КАЛИНКА – ОВОШЈЕ ШТО ГО ЗАПИРА ВРЕМЕТО

Сподели го ова:

Калинка, lat. Punica granatum, е едно од најстарите овошја познати на човештвото. Записи за ова овошје можат да се пронајдат во многу култури и религии.

 

Заради големиот број семки кои ги содржи во својот плод калинката уште одамна е симбол на плодноста. По потекло е од пределот што се протега од Иран до северна Индија, од каде што старите Грци го пренеле на Медитеранот. Потоа Маврите го однеле во Шпанија каде станал заштитен национален симбол, а дури и градот Гранада го добил името по ова овошје (на шпански, калинка се вика гранада). Исцедениот сок од калинки се користи за изработка на традиционалниот италијански напиток: la granatina.

Калинката е овошје кое уште во античко време се користело како природен лек, а и денес холивудските ѕвезди го користат  сокот од калинки.

Постојат три вида калинки: многу кисели и два поблаги вида што се јадат. Според виенскиот професор Хадемар Банкхофер, калинките ги ублажуваат тегобите во климакс, а добри се и за простатата. Денеска се знае дека содржат витамин Ц, витамин Б5 и калиум, а пред се, важни се и билните хормони. Содржат природен фенол како елагитанин и флавоноид. „Гинеколозите откриле дека една калинка на ден ги ублажува тегобите во климакс“, објаснува Банкхофер. Во калинката се содржани материи многу слични на естрогените и затоа влијаат на нивото на хормоните. Освен тоа, калинката е овошје против стареење и им помага на младите жени со хормонски проблеми. Оној што редовно јаде калинки, ќе има цврсти нокти и убава коса, а и душевното нерасположение ќе исчезне, тврдат научниците. Новите студии покажуваат и дека билните хормони на калинката го намалуваат ризикот од појава на рак на простата.

Сто милиграми сок од калинка содржи 16% од дневната препорачана доза на витамин Ц.

Содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот за одржување на коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција од остеопороза.

Клиничките истражувања покажуваат дека состојките кои ги наоѓаме само во калинката наречени  punicalagini, корисни се за здравјето на срцето и крвните садови. Го намалуваат холестеролот и крвниот  притисок и оневозможуваат натрупување на наслаги врз крвните садови настанати од атеросклероза.
Punicalagini  се главен извор на антиоксидативното дејство на калинката.
Состојките во калинката го запираат развојот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на туморот.

Докажано е дека чаша сок од калинка има посилно антиоксидативно дејство од чаша црвено вино или зелен чај, додека пак екстракт од калинка делува и десет пати посилно.
За подигнување на имунитетот и превенција од здравствени нарушувања се препорачува 2,5 децилитри свежо исцеден сок од калинка.

Придобивки  од калинката:

  • Го зајакнува имунитетот
  • Штити од неколку видови на рак
  • Штити од остеопороза и Алцхајмерова болест
  • Го чува здравјето на забите
  • Ги уништува ешерихија коли и стафилокока
  • Го успорува стареењето
  • Го чува здравјето на срцето и крвните садови
  • Ја подобрува плодноста
Сподели го ова:

Similar Posts