КОГА ЌЕ БИДЕ ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ?

Сподели го ова:

По објавувањето на Тројната ангелска порака по целата земја како сведоштво за секое племе, колено, јазик и народ; по искушенијата, прогонствата и сеопфатното владеење на ѕверот над целата земја; по описот на карактерот на оние кои живи ќе го сретнат Христа; по ветувањето за блаженство на оние кои умираат во периодот на објавувањето на Тројната ангелска порака, бидејќи му се верни на Бога — следи настанот кој толку долго го чекале сите оние кои му биле верни на Бога во текот на сите 6000 години, колку што постои земјата — а тоа е второто доаѓање на Божјиот Син во слава:

И видов: ете, светол облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на главата Своја Тој имаше златен венец, а во раката – остар срп“ (Откровение 14:14).

Вреди да се одбележи дека Јован, слушајќи за блаженството на оние кои умираат во Господа, кои цел живот го објавувале Христовото доаѓање, но никогаш не Го виделе во текот на својот живот, се префрла на тоа, дека на Доаѓањето гледаат како на исполнување на нивните надежи.

Јас и вие, и сите оние кои ја носеле оваа слатка порака за Христовото доаѓање, мораме секогаш да се сеќаваме дека еден ден, а тоа ќе биде многу наскоро, веднаш по завршувањето на објавувањето на Тројната ангелска порака до светот, Божјите деца со свои очи ќе го видат она што Господ им го ветил — а тоа е второто Христово доаѓање. Тој ден одамна е одреден од Бог Отецот, а ние секој ден сме се поблиску и поблиску до тој ден:    

„А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот“ (Марко 13:32).

Содржина прикажи
КАКО ДА УТВРДИМЕ ДАЛИ ГРЕВОТ Е ПРИЗНАЕН ИЛИ НЕ?

За неверниците одговорот на прашањето за Доаѓањето е следен. „Дали ќе дојде или не, ќе почекаме и ќе видиме“. А за верниците одговорот е: „Дали ќе сум меѓу верните, меѓу спасените, дали ги признав (исповедав) сите мои гревови?“

Не е тешко да се утврди дали гревот е признаен. Само оној грев што навистина сме го признале е оној што сме го оставиле. А гревовите што сѐ уште ги правиме се дел од нашиот живот. Овие гревови го одвлекуваат човековиот ум од подготовката за второто Христово доаѓање и ќе бидат главната причина зошто многумина ќе се најдат неподготвени за овој славен настан, за кој, можеби им зборувале на другите, но тоа не е признавање на гревовите пред Бога.  

Небото и земјата ќе поминат, но зборовите Мои нема да поминат. Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно; зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по целата земја; бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки“ (Лука 21:33-36).

СО СВОЈОТ СВЕТ ЖИВОТ ИСУС ГО ДЕЛИ СВЕТОТ НА ДВЕ НЕЕДНАКВИ КЛАСИ

Како што чамецот ги дели водите на морето на оние од десната од оние на левата страна, така и Исус со Својот свет живот го дели светот на две нееднакви класи.

Едната класа се оние кои со вера ја примиле Божјата светост и му се послушни на Бога во исполнувањето на сите десет заповеди, односно ги оставиле сите свои гревови.

А втората класа се оние кои не веруваат дека Божјата благодат е доволна да ги ослободи од сите нивни гревови, иако Светото Писмо е недвосмислено во однос на ова прашање:

Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ. И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади… Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта… Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен. Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 6:11-14,22,23).

Денес, оваа поделба на Божјите свети и оние кои мислат дека се свети е забележана само на небото, во Божјите книги. Но, на денот на второто доаѓање, Господ ќе му ја открие оваа поделба на целиот свет. Оваа поделба постои и денес, но не сите се согласуваат со неа и се обидуваат да ја оспорат оваа вистина. На денот на второто доаѓање, Господ ќе стави крај на сите спорови, јасно разликувајќи го Својот народ од сите други:

Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува спомен книга за оние што се плашат од Бога и го почитуваат името Негово. Тие ќе бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што го готвам, и ќе бидам милостив кон нив како што татко е милостив кон синот свој, кој му служи. И тогаш ќе се обратите и ќе ја видите разликата меѓу праведник и безбожник, меѓу оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи“ (Малахија 3:16-18).

ЗА НЕКОИ ДОАЃАЊЕТО НА СИНОТ БОЖЈИ ЌЕ БИДЕ РАДОСЕН НАСТАН, А ЗА ДРУГИ ТРАГИЧЕН

За вистинскиот Божји народ, второто Христово доаѓање ќе биде најрадосниот настан во нивниот живот, тие живееле за него, и го објавувале:

И ќе речат во тој ден: ‘Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нè спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него!’“ (Исаија 25:9).

И кога оваа вистина би можела да им се одземе, тогаш со неа би бил одземен и нивниот живот, бидејќи Христовото доаѓање била смислата на нивниот живот. А животот не е живот ако нема смисла! Тоа е само биолошко постоење, поддршка на распадливото тело. Тоа е живот на инстинкти (нагони), тоа е живот кој не е подреден на повисоките духовни идеали, таквиот живот не го прави човекот сличен на Бога, туку го прави човекот сличен на животно.

И така оние кои ги живееле своите животи водени не од повисоките духовни идеали, туку само од телесните нагони, за нив второто Христово доаѓање ќе биде најтрагичниот настан во нивните бесцелни животи:

„Велејќи им на планините и на карпите: ‘Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?’“ (Откровение 6:16,17).

Тогаш сите што се наоѓаат во таа група ќе копнеат да бидат во групата на спасените. Исто како што оние кои се давеле во водите на потопот со сето свое срце посакувале да бидат во ковчегот со Ное за времето на потопот. Но, за жал, сега сите треба да разберат дека спасението е резултат на вербата во невидливото, а не резултат на промена на видливата реалност.

ЗОШТО БОГ ГО КРУНИСУВА ИСУСА ХРИСТА?

Иако второто Христово доаѓање, епохален настан за целата земја, не е означено со датум, сепак постојат многу важни моменти на кои истражувачот на Тројната ангелска порака треба да обрати големо внимание.

При второто доаѓање, Христос на главата носи златен венец, симбол на царска моќ. Ова покажува дека Тој ја завршил Својата посредничка служба како Посредник меѓу Бога и луѓето и дека доаѓа на земјата како Цар над царевите.

Безбожните, поттикнати од сатаната, Му ставиле трнов венец на главата. Ова било болно и физички и духовно, бидејќи било неправедно. Сатаната може да прави само неправедни работи, а истото важи и за оние што ги контролира. Бог, од друга страна, е гарант на правдата и непристрасноста:

Зашто Бог не е пристрасен“ (Римјаните 2:11).

Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее“ (Галатјаните 6:7).

Бог, како врховен Владетел на вселената, будно се грижи правдата да триумфира. Поттикнат од духот на правдата Тој го крунисува Исус, Неговиот Син, со венец на славата, не затоа што Тој е Негов Син, туку затоа што Христос е достоен да биде тој Цар. Ова достоинство го заслужил преку живот исполнет со страдања и тешкотии, со неправедни понижувања и навреди. Ова достоинство го препознаваат и спасените и изгубените. Правдата ќе победи:

Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони, кои зборуваа со висок глас: ‘Достојно е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов!’“ (Откровение 5:11,12).

Во Христовото крунисување ја гледаме гаранцијата за враќање на правдата на оваа сега неправедна земја.

ВО БОРБАТА ПРОТИВ НЕПРАВДАТА, НАШАТА СИЛА НЕ Е ВО НАС САМИТЕ, ТУКУ ВО НАШИОТ ГОСПОД ИСУС

Сите Божји деца низ вековите неправедно страдале од рацете на безбожните:

„…други, пак, беа мачени и не прифатија ослободување… а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор; со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам -тие, за кои светот беше недостоен скитаа по пустини, по ридови, по пештери и јами во земјата“ (Евреите 11:35-38).

А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети“ (2 Тимотеј 3:12).

Живеејќи во овој неправеден свет, Божјите деца кои неправедно страдаат, читајќи го Евангелието, гледале и ќе гледаат на својот Господ како на Оној кој неправедно пострадал. И читајќи ја книгата Откровение, тие ќе гледаат на Христа како на Оној кој добил од Бога Отецот праведна награда за животот што го живеел.

Запомнете, драги браќа и сестри, пријатели, дека нашата сила во борбата против неправдата не е во нас самите, туку во нашиот Господ Исус. Сè додека веруваме во Него и целосно му го доверуваме нашето спасение, неправдата нема да нѐ натера да го изгубиме трпението на светиите:

„…да отфрлиме од себе секакво бреме и грев, што лесно се прилепува за нас, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодушни! Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв“ (Евреите 12:1-4).

ДОАЃАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС НА ЗЕМЈАТА ЌЕ СЕ СЛУЧИ САМО ПО ЗБОРОВИТЕ НА АНГЕЛОТ

При Своето враќање, Христос ни е претставен со остар срп во раката. Остриот срп лесно го пресекува стеблото, а притоа зрното останува во класот и не паѓа на земјата. Христос е верен на Своите зборови:

А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сè што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6:39).

Целото жито ќе се собере без загуба во Божјата житница. Ниту едно Божјо дете нема да загине, туку само децата на ѓаволот, каколот, составен од отворени богохулници и лицемерни верници.

Христовото доаѓање можело да се случи и без зборовите на ангелите опишани во 14-тото поглавје од Откровението. Но Бог не прави ништо без причина. Сите Негови постапки се проткаени со духовно значење и упатства:

И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас на Оној што седеше на облакот: Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!’“ (Откровение 14:15).

Ангелот излегува од небесниот храм и, обраќајќи му се на Божјиот Син, вели дека е неопходно да се ожнее жетвата на земјата, бидејќи жетвата на земјата е зрела. Дали ангелот знае подобро од Божјиот Син кога е зрела жетвата на земјата? Дали Божјиот Син на небото е потчинет на волјата на ангелот?

Се разбира не. Ангелот излегува од небесниот храм каде што се наоѓа центарот на управување на целиот план на спасението, ова е местото на Божјиот суд. За ангелите се вели:

„Благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова“ (Псалм 103:21).

СÈ ВО СВЕТОТ Е ПОТЧИНЕТО НА ВОЛЈАТА НА НЕБЕСНИОТ ОТЕЦ

А за денот на второто Христово доаѓање на нашата земја се вели:

А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот“ (Марко 13:32).

Соберете ги сите информации заедно и ќе ја добиете целосната слика што Бог ни ја насликал во врска со второто доаѓање.

Во небесниот храм, каде што седи Бог Отецот, се случува суд и Христос посредува за човечкиот род пред Отецот. Посредувањето завршува и дојде време да се врати на земјата. Но Христос не го прави тоа додека Самиот Бог Отец, во чија моќ е денот и часот на доаѓањето, не му каже на Христа преку ангелот: Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“  Врз основа на оваа слика ја гледаме надмоќта на Бог Отецот во сè.

И без Него никој, дури ниту возвишениот Божји Син, нема да мрдне ниту со прст, зашто и за Синот Божји Отецот е Бог, како и за нас.

„…се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог“ (Јован 20:17).

„Бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог“ (Откровение 3:2).

Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог…“ (Откровение 3:12).

Пред да дојде на нашата земја, Христос чека знак од Својот Бог дека е дојдено време за настанот објавен во целото Писмо. Но датумот на второто Христово доаѓање го знае само Бог Отецот. Второто доаѓање и денот на тој настан е одреден само од Бога, исто како што  Христовото прво доаѓање беше под целосна контрола на Бог Отецот, вклучувајќи го и времето на Христовото раѓање од жена:

„Но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот“ (Галатјаните 4:4).

ЗОШТО БОГ ОТЕЦОТ МУ ДАВА ЗНАК НА ХРИСТА ДА ЈА ЖНЕЕ ЗЕМЈАТА ТОКМУ ВО ОВОЈ МОМЕНТ, И ШТО ГО ПОТТИКНАЛО ДА ЈА ДОНЕСЕ ОВАА ОДЛУКА? 

Одговорот се наоѓа во зборовите Божји кои ангелот му ги вели на Христа:

Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“ (Откровение 14:15).

Колку длабока вистина се крие во овие зборови. Бог не го одредил денот на Второто доаѓање произволно, на пример, врз основа на некои математички пресметки, како што се обидуваат тоа да го сторат оние кои уште го пресметуваат датумот на Второто доаѓање според јубилеи или некои други критериуми. Бог го одредува датумот според духовната состојба на луѓето, во зависност од нивниот одговор на Неговата љубов:

Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат. И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сè што е на неа, ќе изгори“ (2 Петрово 3:9,10).

Времето на жетва се одредува според подготвеноста на самата жетва и ништо друго. Затоа, не го пресметувајте датумот на Второто доаѓање.

Нели самиот Бог преку природата нè учи дека времето на жетвата зависи од состојбата на самата жетва? Во студена година, со доцна пролет, денот на жетвата се одложува. Во топла година, со рана пролет, денот на жетвата се случува порано. Иако постои временска рамка за жетва, а тоа е јуни и јули, но последниот знак за жетва секоја година е состојбата на самата пченица, бидејќи во спротивно зрното може да се расипе.

Ако житото се жнее пред време, тогаш тоа нема да се зачува и ќе се расипе, а ако се жнее предоцна, тогаш житото ќе се распадне и исто така ќе се расипе. Бог не сака никој да загине, туку луѓето да се спасат. Иако ги знаеме пророштвата за последните настани и предвесниците на второто Христово доаѓање, второто доаѓање ќе се случи само тогаш, кога секој човек на земјата ќе заземе јасна позиција на чија страна е. Тој е дете Божјо или дете на ѓаволот.

ПАРАБОЛИ, КОИ ПОКАЖУВААТ, КАКО БОГ ЈА ОДРЕДУВА ЗРЕЛОСТА НА ЖЕТВАТА

Преку параболата за неплодната смоква ни е дадено да разбереме како Бог ја одредува зрелоста на жетвата, односно верникот:

И ја кажа оваа парабола: ‘Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата. А тој му одговори и рече: Господаре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и и ставам ѓубре; па, ако роди, добро, а ако не даде плод, тогаш в година ќе ја пресечеш’“ (Лука 13:6-9).

Во одредено време, во времето на берењето смокви, сопственикот веќе трета година доаѓа кај засадената смоква да бара плод, но нема, и тоа е доволно за да и биде изречена казна. Но, градинарот му вели на сопственикот: „Да и дадеме уште една шанса, да направиме нешто друго за неа, уште поповолни услови да роди со плод, а ако и тоа не помогне, тогаш ќе ја извршиш казната“.

Од параболата произлегува дека и благодатта има граница, по чиј крај следи правдата.

Во параболата за Господовото лозје се вели:

Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него избор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи каци; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје. Па сега, жители ерусалимски и мажи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје? Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги разрушам ѕидиштата, и ќе биде газено: ќе го оставам да запусти: нема ни да го кројат, ни да го копаат – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него“ (Исаија 5:2-6).

САМО БОГ ЗНАЕ КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ БИДАТ ВО ТАКВА СОСТОЈБА, ТАКА ШТО ЕВАНГЕЛИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОМЕНИ

Од горенаведените стихови произлегува дека Бог направил сè за плодност. Но, нема добри плодови, и одмаздата и казната ќе бидат праведни од Господа.

Гледате, Библијата ни кажува дека денот на доаѓањето на Господ Исус ќе го одреди Бог врз основа на духовната состојба на оние што живеат на земјата. И знак дека дојде времето на Доаѓањето ќе биде дека никој од луѓето повеќе нема да може да се промени и да премине од категорија на духовно неплодни суштества, во категорија на оние кои даваат добар плод, никој повеќе нема да сака да се обрати кон Господа.

Луѓето ќе се определат. А за оваа определба ние читаме во Христовите зборови, кои Тој ќе ги изговори на крајот од Својата посредничка служба:

Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови“ (Откровение 22:11,12).

Тоа значи дека само Бог, кој ги испитува нашите срца, го знае денот кога секој човек што живее на земјата ќе ја донесе својата конечна одлука во своето срце. И во овој контекст, оние кои го пресметуваат датумот на второто Христово доаѓање врз основа на нивното ограничено знаење, изгледаат смешно. На крајот на краиштата, луѓето ни самите себеси не се познаваат добро.

А пример за тоа е апостол Петар кој му рекол на Христа дека е подготвен да умре за Него, но за кратко време трипати се одрекол од Него.

Кога апостол Петар го направил својот последен избор? Кога го следел Христа? Или кога се заколнал на верност? Или кога се одрекол од Него? Или кога со својата смрт сведочел за својата љубов кон Господа? Кога Јуда го направил својот последен избор? Кога го следел Христа? Или кога го продал? Или кога отишол и се обесил, без да се покае?

Мораме јасно да сфатиме дека само Бог знае кога возрасните, вклучително и децата, вклучително и бебињата, ќе бидат во таква состојба што Евангелието нема да ги промени.

КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО НЕ ГО ОДРЕДУВА ПОСРЕДНИКОТ, ТУКУ СУДИЈАТА. НЕ СИНОТ, ТУКУ БОГ ОТЕЦОТ

Затоа Бог го одредил денот на потопот, знаејќи дека во него ќе загинат сите оние кои направиле избор да не влезат во ковчегот. Ное не го знаел денот на потопот, тој го градел ковчегот, тој сакал во него да се спаси од водите на потопот и на другите им проповедал за спасението, но Бог му рекол:

И му рече Господ на Ное: ‘Влезете во ковчегот ти и целото твое семејство, бидејќи ти си единствениот праведен пред Мене во овој род… Зашто по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива четириесет дена и четириесет ноќи, и ќе го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал’“ (Создавање 7:1-4).

Овие седум дена не одлучија ништо, бидејќи вратата на ковчегот беше затворена сите овие седум дена. Времето на благодатта истекло, бидејќи луѓето го направиле својот конечен избор.

Истото ќе се случи и при второто Христово доаѓање. Бог, кој ги познава срцата на луѓето, ќе му каже на Својот Син преку ангел, за да може да го слушне целиот универзум, а ние да читаме за тоа, дека секој што живее на земјата донел одлука. Крајот на времето не го одредува Посредникот, туку Судијата. Односно не Синот, туку Бог Отецот, Господарот на сè. И библиските примери служат како доказ за ова:

Тогаш Авраам се приближи и рече: ‘Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот? Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе го погубиш и нема да му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него? Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не може да биде тоа од Тебе; зарем Судијата на целата земја нема да суди право?’ И Господ рече: ‘Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го поштедам градот и целото место заради нив’… Најпосле рече: ‘Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам – можеби ќе се најдат десет?’ – Тој рече: ‘Нема да го уништам ни заради оние десет.’ И Господ замина, откако престана да зборува со Авраам; а Авраам се врати во своето место“ (Создавање 18:23-33).

КАКО ДА БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА БОГ ВЕ ОПРЕДЕЛИЛ ЗА СПАСЕНИЕ

Никој од нас не е свет, сите згрешија и лишени се од славата Божја, но во Библијата јасно се опишани карактеристиките на спасените, што значи тие се определиле во однос на прашањето на своето спасение:

„…тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето. Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престолот, ќе се всели во нив“ (Откровение 7:14,15).

Нивниот избор се состоел во тоа да признаат дека се грешници и преку Христовата жртва да се исчистат од своите гревови и да се стремат да ја достигнат Божјата светост како што е откриена во Христовиот живот. Оној кој ја зазел оваа позиција и не отстапувал од овој пат, без оглед на падовите се определил за спасение:

Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба. Затоа, сметам дека и сè друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и сè сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос,и да се најдам во Него… со праведноста од Бога преку верата… Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам да го достигнам она со кое Христос ме достигна мене. Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос“ (Филипјаните 3:7-14).

Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување“ (2 Тимотеј 4:7,8).

Вашата определба во корист на спасението е во постојан стремеж да бидете слични на Христа и во ништо друго. Правејќи го тоа, со чисто срце, односно без лукавство во вашиот дух, можете, како Павле, да верувате и да знаете дека Бог ве определил за спасение. Оваа состојба на вашиот дух е вашата подготвеност за небото:

Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на надежта за спасение, зашто Бог нè определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос“ (1 Солунјаните 5:8,9).

ШТО МОЖЕ ДА НЀ ЗАШТИТИ ОД ЛАОДИКИЈСКАТА МЛАКОСТ?

Живејте го секој ден од вашиот живот како денес да се затвораат на небото вратите на благодатта и Христос доаѓа на нашата земја. Овој дух на постојана подготвеност и желба да се сретнете со Христа ќе биде вашата најсигурна заштита од лаодикијската млакост, од која страда речиси целиот христијански свет, а и светот во целина.

Исто така прекрасна илустрација за довербата во Бога и вложувањето свои напори за победа е оваа библиска историја:

Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците; а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците. Тогаш рече Јоав: ‘Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош; биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.’ И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него. Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим“ (2 Самоилова 10:9-14).

Божјиот народ бил опколен со непријателот од двете страни. А нас ѓаволот нè напаѓа и однадвор, преку неговиот народ, и од внатре, преку нашите слабости и гревови.

Со братска помош и љубов еден кон друг, ги креваме против нашите непријатели нашите војски – а тоа се молитвите, тоа е словото Божјо, тоа е пофалбата и пеењето, верата и љубовта; и правиме сѐ што зависи од нас за победа над нашите непријатели. Бог, гледајќи ја нашата искреност и желба, ни дарува победа, како над нашите гревови, така и над нашите непријатели, давајќи ни духовен имунитет и независност од нив.

ЗАБЛУДА ЗА ХРИСТОВОТО НЕВИДЛИВО ПРИСУСТВО, А НЕ ЗА НЕГОВОТО ДОСЛОВНО ДОАЃАЊЕ

Движејќи се понатаму по текстот од 14-тото поглавје од Откровението, ние читаме:

И Оној што седеше на облакот го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана“ (Откровение 14:16).

Сатаната и тука ја ставил својата рака, внесувајќи во христијанството две заблуди, кои се контрадикторни една на друга, но се обединети во тоа, што и едната и другата се измами. Првата заблуда учи дека не станува збор за буквалното Христово доаѓање, туку само за Неговото невидливо присуство, дека Христовото царство е веќе воспоставено под Неговото невидливо владеење.

Оваа заблуда настана: најпрвин, поради едностраното разбирање на старогрчкиот збор парусија, кој има двојно значење – „доаѓање“ и „присуство“. И исто така, затоа што оние кои ја изнесоа оваа теорија не ги разгледаа сите текстови кои зборуваат за второто Христово доаѓање за да добијат целосна слика за овој славен настан.

Оваа измама лесно се открива во светлината на овие текстови, каде што се користи старогрчкиот збор парусија:

„Се радувам на доаѓањето (parousi/a) на Стефана, Фортуната и Ахаика, зашто тие го надоместија вашето отсуство“ (1 Коринтјаните 16:17).

Но Бог, Кој ги утешува понизните, нè утеши со доаѓањето (паруси/а) на Тит. И не само со неговото доаѓање (parousi/a), но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нè за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност кон мене, така што јас уште повеќе се зарадував“ (2 Коринтјаните 7:6,7).

И, исто така, овие текстови јасно кажуваат дека Христовото доаѓање ќе биде видливо со око:

Но Тој молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: ‘Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?’ Исус рече: ‘Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како иде на облаците небески’“ (Марко 14:61,62).

И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема сила и слава. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото“ (Марко 13:26,27).

Доаѓањето е претставено со настан кој всушност е видлив за очи, кој згора на тоа е придружен и со Божјите ангели, кои исто така ќе бидат видливи за сите праведници по целата земја. 

Втората измама на сатаната се состои во учењето за тајното Христово доаѓање и невидливото вознесување на небото на оние кои му се верни на Бога. Оваа измама исто така произлезе од погрешното разбирање на Божјото слово:

ЛАЖНО УЧЕЊЕ ЗА ТАЈНОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ И НЕВИДЛИВОТО ВОЗНЕСУВАЊЕ НА НЕБОТО НА ОНИЕ КОИ МУ СЕ ВЕРНИ НА БОГА

„Бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време“ (1 Солунјаните 5:2).

Ете, Јас доаѓам како крадец; блажен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов“ (Откровение 16:15).

Да, Христос вели дека ќе Тој ќе дојде како крадец, но тоа не значи дека Самиот Господ ќе биде невидлив како крадец.

Затоа што денот на Неговото доаѓање ќе се појави неочекувано како крадец, но тоа не значи дека самиот ден нема да се види, бидејќи е невозможно да не се забележи што ќе донесе овој ден со себе:   

И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сè што е на неа, ќе изгори“ (2 Петрово 3:10).

Може ли вакво нешто да помине незабележано? Ова е Христовото појавување при Неговото второ доаѓање, кое ќе биде видливо за луѓето:

„И царевите земни, и благородниците, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пештери и горски камењари, велејќи им на планините и на карпите: ‘Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?’“ (Откровение 6:15-17).

Христос вели дека рамнодушноста на луѓето кои не сакале да внимаваат на Тројната ангелска порака ќе ги спречи да видат како се приближува денот Господов. За нив овој настан ќе биде целосно изненадување, како крадец во ноќта.

…како што Потопот претставувал изненадување за претпотопните жители.

„Но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сè – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:37-39).

ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ ЌЕ БИДЕ ВИДЛИВ НАСТАН ЗА СИТЕ ЛУЃЕ

Како Божјото Слово ни го открива второто Христово доаѓање? Христовото доаѓање, како што веќе забележавме, ќе биде настан видлив за око:

Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:27).

И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема сила и слава“ (Марко 13:26).

Овој настан ќе биде видлив за сите луѓе на земјата, како за праведните така и за злите, односно нема да биде од локален карактер:

Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата…“ (Откровение 1:7).

И така, ако ви речат: ‘Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ете, во тајна соба е’ – не верувајте! Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:26,27).

„И царевите земни, и благородниците, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пештери и горски камењари, велејќи им на планините и на карпите: ‘Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?’“ (Откровение 6:15-17).

ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ ЌЕ БИДЕ НАСТАН ШТО ЌЕ ГО СЛУШНАТ СИТЕ ЛУЃЕ

Христовото доаѓање ќе биде настан што ќе го слушнат сите луѓе, затоа што ќе се случи нешто што досега не било видено за сите оние што живеат на земјата — најсилниот земјотрес,  кој ќе предизвика невидено уништување:

И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата. Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев. Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа. И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето Го проколнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо“ (Откровение 16:18-21).

ПРАВЕДНИЦИТЕ ШТО СПИЈАТ ВО ЗЕМНИОТ ПРАВ ЌЕ СЕ РАЗБУДАТ, А ЖИВИТЕ ПРАВЕДНИЦИ ЌЕ СЕ ПРЕОБРАЗАТ

За време на овој настан ќе затруби Божјата труба и Христос со Својот глас ќе ги разбуди праведниците од сите векови, кои спијат во земниот прав, за да им ја подари ветената бесмртност:

„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите“ (1 Солунјаните 4:16).

И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови“ (1 Коринтјаните 15:22,23).

Истовремено со овој настан ќе се случи и преобразба на живите од распадлива состојба во бесмртна и нераспадлива:

„Одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: ‘Победата ја проголта смртта’“ (1 Коринтјаните 15:52-54).

А потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ“ (1 Солунјаните 4:17).

КАКО САТАНАТА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ЛАЖИРА ХРИСТОВОТО ДОАЃАЊЕ

Божјата нога нема да стапне на оваа земја за време на второто Доаѓање, а праведниците ангелите ќе ги доведат кај Господа на облаците. Меѓутоа, сатаната кој, пред второто Христовото доаѓање, сака да ги лажира овие настани и да се појави под маската на Христос, ќе оди по земјата, а неговите појави ќе имаат локален карактер.

Небото нема да се свитка како свиток. Ниту, пак, ќе има има општо воскресение на праведните и сеопшто уништување на злите. Така, оние што го знаат Словото Божјо нема да бидат измамени. Христос ќе дојде со пресуда, а сатаната ќе ги приклони сите на своја страна:

Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со голема слава и сила; и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата“ (Матеј 24:30,31).

Христос ќе ги води низ вселената до Божјиот престол. Тој ќе ги одведе во небесниот Ерусалим кај Небесниот Отец, а Христовите зборови ќе се исполнат буквално:

Исус му рече: ‘Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене’“ (Јован 14:6).

ШТО ГИ ЧЕКА БЕЗБОЖНИТЕ ЛУЃЕ?

Безбожните ќе загинат од славата Божја при второто Христово доаѓање:

„И царевите земни, и благородниците, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пештери и горски камењари, велејќи им на планините и на карпите: ‘Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?’“ (Откровение 6:15-17).

„Во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прославен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво“ (2 Солунјаните 1:8-10).

Безбожните кои се умрени нема да воскреснат, а живите безбожници сите ќе бидат уништени. На земјата по второто доаѓање нема да остане ниту еден жив човек:

Ја гледам земјата – и ете, таа е разорена и пуста, – небесата, и нема на нив светлина. Ги гледам горите – и ете, тие треперат, и сите ридови се нишаат. Гледам – и ете, нема човек и сите небески птици одлетале. Гледам – и ете, плодното поле е пустина, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, од јароста на гневот Негов“ (Еремија 4:23-26).

Земјата, како резултат на второто доаѓање и злата што ќе се излеат врз неа, ќе се обезличи до непрепознатливост и ќе наликува на онаа земја, каква што била на почетокот на Божјото создавање, односно пуста и празна:

И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата. Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев. Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа. И град, голем како талант, падна од небото на луѓето…“ (Откровение 16:18-21).

САТАНАТА ЌЕ ВИДИ ДО ШТО ДОВЕЛ НЕГОВИОТ БУНТ

Сатана и неговата војска ќе останат на оваа опустошена земја, и повеќе нема да можат никого да искушуваат. Праведниците се надвор од неговиот дофат, облечени во бесмртност и однесени од Христос кај Небесниот Отец во центарот на Вселената. Злобните, кои биле негови робови за време на својот живот се мртви, и тој нема начин да влијае врз нив. Земјата е опустошена и разорена, а бунтовникот со своите демони, бидејќи окован од таквите околности, има можност да согледа до што довел неговиот бунт против Бога и Неговиот Син.

НЕКА ХРИСТОВОТО ДОАЃАЊЕ СТАНЕ СМИСЛА НА ВАШИОТ ЖИВОТ

Светото Писмо ни го открива сето тоа толку детално, така што ние, сфаќајќи го она што го читаме, нема ниту да помислиме да кокетираме со гревот. За да го согледаме крајот на големиот бунтовник и на сите што го следеа. Дека нема да  има некаква блага алтернатива на она што е опишано во врска со гревот и грешниците кои го избрале. За да се определиме дали сакаме да се ослободиме од гревот и да живееме или сакаме да останеме со гревот и да умреме:

Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).

Заземете јасна позиција во очекување на Христовото доаѓање, решете го ова прашање сами еднаш засекогаш. Нека Христовото доаѓање стане смислата на вашиот живот.

Многу ми се допаѓаат последните зборови на апостол Павле, кажани од него момент пред неговото погубување, опишани од Божјиот гласник:

„Господи! Ти си мојата утеха и мојата судбина. Кога ќе те гушнам? Кога ќе те видам со свои очи, кога веќе нема да нè дели темен превез? (Историја на спасението, 317).

Сподели го ова:

Слични објави