7. лекција — Одразувајќи ја вечноста
Сабота, 14 ноември 2026
Запомнете го стихот
„Мислете за небесното, а не за земното“ (Колосјаните 3:2).
Предлагаме да прочитате: 4. Сведоштво, 92-94, 350-359; Messages to Young People, pp. 102–118.
„За да можеш своите способности и знаење да ги користиш така вешто во спасување на душите и во објавувањето на вистината на оние кои сè уште се во темнина како што тоа го правеше во стекнување на заработувачка и зголемување на својот земен имот, твојата круна во царството на славата би била украсена со многу ѕвезди.“
Извор: 4. Сведоштво, 358.
Прашања за размислување
1. Што премногу често покажува дека сме обземени од световноста?
2. Како можам подобро да го насочам своето внимание кон подготовката за средбата со Исус?
3. Зошто Исус сака да се издигнам на повисоко ниво на размислување и постапување?
4. Зошто расправите за расните разлики се без значење за вистинските христијани?
5. Како можам преку збор и песна да зрачам со небесна чистота и невиност?
