Свесно уважување

Сподели го ова:

4. СВЕСНО УВАЖУВАЊЕ

Среда, 7 октомври 2026

а. Како Бог Отецот гледа на неизмерната жртва што ја принесе Христос – и како треба да гледаме на неа и ние? Филипјаните 2:9-11.

„На чија страна сте? Светот Го отфрли Христос, а небото Го прими. Човекот, ограничен и смртен, Го отфрли Кнезот на животот; Бог, нашиот врховен Владетел, Го прими на небото и Го возвиши над секое име. Човекот Го круниса со трнов венец, а Бог Го круниса со круна на царско величество. Мораме искрено да размислиме и да одлучиме: Дали сакаме над нас да владее овој Човек, Исус Христос, или Варава?… За оние што Го примаат Христос и веруваат во Него, Неговата смрт е надеж и вечен живот.“

Извор: Коментари на библиските текстови, 489.

б. Иако сме слаби во моралната сила и волјата, зошто мораме свесно да Му се предадеме на Спасителот? Филипјаните 2:12,13.

„Ако навистина си почнал да живееш живот на вера, предај Му се целосно на Господа, и Тој, во согласност со Својата намера, ќе те изгради и обликува така што ќе бидеш сад за чест. Треба да бидеш подготвен во Неговите раце да бидеш податлив и да одиш секаде каде што Тој ќе те води. На тој начин ќе Му дозволиш да ја оствари Својата намера за тебе, а истовремено ќе соработуваш со Него, работејќи на своето спасение со страв и трепет… Чистата вера не ја исклучува дејноста на волјата. Волјата е владејачката сила на човечката природа и управува со сите други способности. Волјата не е вкус ниту наклонетост, туку сила на одлучување, која децата ги прави покорни или непокорни на Бога.“

Извор: 5. Сведоштво, 512, 513.

„Ти ќе бидеш во постојана опасност сѐ додека не ја видиш вистинската сила на волјата. Ќе веруваш во сѐ и ќе ветуваш, но твојата вера и твоите ветувања нема да имаат никаква вредност сѐ додека со својата волја не застанеш на страната на верата и делата. Ако се бориш во борбата на верата со сета сила на твојата волја, ќе победиш. Не смееш да се потпираш на твоите чувства, впечатоци и сфаќања, затоа што тие не се сигурни…

„Но не треба да очајуваш… На тебе останува да ја потчиниш твојата волја на Христовата волја. Ако го направиш тоа, Бог непосредно ќе делува во тебе да го сакаш и да го правиш она што Му е угодно. Тогаш целата твоја природа ќе се потчини на Христовиот Дух, па дури и твоите мисли.“

Извор: 5. Сведоштво, 513, 514.

Сподели го ова:

Поврзани статии