5. ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ
Четврток, 8 октомври 2026
а. Наведете некои вообичаени проблеми што треба да ги совладаме. Филипјаните 2:14,15.
„Божјата љубов мора да владее во душата за да можат во неа да се покажат плодовите на праведноста. Опасно е да ѝ се попушта на суетата и на горделивоста, како и на желбата за добивка. Да се задава некому болка, да се обвинува и да се напаѓа затоа што нема никаква власт и што оној кој на тој начин го малтретирате не е во состојба да го спречи – е најлош вид на себичност. Себичноста создава неслога во семејниот круг и во црквата. Необратеното срце во кое го нема Христос ниту Неговата љубов секогаш пронаоѓа големо зло во другите, иако тоа всушност не постои и се задржува на ситници сè додека не успее да ги прикаже како нешто важно и големо. На Своите следбеници Бог им дава задача сами да ги средат тие ситни прашања кои на некои им изгледаат толку големи. Не дозволувајте тие безначајни ситници да станат корен на горчина во црквата, кој може да опогани и да им наштети на мнозина. Срцето во кое Христос постојано престојува ќе биде толку облагородено со љубовта кон Бога и ближните, така што во него нема да има место за зајадливост, пронаоѓање на туѓи грешки, расправање и кавга. Христовата религија во срцето на оној кој навистина ја поседува стекнува победа над вакви и слични страсти, кои настојуваат да загосподарат во душата.“
Извор: 4. Сведоштво, 610.
б. На која важна вистина треба да нè потсети Павловата пофалба за Епафродит? Филипјаните 2:21,25-27,30.
„Христос не ги испратил Своите ангели на овој паднат свет, а Самиот да остане на небото; Тој лично излегол надвор од логорот, поднесувајќи го срамот. Станал Човек на болката, запознаен со страдањето; врз Себе ги зел нашите слабости и ги понел нашите немоќи. Бог гледа на недостигот од самоодрекување кај Своите следбеници како на одрекување од Христовото име. Оние што тврдат дека се едно со Христос, а сепак им се препуштаат на своите себични желби за раскошна и скапа облека, мебел и храна, се христијани само по име. Да се биде христијанин значи да се биде сличен на Христос.“
Извор: Counsels on Stewardship, 54.
