Нашата награда и радост

Сподели го ова:

5. НАШАТА НАГРАДА И РАДОСТ

Четврток, 24 септември 2026

а. Кое Исусово ветување треба да ни биде причина за радост и за прославување на нашиот небесен Отец?

Исаија 41:10; Лука 12:32; 1 Петрово 4:13.

„Бог не сака Неговиот народ да биде преоптоварен со грижи. Меѓутоа нашиот Господ не лаже. Тој не ни вели: ’Не бојте се, нема опасности на вашиот пат!’ Тој знае дека постојат неволји и опасности и затоа со нас постапува отворено. Тој не се занимава со мислите дека својот народ ќе го извлече од овој свет полн со зла и гревови, туку го покажува најсигурното засолниште.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 122.

б. Наведете уште некои прекрасни ветувања за мир и радост што ни ги дал Исус.

Јован 14:1–3,27; 15:11; 16:20.

„Судирот што е пред нас може да ни донесе само нови неволји, но на она што се случило во минатото како и на она што ќе се случи во иднината можеме да гледаме и да кажеме: ’До овде ни помогна Господ!’ ’Додека траат твоите денови, ќе трае и твојата сила’ (Второзаконие 33:25). Неволјите никогаш нема да ја надминат силата, која ни е дадена за да ја поднесеме неволјата. Затоа, да ги прифатиме своите должности таму каде што ќе ги најдеме, верувајќи дека без оглед на сето она што доаѓа, ќе добиеме доволно сила да ја поднесеме неволјата. Набргу, вратите на Небото ќе се отворат да ги примат Божјите деца, а од усните на Царот на славата, како најубава музика, ќе одекнат зборовите на благослов: ’Дојдете, благословени на мојот Отец; примете го царството што ви е приготвено од создавањето на светот!’ (Матеј 25:34)… Гледајќи го ова славно наследство, кое би можело да му припадне, ’каков откуп ќе даде човекот за својата душа?’ (Матеј 16:26)… Душата откупена и исчистена од гревот, која сите свои благородни способности ги ставила во служба на Бога, има непроценлива вредност; и кога една душа ќе се спаси, радоста на Небото во присуство на Бога и светите ангели се изразува со песни на свето победоносно славење.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 125.

Сподели го ова:

Поврзани статии