Живеење преку вера

Сподели го ова:

5. ЖИВЕЕЊЕ ПРЕКУ ВЕРА

Четврток, 13 август 2026

а. Како апостол Павле живеел победоносен живот?

1 Коринтјаните 15:30, 31.

„Со вера и постојано потчинување на својата волја на Христа треба да ја одржувате оваа врска со Него; и сè додека го правите тоа, Тој ќе делува на вас да го сакате и да го правите она што Му е пријатно.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 62.

„Христос во Својата човечка природа изградил совршен карактер и тој карактер Тој ни го нуди и нам. ’Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека’ (Исаија 64:6). Сè што можеме да сториме ние самите е извалкано со грев. Но Божјиот Син ’се јави за да ги земе нашите гревови; а грев во Него нема’… Христос бил послушен кон сите барања на законот. Самиот за Себе рекол: ’Со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое’ (Псалм 40:8)… Со Својата совршена послушност Христос на секое човечко суштество му овозможил да ги почитува Божјите заповеди. Кога ќе му се предадеме на Христа, срцето се соединува со Неговото срце, волјата се спојува со Неговата волја, умот станува едно со Неговиот ум, мислите се заробуваат покорувајќи се Нему; ние живееме Негов живот. Тоа значи дека сме облечени во облеката на Неговата праведност.“

Извор: Христовите очигледни поуки, стр. 311.

б. Каква радост изразил псалмистот во својот живот?

Псалм 119:97.

„Кога зборуваме за верата, мораме да имаме на ум една разлика. Имено, постои еден вид верување кое целосно се разликува од верата. Постоењето на Бога и Неговата моќ, вистината на Неговите зборови, сето тоа се факти што ни сатаната и неговата војска не можат сериозно да ги негираат. Библијата вели дека и ѓаволите веруваат и се тресат, но тоа не е вера. Таму каде што постои не само верување во Божјото слово, туку и прифаќање на Неговата волја, каде што срцето му се потчинило Нему, чувствата се насочиле кон Него, таму е верата – верата која работи низ љубовта и ја чисти душата. Со таа вера во срцето се обновува Божјиот лик.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 63.

Сподели го ова:

Поврзани статии