Радост во служењето на Христос

Сподели го ова:

2. РАДОСТ ВО СЛУЖЕЊЕТО НА ХРИСТОС

Понеделник, 12 октомври 2026

а. Опишете го поранешниот став на Павле, пред да се обрати кон Христос. Филипјаните 3:4-6.

„Во теолошките училишта во Јудеја, Божјата Реч била потисната со човечки шпекулации; толкувањата и преданијата на рабините и ја одземале силата. Самовозвишувањето, властољубивоста, љубоморната исклучивост, лицемерието и презривата горделивост биле владеечки принципи и побуди на овие учители. Рабините се разметнувале со својата супериорност не само над припадниците на другите народи туку и над своите сопствени сонародници. Обземени од дива омраза кон своите римски поробувачи, тие цврсто одлучиле да ја повратат својата национална големина со силата на оружјето. Ги мразеле и убивале Исусовите ученици чија вест на мирот толку очигледно се спротивставувала на нивните честољубиви планови. Савле бил еден од најогорчените и најбезмилосни учесници во тоа гонење.“

Извор: Воспитување, 65.

б. Како Павле ја опишува големата радост што произлегува од целосното предавање на Исус? Филипјаните 3:7,8.

„Апостолите не се грижеле многу за својот живот, радувајќи се што се удостоиле да поднесат срам поради Христос. Павле и Сила поднеле загуба на сè што имале. Биле сурово камшикувани и на најнемилосрден начин фрлени во влажна ќелија на дното на затворот, додека нозете во толку мачна положба им биле стегнати во направи за мачење. А дали поради тоа до ушите на чуварот допрел барем еден глас на нивно незадоволство или поплака? О, не? Низ тишината на ноќта од ќелијата се слушале само песни на радост и благодарност на Бога. Длабоката и сесрдна љубов на овие ученици кон делото на својот Откупител им давала сила да страдаат поради тоа. Доколку Божјата вистина го исполнува нашето срце, ги обзема нашите чувства и го контролира нашиот живот, и ние ќе се радуваме да страдаме и трпиме поради вистината. Ниту ѕидовите на затворот, ниту направите за мачење нема да можат да нè заплашат ниту да нè спречат во нашата голема задача. О, душо моја, појди на Голгота! Да обратиме внимание на понизноста на Божјиот Син во овој живот. Тој „бил човек на болката и запознаен со тагата”. Да размислуваме длабоко за понижувањето на кое се согласил, за Неговата агонија во Гетсиманија и ќе сфатиме што значи самооткажувањето. Ако страдаме поради сиромаштија и немаштија, да знаеме дека низ сето тоа минал и Христос – Височеството на небото. Но тој поднесувал сиромаштво поради нас. Му припаѓаме ли на сталежот на побогатите? – Тој бил најбогат. Но Тој се согласил за ние да се збогатиме со Неговото сиромаштво. Во Христос имаме најизразен пример на самооткажување.“

Извор: 3. Сведоштво, 406, 407.

Сподели го ова:

Поврзани статии