Опасноста од самооправдувањето

Сподели го ова:

4. ОПАСНОСТА ОД САМООПРАВДУВАЊЕТО

Среда, 22 јули 2026

а. Кога Господ ги прашал Адам и Ева за нивниот грев, како тие навестиле дека тоа всушност не била нивна вина?

Создавање 3:12,13.

„Адам не можел својот грев ниту да го побие ниту да го оправда. Меѓутоа, наместо да покаже дека се кае, се обидел вината да ја префрли врз својата жена, а со тоа и врз Бога. ’Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.’“

Извор: Патријарси и пророци, стр. 58.

„Бидејќи јаделе од забранетиот плод, Адам и Ева ги исполнило чувство на срам и ужас. Најпрвин размислувале за тоа како да го оправдаат својот грев и да ја избегнат смртната казна од која се ужасувале. Кога Господ ги распрашал за нивниот грев, Адам одговорил, префрлувајќи ја вината делумно на Бога, а делумно на својата другарка: ’Жената која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев’. Жената ја префрлила вината на змијата велејќи: ’Змијата ме измами, и јас јадев“ (Создавање 3:12,13). Зошто си ја создал змијата? Зошто си дозволил да влезе во Едем? Овие прашања биле вклучени во нејзиниот изговор поради направениот грев прогласувајќи го Бога одговорен за нивниот пад.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 40.

б. Зошто самооправдувањето го прави признавањето безуспешно?

Јов 9:20; Лука 16:15.

„Духот на самооправдување потекнува од таткото на лагата и се има покажано во сите синови и ќерки Адамови. Ваквите признанија не се вдахновени со божествениот Дух и Бог не може да ги прифати. Вистинското покајание го наведува човекот сам да ја понесе својата вина и да ја признае без измама или лицемерие.“

„Ние не треба да се обидуваме да ја намалиме нашата вина барајќи некаков изговор за гревот. Ние мораме да ја прифатиме Божјата проценка за гревот, а таа е навистина тешка. Единствено Голгота може да ни ја открие страшната грозотија на гревот. Кога би морале сами да ја носиме сопствената вина, тоа ќе нè уништи. Меѓутоа, Безгрешниот го зазеде нашето место, иако недолжен, Тој ги понесе нашите неправди. ’Ако ги исповедаме гревовите свои’, Бог е „верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда’ (1 Јованово 1:9). Каква величествена вистина! Праведен на сопствениот Закон, а сепак ги оправдува сите оние што веруваат во Исуса. ’Кој Бог е како Тебе, за да ги простува беззаконијата, да мине преку престапите на остатокот од Своето наследство? Тој вечно не се гневи, зашто Тој со радост се смилува’ (Михеј 7:18).“

Извор: Мисли од гората на блаженствата, стр. 116.

Сподели го ова:

Поврзани статии