5. лекција — Да одиме достојно
Сабота, 31 октомври 2026
Запомнете го стихот
„Та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сè, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и великодушност со радост“ (Колосјаните 1:10,11).
Предлагаме да прочитате: 2. Сведоштво, 71-77; 8. Сведоштво, 286-289.
„Павле со зборови ја изразил својата желба во врска со Колосјаните. Колку е возвишен идеалот што го содржат тие зборови за Христовите следбеници! Тие ги покажуваат чудесните можности на христијанскиот живот и го прават јасен фактот дека нема граници за благословите што можат да ги добијат Божјите деца.“
Извор: Делата на апостолите, 471.
Прашања за размислување
1. Која Павлова желба за Колосјаните треба и ние денес да ја примениме на себе?
2. Како Библијата Го велича Христос како Создател на сè?
3. Зошто е од суштинско значење правилно да ја разбереме Христовата природа?
4. Иако некој може да Го исповеда Христос, какво занемарување ја поткопува вистинската вера во Него?
5. Зошто е толку важно денес Христос да биде во нас – надежта на славата?
