1. СОЧУВСТВО
Недела, 18 октомври 2026
а. Што треба да научиме од начинот на кој Павле ги охрабрувал другите? Филипјаните 4:1.
„(Павле) им пишува како на мажи и жени, кои морале да се борат со искушенијата и биле во опасност да паднат… Кога заблудениот ќе ја воочи својата грешка, внимавајте да не го уништите неговото самопочитување. Немојте да го обесхрабрувате, укажувајќи му недоверба и незаинтересираност. Не велете: ’Немам доверба во него, додека не видам дали ќе се одржи’. Честопати, оние што се во искушение, се сопнуваат токму заради тоа што се нема доверба во нив.“
Извор: Здравје и среќа, 167.
„Доброто расположение го просветува умот, а храмот на душата го осветлува со сигурност што имаме мир со Бога, надеж за вечен живот преку Христос, и задоволство и другите да ги усреќиме со радоста којашто нема ништо заедничко со тагата.“
Извор: Мојот живот денес, 177.
