие благослови им биле потребни за да можат да се чувствуваат добро. Да сакале да бидат просветлени, да се оттргнат од медицината и да се навикнат себеси на движење на свеж воздух, и на воздух во нивните домови лете и зиме, да употребуваат мека вода за пиење и капење, тие би биле неспоредливо добри и среќни наместо да се влечкаат низ бедното постоење.“ – Совети за животот и исхраната, 729.
Чистата, мека вода одвнатре и однадвор, делува навистина добро. Ако го погледнете во природата дождот, влагата и маглата на земјата, тоа е процес на дестилација. Се прочистува. Не треба да имате дестилатор, за да го одржувате вашето тело здраво. Можете да го најдете, но не е неопходно да го поседувате. Ако не можете да си дозволите дестилатор, можете да ја пиете водата која можете.
„Оддавањето на јадење, премногу често и во многу големи количини, го преоптоварува системот за варење и доведува до температурна состојба на системот и така настануваа болести од најразличен вид.“ – Совети за животот и исхраната, 189.
Ако имате стомачни проблеми, ако постите три дена, ќе му помогнете на телото. Не употребувајте ништо друго освен дестилирана вода, многу вода. Тоа ќе им помогне на органите за варење да се одморат и да ја започнат толку потребната работа на поправање.
Запомнете Исус 40 дена и 40 ноќи гладувал за нас. Тоа покажува колку е важно да имаме власт над храната во нашиот живот. Колку луѓе треба да одделат еден ден во неделата и да кажат, ништо друго освен вода, за да им дадат на органите одмор и на системот за варење целосен одмор.
„Имаме одговорност да зборуваме, да се спротивставиме на неумереноста од секаков вид – неумереност во работата, јадењето, пиењето, во земање на лекарства и да се фокусираме на Божјиот голем лек чистата, мека вода за болестите, за здравјето, за очистување и за задоволство“. – Ракописи, том 5, стр. 105.
Знаете ли како ја нарекувале чистата, мека вода во времето на Елена Вајт? – Дождовна вода. Зарем тоа не е интересно. Тие немале дестилатори, но природата го правила дестилирањето. Дождот паѓал и тие ставале буре и тоа го нарекувале мека вода. Тоа е чудесно!