Човекот во фокусот на создавањето
Продолжуваме со истражувањето на втората глава од книгата Создавање. Но, пред да ги разгледаме стиховите што следуваат, потребно е да направиме еден општ преглед. Некои луѓе сметаат дека во првата глава од книгата Создавање се наоѓа еден извештај за создавањето на човекот, а во втората глава друг извештај, како да станува збор за друго создавање…
