11. ЛЕКЦИЈА — ПРЕДНОСТА НА МОЛИТВАТА
Сабота, 5. септември 2026
Запомнете го стихот
„Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“ (Матеј 6:6).
Предлагаме да прочитате
Патот кон Христа, единаесетто поглавје, стр. 93–104.
„Молитвата е отворање на срцето пред Бога како на пријател. Не затоа што би било неопходно да Му откриеме што сме, туку да се оспособиме себеси да Го примиме. Молитвата не Го симнува Бога кај нас, туку нас нè воздигнува кај Него.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 93.
