ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД КИНОАТА

Сподели го ова:

Киноата е „псевдожитарка“ која сѐ повеќе е присутна на нашите трпези. Одгледувана повеќе од пет века на Андите таа е нарекувана „златото на Инките“.

Здравствени придобивки од киноата

Киноата го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка користена во безглутенските диети и носи многу здравствени придобивки.

Киноата претставува природен извор на витамин Б6 и минерали од кои во најголема количина: манган (ги штити клетките од оксидативен стрес и ги подобрува психичките перформанси) и бакар (за одржување на нормална функција на нервниот систем).

Консумирањето на киноа може да го намали ризикот од појава на:

Кардиоваскуларни болести;

Дијабетес тип 2;

Хемороиди;

Запек;

Висок крвен притисок;

Рак на дебелото црево;

Прекумерна тежина.

Што содржи киноата?

Киноата е богат извор на:

Протеини. Веганите и вегетаријанците се заљубуваат во киноата поради високиот процент на протеини. Анализите покажале дека киноата е „комплетен протеин“ кој ги содржи сите есенцијални аминокиселини.

Растителни влакна. Во киноата има речиси двојно повеќе растителни влакна од останатата зрнеста храна. Тоа значи дека може да помогне при опстипација (запек), да го намали ризикот од појава на хемороиди, како и да биде сојузник во слабеењето.

Минерали, особено на магнезиум. Во една шолја неварена киноа има дури 83% од препорачаните дневни дози на магнезиум.

Железо. Во една шолја неварена киноа има 43% од препорачаните дневни дози на железо.

Рибофлавин (Б2). Рибофлавинот, како и магнезиумот, може да помогне во превенцијата и намалувањето на главоболката при мигрена.

Карактеристично за киноата е тоа што не содржи глутен, затоа се препорачува за сите оние кои се алергични на глутен. Не содржи ГМО и шеќери.

Киноата може да ја консумирате за:

Појадок- За енергичен почеток на денот додадете сварена киноа во: чаша млеко, или јогурт, оброк од мусли, овесни каши, овесни снегулки, овошни салати, смуди, шејкови.

Ручек- За хранлив и вкусен ручек додадете сварена киноа во супи, сосови, варива, тестенини, салати.

Вечера- За лесна и хранлива вечера додадете сварена киноа во оброк со корнфлекс, кус кус, салати, пудинг.

Калориска вредност: 100гр. Киноа содржат 349.6 ккал

Нутритивни вредности

100 g/г

Енергетска вредност

1462.7kJ

349.6kcal

Масти

5.6g

Транс масти

0g

Од кои заситени

0.7g

Незаситени масни киселини

4.9g

Јаглехидрати

57.2g

од кои шеќери

0g

Влакна

7g

Протеини

14.1g

Сол

0.013g

Магнезиум

197mg (53%)

Фосфор

457mg (65%)

Манган

2mg (101%)

Цинк

3.1m (31%)

Железо

4.6mg (33%)

Калиум

563mg (16%)

Бакар

0.59mg (59%)

Витамин Б6

0.5 mg (35%)

Подготовка на киноа

Киноата нараснува во процесот на готвење, па така  од 1. шолја сирова киноа ќе добиете околу 3 шолји приготвена киноа.

Пред да започнете со варење на киноата, се препорачува да ја измиете во цедилка и притоа да ја триете со дланките. Пробајте неколку зрна и ако има горчлив вкус, продолжете со миење.

Киноата се вари во вода. За варење на една шолја киноа се доволни две шолји вода. Најдобро е прво да ја зовриете водата, а потоа да ја додадете киноата. Варете на ниска температура 15-20 минути.

Консумирајте ја киноата во комбинација со зеленчуци или овошни плодови или додајте ја во супи и салати. Бидете креативни, бидејќи вкусот на киноата дозволува бескрајно кулинарско експериментирање.

Нека киноата биде вашиот дневен избор за било кој оброк, дајте и шанса и таа ќе ја покаже својата вредност.

Сподели го ова:

Слични објави