3. НОВИОТ ЧОВЕК
Вторник, 10 ноември 2026
а. Држејќи се цврсто за Христос, што мораме да умртвиме – и на кој единствен начин е тоа можно? 1. Петрово 2:11; Колосјаните 3:5-8.
„Апостол Петар ни дава задача да се чуваме од ’телесните желби кои војуваат против душата’. Секое изопачено барање станува страст. Попуштањето на апетитот го загрозува не само телесното здравје, туку често е и причина за болест на душата. Телесните желби кои апостолот ги спомнува не се однесуваат само на престап на седмата заповед, туку на секое попуштање на барањата кои ги намалуваат физичките сили и стануваат страст… Ти треба да негуваш самоконтрола. Поуките кои требало да ги научиш во младоста мораш да ги совладаш сега. Привикнувај се да умираш за себичноста и за сопственото ’јас’; настојувај својата волја да ја потчиниш на Христовата волја.“
Извор: 4. Сведоштво, 215.
„Кога христијанинот го дава својот крштенички завет, нему му се ветува божествена помош. Отецот, Синот и Светиот Дух се подготвени да дејствуваат за него. Како одговор на неговата молитва, Бог му ги става на располагање небесните ризници за да може да стане победник. Човекот сам по себе има малку сила, но Бог е семоќен и Тој е негов Помошник. Секој ден треба да ги изнесува своите потреби пред престолот на милоста. Преку вера и доверба, користејќи ги средствата што му се ставени на располагање, тој може да стане повеќе од победник.“
Извор: Our High Calling, p. 157.
б. Кога нашето срце ќе биде обновено, како тоа ќе се одрази врз нашите зборови? Колосјаните 3:9,10.
„Сѐ што прават христијаните треба да биде јасно како сончевата светлина. Вистината е од Бога, а лагата, во сите свои безбројни облици, потекнува од сатаната; и оној кој на кој било начин скршне од правиот пат на вистината, се предава себеси на силата на Злиот. Сепак, не е едноставно ниту лесно да се зборува правата вистина. Вистината можеме да ја кажеме само ако ја познаваме. Колку пати предрасудите, однапред создаденото мислење, недоволното знаење, погрешните проценки, го спречуваат вистинското разбирање на проблемот кој мораме да го решаваме. Ние нема да бидеме во состојба да ја зборуваме вистината, ако со нашиот разум постојано не управува Оној кој и самиот е вистина.“
Извор: Мисли од Гората на блаженствата, 68.
„Сатаната ликувал, бидејќи успеал да го унижи Божјиот лик во човештвото. Тогаш дошол Исус да го обнови во човекот ликот на Творецот. Само Христос можел повторно да го вообличи карактерот изопачен од гревот. Тој дошол да ги растера демоните кои господареле со волјата. Дошол да нè подигне од правта, повторно да го обликува уништениот карактер, според примерот на Својот божествен карактер и да го разубави со Својата слава.“
Извор: Копнежот на вековите, 37.
