Калинката (lat. Punica granatum) е едно од најстарите овошја познати на човештвото. Записи за ова овошје можат да се пронајдат во многу култури и религии.
Поради големиот број семки што ги содржи во својот плод, калинката уште одамна е симбол на плодноста. Потекнува од пределот што се протега од Иран до северна Индија, од каде што старите Грци ја пренеле на Медитеранот. Потоа Маврите ја odнеле во Шпанија, каде што станала заштитен национален симбол, а дури и градот Гранада го добил името по ова овошје (na шпански, калинка се вика „гранада“). Исцедениот сок од калинка се користи за изработка на традиционалниот италијански напиток la granatina.
Калинката е овошје кое уште во античко време се користело како природен лек, а и денес сокот од калинка е популарен, вклучително и меѓу познатите личности.
Здравствени придобивки и истражувања
Постојат три вида калинки: многу кисели и два поблаги вида што се јадат. Според виенскиот професор Хадемар Банкхофер, калинките ги ублажуваат тегобите во климаксот, а добри се и за простатата. Денес е познато дека содржат витамин Ц, витамин Б5 и калиум, а пред сѐ важни се и билните хормони. Содржат природни феноли, како елагитанини, и флавоноиди. „Гинеколозите откриле дека една калинка на ден ги ублажува тегобите во климаксот“, објаснува Банкхофер. Во калинката се содржани материи многу слични на естрогените и затоа влијаат на нивото на хормоните. Освен тоа, калинката е овошје кое делува против стареење и им помага на младите жени со хормонски проблеми. Оној што редовно јаде калинки ќе има цврсти нокти и убава коса, а и душевното нерасположение ќе се намали, тврдат научниците. Новите студии покажуваат дека билните хормони на калинката го намалуваат ризикот од појава на рак на простата.
Сто милилитри сок од калинка содржат околу 16% од препорачаната дневна доза на витамин Ц.
Содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонин за подобро расположение и естроген за одржување на коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција од остеопороза.
Клиничките истражувања покажуваат дека состојките кои се наоѓаат во калинката, наречени punicalagini, се корисни за здравјето на срцето и крвните садови. Го намалуваат холестеролот и крвниот притисок и го спречуваат натрупувањето на наслаги на крвните садови предизвикани од атеросклероза. Punicalaginите се главен извор на антиоксидативното дејство на калинката.
Состојките во калинката го забавуваат развојот на рак на дојката, простатата, дебелото црево и леукемијата, и ги спречуваат промените што го поттикнуваат растот на туморите.
Докажано е дека чаша сок од калинка има посилно антиоксидативно дејство од чаша црвено вино или зелен чај, додека екстрактот од калинка може да делува и до десет пати посилно. За подигнување на имунитетот и превенција од здравствени нарушувања се препорачува 2,5 децилитри свежо исцеден сок од калинка.
