1. ПРИМЕР ЗА НАС
Недела, 25 октомври 2026
а. Како апостол Павле ја изразува својата длабока доверба во духовната состојба на верниците во Колоси? Колосјаните 1:1-6.
„Првото и второто поглавје од Посланието до Колосјаните ми беа прикажани како израз на она што треба да бидат нашите цркви во сите делови на светот.“
Извор: Коментари на библиските текстови, 753.
б. На какво дејствување оваа вера го поттикнува апостолот? Колосјаните 1:7-11.
„(Цитирани се Колосјаните 1:9–11). Колку е сеопфатна оваа молитва! Во благословите што имаме предност да ги бараме и примаме нема никакво ограничување. И ние можеме во молитва да бараме и да постигнеме да бидеме „исполнети со познавањето на Неговата волја“. Светиот Дух не би го вдахновил Павле да упатува таква молитва за своите браќа, ако Бог не им овозможил да го примат она за што се молел. Бидејќи е така, знаеме дека Божјата волја му се открива на Неговиот народ секогаш кога му е потребно појасно да ја разбере.“
Извор: Коментари на библиските текстови, 753, 754.
