Сподели го ова:

1. СИГУРЕН ИЗВОР

Недела, 1 ноември 2026

а. Во време кога ни се достапни толку многу информации, каде нè упатува апостолот да ги бараме вистинските одговори? Колосјаните 2:1-4.

„Ми беше заповедано да му кажам на нашиот народ: Да го следиме Христос. Не заборавајте дека Тој треба да биде наш пример во сè. Идеите кои не се наоѓаат во Неговото учење можеме да ги отфрлиме без никаков страв. Ги повикувам нашите проповедници: Настојувајте вашите нозе цврсто да стојат на тлото на вечната вистина. Внимавајте да не се управувате според вашите побуди нарекувајќи го тоа Светиот Дух. На некои им се заканува опасност во тој поглед. Јас ги повикувам да бидат здрави во верата, способни да дадат одговор на секој кој ќе ги запраша за нивната надеж.“

Извор: 8. Сведоштво, 296.

„Ние се приближуваме на крајот на времето и денес не треба да се прилагодуваме на вкусовите и склоностите на овој свет, туку на Светиот Дух; ние денес треба да испитуваме што вели Светото писмо и потоа да одиме по светлината што Бог ни ја дал. Нашите склоности, навики и обичаи не смеат да бидат на прво место.“

Извор: 5. Сведоштво, 506.

б. Поради кои скапоцени особини апостолот особено ги пофалува верниците во Колоси? Колосјаните 2:5.

Сподели го ова:

Поврзани статии