4. лекција — Зацврстени со небесна сила

Сподели го ова:

4. лекција — Зацврстени со небесна сила

Сабота, 24 октомври 2026

Запомнете го стихот

„Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сè и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во немаштија. Сè можам преку Исус Христос, Кој ме крепи“ (Филипјаните 4:12,13).

Предлагаме да прочитате: 2. Сведоштво, 595-597; Делата на апостолите, 461-468.

„Не заборавајте дека соработката со Христос како со ваш личен Спасител е ваша сила и ваша победа. Тоа е улога која сите мораат да ја одиграат. До оние кои така постапуваат доаѓа ветувањето: „А на сите кои Го примија, им даде моќ да станат Божји деца (Јован 1:12)“.

Извор: 7. Сведоштво, 39.

Прашања за размислување

1. Како можам поуспешно да им помагам на заблудените души?

2. Објасни колкаво влијание има изборот на нашите мисли.

3. За што треба да размислувам, а од какви мисли треба да се чувам?

4. Објасни ја силата што произлегува од пребивањето во Христос.

5. Што можам да научам од христијаните што живееле во домот на Цезар?

Сподели го ова:

Поврзани статии