4. ОСОБЕН НАРОД
Среда, 11 ноември 2026
а. Опишете ја Божјата порака упатена до целиот човечки род што Тој го создал. Дела 17:24,26,27; Колосјаните 3:11.
„(Христос) го нашол човештвото потонато во мизерност и грешност. Тој знаел дека мажите и жените се расипани и деградирани и дека се оддаваат на најодвратни пороци. Ангелите се восхитувале што Христос се нафаќа на задача која им изгледала безнадежна. Тие се восхитувале како Бог може да трпи таков грешен род. Тие никаде не можеле да видат место за љубов. Но ’Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.’“ Христос дошол на овој свет со вест на милост и простување. Тој ги поставил темелите на една вера по патот по кој Евреите и незнабошците, црните и бели луѓе, слободните и робовите, се обединети во заедничко братство како рамноправни во Божјите очи. Спасителот чувствува безгранична љубов кон секое човечко суштество. Тој гледа дека во секого постои способност за подобрување. Со Божествена енергија и надеж Тој ги поздравува оние поради кои го дал Својот живот. Во Неговата сила тие можат да живеат живот богат во добри дела, исполнети со сила на Светиот Дух.“
Извор: 7. Сведоштво, 225.
б. Наведете некои начини на кои нашите зборови и постапки можат да откријат повисоко ниво на христијански живот од она што најчесто се гледа. Колосјаните 3:12-14.
„Ако некој брат направил јавен грев, не пренесувај го тоа на другите, туку со љубов кон душата на својот брат и со срце полно сочувство и милост укажи му на заблудениот на неговиот грев, а потоа препушти му го тоа нему и на Господ. Со тоа си ја извршил својата должност. Не е твое да изрекуваш пресуда. Стана мошне лесно да се создаде сплетка со која некој брат ќе биде ограничен, осуден и држен под осуда. Постои извесно ревнување за Бога, но не според разумот. Кога секој би настојувал најнапред сѐ да биде како што треба во неговото сопствено срце, сведоштвото на верниците би доаѓало од длабината на душата кога тие би се состанале, и тоа би имало добро влијание на оние што сѐ уште не ја прифатиле вистината. Таквата манифестација на Божјиот Дух би им зборувала на нивното срце дека навистина сте Божји деца. Нашата меѓусебна љубов треба да биде видлива за сите што нѐ опкружуваат. Тогаш таа ќе биде речита и ќе шири силно влијание… Започнете со лична задача, бидете поревни и покајте се; и откако ќе ги исправите сите познати грешки верувајте дека Бог ќе ве прими. Не жалете се, туку во молитва повикајте се на Божјите ветувања.“
Извор: 1. Сведоштво, 165.
