Отворено признавање

Сподели го ова:

5. ОТВОРЕНО ПРИЗНАВАЊЕ

Четврток, 23 јули 2026

а. Како Павле понизно и јасно го признал својот грев?

Дела 26:10,11.

„Примерите на вистинско покајание и понизност, запишани во Божјото слово, ни откриваат подготвеност за признавање без изговор за гревот или обид за самооправдување. Павле не се обидел да се оправда; тој го слика својот грев во најтемни бои, не обидувајќи се да ја намали својата вина. (Дела 26:10,11).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 41.

б. Што изјавил Павле во своето Прво послание до Тимотеј?

1 Тимотеј 1:15.

„Ние во себе не можеме да видиме ништо освен слабост, ништо што би нè препорачало на Бога, а сатаната ни вели дека сите наши настојувања се бескорисни и дека не сме во состојба да ги исправиме маните во нашиот карактер. Кога ќе се обидеме да дојдеме кај Бога, непријателот ќе шепне: Нема никаква полза да се молиш, зарем не се сеќаваш дека си го направил она зло дело? Зарем не си му згрешил на Бога и си работел против сопствената совест? Но ние со право можеме да му одговориме на непријателот: ’Крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев’ (1 Јованово 1:7). Кога ќе почувствуваме дека сме грешни и не можеме да се молиме, токму тоа е момент за молитва. Кога сме можеби засрамени во чувството на сопствената ништожност, сепак мораме да се молиме и да веруваме. (1 Тимотеј 1:15). Простувањето… е дар кој се темели на Христовата беспрекорна праведност.“

Извор: Мисли од гората на блаженствата, стр. 115.

в. Што ни ветува Бог ако ги признаеме своите гревови?

1 Јованово 1:9.

„Понизното и скршено срце, скротено со вистинското покајание, ќе сфати, иако не целосно, колкава е Божјата љубов и цената на Голгота; и како што синот исповеда на саканиот татко, така и вистинскиот покајник ќе ги изнесе своите гревови пред Бога. Стои напишано: ’Ако ги признаеме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите наши, и да нè очисти од секаква неправда!’ (1 Јованово 1:9).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 41.

Сподели го ова:

Поврзани статии