Праведност преку вера

Сподели го ова:

1. ПРАВЕДНОСТ ПРЕКУ ВЕРА

Недела, 11 октомври 2026

а. Како Павле ја истакнува потребата од вера во Христос, наместо да се потпираме на наводните заслуги на телото? Филипјаните 3:1-3.

„Колку поблизу доаѓаме до Христос, и колку појасно ја согледуваме чистотата на Неговиот карактер, толку појасно ќе ја препознаваме прекумерната грешност на гревот и помалку ќе сакаме да се извишуваме себеси… Ниту еден од апостолите или пророците никогаш не тврдел дека е без грев. Луѓето кои живееле најблиску до Бога, луѓе кои би го жртвувале самиот живот наместо свесно да направат некое лошо дело, луѓе кои Бог ги надарил со божествена светлина и сила, ја признале грешноста на својата природа. Тие не се потпирале во телото, ниту пак тврделе дека имаат некаква своја праведност, туку целосно се потпирале врз Христовата праведност. Така ќе биде и со сите што го гледаат Христос. На секој нов чекор во нашето христијанско искуство, нашето покајание ќе се продлабочува. Токму на оние на кои им простил, на оние што ги признал како Свој народ, Тој им вели: ’Тогаш ќе се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ќе почувствувате одвратност од самите себе за гревовите свои и за лошите престапи’ (Езекиел 36:31)… Тогаш нашите усни нема веќе да се отвораат во само-величење. Ќе знаеме дека нашиот успех единствено зависи од нашата заедница со Христос.“

Извор: Христовите очигледни поуки, 160.

Сподели го ова:

Поврзани статии