Жалост поради гревот

Сподели го ова:

1. ЖАЛОСТ ПОРАДИ ГРЕВОТ

Недела, 12 јули 2026

а. Каков доказ за вистинско покајание барал Јован Крстител?

Лука 3:7–14.

„Во покајанието е вклучена жалост поради гревот и одвојување од него. Ние нема да го отфрлиме гревот ако не ја увидиме неговата расипаност; сè додека нашето срце не се откаже од него, нема да има никаква вистинска промена во нашиот живот.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 23.

б. Што треба да знаеме за вистинското покајание што ги менува срцето и животот?

2 Коринтјаните 7:9,10.

„Вистинската тага поради гревот е резултат на делувањето на Светиот Дух. Духот ја открива неблагодарноста на срцето, кое го омаловажило и растажило Спасителот и во покајание не доведува до подножјето на крстот. Со секој грев Исус повторно е ранет. И кога ќе го насочиме погледот кон Оној, Кого сме го раниле, тогаш плачеме поради гревовите со кои сме му нанеле страдање. Таквиот плач не наведува да се откажеме од гревот.“

Извор: Копнежот на вековите, стр. 300.

„Но кога срцето ќе му се предаде на влијанието на Божјиот Дух, совеста се буди и грешникот разузнава по нешто од длабината и светоста на Божјиот свет закон кој е темел на Неговото владеење и на небото и на земјата.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 24.

Сподели го ова:

Поврзани статии