Сподели го ова:

1. БОЖЈАТА МИЛОСТ

Недела, 19 јули 2026

а. Што треба да направиме кога ќе бидеме осведочени за грев?

Изреки 28:13; Јаков 5:16.

„Условите за добивање на Божјата милост се едноставни, праведни и разумни. Господ не бара од нас да се изложуваме на маки за да добиеме простување на гревот. Не мораме да одиме на долги и исцрпувачки поклоненија, или пак да вршиме мачни покори за да му ја препорачаме нашата душа на небесниот Бог или пак да ги окаеме своите престапи, туку оној кој признава и го остава својот грев добива милост“.

Извор: Патот кон Христа, стр. 37.

б. Каков став бара ова од нас?

Изреки 15:33; 19:23; Псалм 34:18.

„Оние кои не се понизиле пред Бога со признавање на својата вина, не го исполниле ни првиот услов да бидат примени. Ако не се покаеме вистински и неповратно, ако во длабока понизност и потиштеност на срцето не сме си ги признале гревовите, згрозувајќи се од своето беззаконие, ние никогаш навистина не сме побарале простување на гревовите; а ако никогаш не сме побарале, никогаш не сме нашле мир од Бог. Единствена причина што не сме добиле простување на минатите гревови е нашата неподготвеност да го потчиниме нашето срце и да ги исполниме условите на Словото на вистината. За тоа ни се дадени точни упатства. Признавањето на гревовите, било јавни или тајни, мора да биде дадено од срце и јасно изразено.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 37, 38.

Сподели го ова:

Поврзани статии