2. лекција — Слични на Христос во сите околности

Сподели го ова:

2. лекција — Слични на Христос во сите околности

Сабота, 10 октомври 2026

Запомнете го стихот

„Не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!“ (Филипјаните 2:3,4).

Предлагаме да прочитате: 5. Сведоштво, 167-177, 477-490.

„Кога секогаш кон секого без разлика би биле пријателски наклонети и кога на другите би им го правеле само она што сакаме нам да ни се прави, би исчезнала барем половината од злото и од неволјите што ги носи животот со себе. Духот на самоувереност е дух на сатаната, но срцето во кое се негува Христова љубов ќе има и љубов кон ближниот, љубов која ’не го бара своето’“.

Извор: Патријарси и пророци, 133.

Прашања за размислување

1. Зошто е важно христијанското единство и на кој единствен начин може да се постигне?

2. Во што се состои тајната на успехот, како за поединците така и за установите?

3. Како накратко можеме да го сумираме она што Христос го направил за човештвото?

4. И покрај нашето грешно минато, што е Христос подготвен да направи за нас и на кој начин?

5. Зошто сум склон да негодувам и да се жалам – и што може да ми помогне да ја победам оваа слабост?

Сподели го ова:

Поврзани статии