Да одлучиме што ќе љубиме

Сподели го ова:

2. ДА ОДЛУЧИМЕ ШТО ЌЕ ЉУБИМЕ

Понеделник, 9 ноември 2026

а. Кој свесен избор треба доследно да го правиме за да го зачуваме своето спасение? Колосјаните 3:2, 3; Откровение 3:11.

„Нашиот ум се издигнува до висината на она на што се задржуваат нашите мисли; и ако постојано размислуваме само за земните работи, нема да го примиме печатот на она што е небесно. Размислувањето за Божјата милост, добрина и љубов би ни донело големи благослови, додека со задржувањето на минливите земни работи само ја зголемуваме својата загуба. Ние дозволуваме тагата, грижите и недоумиците постојано да ги врзуваат нашите мисли за оваа земја, и така од кртичњаци правиме планини од тешкотии… Не смееме да дозволиме минливите земни работи да го обземат целото наше внимание и нашиот ум да биде исполнет само со мисли за земјата и за она што е земно. Мораме да го воспитуваме, дисциплинираме и образуваме умот така што нашите мисли ќе бидат насочени кон небесното и ќе се занимаваме со она што е невидливо и вечно, а што можеме да го распознаеме само со духовниот вид. Набљудувајќи Го на тој начин Оној што е невидлив, можеме да стекнеме сила на умот и освежување на духот.“

Извор: Коментари на библиските текстови, 698.

б. Која возвишена предност му е дадена на секој Христов следбеник, и како можеме активно да ја искористиме? Колосјаните 3:4; 1. Јованово 3:2,3.

„Нашиот живот треба да биде скриен со Христос во Бога, и тогаш иако ’уште не се знае што ќе бидеме – кога ќе се појави Христос Кој е наш живот, – ќе бидеме како и Тој, бидејќи ќе Го видиме каков што е’. Царското достоинство на христијанскиот карактер ќе блеска како сонце, а зраците на светлината од Христовото лице ќе се одразуваат јасно на оние кои ќе се очистат од гревовите и ќе бидат чисти како што е Тој. Предноста да станеме Божји синови е евтино платена, дури и ако поради тоа треба да жртвуваме сè што имаме, па и самиот живот. Драг мој брате, мораш да се соочиш со фактот дека би требало да бидеш човек според Божјото срце. Тоа што другите се осмелуваат во своите зборови и постапки да не се држат строго за христијанските критериуми, не треба да ти служи како изговор. Ти пред Судијата на целиот свет ќе мораш да станеш, не да одговараш за другите, туку за себе. Недостатоците на другите во никој случај не можат да бидат изговор за нашите пропусти, бидејќи пред Бога сите имаме лични одговорности, а Христос со Својот беспрекорен живот ни оставил совршен Пример… Искушенијата и понатаму ќе продолжат да нè облетуваат, бидејќи на тој начин треба да бидеме испитани сè додека трае времето на нашата проверка. Самото искушение не претставува никаков грев; гревот настанува кога им попуштаме на искушенијата.“

Извор: 4. Сведоштво, 357, 358.

Сподели го ова:

Поврзани статии