3. лекција — Копнеж подобро да го запознаеме Исус
Сабота, 17 октомври 2026
Запомнете го стихот
„За да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата, та некако да го достигнам воскресението на мртвите“ (Филипјаните 3:10,11).
Предлагаме да прочитате: 3. Сведоштво, 22-32; The Story of Redemption, 310-314.
„Кога проучувачите на Библијата гледаат во Спасителот, тогаш во душата се буди таинствената сила на верата, обожувањето и љубовта. Гледајќи го постојано Христовиот лик, гледачот станува сѐ посличен со Оној кого Го обожува.“
Извор: Воспитување, 192.
Прашања за размислување
1. Што ќе ме спречи да се самовозвишувам?
2. Опиши ја чудесната преобразба на Павловиот карактер.
3. Што треба да биде средиштето на мојот живот?
4. Како претераното попуштање на апетитот влијае врз мојата духовност?
5. Кои замки можат да го попречуваат мојот христијански раст?
