2. ХРИСТОВАТА МИСИЈА
Понеделник, 29 јуни 2026
а. Како Исус ја опишал Својата земна мисија?
„[Се наведува Лука 4:18.] Тоа било Негово дело. Тој помина правејќи добро и исцелувајќи ги сите што беа надвладеани од сатаната. Имало цели села во кои не се слушнал извик на болка од ниедна куќа, бидејќи Тој поминал низ нив и ги излекувал сите болни. Неговото дело било доказ за Неговото божествено помазание. Во секое дело на Неговиот живот се откривале љубов, милосрдие и сомилост; Неговото срце било полно со нежно сочувство кон човечките синови. Тој ја зел човечката природа за да може да ги сфати потребите на човекот. Најсиромашните и најпонижените не се плашеле да му пристапат. Дури и малечките деца ја чувствувале Неговата привлечност. Тие сакале да се качуваат на Неговите колена и да го гледаат Неговото замислено лице, добродушно и полно со љубов.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 11.
„Исус сметал дека секоја душа мора да се повика да дојде во Неговото царство. Тој ги придобивал срцата на народот на тој начин што им покажувал дека им посакува добро. Ги барал по улиците, во домовите, на чамците, во синагогите, на брегот на езерото, па и на свадбената свеченост. Се среќавал со нив додека се одморале и покажувал интерес за нивните земни работи. Ги внесувал своите поуки во домаќинството, доведувајќи ги семејствата во нивните сопствени домови под влијание на Своето божествено присуство. Неговата силна лична наклонетост му помогнала да придобие срца. Често се повлекувал во планините за да се моли, но тоа била само подготовка за Неговата работа помеѓу луѓето во активниот живот. Од така поминатото време, Тој доаѓал да ги исцелува болните, да ги поучува неуките и да ги раскине оковите од заробениците на сатаната.“
Извор: Копнежот на вековите, стр. 151.
б. Иако бил полн со љубов и сочувство, каков пример ни дал Христос за верност во укорувањето на злото?
Јован 9:39–41; Матеј 21:12, 13.
„Исус не се притеснувал да ја каже вистината, но тоа секогаш го правел со љубов. Во своето однесување со луѓето бил мошне тактичен и им укажувал промислено и љубезно внимание. Тој никогаш не бил груб, никогаш не изговорил непотребно некој остар збор, никогаш не ѝ нанел непотребна болка на чувствителната душа. Не ги осудувал човечките слабости. Ја зборувал вистината, но секогаш со љубов. Ги осудувал лицемерството, неверувањето и беззаконието; но во Неговиот глас се чувствувала болка, додека ги изговарал своите остри прекори… Секоја душа била драгоцена во Неговите очи. Иако секогаш внимавал на своето божествено достоинство, со најнежно внимание се наведнувал над секој припадник на Божјото семејство. Во секој човек гледал падната душа заради чие што спасение дошол.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 12.
