Христијанска умереност
Умно опиени
Што треба да читаат децата? – Ова прашање е мошне сериозно и бара исто толку сериозен одговор. Ме загрижува и жалости кога во домовите на христијаните гледам списанија и весници во кои постојано се објавуваат романи и секакви измислици, а сето тоа остава неповолен впечаток врз умот. Ги набљудував оние кои својот вкус го навикнале на читање ваква литература. Тие ја имале предноста да ги слушаат вистините содржани во Божјата Реч и да ги разберат основите на нашата вера; меѓутоа, тие и покрај тоа пораснале и во времето на зрелоста влегле лишени од вистинската побожност. Во карактерот на младите треба да се вградува она што навистина вреди -љубов, Божји страв и знаење за Христа. Меѓутоа, мнозина не ја сфаќаат вистината онака каква што таа е во Исуса. Нивниот ум се насладува со возбудливи измислици. Тие живеат во еден нереален свет и неспособни се за практичните должности на животот. Ги набљудував децата на кои им е дозволено да тргнат по тој пат. Без оглед дали се дома, или на било кое друго место, таквите деца се немирни, постојано нешто си замислуваат и не се во состојба да разговараат за ништо, освен за највообичаените теми. Благородните способности, наменети за повисоки цели, се унижуваат со фантазирање за безвредни и уште полоши отколку фантазирање за безвредни и уште полоши отколку безвредни предмети, се додека умот не навикне да изнаоѓа задоволство само во таквите измислици и одвај изнаоѓа сила за размислување за нешто повозвишено. Верските мисли и разговори стануваат одвратни. Она со што таквите со задоволство го хранат својот ум делува како зараза и наведува на нечисти и телесни мисли. Набљудувајќи ги ваквите и размислувајќи за тоа колку губат што пропуштаат прилика да се здобијат со знаење за Христа во Кој се сосредоточуваат сите наши надежи за вечен живот, чувствувам искрено сожалување. Колку скапоцено време тие пропуштаат залудно, време во кое можеле да го проучуваат животот на Оној Кој претставува Пример и олицетворение на вистинската добрина. {ХУ 123.1}
Лично познавам некои кои со погрешни навики и лош избор на читање го нарушиле умственото здравје. Тие имаат болна фантазија и секоја неволја ја преувеличуваат. Она на што човек со здрав и урамнотежен ум не би му ни обрнал внимание, за нив станува неиздржливо искушение, несовладлива пречка. Животот за нив е постојано во сенка. {ХУ 124.1}
Оние што и попуштаат на навиката напрегнато да читаат возбудливи романи, ги умртвуваат своите умствени сили и стануваат неспособни за остроумно размислување и темелно истражување. Има мажи и жени кои веќе се во поодминати години од животот, а никако не можат да закрепнат од последиците на неумереното читање. Навиката стекната во раната младост, растела заедно со нив и станувала се посилна; и нивните подоцна вложени напори да ја искоренат, иако одлучни, покажуваат само делумен успех. Мнозина никогаш не ја повраќаат својата првобитна сила на умот. Сите обиди да станат практични христијани остануваат само неостварени желби. Тие не успеваат да станат навистина слични со Христа и продолжуваат својот ум да го хранат со таков вид литература. Последиците од ова не се помалку кобни ни во поглед на телесното здравје. Со таа силна склоност и желба за читање нервниот систем се оптоварува без потреба, а и без корист. Во некои случаеви младите, а понекогаш и луѓе во зрели години, доживуваат парализа само поради претерување во читањето. Силите на умот се во постојана напнатост и возбудување, се додека деликатниот склоп на мозокот не ослабне до таа мерка што повеќе не е во состојба да работи и последица од тоа е парализа. {ХУ 124.2}
Кога и се попушта на склоноста кон читањето на возбудливи и сензационални измислици, моралните чувства стануваат изопачени и умот е незадоволен ако постојано се храни со таа безвредна и нездрава храна. Сум видела млади домаќинки кои тврдат дека се Христови следбенички, носе навистина несреќни ако при рака немаат некој нов роман или весник од таков карактер. Умот копнее по она што го возбудува и надразнува, исто како што и пијаницата бара што пожесток пијалак. Ваквата младина не покажува дух на побожност, ниту небесната светлина која води кон изворот на сознанието го осветлува друштвото на таквите. Тие немаат длабоко верско искуство. Кога литературата од ваков вид не би била постојано пред нив, можеби уште би постоела извесна надеж дека ќе се реформираат; меѓутоа, тие копнеат по тоа и секогаш го наоѓаат. {ХУ 124.3}
Ме боли кога ќе видам како младите мажи и жени ги упропастуваат своите сили кои можеле корисно да ги употребат во овој живот и пропуштаат да стекнат искуство кое би ги подготвило за вечниот живот и друштвото на ангелите. Не можеме да најдеме име кое би им било посоодветно освен „умно опиени”. Претерување во читањето делува на мозокот исто така убиствено како и неумереноста во јадење или пиење. {ХУ 125.1}
Најдобар начин да се спречи ширењето на овој лош плевел на почвата на умот и срцето се наоѓа во внимателното настојување таа почва порано да се заземе, вредно да се обработи и посее со скапоценото семе на библиската вистина. Во Својата голема милост, Господ во светите списи на Библијата ни ги открил правилата на светиот живот. Ни укажал како да бегаме од гревот, ни го објаснил планот на спасението и ни го покажал патот што води во небо. Ги вдахновил светите луѓе, за наше добро, да ни обрнат внимание и на опасностите што се наоѓаат на нашиот пат и да нѐ упатат како да ги избегнеме. На оние што ќе го послушаат нивниот налог: „Прегледајте ги Писмата” ништо од ова нема да им биде непознато. Опколен со опасностите на овие последни денови, секој член на Заедницата треба да ги разбере причините и темелите на својата надеж и вера – причини кои не се тешки за разбирање. Тоа треба да ги обземе сите наши мисли и да го вработи нашиот ум, за да растеме и напредуваме во милоста и познавањето на нашиот Господ Исус Христос. {ХУ 125.2}
Ние сме ограничени, но треба да ја сфатиме смислата на она што нема граници ниту крај. Мораме длабоко да размислуваме за Бога и Неговиот чудесен план за нашето спасение. На тој начин душата се повеќе ќе се издигнува над она што е земско и секојдневно ќе се насочува кон она што облагородува и што е неминливо. Помислата дека живееме во свет и на земја која Му припаѓа на Бога, дека сме во присуството на Големиот Создател на вселената Кој го создал човекот според Својот образ, создава пред нашиот ум широко поле за восхитено и занесно размислување. Свеста дека Божјото око секогаш не следи и бдее над нас, дека толку нѐ љубел што и Својот возљубен единороден Син Го дал за да не искупи од бедата и пропаста, е едно од големите сознанија; и оној кој своето срце и умот ќе го отвори за размислување за вакви и слични теми никогаш нема да наоѓа задоволства во безвредни и возбудливи измислици. {ХУ 125.3}
Кога луѓето би ја проучувале Библијата како што треба, тие би станале умно посилни. Предметите кои се изнесуваат во Божјата Реч, достоинствената едноставност на нејзиниот израз, благородноста на темите кои таа ги прикажува во умот на читателите – сето тоа развива во човекот способности кои инаку 6и останале неразвиени. Во Библијата се открива безгранично поле во кое мислата може да навлегува. Со длабоко размислување за нејзините големи вистини и со запознавањето со нејзините светли и возвишени ликови, ученикот ќе стекне почисти и поблагородни мисли и чувства, отколку да го поминува времето читајќи некое дело со чисто човечко потекло, а за литературата со безвреден карактер воопшто и да не зборуваме. Младите не успеваат да го достигнат највисокиот развој на умот кога ќе го запостават најглавниот извор на знаење – Речта Божја. Причината што има толку малку луѓе со силен и здрав ум, луѓе кои се постојани, истрајни и полни со доблести, се наоѓа во тоа што во срцето нема страв Божји ни љубов кон Него и што принципите на верата не се применуваат во животот онака како што би требало. {ХУ 126.1}
Бог сака ние да се ползуваме со сите средства кои се потребни за развојот и зајакнувањето на нашите умни способности. Ние сме создадени за повозвишен и поблагороден живот од овој што сега го живееме. Ова е само подготовка за идниот, вечен живот. Каде можеме да најдеме попрекрасни теми за длабоко размислување и предмети поинтересни за истражување отколку што се возвишените вистини кои се наоѓаат во Библијата? Тие вистини ќе извршат големо дело во човекот, ако тој е расположен науката што тие ја содржат да ја примени во својот живот. Но колку малку се проучува Библијата! На секоја безначајна работа на која може да се задржи и се дава поголема предност отколку на нејзините возвишени теми. Кога Библијата повеќе би се читала и кога нејзините вистини подобро би се разбрале, ние би биле далеку попросветен и поинтелигентен народ. Истражувајќи ја вистината која се наоѓа на нејзините страници, душата стекнува сила. Ангелите од светот на светлината стојат покрај оној што усрдно ја истражува вистината, влијаат врз неговиот ум и го просветлуваат. Оној што се наоѓа во темнината на незнаењето може со проучувањето на Светите списи да најде светлина. {ХУ 126.2}
