Христијанска умереност
Чистота во општествените односи
„Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога” (Матеј 5:б). Човекот паднал, и задачата на неговиот живот, без оглед дали тој ќе биде долг или кус, мора да биде постојано настојување преку Христа да го поврати она што поради гревот е загубено, а тоа е сличноста со божественото. Оваа задача бара потполна промена на душата, телото и духот. Бог во Својата милост и добрина испраќа зраци светлина за човекот да може да ја согледа својата вистинска состојба; меѓутоа, ако не сака да чекори во таа светлина, тој со тоа покажува дека повеќе ја сака темнината. Тој ја одбегнува светлината за неговите дела да не се видат и да не бидат укорени. {ХУ 127.1}
Прикажана ми е сликата на ужасната состојба во која се наоѓа овој свет. Неморал владее на Сите страни. Развратноста е грев кој зема најголем замав во овој век. Порокот никогаш не ја дигал така дрско и смело својата изопачена глава како сега; и поради зајакнувањето и преовладувањето на ова зло, љубителите на доблеста се речиси обесхрабрени. И кога човекот во спротивставувањето на струјата на ова зло не 6и имал ништо повеќе освен својата човечка сила, тој 6и бил совладан и одвлечен во пропаст. {ХУ 127.2}
Меѓутоа, умот од чистота и светлина до изопаченост, расипаност и злостор не се спушта во еден миг. За оние што се создадени според Божјиот образ да се унижат до она што е животинско и сатанско, потребно е да помине извесно време. Ние се менуваме кон она во што гледаме. Иако создаден според образот на својот Творец, човекот толку се прилагодил кон злото што гревот од кој некогаш се гнасел сега му е пријатен. Кога ќе престане да бдее и да се моли, тој престанува и да ја чува тврдината на своето срце и им се оддава на гревот и злото. Мораме да водиме постојана борба против телесните мисли, а во тоа ни е неопходна помошта на облагородувачкото влијание на Божјата милост која нашиот ум ќе го насочи кон небото и ќе го привикне на размислување за она што е чисто и свето. {ХУ 127.3}
На Сите страни среќаваме огромен број човечки суштества кои за светот се само проклетство. Тие живеат само за да ги задоволуваат своите желби и со душата и телото да се предадат на расипаноста и раскалашниот живот. Каков страшен укор претставува животот на таквите за нивните мајки кои, жртвувајќи го своето време на олтарот на модата, занемариле својот ум и карактер да го формираат според божествениот Пример и поради тоа не биле подготвени да ја оправдаат светата доверба која им била дадена – да ги воспитаат своите деца во согласност со Божјите совети. {ХУ 127.4}
Речиси е невозможно да се разбудат оние кои не се свесни колкава моќ има сатаната над човечкиот ум, ниту пак, воопшто имаат претстава за длабочината на расипаноста што се наоѓа секаде околу нив. Сатаната ги заслепил и ги успива во лулката на телесната сигурност. Беззаконието се умножило и тоа не се ограничува само на неверниците и подбивачите: грешат и мнозина од оние кои тврдат дека веруваат во Христа. Нивната љубов заладила. Колку, дури и помеѓу оние што исповедаат Христијанство – се малкумина оние кои постапуваат правилно затоа што така треба да се постапува (не од некои лични интереси или сметки) – кои се одвратуваат од злото и тогаш кога јавното мнение не ги осудува. {ХУ 128.1}
Во борбата со внатрешната расипаност и искушенијата однадвор, дури и мудриот и голем Соломон бил поразен. Почетокот на неговиот живот давал добри предзнаци. Бил Божји миленик; и, да ги сочувал своите доблести, можел да го заврши животот во благосостојба, успех и чест. Но, тој овие посебни благодети и ги отстапил на телесната похот и страст. Во својата младост, тој имал доверба во Бога и Нему Му се обраќал за совет и водство и Господ го надарил со сила и мудрост кои го восхитиле светот. Неговата слава се прочула по Сите земји во тогаш познатиот свет. Меѓутоа, кога почнал да се спушта надолу по стрмнината на животот, тој ги изоставил принципите, и се препуштил на струјата на злото и се одвоил од Бога, од Оној Кој бил темел и извор на неговата сила, ги загубил својата постојаност и цврстината на карактерот и, како некое лекомислено момче, почнал да се клати и колеба помеѓу исправноста и заблудата. Љубовта кон жените била негова слабост и негов грев. Таа страст не ја спречил додека бил во силата на својата машкост и таа се покажала како негова стапица. Земал многу жени, од кои некои биле ќерки на незнабожечки цареви и тие го навеле на идолопоклонство. Додека бил млад, за него мудроста била поскапоцена од офирското злато. Но, залудно! Телесните страсти биле посилни и ја однеле победата. Го измамиле и го упропастиле жените. Каква поука содржи овој случај! Колку очигледен доказ претставува тој за неопходноста на Божјата сила до самиот крај! Нема безбедност ако и најмалку се застрани од јасната исправност. {ХУ 128.2}
„И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади; и не дозволувајте вашите органи на гревот да станат орудија на неправдата, туку препуштете се на Бога како оживеани од мртвите, а органите ваши да станат орудија на правдата” {Римјаните 6:12,13). Христијани, дури и кога не би ви била дадена никаква друга светлина освен ова што е кажано во наведените стихови, не би имале никаков изговор да им се препуштате на ниските страсти. Речта Божја е доволна да го просветли и најпомрачениот ум и ќе ја разбере секој кој има желба за тоа. Меѓутоа, за да им ги даде Сите можни упатства и предупредувања на мажите и жените, Бог им дал уште и јасно одредени сведоштва за да им го сврти вниманието на Својата запоставена Реч – Светото писмо. Но, и таа светлина често се отфрла. Оние кои им се оддаваат на телесните желби продолжуваат да наоѓаат уживање во гревот, и покрај заканите упатени кон оние кои така постапуваат. {ХУ 129.1}
Некои признаваат дека е грев да му се попушта на ова зло, па сепак се обидуваат да се оправдаат прикажувајќи како не се во состојба да ја совладаат својата страст. Ужасно е еден Христијанин да си дозволи такво нешто на себеси. „…Да отстапи од неправдата секој што Го произнесува името Господово” (2. Тимотеј 2:19). Зошто е дојдено до толкава немоќ? – затоа што мажите и жените толку долго ги неувале своите изопачени желби, така што веќе немаат сила да владеат со себе; – затоа што ниските страсти на нивната природа ги преземале уздите, а повисоките принципи на моралот кои би требале да ја претставуваат владејачка моќ, се потиснати. Телесните уживања ја задушуваат желбата за светост, а духовноста исчезнува. Душата се држи во најниско ропство. {ХУ 129.2}
Светиот завет на бракот често служи како покривка за најголеми гревови. Мажите и жените кои исповедаат побожност им се оддаваат на најниски страсти и на тој начин се спуштаат на ниво на неразумни животни. Силите што Бог им ги дал за да ги сочува во светост и чест, тие ги злоупотребуваат, а сепак сметаат дека со тоа не прават престап или било какво зло. Здравјето и животот се жртвуваат на олтарот на телесните желби, а повисоките и поблагородни сили им се подредуваат на телесните уживања. Оние кои грешат во ова можеби не ги предвидуваат последиците од своите постапки. Кога таквите би можеле да разберат на колкави страдања со тоа се изложуваат себеси и своите деца, тие би се загрижиле, и барем некои од нив 6и ја напуштиле патеката која донесува толку ужасни последици. Поради така наследените слабости мнозина се толку несреќни што смртта би им била помила од животот; а мнозина, пак, неславно жртвувајќи им го својот живот на најниските страсти, прерано умираат. {ХУ 129.3}
Си ваквото злоупотребување на брачната врска животинските страсти се поттикнуваат и засилуваат, а колку тие се засилуваат толку моралните и умствените способности стануваат послаби. Духовноста им се подредува на телесните задоволства. Силните страсти на родителите се овековечени во нивните наследници. Сатаната особено се труди да го унижи мерилото на чистотата и да го ослабне самосовладувањето на оние кои стапуваат во брачна врска, бидејќи знае дека ако преовладаат ниските страсти, моралните способности ќе мораат послабо да се развиваат; и него повеќе нема што да го загрижува што се однесува до нивниот духовен развој. Тој исто така добро знае дека нема посигурен пат да го втисне својот омразен и одвратен лик врз нивното потомство и дека врз развојот на карактерот и склоностите на децата ќе влијае уште полесно отколку кај родителите. {ХУ 130.1}
Бидејќи ми се прикажани опасностите на оние кои се сметаат за подобри отколку што се и гревовите кои постојат помеѓу нив – опасности на оние за кои не се сомнева дека се осквернуваат со овие гревови – тоа ме наведува на прашањето: „О, Господи, кој ќе остане кога Ти ќе се појавиш?” Само оние што имаат чисти раце и чисто срце ќе се одржат на денот на Неговото доаѓање. О, што би можела да сторам, кај Сите да ја разбудам свеста за светата обврска; да го сочуваат телото во најдобра состојба за да можат да Му возвратат совршена служба на својот Создател! {ХУ 130.2}
Се чувствувам поттикната од Господовиот Дух на своите сестри кои исповедаат побожност најсериозно да им предочам: бидете повлечени и пристојни во своето однесување „…со срамежливост и чесност…” (1. Тимотеј 2:9). Слободите што се дозволуваат во овие денови на изопаченост не треба да бидат мерило за Христовите следбеници. Покажувањето на претераната блискост која светот ја дозволува не би требало да постои помеѓу Христијаните кои се подготвуваат за бесмртност. Бидејќи похота, порокот и злосторот се секојдневна појава помеѓу оние кои не се раководат според Божјата Реч, колку е важно оние кои тврдат дека се Христови следбеници и дека се во тесна врска со Бога и ангелите да им покажат подобар и поблагороден пат! Колку е важно тие со своето непорочно однесување да покажат неупадлива спротивност на постапките на оние кои им се оддаваат на ниските страсти! {ХУ 131.1}
Сестри мои, чувајте се дури и од она што изгледа дека е лошо. Во овој век на неморал нема да бидете безбедни ако не бидете постојано штрек. Доблеста и вредноста денес се многу ретки. Јас најусрдно ве повикувам, како Христови следбенички и имајќи го предвид вашиот свет повик, да негувате невиност – тој непроценлив украс. Бидејќи се надевате дека еден ден ќе се приклучите на повозвишеното друштво на безгрешните ангели и дека ќе живеете во атмосфера во која нема ни најмала дамка на гревот, стремете се кон чистота; зашто, ништо друго нема да го издржи испитот на Божјиот ден и да биде примено во чистото и свето небо. {ХУ 131.2} Најмалото навестување на злото, најбезначителниот обид на недозволено претерана блискост, без оглед од кој извор доаѓа, треба да го сметате за навреда на вашето женско достоинство и чест. Ако тоа го стори некој што се наоѓа на висока положба и му служи на Божјото стадо, гревот е уште поголем; и тоа една Богобојазлива жена треба да ја наведе бескомпромисно да се тргне пред лицемерието и нискоста на оној кому народот му укажува почитување и чест како на Божји слуга. Тој извршува свети должности, а во исто време расипаноста на своето срце ја прикрива со закрилата на високата функција. Плашете се од сѐ што личи на вака претерана блискост. Бидете уверени дека тоа очигледно покажува нечисти мисли. Ако давате и најмал поттик во таа насока, со тоа покажувате дека и вашите мисли не се чисти и невини како што би требало и дека гревот ве занел. Вие со тоа го спуштате критериумот на своето женско достоинство. {ХУ 131.3}
Нашите сестри треба да негуваат вистинска смерност. Тие можат да бидат љубезни, но не треба да бидат дрски, зборливи и нападни. Ако се љубезни, нежни, сожаливи, склони кон простување и понизни, тоа Му е многу мило на Господа. Заземајќи ваков став, тие нема да бидат цел на непристојното однесување на спротивниот пол. Околу нив ќе се наоѓа свет круг на чистота, кој ќе ги заштитува од недозволените слободи. {ХУ 132.1}
Разметливоста, светската мода, желбата на очите и телесните страсти се тесно поврзани со несреќните падови во овој поглед. Кога овие склоности би се искоренувале од срцето, оние што паднале не би биле толку слаби. Кога жените би биле во состојба да го согледаат ова и да го разберат онака како што Бог мене ми го прикажа, тие би чувствувале толкава одвратност кон нечистотата што не би можеле да се наоѓаат помеѓу оние кои им попуштиле на искушенијата на сатаната ниту би им придавале важност на таквите кои тој би можел да ги избере за свои посредници. {ХУ 132.2}
Оние жени кои се побожни и чии ум и срце се обземени со размислување за она што ја поттикнува чистотата на живеењето, а душата облагородена со постојано одржување врска со Бога, нема да бидат лесно наведени да застранат од патеката на чесност и доблест. Тие ќе бидат зајакнати да им се спротивстават на итроштините на сатаната и подготвени да им се спротивстават на неговите заводнички умешности. {ХУ 132.3}
Душата ми тагува за младите чиј карактер се вообличува во овој век на изопаченост. Стравувам исто така и за нивните родители, зашто не ја сфаќаат обврската своите деца да ги воспитаат и изведат на патот по кој треба да појдат. Најмногу се води сметка за модата и обичаите, а кога децата ќе почнат да се поведуваат по тоа, многу лесно ќе се расипат, додека безгрижните и попустливи родители спијат, несвесни за опасноста која му се заканува на нивното потомство. {ХУ 132.4}
Малку има млади кои се слободни од расипаност. Нечистите навики сѐ повеќе се шират и земаат замав до загрижувачка мерка и повеќе од било кое друго зло придонесуваат за изопачување на човечкиот род. Децата кои тајно му се оддаваат на порокот често се слаби и закржлавени. Загрижените родители бараат лекар кој препорачува лекови; меѓутоа, злото со тоа не се отклонува зашто причината сеуште постои. {ХУ 132.5}
Жртвите на ваквите навики не сакаат да работат; и кога ќе се зафатат за нешто, се жалат на замор и малаксаност, на болки во грбот, во главата и каде уште не? Родители, ако вашите деца ги заморува едноставната работа која е соодветна за нивната возраст, бидете сигурни дека постои нешто друго што го истоштува нивниот организам. Немојте да брзате веднаш да ги ослободите од физички напори. Не го преземајте на себе животното бреме кое тие треба да го понесат. Прекумерната работа е штетна: Меѓутоа, повеќе треба да се плашиме од мрзеливоста. Немојте да им излегувате во пресрет на нивните жалби и да ги ослободувате од секаква одговорност. Тоа 6и било најлошото што можете да го сторите за нив. Со тоа би ја тргнале можеби единствената бариера која на сатаната му оневозможува слободен пристап до нивниот и онака колеблив и ослабнат ум. Заморот кој се јавува по корисната работа ја намалува склоноста на оддавање на порокот. Оној чии раце и мисли се зафатени со работа нема време да обрнува внимание на секое искушение кое непријателот може да го подметне; додека безделните раце и ум ги имаат Сите услови за тој да завладее со нив. Умот, кога не е зафатен, е склон да се задржува на неприкладни мисли. „Ете во каква состојба е беззаконието на сестра ти Содом и на ќерките нејзини; во гордост, во презаситеност, во празнина (безделничење), и раката нејзина не помагаше силно човек во беда” (Езекиел 16:49). {ХУ 133.1}
Децата природно наклонуваат кон злото. И ако родителите не ги држат постојано под цврста контрола и не им влеваат во ум и срце страв Господов, сатаната ќе го заземе нивниот млад ум и ќе ги расипе. Како што стасуваат и се развиваат, така заедно со нив се развиваат и засилуваат и нивните телесни склоности и страсти. И тие немаат мир сѐ додека своите грешни тајни не им ги пренесат на оние со кои се дружат. Тоа разбудува љубопитност, и знаењето за порокот помеѓу децата и младите се пренесува од еден на друг во толкава мерка што одвај дека останува некој кој не знае за тоа. Зошто татковците и мајките постапуваат така како да ги обземала потполна нечувствителност? Тие не се ни сомневаат дека сатаната сее зло семе во нивното семејство. Тие во овој поглед се толку слепи и безгрижни како што само родителите можат да бидат. Зошто не се разбудат и не се информираат за ова прашање? Зошто не се потрудат да ги запознаат законите на животот, за да бидат во состојба да водат грижа и за своето здравје и за здравјето на своите деца? {ХУ 133.2}
Сатаната има страшна моќ над децата од овој век. И ако умот на нашите деца не биде цврсто урамнотежен со верски принципи, нивните морални чувства ќе се расипат со порочните примери на оние со кои постојано доаѓаат во допир. Недостигот на самоконтрола претставува најголема опасност за младите. Родителите кои им попуштаат на своите склоности не можат ни своите деца да ги научат на самоконтрола и самооткажување. И самата храна што ја изнесуваат пред нив е таква што го надразнува желудникот. Дразбата предизвикана на ваков начин се пренесува до мозокот и така доаѓа до разгорување на страстите. Предупредувањето дека сето она што се внесува во желудникот има влијание не само врз телото туку, исто така, и врз умот никогаш не може да биде премногу нагласено. Преобилната и стимулативна храна трескавично ја вознемирува крвта, го возбудува нервниот систем и често ја замаглува претставата за моралот до таа мерка што телесните побуди ги надминуваат и разумот и совеста. За оние што се неумерени во јадењето често е многу тешко и речиси невозможно да имаат трпение и да владеат со себе. Затоа е особено важно на децата, чиј карактер токму се вообличува, да им се дава само здрава и нераздразлива храна. Во Својата голема љубов нашиот небесен Татко ни испратил светлина за здравствената реформа, за да нѐ заштити од злата што настануваат поради неограниченото попуштање на желбите. {ХУ 134.1}
„И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја” (1. Коринтјаните 10:31). Дали родителите се придржуваат кон овој совет кога ја подготвуваат храната што ја изнесуваат на трпезата на своето семејство? Дали пред своите деца ја изнесуваат само онаа храна за која знаат дека создава добра крв, не поттикнува трескавични возбудувања во организмот и најповолно влијае врз животот и здравјето? Или, пак, безобѕирно занемарувајќи го идното добро на своите деца, изнесуваат пред нив нездрави и раздразливи јадења? {ХУ 134.2}
Да се ослободат децата од секаква одговорност, да се препуштат да водат еден неактивен и бесцелен живот, да не работат ништо или да му се оддаваат само на она што ним им се допаѓа, значи да се упатат на патеката која сигурно води во зло. Умот на младите е активен; и ако не е зафатен со она што е добро и полезно, тој неминовно ќе се сврти кон она што е лошо. Иако имаат и потреба и право на одмор и разонода, тие треба да стекнуваат работни навики, да имаат одредени часови за физичка работа, а исто така и за читање и учење. Настојувајте да им најдете работа која ќе соодветствува на нивните години и да ги обезбедите со полезни и интересни книги. Сатаната ја искористува секоја можност да го обучува умот на безделните. Грев е да им се дозволи на децата да пораснат во безделништво. Нека ги вежбаат и напрегаат своите екстремитети и мускули, дури иако тоа ги заморува. Ако не работат прекумерно, заморот нема да им донесе никаква штета, како што не ви донесува ни вам. Помеѓу заморот и постојаното исцрпување постои голема разлика. На децата почесто отколку на возрасните им е потребно да ја менуваат работата и да им се дозволува да се одморат; меѓутоа, дури додека се уште сосема млади можат да се привикнуваат на работа и свеста дека на тој начин стануваат корисни ќе ги направи среќни. По умерената и здрава работа, сонот ќе им биде посладок, и ќе стануваат освежени за напорите на следниот ден. {ХУ 134.3}
Некои не можат да ја разберат грешноста на валканите навики и неизбежноста од нивните последици. Долгото оддавање на злото ја ослепило нивната свест. Мошне чувствителните сили на мозокот ја губат својата острина, а поради тоа и моралните чувства изумираат. Свечените сериозни пораки на небото не можат да остават силен впечаток врз срцето. Моралната сила, кога ќе дојде во судир со воспоставените навики, се покажува како потполно немоќна. Кога умот и фантазијата би се привикнале да се занимаваат со возвишени мисли и набљудување на она што е чисто и свето, тие би станале тврдина против искушенијата. Тие би се задржувале на она што е небесно, чисто и свето, а она што унижува, сквернави и води кон порок за нив воопшто не би било привлечно. {ХУ 135.1}
Познато ми е на кој начин сатаната работи во овој поглед и колкав успех има во тоа. Тој просто го парализирал умот на родителите така што тие многу бавно ги согледуваат лошите навики на своите деца. Некои од таа младина исповедаат Христијанство и родителите, не претчувствувајќи опасност, мирно спијат додека нивните деца ги упропастуваат и телото и душата. {ХУ 135.2}
Сатаната во овие последни денови особено работи врз тоа да го завладее умот на младите, да им ги расипе мислите и да ги разгори страстите во нив; зашто, тој знае дека на таков начин може да ги наведе и на нечисти постапки, поради што благородните способности на нивниот ум ќе се понижат и тој ќе може да завладее со нив и да ги прилагоди кон своите цели. Секое човечко суштество има морална слобода и како такво мора своите мисли да ги насочува кон она што е правилно. Прва задача на оној кој сака да се реформира е да има чисти мисли. Треба да се размислува само за она што го облагородува и возвишува умот: „А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезност, што е достојно за слава, на она што е добродетел (доблест), што е за пофалба, само на тоа мислете!” (Фил.4:8). Ова е широкото поле по кое мислите можат слободно да кружат. Ако сатаната се обидува да ви ги сврти мислите на она што е ниско и телесно, завртете се од тоа. Кога ќе ви се закани опасноста изопаченото фантазирање да го обземе вашиот ум, упатете се кон Престолот на Милоста и во молитва побарајте сила од небото. Со милоста Христова ќе бидеме во состојба да ги истераме нечистите мисли’. Тој, со Својата привлечна сила, ќе го освои нашиот ум, ќе ги облагороди нашите мисли, а срцето ќе го очисти од секој таен грев. „Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно… со него ние уништуваме мудрувања; и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога, и поробуваме секој разум, за да Му биде покорен на Христа” (2. Коринтјаните 10:4,5). {ХУ 136.1}
Младите тешко и ретко се привикнуваат на самоконтрола и самооткажување. Тие упорно одат по својот пат сѐ додека не станат тврдоглави и самоволни и родителите го напрегаат својот ум до крајни граници за да пронајдат начин кој ќе ги спаси од пропаст. Изопаченото, а се пораспространетото учење дека – гледано од здравствен аспект – децата и младите од спротивен пол треба меѓусебно да се мешаат, го извршило своето штетно дејство. Кога родителите и старателите би покажале само десетти дел од онаа остроумност и досетливост со кои се служи сатаната, тогаш дружењето на децата од спротивен пол би било речиси нешкодливо. Меѓутоа, во ваква состојба каква што е сега, тој (сатаната) успева со своите напори да ги маѓепса умовите на младите и дружењето на момчињата и девојките само уште повеќе го зголемува злото. Момчињата кои штотуку влегле во тринаесеттата година од животот почнуваат да им се додворуваат на девојчињата на нивна возраст, а тие покажуваат жален недостаток на моминска повлеченост и невиност. {ХУ 136.2}
Каков е исходот од ваквото дружење? Дали тоа придонесува за зајакнување на моралот и чистотата? – Не, навистина не. Децата почнуваат да се занесуваат со вљубеноста и болната сентименталност, а верата веќе нема никакво влијание врз нив, ниту пак може да ги одврати од тој лош пат. Што може да се стори за да се сопре оваа поплава на злото? Родителите можат да сторат многу ако имаат волја за тоа. {ХУ 137.1}
Ако на една млада девојка некој би и пристапил со непристојно претерана интимност, таа треба да биде така воспитана што ќе се чувствува навредена од таквата постапка и да го одбие тоа на таков начин што никогаш повеќе нема да се повтори. Кога една девојка постојано копнее по друштвото на момчиња или млади луѓе, нешто не е во ред. Нејзе и е неопходно одмерено и водечко влијание од нејзината цврста и мудра мајка. {ХУ 137.2}
Младите кои меѓусебно се дружат можат тоа нивно дружење да го претворат во благослов или во проклетство. Можат меѓусебно морално да се зајакнуваат или воздигнуваат и да се поправаат: во поглед на однесувањето, во поглед на личните афинитети и во стекнувањето знаења; или пак, дозволувајќи си на себеси да станат рамнодушни и неверни, можат да шират само деморализирачко влијание едни на други. {ХУ 137.3}
Мнозина од младите копнеат по книги. Тие читаат се што ќе им дојде до рака. Возбудливите љубовни измислици и слики на голи тела, умешно изложени во уметничките галерии, извршуваат изопачувачко влијание. Фантазијата станува валкана. Потоа следат гревови и престапи поради кои суштествата создадени според Божјиот образ се спуштаат на ниво пониско од животните и на крај, тонат во пропаст. Одбегнувајте читање и гледање на сѐ што поттикнува нечисти мисли. Негувајте љубов кон она што го воздигнува моралот и го облагородува умот. Немојте благородните способности на умот да ги ослабнувате и да ги упропастувате со многу читање, дури ни историски книги. Познавам личности со силен ум, кои со неумерено читање и не разликувајќи ги книгите, станале неурамнотежени и речиси одземени. {ХУ 137.4}
Треба да се има умешност и трпение и да се вложува многу труд за карактерот на младите да се вообличи како што треба. Особено оние деца кои на свет дошле оптоварени со наследство на злото, со директни последици од гревот на своите родители, треба многу внимателно да се воспитуваат, за нивните умствени и морални способности да се развијат и зајакнат. Одговорноста на родителите е навистина тешка. Лошите склоности на детето треба внимателно да се спречуваат и обѕирно да се укоруваат; умот треба да се насочи кон она што е исправно. Детето треба да се поттикнува и охрабрува во настојувањето да владее со себе. Сето ова треба да се направи промислено и разумно, инаку саканата цел нема да биде постигната. {ХУ 138.1} Родителите можат да го постават сосема умесното прашање: „Кој е способен за сево ова?” Само Господ може да ги оспособи. Неговата моќ е доволна; но, ако тие не ги бараат Неговата помош и совет, нивниот потфат навистина е безнадежен. Меѓутоа, со молитва, проучување на Библијата и усрдна ревност од своја страна, тие можат да постигнат прекрасен успех во својата значајна должност и да бидат стократно наградени за вложените напори, времето и грижата. Разговорите и грижата за надворешниот изглед често на мајките им го одземаат скапоценото време кое 6и требало да го поминат во молитва за мудрост и сила од Бога, за да бидат во состојба верно да ја извршат својата најсвета должност. Татковците и мајките кои, со Светото писмо се „умудриле на спасение” ќе настојуваат својата околина да ја направат погодна за изградба на карактерот на своите деца. Изворот на мудроста им е на дофат и од него можат да црпат сознанија кога и да им затребаат. Библијата – книгата најбогата со поуки – треба да биде нивен учебник. Ако своите деца ги воспитуваат во согласност со нејзините прописи, тие ќе успеат нивните млади нозе да ги постават на вистинскиот пат, а во исто време и самите ќе се поучат за успешно извршување на своите свети должности. {ХУ 138.2}
Младите не треба да се мачат пуштајќи ги, без никаква разлика, да читаат и учат и добро и лошо, раководејќи се со идејата дека во нивниот подоцнежен живот доброто ќе надвладее, а злото ќе го загуби своето влијание. Злото ќе фати корен и ќе напредува побргу од доброто. Можеби злото, кое тие преку читање и учење го примаат, по многу години и би се искоренило – но кој се осмелува да ги изложува на таков ризик? Времето е кратко. Полесно е и многу побезбедно да се сее добро и чисто семе во срцето на своите деца, отколку подоцна да се корне плевелот. Впечатоците оставени врз умот на младите тешко се поништуваат. Колку е, затоа, важно тие впечатоци да бидат поволни – еластичните способности на младите да се насочат кон доброто! {ХУ 138.3}
Трудете се вашето друштво во домот да го направите колку е можно попривлечно за вашите деца. Постапувајте со нив Христијански, отворено, нежно и со љубов. Со тоа ќе го зајакнете вашето влијание врз нив и тие ќе чувствуваат дека можат да се потпрат врз вас со неограничена доверба. Тогаш нема толку да се стремат кон друштвото на своите врсници. Бидејќи, поради злата со кои светот денес е преплавен, родителите мораат на своите деца да им поставуваат одредени ограничувања, тие мораат да ја удвојат својата грижа за нив за да ги привржат кон своето срце и за младите да се осведочат дека родителите сакаат да ги направат среќни. {ХУ 139.1}
Младите се склони да се дружат со оние кои се умствено и морално пониски од нив. Какво вистинско уживање едно младо суштество може да најде во слободното дружење со оние чии мисли, чувства и однесување се на толку ниско ниво? Нивниот вкус е расипан, а навиките се изопачени и Сите што ќе одберат такво друштво се изложуваат на опасност да тргнат по нивниот убиствен пример. {ХУ 139.2}
Оние кои ја сакаат бесмртноста не смеат да одобрат ниедна нечиста мисла или постапка. Ако Христос и Неговиот живот бидат тема на длабоко размислување, мислите ќе бидат далеку од сето она што наведува на осквернување. Умот ќе биде охрабрен со задржување врз она што облагородува и воздигнува. Ако се навикне на размислување за чистотата и светоста, тој ќе стане морално здрав и енергичен. Постојано задржувајќи се на духовни теми, му станува природно да се определува за таков пат. Меѓутоа, ваквата склоност кон размислување за она што е небесно не може да се стекне без усрдна вера во Бога и смерно потпирање врз Него за сила и милост, што овозможува подготвеност за секое изненадување. {ХУ 139.3}
За секој кој усрдно, искрено и сериозно се труди да ја усоврши светоста во стравот Божји, е обезбедено сѐ што е неопходно во тој поглед. Службените ангели се задолжени на наследниците на спасението да им ги пренесуваат силата и благодатта кои се обезбедени преку Христа. Никој не паднал, не се расипал и препуштил на порокот толку многу за да не може да најде сила, очистување и оправдание во Исус, Кој умрел за него, доколку е подготвен да ги отфрли своите гревови, да се врати од лошиот пат и со сето срце да Му се обрати Нему како на живиот Бог. Тој сака од Сите покајници да ги соблече нивните валкани облеки, извалкани од гревот и да ги облече во чистата облека на Својата правда; и ги повикува да живеат и да не умрат. Во Него, како прачки на Живата Лоза, тие можат да растат и да се развиваат, а не да венеат и да останат без плод. Ако останат во Него, тие ќе примаат храна од Него, ќе бидат проткаени со Неговиот Дух, ќе одат како што Тој одел, ќе победат како што Тој победил и ќе бидат издигнати до неговиот престол и ќе седнат од Неговата десна страна. {ХУ 140.1}
