3. ХРИСТОС ДАДЕ СÈ
Вторник, 28 јули 2026
а. Што Му дало право на Христос да ги одведе Своите деца на небото?
Колосјаните 1:14; Евреите 7:25.
„Среде страшната темнина, привидно напуштен од Бога, Христос ги испил последните капки од чашата на човечката болка. Во тие ужасни часови Тој се потпирал на доказите кои Таткото дотогаш му ги дал за тоа дека Го прифаќа. Тој го познавал карактерот на Својот Татко. Ја разбирал Неговата правда, милост и Неговата голема љубов. Со вера се потпирал на Бога, Кого секогаш со радост го слушал. Кога покорно се предал на Бога, исчезнало она чувство дека ја изгубил наклонетоста на Таткото. Со вера, Христос бил победник.“
Извор: Копнежот на вековите, стр. 756.
„Давајќи го Исуса, Бог го дал целото Небо. Од човечка гледна точка, таквата жртва претставувала безгрижно растурање. Според човечки мерила, целокупниот план на спасение претставува растурање на милост и ресурси. Насекаде наидуваме на самооткажување и сесрдна жртва. Небесната војска навистина има право со чудење да го набљудува човечкото семејство кое одбива, да се воздигне и да се збогати со неизмерната љубов изразена во Христа. Таа навистина може да извикне ’Зошто толку големо растурање?’ Меѓутоа, помирувањето за еден изгубен свет требало да биде целосно, изобилно и комплетно. Христовата жртва била толку голема, што била доволна за секоја душа што ја создал Бог. Таа не можела да се ограничи, така што нема да го пречекори бројот на оние кои сакаат да го примат големиот Дар. Сите луѓе не се спасени, меѓутоа планот на откупување не е растурање, бидејќи не го остварува сето она што толку дарежливо истиот го овозможил. Мора да има доволно, дури и да остане.“
Извор: Копнежот на вековите, стр. 565.
б. Што бара Исус од сите што сакаат да станат Негови деца и да бидат способни да го примат Светиот Дух?
„Исус со сочувство и нежност чека да ги слушне признанијата на заблудените и да го прифати нивното покајание. Тој очекува од нив макар и најмал одговор на благодарност, како што мајката ја очекува насмевката на препознавање од своето сакано дете. Големиот Бог нè учи да Го нарекуваме Отец. Тој сака да разбереме колку искрено и нежно Неговото срце копнее по нас во сите наши искушенија и неволји.“
Извор: Gospel Workers, p. 210.
„А од што се откажуваме ние кога ќе дадеме сè? Од осквернетото со грев срце, за Христос да го очисти, да го испере со Својата крв и да го спаси со Својата ненадмината љубов. Но сепак луѓето мислат дека е тешко да се откажеме од сè! Се срамам да слушам кога се зборува за тоа, се срамам да пишувам за тоа.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 46.
