← Назад кон лекцијата

8. Сведоштво

Елена Вајт · Оригинални страници 286–289

Оригинална страница 286Сè што човекот треба и може да дознае за Бога е откриено во животот и карактерот на Неговиот Син. {8С 286.1}

„Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Таткото - Тој Го објави“ (Јован 1:18). {8С 286.2}

Земајќи на Себе човечко обличје, Христос дошол да биде едно со човештвото, а во исто време на човечките битија да Го открие нашиот небесен Татко. Тој во сè бил создаден како и Неговите браќа. Станал тело, како што сме ние. Чувствувал глад, жед и умор. Се одржувал со храна и се одморал со сон. Ја делел судбината на луѓето, а сепак бил безгрешен Божји Син. На земјата бил како странец и патник - бил во светот, но не од светот; бил искушуван како што се искушуваат и денешните мажи и жени, а сепак живеел безгрешен живот. {8С 286.3}

Нежен, милостив, сочувствителен, секогаш грижејќи се за другите, Тој го прикажувал Божјиот карактер и постојано бил во служба на Бога и на луѓето. {8С 286.4}

„И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина“ (Јован 1:14). {8С 286.5}

„Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот“, рекол Тој, „љубовта со која Ме возљуби да биде во нив и Јас во нив“ (Јован 17:6,26). {8С 286.6}

„Љубете ги непријателите свои“ наредил Тој, „благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат, и молете се за оние што ве навредуваат и гонат. За да бидете синови на вашиот Татко, Кој е на небесата“, „зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите“. „Зашто Тој со Своето сонце ги грее и лошите и добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните“. „И така, бидете милосрдни како што е милосрден и вашиот Татко“ (Матеј 5:44,45; Лука 6:35,36). {8С 286.7}

Оригинална страница 287Откровението на Божјата љубов кон луѓето е сконцентрирано на крстот. Неговото потполно значење јазикот не може да го искаже, перото не може да го опише, ниту човечкиот ум е во состојба да проникне во тоа. Набљудувајќи го крстот на Голгота единствено што можеме да кажеме е: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). {8С 287.1}

Христос кој бил распнат заради нашите гревови, Христос што воскреснал од мртвите, Христос што се вознел на небото — тоа е наука на спасението што треба постојано да се учи и да им се проповеда на другите. {8С 287.2}

„Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сè до самата смрт, смрт на крст“ (Филипјаните 2:6-8). {8С 287.3}

„Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога“. „Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив“ (Римјаните 8:34; Евреите 7:25). {8С 287.4}

„Зашто, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој искусил сè како и ние, освен грев“ (Евреите 4:15). {8С 287.5}

Тука се бесконечната мудрост, бесконечната љубов, бесконечната правда и бесконечната милост, „длабочина на богатство, мудрост и знаење Божјо“ (Римјаните 11:33). {8С 287.6}

Само преку Христа, кој ни е подарен како најголем дар, го примаме секој благослов. Благодарение на тоа, нам секојдневно ни е на дофат неисцрпно изобилство на Јеховина добрина. Со овој еден Дар даден ни е секој цвет со своите прекрасни бои и пријатен мирис за да уживаме во него. Тој го создал сонцето и месечината: нема ниедна ѕвезда која го краси небото, а да не е Негово дело. На нашата трпеза нема ниедна намирница што Тој не ја создал за да се храниме со неа. На сè е запишано Христовото име. Човекот добил сè со овој неискажлив Дар — преку единородниот Божји Син. Тој бил закован на крстот за сите тие дарови да се излеваат кон човекот кој е дело на Божјите раце. {8С 287.7}

{8С 287.7}

Оригинална страница 288Плодот на дрвото на животот во Едемската градина имал натприродна сила. Да се јаде од него значело да се живее вечно. Тој претставувал лек против смртта. Неговите лисја давале живот и бесмртност. Но преку човечката непослушност смртта влегла во светот. Адам јадел од дрвото за познавање на доброто и злото, а тоа му било забрането. Неговиот престап отворил врата на цела поплава од неволји кои го снаоѓаат човечкиот род. {8С 288.1}

По појавата на гревот, небесниот Домаќин го пресадил дрвото на животот во небесниот рај, но неговите гранки се прошириле над ѕидовите и достигаат до овој свет. Откупувањето што го добивме со Христовата крв овозможува сè уште да го јадеме животодавниот плод. {8С 288.2}

За Христа е напишано: „Во Него беше животот и животот им беше светлина на луѓето“ (Јован 1:4). Тој е извор на животот. Покорувањето на Нему претставува животодавна сила што ја развеселува душата. {8С 288.3}

Христос објавува: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладне и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедне“. „Како што Ме прати живиот Татко и Јас живеам преку Таткото, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене... Духот е тој што оживува; телото ништо не ползува. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот“. „На оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај“ (Јован 6:35,57,63; Откровение 2:7). {8С 288.4}

Оригинална страница 289„Гледајте колку голема љубов ни дал Таткото да се наречеме чеда Божји“ (1. Јованово 3:1). {8С 289.1}

Сознанието за Бога кое ни е откриено во Христа е сознание кое сите спасени мора да го имаат. Тоа е сознание кое доведува до преобразба на карактерот. Кога ќе се прими тоа сознание, тоа ќе ја преобрази душата во Божји облик. Тоа на целото суштество му дава духовна, божествена сила. {8С 289.2}

„Ние, пак, сите со откриено лице како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава“ (2. Коринтјаните 3:18). {8С 289.3}

Спасителот рекол за Својот живот: „Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко“. „Не Ме остави Таткото Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно“ (Јован 15:10; 8:29). Христовите следбеници треба да бидат такви каков што бил Тој кога ја примил на Себе човечката природа - тоа е Божја намера. Во Неговата сила треба да живеат живот на чистота и благородност како што живеел Спасителот. {8С 289.4}

„Затоа“, кажува Павле, „ги преклонувам колената свои пред Таткото на нашиот Господ Исус Христос, од Кого се именува секој род на небесата и на земјата, да ви даде, по богатство на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што длабочина и височина, и да ја спознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја“ (Ефесјаните 3:14-19). {8С 289.5}

← Назад кон лекцијата