1. лекција — Над невозможното

Сподели го ова:

1. лекција — Над невозможното

Сабота, 3 октомври 2026

Запомнете го стихот

„Уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го доврши сè до Денот на Исус Христос“ (Филипјаните 1:6).

Предлагаме да прочитате: Сведоштва за црквата, том 5, стр. 263–267.

„Претставете ѝ го сочувствителниот Спасител на душата изморена од животот во грев, која не знае каде да најде ослободување. Земете ја за рака, подигнете ја, зборувајќи ѝ зборови на охрабрување и надеж. Помогнете ѝ да се фати за раката на Спасителот.“

Извор: Здравје и среќа, 168.

Прашања за размислување

1. Зошто мораме да истраеме сè додека за паднатите души постои барем зрак надеж?

2. Колку често сум гледал како упорни и тврдоглави души се менуваат на чудесен начин?

3. Како Бог може преку нашите искушенија да ги оствари Своите добри намери?

4. Опиши кое било вистинското мото на Павловиот живот.

5. На кој начин треба подобро да го следам примерот на Павле и, пред сè, примерот на Христос?

Сподели го ова:

Поврзани статии