Предноста на молитвата

Сподели го ова:

3. ПРЕДНОСТА НА МОЛИТВАТА

Вторник, 8 септември 2026

а. Како Исус ни го открил ставот на Својот Отец кон човечките потреби?

Матеј 6:6; 7:7–11.

„Нашиот небесен Татко чека да го излее врз нас изобилството на Свои благослови. Наша предност е што можеме обилно да пиеме од изворот на бескрајната љубов. Зарем не е тогаш чудно што толку малку се молиме? Бог е подготвен и желен да ја чуе искрената молитва на своето најскромно дете, но сепак е очигледно дека ние се притеснуваме да Му ги изнесеме нашите потреби.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 94.

„Бог е премногу мудар за да биде излажан и премногу добар за да им ускрати какво и да е добро на оние кои живеат праведно! И затоа без страв потпрете се на Него, дури и тогаш кога одговорот на вашите молитви нема да го добиете веднаш! Потпрете се на Неговото сигурно ветување: ’Барајте и ќе ви се даде’ (Матеј 7:7).“

Извор: Патот кон Христа, стр.96.

б. Што Го спречува Господа да ги услиши нашите молитви?

Псалм 66:18; Изреки 28:13.

„Нашите мисли можат да се занимаваат со Него; можеме да размислуваме за Неговите дела, доказите на Неговата милост, Неговите благослови, но сето тоа сè уште не е во потполна смисла на зборот, одржување на врска со Него. За да стапиме во врска со Бога, мора да посакаме да Му раскажеме нешто од нашиот вистински живот.“ Што можат да мислат небесните ангели за бедните беспомошни човечки суштества кои се соочуваат со искушенија, за суштествата кон кои Божјото срце чувствува безгранична љубов и е готово да им подари повеќе отколку што би можеле да побараат или замислат, а кои толку малку се молат и имаат толку малку вера! На ангелите им е мило да се поклонуваат пред Бога; тие сакаат да бидат блиску до Него. Тие разговорот со Бога го сметаат за најголема радост; но сепак синовите на оваа Земја, на кои толку многу им треба помош, која само Бог може да им ја даде, како да се задоволни што одат без светлината на Неговиот Дух, без придружба на Неговото присуство. Темнината на злото ги обвиткува оние кои ја занемаруваат молитвата. Непријателот со шепот ги искушува на грев, само затоа што не се служат со предноста што Бог им ја дал со востановувањето на молитвата.“ „Ако негуваме беззаконие во своето срце, доколку цврсто се држиме до било кој познат грев, Господ нема да не услиши; но молитвата на потиштениот покајник секогаш ќе биде прифатена. Кога ќе ги исправиме сите зла за кои сме свесни, тогаш можеме да бидеме убедени дека Бог ќе одговори на нашите молби. Нашите сопствени заслуги никогаш нема да нè препорачаат на Божјата наклоност; ние ќе се спасиме со Христовата достојност, ќе се исчистиме со Неговата крв; но сепак и самите мораме нешто да придонесеме, мораме да ги исполниме условите за да бидеме прифатени.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 93-95.

Сподели го ова:

Поврзани статии