Практична работилница за здрава исхрана – жена љубезно ги поучува учесниците да подготвуваат јадења од житарици и мешунки

Христијанска умереност

Наша сегашна задача

Сподели го ова:

Треба да се обучуваме, не само да го ускладиме нашиот живот со здравствените закони, туку и другите да ги упатуваме на вистинскиот пат. Мнозина, дури и од оние што тврдат дека веруваат во особените вистини за ова време, покажуваат бедно незнаење во поглед на здравјето и умереноста. Тие треба да се учат „заповед по заповед, правило по правило”. Ним мора силно да им се укаже на ова прашање; и преку тоа не смее да се преминува како преку нешто помалку важно, зашто во тој поглед му е потребен поттик на речиси секое семејство. Мора да се разбуди свеста дека примената на принципите на вистинската реформа претставува христијанска должност. Бог бара Неговиот народ да би де умерен во сѐ. Тој не сака и не може да му подлегнува на посветувачкото влијание на вистината ако не се придржува до вистинската умереност. {ХУ 117.1}

Нашите проповедници треба правилно и добро да го разберат ова прашање. Тие не смеат, не осврнувајќи се, да преминуваат преку тоа, ниту смеат да се повлекуваат пред оние што ќе ги сметаат за екстремисти. Тие самите треба да согледаат што, всушност, значи вистинска здравствена реформа и да ги проповедаат нејзините принципи и со поука и со ги проповедаат нејзините принципи и со поука и со ненаметлив, доследен пример. Поуките за здравјето и умереноста треба да се изнесуваат на нашите големи собири. Настојувајте да ја разбудите совеста и умот на луѓето. Посветете и го на службата секој талент што ви е на располагање и продолжете ја својата работа со печатење и разнесување на публикации во кои се зборува за овој предмет. „Воспитувајте, обучувајте, просветувајте”, тоа е пораката која врз мене остави силен впечаток. {ХУ 117.2}

Во секоја наша мисија, домашните работи треба да и се доверат на жена која знае да подготвува здрави и вкусни јадења. Масата треба да биде обилно снабдена со јадења од најдобар квалитет. Ако некој има изопачена желба за чај, кафе или силно зачинети и нездрави јадења, немојте да го оставите во темнината на незнаењето, поучете го. Потрудете се да му ја разбудите совеста. Изложете му ги библиските принципи за зачувувањето и негувањето на здравјето. Таму каде што има млеко во изобилство, а може да се најде и овошје, тука нема никакви изговори за употреба на храна од животинско потекло; тука не е неопходно да му се одзема животот на некое Божјо создание за да се задоволат секојдневните потреби. Можеби се сметало дека во извесни случаеви на болест и исцрпеност е најдобро да се употреби месо од најразлични животни, но требало строго да се обрне внимание тие животни да бидат здрави. Дали употребата на месото како храна во овој (деветнаесетти) век воопшто е безбедна – тоа е прашање кое станало многу сериозно. Подобро е никогаш да не се земе месо во устата, отколку да се употребува месо од нездрави животни. Кога не сум можела да се снабдам со потребната храна, понекогаш сум земала и малку месо; но се повеќе и повеќе се плашев да го правам тоа. {ХУ 117.3}

Кога Бог ги извел од Египет синовите Израилеви, Тој имал намера да ги насели во Хананската земја како еден свет, среќен и здрав народ. Да обрнеме внимание на средствата со кои Тој сакал да го оствари тоа. Ги подвргнал на извесен начин на дисциплина која, кога задоволно и без мрморење би и пристапиле, би претставувала благодет и среќа за нив и за нивното потомство. Месната храна во голема мерка им била ускратена. На нивно барање, Тој им дал месо пред самото стигнување на Синај, но тоа било само за еден ден. Бог можел да ги снабдува со месо исто како што ги снабдувал со мана, но ова ограничување било за нивно добро. Негова намера била да им обезбеди храна која многу подобро им одговарала на нивните потреби отколку стимулирачката и нездрава исхрана на која мнозина од нив се навикнале во Египет. Изопачениот апетит требало да се излекува и да се одвикне од многу нешта за да им се допадне храната која на човекот му била одредена во почетокот – плодови од земјата, она што Бог им го дал на Адам и Ева уште во Едем. {ХУ 118.1}

Кога тие 6и биле расположени, покорувајќи му се на Божјото ограничување, да ги скротат своите желби, помеѓу нив воопшто не би се знаело за болест и изнемоштеност. Би имале и физички и умствено силно потомство, јасна претстава за вистината и должноста, остроумно разликување и здрав суд. Меѓутоа, тие не сакале да им се покорат на Божјите барања и затоа не успеале да го достигнат тоа високо мерило што Тој го поставил пред нив и да ги примат благословите кои им биле на дофат. Мрмореле против Божјите ограничувања и копнееле по мисирските казани со месо. Бог ги пуштил да јадат месо, но се покажало дека тоа им послужило само на проклетство. {ХУ 118.2}

Повторно и повторно ми беше прикажувано Божјото настојување, чекор по чекор, да не врати на Својата првобитна намера – намерата според која човекот треба да живее од природните производи на земјата. Помеѓу оние што го очекуваат Господовото доаѓање, употребата на месо како храна ќе биде конечно изоставена – месото ќе престане да сочинува дел од нивната исхрана. Таа конечна цел секогаш треба да ја имаме предвид и секогаш да вложуваме напори да го оствариме тоа. Не можам да сметам, ниту да верувам дека јадејќи месо постапуваме во согласност со светлината која Бог во Својата милост и љубов ни ја дал. Сите што работат во нашите здравствени институции треба посебно да се навикнат да живеат од овошје, житарици и зеленчук. Ако во ова се придржуваме до принципите, ако како христијани и реформатори го превоспитаме нашиот вкус и својот начин на исхрана го усогласиме со Божјиот план, тогаш ќе бидеме во можност и врз други да извршуваме влијание кое ќе биде по Божјата волја во таа насока. {ХУ 119.1}

Една од причините зошто мнозина во применувањето на здравствената реформа стануваат обесхрабрени се крие во тоа што не се поучени како да подготвуваат добри и здрави јадења, со кои ќе го заменат начинот на исхрана на кој се навикнати. Сиромашно подготвените јадења им стануваат одвратни и потоа ги слушаме како зборуваат дека тие се обиделе да ја применуваат здравствената реформа и дека не можат да живеат на таков начин. Мнозина се обидуваат во поглед на здравствената реформа да се придржуваат до недоволни упатства и прават сериозни грешки кои доведуваат до оштетување на органите за варење и ги обесхрабруваат сите кои се заинтересирани за здравствена реформа. Вие кои тврдите дека сте здравствени реформатори, треба да научите како се подготвуваат добри и здрави јадења. Оние кои можат да се користат со предноста на добро организирано училиште за готвење и општа хигиена, ќе најдат во тоа голема благодат, како во применувањето на стекнатото знаење во пракса, така и во помагање и поучување на другите. {ХУ 119.2}

Немојте да се фаќате за некои издвоени идеи и од нив да правите мерило, критикувајќи ги оние чии што постапки можеби не се согласуваат со вашето мислење; туку проучете го предметот попотполно и подлабоко, настојувајќи своите сфаќања и постапки постапно потполно да ги усогласите со принципите на вистинската христијанска умереност. {ХУ 119.3}

Мнозина се обидуваат да ги поправаат другите, критикувајќи го и осудувајќи го она што го сметаат за лоши навики во нивниот живот. Тие одат кај оние за кои претпоставуваат дека се во заблуда и им укажуваат на нивните недостатоци, но не се трудат нивните мисли да ги насочат кон вистинските принципи. Таквата постапка често само ја намалува можноста да се остварат саканите резултати. Кога своето настојување да ги поправаме другите го правиме очигледно, ние премногу често во нив разбудуваме и поттикнуваме воинственост и тоа донесува повеќе штета отколку корист. Во опасност, исто така, се наоѓа и оној што укорува. Личноста која ќе ја прифати задачата да ги поправа другите, обично стекнува навика да пронаоѓа грешки и озборува и набргу, сите нејзини настојувања се насочуваат кон ископување и откривање на туѓите грешки и недостатоци. Не ги набљудувајте другите за да исчепкате некои нивни недостатоци или да ги изнесувате во јавност нивните грешки; туку со силата на личниот пример упатувајте ги да стекнуваат подобри навики. {ХУ 120.1}

Да имаме секогаш на ум дека големата цел на здравствената реформа е да се обезбеди највисок развој на сите способности на умот, душата и телото. Сите закони на природата – се Божји закони и се наменети за наше добро. Покорувањето на овие закони ќе придонесе за нашата среќа во овој живот и ќе ни помогне во подготовката за идниот живот. {ХУ 120.2}

Секогаш има нешто подобро за што треба да се зборува отколку што се грешките и слабостите на другите. Зборувајте за Бога и Неговите прекрасни дела. Изучувајте го отелотворувањето на неговата љубов и мудрост во сите дела на природата. Трудете се да го запознаете чудесно создадениот човечки организам и законите кои управуваат со него. Оние што ги согледуваат доказите за Божјата љубов и разбираат барем нешто за мудроста и корисноста на Неговите закони и за благословите кои произлегуваат од покорувањето на тие закони, стекнуваат сосема поинакво мислење и свест за своите должности и обврски. Наместо на покорувањето на здравствените закони да гледаат како на жртва или самооткажување, ќе ги сметаат за непроценливи благослови – што тие навистина и се. {ХУ 120.3}

Многу добрини можеме да направиме ако сите оние со кои доаѓаме во допир ги упатиме не само на тоа како на најдобар начин можат да се излекуваат болестите, туку и на тоа како успешно можат да се спречат болестите и да се избегнат страдањата. Лекарот кој насвоите пациенти настојува да им ја објасни природата и причината на нивното заболување и да ги поучи како болеста може да се избегне, можеби ќе има тешка задача; меѓутоа, ако е совесен реформатор, тој јасно ќе им каже дека причината за нивната болест и прекумерната злоупотреба на животните сили се наоѓа во задоволувањето на желбите за јадење, пиење и облекување. Тој нема да го зголемува постоечкото зло припишувајќи им вештачки лекови сѐ додека исцрпениот организам не престане да се бори со болеста, туку своите пациенти ќе ги поучи како да ги изменат и поправат своите животни навики и со разумна примена на едноставни природни лекови да и помогнат на природата во нејзиното дело на обновување на здравјето. {ХУ 121.1}

Во сите наши здравствени институции, давањето поуки во поглед на здравствените закони треба да се смета за особена задача. Принципите на здравствената реформа треба внимателно и темелно да им се изложат на сите, и на болните и на оние кои се трудат да им укажат помош. Оваа задача бара морална сила; зашто, додека ваквите напори за мнозина ќе бидат вистинска благодет, за други, тие ќе претставуваат навреда. Но, вистинскиот Христов ученик, оној кој со постојано учење го ускладува својот ум со Божјата волја, ќе научи исто така и другите да ги одвратува од заблудите кои преовладуваат во овој свет и нивните мисли да ги насочи на она што е повозвишено. {ХУ 121.2}

Кога на здравствената реформа 6и и се посветило поголемо внимание 6и можеле да се отклонат многу предрасуди поради кои вистината за веста на третиот ангел не може да допре до срцата на луѓето. Кога прашањето за здравјето ќе го разбуди вниманието на луѓето, со тоа често се отвора пат и за другите вистини. Кога луѓето ќе ја согледаат нашата разумност во поглед на здравјето, тие полесно ќе поверуваат дека и во сите останати науки од Библијата имаме здрави погледи. {ХУ 121.3}

На оваа гранка на Господовото дело не и е посветено соодветно внимание и поради таа немарност е загубено многу. Да покажеше црквата поголем интерес за реформите со помош на кои Господ сакал нејзините членови да ги подготви за Своето доаѓање, нејзиното влијание денес би било далеку поголемо отколку што, всушност, е. Бог му зборува на Својот народ и Тој сака Неговиот народ да го слушне тоа и да Го послуша. Здравствената реформа е тесно поврзана со веста на третиот ангел, иако не ја претставува самата вест. Оние што ја проповедаат веста треба, исто така, да ја проповедаат и здравствената реформа. За да се подготвиме за настаните кои се токму пред нас, мораме да го разбереме прашањето на здравствената реформа и таа мора да има истакнато место. Сатаната и неговите помошници настојуваат да го спречат делото на оваа реформа и тие ќе сторат cć што е во нивна моќ за да ги збунат и оптоварат оние кои со цело срце се залагаат за нејзиниот напредок. Па сепак, никој не треба да биде сосема обесхрабрен, ниту поради тоа да престане да вложува напори од своја страна. Зборувајќи за една Христова карактеристика, пророкот Исаија вели: „Нема да ослабне, ниту ќе изнемошти, додека на земјата не утврди суд…” (Исаија 42:4). Затоа, ни Неговите следбеници нека не го спомнуваат неуспехот и обесхрабреноста, туку постојано треба да ја имаат на ум неизмерната цена со која е платено спасението на човекот за да не пропадне, туку да има вечен живот. {ХУ 121.4}

Сподели го ова:

Поврзани статии