Родители трпеливо ги учат своите деца да садат и полеваат растенија во домашната градина

Христијанска умереност

Домашно воспитување

Сподели го ова:

Задачата на мајката е многу значајна. Опколена со домашните грижи и тешките должности на секојдневниот живот, таа треба да се труди нејзиното влијание да го воздигнува семејството и да му донесува благослов. Во децата доверени на нејзината грижа, секоја мајка има една света должност примена од небесниот Татко; и нејзина предност е со Христовата милост да го вообличува нивниот карактер според божествениот Пример и врз нив да извршува такво влијание кое ќе ги привлекува кон Бога и кон небото. Кога мајките секогаш би ја согледувале својата должност и кога, како основна цел и најважна мисија, би си ја поставиле задачата да ги оспособат своите деца за должностите на овоземскиот живот и бесмртната слава на иднината, не би ги гледале јадот и неволјите што денес потресуваат толку многу семејства. Задачата на мајката е таква што од неа бара постојано напредување, за да биде во можност своите деца да ги води кон се повисоки и повисоки достигнувања. Но, сатаната така ги поставува своите планови, што ќе може да дојде до душите и на родителите и на децата. Мајките ги одвраќа од нивните домашни обврски и внимателното воспитување на своите малечки, за да си служат на себеси и на светот. Тие своето внимание и го подаруваат на суетата, модата и наполно безначајни работи, а го занемаруваат моралното и физичкото воспитување на своите деца. {ХУ 60.1}

Ако една мајка за свое мерило ги земе обичаите и праксата на овој свет, таа ќе стане неспособна да им одговори на своите судбоносни должности. Ако модата ја држи под нејзина власт, таа ќе ја ослабне нејзината сила и издржливост; и нејзиниот живот, наместо да биде благослов за семејството, ќе стане само еден мачен товар. Поради физичката слабост, таа нема да биде во состојба да ги вреднува и искористи можностите што и се отвораат и децата можеби ќе мораат да израснат без благодатта на нејзиното внимание, молитвите и внимателните поуки. Само кога мајките 6и ги почитувале прекрасните предности што им ги дал Бог, тие не 6и се одвратувале толку лесно од своите свети должности поради безвредните нешта од овој свет. {ХУ 60.2}

Делото на мајката започнува уште додека детето е во нејзините прегратки. Повеќе пати сум видела како малечките се фрлаат на подот и вриштат ако на некој начин им се застане на патот. Тогаш е време да се укори и избрка лошиот дух. Непријателот настојува да завледее со разумот на нашите деца, но зарем ќе му дозволиме да ги вообличува според неговата волја? Толку малите деца не знаат каков дух влијае врз нив и родителите се должни да расудуваат за тоа и да постапуваат според своето мислење. Нивните навики мораат внимателно да се надгледуваат. Лошите склоности треба да се ограничуваат, а умот треба да се поттикнува на стремеж кон она што е правилно. Кај детето треба да се поттикнува секој напор да владее со себеси. {ХУ 61.1}

Правилноста и редовноста треба да бидат правила во сите навики на вашите деца. Мајките прават голема грешка дозволувајќи им на децата да јадат помеѓу оброци. Со тоа се преоптоварува желудникот и се поставува темел за идни болести. Нивната раздразливост може да биде предизвикана од нездрава храна, а покрај тоа уште и несварена; мајката, меѓутоа, нема време да ја најде причината за тоа и да го исправи своето убиствено управување. Воопшто не запира за да го запре нивното нетрпеливо додевање. На малиот страдалник таа му дава парче колач или некоја друга слатка за да го смири, но со тоа злото само станува уште поголемо. Некои мајки, во своето брзање да сработат што повеќе, стануваат понервозни и пораздразливи од децата и тогаш со прекори и удирања се обидуваат да ги заплашат децата и да ги смират. {ХУ 61.2}

Мајките често се жалат на нежното здравје на своите деца и бараат совет од лекар; меѓутоа, кога би размислиле малку подобро, би согледале дека тешкотиите настануваат поради заблудите во поглед на исхраната. {ХУ 61.3}

Ние живееме во време на алчност; и навиките на кои им се препушта младината дури и на мнозина адвентисти на седмиот ден се во директна спротивност со законите на природата. Еднаш седев на маса на која имаше и неколку деца помлади од дванаесет години. Обилно се служеа со месо, а потоа едно слабичко, нервозно девојче побара нешто од туршија. Го фати шишето со кинеска туршија жестоко подготвено со оцет и зачинето со разни зачини и се служеше со тоа колку што сакаше. Тоа дете беше озлогласено поради својата нервоза и раздразлив карактер, кои беа предизвикани токму со употребата на тие силни зачини. Најстариот син сметал дека за секој оброк мора да се има и месо и покажувал големо незадоволство, па дури и непочитување кога тоа не 6и му се подготвило. Мајката попуштала во сѐ што нему му се допаѓа или не му се допаѓа се додека речиси потполно не станала роб на неговите каприци. Тоа момче не беше подготвено за никаква работа и најголемиот дел од своето време го поминувал во бескорисно и штетно читање. Речиси постојано се жалеше дека го боли главата и дека не му се допаѓа едноставната храна. {ХУ 61.4}

Родителите мораат да се погрижат да ги вработат своите деца со нешто. Немарноста и мрзата се вистински извори на злото. Физичката работа, која доведува до здрав замор на мускулите, ја поттикнува желбата за едноставна и здрава храна; и момчињата кои правилно зе занимаваат со корисна работа нема да мрморат станувајќи од масата затоа што на неа немало месо и разни слатки кои претставуваат искушение за апетитот. {ХУ 62.1}

Исус, Синот Божји, работејќи со Своите раце како столар, им дал пример на сите млади. Оние што сметаат дека извршувањето на обичните, секојдневни должности им е под достоинство, нека се сетат дека Исус им бил послушен на Своите родители и давал Свој придонес во издржувањето на семејството. На масата на Јосиф и Марија многу ретко можело да се види раскошно јадење, бидејќи тие и припаѓале на класата на сиромашни и скромни луѓе. {ХУ 62.2}

Родителите треба да им покажат пример на своите деца и во трошењето и употребата на парите. Има такви кои штом ќе заработат пари веднаш ги трошат на некои слатки или сосем непотребни накити, а кога ќе им снема пари, тогаш поднесуваат немаштија поради тоа што насобрале непотребни работи. Кога приходите им се големи, тие го трошат секој денар, а кога приходите се помали, не можат да ги задоволат своите расипнички навики и принудени се да позајмуваат пари за да ги подмират најнеопходните потреби. Собираат од сите можни извори за да дојдат до она што им се допаѓа. На тој начин, тие стануваат нечесни и лажливи и на денот на судот нема да сакаат да ги гледаат записите кои во небесните книги се пишуваат против нив. Желбата на очите мора да се задоволи, на желбите на апетитот мора да им се попушти и тие стануваат сиромашни поради своите невнимателни навики, додека можеле да научат да живеат во границите на своите приходи и можности. Расипништвото е еден од гревовите на кои младите им се особено наклонети. Тие ја презираат навиката на штедење од страв да не бидат сметани за циции и бедници. Што ќе им рече на таквите Исус, Величеството на небото, Оној што ни дал таков пример на трпеливост, трудољубивост и штедливост? {ХУ 62.3}

Не е неопходно тука да набројувам на какви се начини може да се штеди. Оние што своите срца во потполност ќе Му ги предадат на Господа и оние што Неговата Реч во потполност ја земаат за свој водач во животот, ќе знаат како да се однесуваат во сите должности на животот. Тие ќе се учат од Исус Кој бил умерен и кроток во срцето; и усовршувајќи се во неговата умереност ќе им ги затворат вратите на многубројни искушенија. {ХУ 63.1}

Тие нема да измислуваат како да го задоволат апетитот или склоноста за покажување, додека толку луѓе во светот немаат со што да го намалат гладот. Сумата што секојдневно се троши на непотребни нешта, мислејќи: „тоа се само неколку парички”, „Тоа е ситница”, навистина, изгледа малечка, но кога тие „мали издатоци” ќе се помножат со бројот на деновите во годинита, собраната сума на крајот на годината ќе биде речиси неверојатна. {ХУ 63.2}

Господ нашол за потребно да ми ги прикаже злата што произлегуваат од навиките на трошење, за да можам да ги предупредам родителите да ги учат нивните деца на строго штедење. Учете ги дека трошењето пари на она што не е неопходно значи нивно злоупотребување. Оној што е неверен во малку, ќе биде неверен и во многу. Ако луѓето се неверни во земските добра, не може да им биде доверено небесното богатство. Поставете стража над апетитот; учете ги своите деца и со поука и со пример да се привикнуваат на едноставна исхрана. Учете ги да бидат вредни, не само во работата со која се остварува добивка, туку да учествуваат и во несебични напори. Трудете се во нив да разбудите морални чувства. Објаснете им дека Бог полага право на нив од нивната најрана младост. Кажете им дека на секој чекор ќе се сретнуваат со морална изопаченост и дека затоа е неопходно и со тело и со душа потполно да Му се предадат на Исус, за во него да најдат сила потполно да му се спротивстават на секое искушение. Постојано укажувајте им дека не се создадени за да си угодуваат само на себеси, туку како Господови орудија да послужат за поблагородни цели. Кога ќе паднат во искушение да тргнат по патот на попуштање на себичноста, кога сатаната настојува нивниот поглед да го одврати од Бога, учете ги да гледаат во Исус и да се молат: „Господи, спаси ме да не бидам совладан”. Како одговор на нивната молитва ќе бидат испратени ангели да ги опкружуваат и да ги водат по сигурен пат. {ХУ 63.3}

Христос Му се молел на Отецот за Своите ученици, не да ги земе од светот, туку да ги сочува од злото – да не им подлегнат на искушенијата со кои ќе се соочуваат на секој чекор. Таква би требала да биде молитвата на секој татко и на секоја мајка. Меѓутоа, додека така се молат за своите деца, дали родителите треба да ги пуштат да прават што ќе им се присака? Треба ли да се гали апетитот сѐ додека тој потполно ја преземе контролата? И тогаш да очекуваме од децата да се воздржуваат? – Не. Децата уште од лулка треба да се привикнуваат на умереност и самосовладување. Во оваа задача најголема одговорност лежи врз мајката. Најнежната врска која постои на земјата е онаа помеѓу мајката и нејзиното дете. Детето побргу прима впечатоци и пример од мајката отколку од таткото, бидејќи врската со која детето е врзано за мајката е поцврста и понежна. Но, одговорноста на мајката сепак е голема и тешка и таткото секогаш треба да и помага. {ХУ 64.1}

Неумереност во јадењето и пиењето, неумереност во работата, неумереност речиси во се постои секаде каде и да се свртиме. Оние кои вложуваат крајни напори да завршат некоја голема работа во одредено време и продолжуваат да работат и тогаш кога разумот им вели дека треба да се одморат, никогаш не постигнуваат вистински успех. Тие живеат од позајмено. Тие ги трошат животните сили потребни за иднината. И кога силата што така безобѕирно ја употребиле ќе им затреба, тие нема да ја имаат. Физичката сила исчезнува, умствените сили откажуваат. Тие согледуваат дека нивниот организам е соочен со некој голем недостаток, но не знаат што е тоа. Наидува време на немаштија и потреба, но нивните извори на сила се исцрпени. Секој што ги престапува законите на здравјето мора еднаш во помала или поголема мерка да страда. Бог го обезбедил нашиот организам со неопходната сила во сите периоди на животот. И ако ние таа сила безобѕирно ја исцрпуваме со постојано претерување во работата, еден ден потполно ќе ја загубиме. Нашата корисност значително ќе се намали, ако и самиот живот не ни биде уништен. {ХУ 64.2}

Поставете си себеси правило работата што ја работите во текот на денот никогаш да не ја продолжувате навечер. Ако работните часови во денот правилно се искористат, продолжувањето со работа и навечер претставува особено претерување и така преоптоварениот организам мора да страда поради тоа. Покажано ми е дека оние што така постапуваат, често повеќе губат отколку што добиваат, затоа што со тоа ги исцрпуваат своите сили и потоа работат во нервозна возбуда. Тие можеби нема веднаш да ја почувствуваат штетноста на тоа, но сигурно ќе си го поткопаат здравјето. {ХУ 65.1}

Вечерните часови родителите треба да му ги посветат на семејството. Треба да се ослободат од неволјите и грижите што секојдневната работа ги донесува со себе. Сопругот и татко многу би постигнал кога би си поставил за правило никогаш да не ја нарушува среќата на семејството со изнесување на деловни тешкотии кои во куќата внесуваат немир и загриженост. Можеби ќе биде неопходно за некои потешкотии да се посоветува со жената и заедно да побараат мудрост од Господа, за да си ги олеснат неволјите; но мора да се има на ум дека постојаната преоптовареност со деловни грижи го нарушува и умното и телесното здравје. {ХУ 65.2}

Вечерта треба да се помине во колку е можно попријатна атмосфера. Домот треба да биде место на ведрина, наклонетост и љубов. Тоа ќе го направи привлечен за децата. Ако родителите секогаш се загрижени, раздразливи и само изнаоѓаат грешки и критикуваат се, децата ќе го попримат истиот дух на незадоволство и кавга и домот станува најбедно место на светот. Децата ќе најдат повеќе задоволство помеѓу другите, во несовесно друштво или на улица, отколку во таков дом. Сето ова лесно би можело да се избегне кога би биле умерени во се и кога би имале повеќе трпение. Кога секој член од семејството би се трудел да владее со себе, домот во голем дел би станал рај. Направете го својот стан што попријатен. Нека тој за децата биде најпривлечното место на земјата. Имајте врз нив такво влијание што тие нема да се стремат кон друштвото од улицата и на духот на пороците да гледаат само со одвратност. Ако животот во домот е онаков каков што 6и требал да биде, тука стекнатите навики, за младите ќе претставуваат силна одбрана од искушенијата тогаш кога ќе мораат да ја напуштат закрилата на домот и да се соочат со светот. {ХУ 65.3}

Дали ние градиме куќа со тоа да го усреќиме своето семејство, или само за да се покажуваме со неа? Дали најпријатните и сончеви простории ги предвидуваме за своите убави деца или нив ги држиме во темни и затворени соби, додека најудобните се резервирани за посетителите и гостите, за оние чија што среќа не зависи од нас? Нема поблагородно дело што можеме да го направиме, ниту поголема корист што можеме да му ја пружиме на општеството отколку нашите деца, со поука и пример, правилно да ги воспитаме и во душата да им го всадиме значајниот принцип: дека со чистотата на животот и искреност на намерата најдобро ќе се оспособат за извршувањето на својата животна задача во светот. {ХУ 66.1}

Извештачените навики не лишуваат од многу предности на вистинското задоволство и не прават неспособни да им бидеме од полза на другите. Помодарскиот живот е тежок и многу неблагодарен. Колку често се жртвуваат времето, парите и здравјето, трпението се изложува на тешки искушенија и се губи контролата над себеси, само поради покажување и раскош! Кога родителите би се држеле до едноставноста, не трошејќи пари на задоволување на суетата и не поведувајќи се по модата; кога би сочувале благородна независност во праведноста, не дозволувајќи врз нив да влијаат оние што тврдат дека веруваат во Христа, а одбиваат да го понесат крстот на самооткажувањето, тие на своите деца – со личен пример -6и им дале непроценливо воспитување. Таквите деца би се развиле во мажи и жени со непроценлива вредност, луѓе кои ќе имаат смелост одлучно и храбро да се заложат за она што е праведно, дури и наспроти општата струја на помодарството и популарното мислење. {ХУ 66.2}

Секоја постапка на родителите ќе се одрази во идниот живот на нивните деца. Трошејќи ги парите и времето на надворешно украсување и задоволување на изопачениот апетит, тие во своите деца развиваат суета, себичност и телесни желби. Мајките се жалат дека се толку оптоварени со грижи и работа што немаат време за трпеливо поучување на своите малечки и соучествување во нивните разочарувања и неволји. Срцата на младите копнеат за сочувство и нежност и ако не го добијат тоа од родителите, тие ќе го побараат на други извори, извори кои можат да бидат опасни и за умот и за моралот. Сум чула дека многу мајки им ускратуваат на своите деца некои наивни задоволства затоа што не сакаат на тоа да му подарат ни време ни внимание, додека своите вредни прсти и изморените очи со толку внимание ги протегаат изработувајќи некои непотребни украсни ситници, нешто што може да послужи само затоа и децата да ги поттикне на суета и расипништво, „Како ќе се свитка дрвото додека е младо, такво и ќе остане”. Кога таквите деца ќе станат мажи и жени, она што го научиле во детството ќе донесе плод во горделивост и морална безвредност. Родителите ги осудуваат грешките на своите деца, но слепи се пред фактот дека тоа е само жетва на она што токму тие го посеале. {ХУ 67.1}

Родители, понесете го своето животно бреме како христијани и искрено размислете за светата обврска што почива врз вас. Наместо да се поведувате по модата и обичаите на овој свет, по желбата на очите и гордоста на животот, земете ја Божјата Реч за свое мерило. Идната среќа на вашето семејство и доброто на општеството многу зависат од физичкото и моралното воспитување што вашите деца ќе го примат во првите години од нивниот живот. Кога мајките во сите свои навики и вкусот би биле едноставни, како што би требале да бидат, кога 6и се облекувале уредно без особено украсување, тие би нашле време своите деца да ги направат среќни и да ги учат на послушност која произлегува од љубов. {ХУ 67.2}

Не ги праќајте своите малечки премногу рано на училиште. Мајката треба да биде многу внимателна ако вообличувањето на умот на толку мало дете му го предава на друг. До осмата или деветтата година од животот најдобри учители за децата би требале да бидат родителите. Нивна училница треба да биде слободното движење на чистиот воздух, особено онаму каде што ќе бидат опколени со цвеќиња и црцорење на птици, а учебник нека им биде богатата ризница на природата. Поуките примени во таква средина нема лесно да се заборават. Многу труд треба да се вложи за почвата на срцето да се подготви за „Сеачот” на доброто семе. Кога родителите само половината од времето и трудот што сега залудно ги трошат на прилагодување кон модата и обичаите на овој свет, би ги посветиле на облагородување на умот на своите деца и создавање на добри навики кај нив – во семејствата би се забележала значителна промена. {ХУ 67.3}

Неодамна слушав една мајка како зборува дека би сакала куќата да и е попримерно испланирана, затоа што не можела да се помири со погрешниот распоред на просториите и несоодветните завршни работи на столаријата. Не го осудувам вака префинетиот вкус во тој поглед, но додека ја слушав, ми 6eufe жал што толкава грижливост и истенченост не внела и во методите на воспитувањето на своите деца. Тоа се градбите за чие обликување е таа одговорна; сепак, нивната недоделканост, себичен карактер и неконтролирана волја оставаа многу мачен впечаток врз оние што ги набљудуваа. Лошо формираните карактери на нејзините деца претставуваа навистина несоодветни делови во градбата на човештвото, па сепак мајката беше слепа за сето тоа. Уредувањето и изгледот на куќата за неа беа поважни отколку складен развој на карактерот на нејзините деца. {ХУ 68.1}

Чистотата и уредноста спаѓаат во христијанските должности, сепак, во тоа може да се претерува и може само тоа да се смета за важно, а да се занемаруваат многу поважни должности. Оние што поради тоа ги запоставуваат интересите на своите деца, постапуваат како оние што давале десеток од нане, смирна и копар, а го занемариле она што е поважно во законот – правдата, милоста и божествената љубов. {ХУ 68.2}

Децата на кои најмногу им се попушта стануваат самоволни, површни и непривлечни. Затоа, родителите би можеле да согледаат дека среќата на нивните деца зависи од разумното рано воспитание. Кои се тие малечки кои се доверени на нашата грижа? {ХУ 68.3}

Тоа се помладите членови на Господовото семејство. „Земи го овој син или ќерка” – вели Тој – „И одгледај ги за Мене; оспособи ги да станат како столбови прекрасно изработени во дворот’, за да можат да блескаат во палатата Господова”. Колку благородна, прекрасна и значајна е оваа задача! Па сепак, гледаме дека мајките копнеат за некое пошироко поле на дејствување, да работат нешто во мисионството. Им се чини дека би можеле да сторат нешто само ако отидат во Африка или Индија. Меѓутоа, верното и истрајно извршување на секојдневните должности ним им делува безначајно. Зошто е така? Не потекнува ли тоа оттаму што делото на мајката ретко кој го почитува? Таа има илјада грижи за кои таткото често не знае ништо. Враќајќи се од работа, тој премногу често ги донесува со себе и своите деловни грижи оптоварувајќи го семејството со нив; и ако дома не најде се онака како што, според неговото мислење, би требало да биде, тој станува нетрпелив и на сѐ наоѓа мани. Се фали со своите денешни постигнувања и заработката додека она што мајката го сторила, според неговото сфаќање, вреди многу малку или сосема се потценува. Нејзините грижи нему му изгледаат сосема безначајни и ситни. Таа треба само да готви, да се грижи за децата, понекогаш да им го зголеми семејството и да ја одржува куќата во ред. Таа се напрега секојдневно настојувајќи во куќата се да тече рамномерно. Иако изморена и збунета, таа се труди на децата да им зборува љубезно и ведро, упатувајќи ги на вистинскиот пат и одржувајќи ги на него. Сето тоа бара многу напор и трпение од нејзина страна. Осврнувајќи се на своите обврски, таа не може да се пофали со она што го сработила. И се чини дека не постигнала ништо. Меѓутоа, тоа не е точно. Иако резултатите од нејзината работа не се очигледни, Божјите ангели бдеат над мајката оптоварена со грижи и не го испуштаат од вид бремето кое таа го носи од ден во ден. Нејзиното име можеби никогаш нема да се прочита во записите на историјата, ниту пак ќе ги прими почестите и одобрувања од светот кои може да ги прими мажот и таткото; но сето тоа се забележува во вечните Божји книги. Таа прави сѐ што може и нејзината положба во Божјите очи е повисока од положбата на царот на неговиот престол; бидејќи таа работи на вообличување на карактерот и образување на умот. Денешните мајки го создаваат општеството на иднината. Колку е, затоа, важно нивните деца да бидат воспитани така што ќе можат да им се спротивстават на искушенијата со кои ќе се соочуваат на секој чекор во својот подоцнежен живот! {ХУ 68.4}

Каков и да е неговиот животен повик, и колку и да е оптоварен или збунет, таткото секогаш треба во куќата да влегува со насмеано лице и пријатно расположен, исто онака како што во секојдневните средби се сретнува со посетителите и страните лица. Жената треба да почувствува дека може да се потпре врз великодушноста на својот маж – дека неговите раце ќе ја засилат и поддржат во сите нејзини напори и грижи, дека ќе ја потпомагаат со нивното влијание и нејзиниот товар ќе стане наполу полесен. Зарем децата не се и негови исто колку и нејзини? {ХУ 70.1}

Таткото треба да се труди задачата на мајката да ја направи полесна. Во времето што би го посветил на лично уживање, нека се труди да се запознае со своите деца – дружејќи се со нив во нивните игри и работата. Нека им обрнува внимание на прекрасното цвеќе и величествените стебла каде што можат да се најдат вистинските трагови на Божјото дело и Неговата љубов. Тогаш треба да им пружи поука дека Бог, Кој го создал сето тоа, го сака она што е убаво и добро. Христос на своите ученици им укажал на нарцисите во полето и птиците во воздухот, покажувајќи како Бог се грижи за нив и истакнувајќи го тоа како очигледен доказ дека Тој ќе се погрижи и за човекот кој е многу поважен од птиците или цвеќињата. Кажете им на децата, по тој повод, дека без оглед на тоа колку труд ќе употребат на лично украсување и раскош, тоа според убавината и милноста не може да се спореди ни со наједноставниот полски цвет. Така ќе ги одвратите нивните мисли од вештачкото и ќе ги насочите на природното. Децата можат да се поучат дека Бог сите тие убавини ги дал тие да уживаат во нив, но дека сака за возврат тие да Му ги подарат своите срца, своите најубави и најсвети чувства. {ХУ 70.2}

Родителите треба кај децата да разбудат интерес за проучување на физиологијата (природна наука од групата на биолошки науки: проучување на функциите на клетките, ткивата, органите и организмот како целина). Меѓу младите има такви, но малкумина, кои имаат јасна слика за тајните на животот. Проучувањето на чудесниот организам на човековото тело, поврзаноста и меѓусебната зависност на сите негови делови, е една од областите за кои поголемиот дел од мајките е малку заинтересирана. Тие не го согледуваат влијанието на телото врз умот и на умот врз телото. Се занимаваат со непотребни ситници, а потоа се жалат дека немаат време за стекнување на знаењето што им е неопходно за да можат правилно да се грижат за здравјето на своите деца. Полесно им е децата да ги препуштат на грижата на лекарот. Илјадници деца умираат поради непознавање на законите што владеат со нивното битие. {ХУ 70.3}

Кога родителите би стекнале макар основно знаење во овој поглед и кога би го согледале значењето од примената на стекнатото знаење во практичниот живот, би виделе дека здравствената состојба во светот се подобрува. Учете ги вашите деца да расудуваат од причината до последиците. Објаснете им дека престапувањето на законите кои владеат со нивното битие мора да се плати со болест и страдање. Ако не забележите брзо подобрување, онакво какво што би сакале да видите, немојте веднаш да се обесхрабрите, туку стрпливо подучувајте ги и продолжете така се додека не освоите победа. Дајте им поука во поглед на нивниот организам и за тоа како да си го сочуваат здравјето. Занемарувањето на телесното здравје води кон занемарување на моралот. {ХУ 71.1}

Немојте да занемарите да ги научите своите деца како се подготвуваат здрави јадења. Давајќи им поуки од познавање на организмот и за подготвување на здрава храна, сте ги повеле по првите чекори во најкорисната гранка на образование и сте им всадиле во срцето принципи кои претставуваат неопходна основа на верското воспитување. {ХУ 71.2}

Сите поуки што ги изнесов во врска со овој предмет се многу потребни. Ако се применуваат како што треба, тие ќе претставуваат одбранбен бедем кој ќе ги штити нашите деца од злата со кои е преплавен светот. Неопходно е да бидеме умерени на трпезата. Неопходно е во нашиот дом од Бога дадената сончева светлина и свежиот воздух секогаш да бидат пристапни и добредојдени и во него да се чувствува расположение и среќа. Мораме во нашите деца да развиваме добри и корисни навики и да ги упатуваме во Божјите дела. За да се постигне сето тоа потребни се многу молитви и солзи, многу трпение и често повторување на поуките. Ние понекогаш го напрегаме умот до крајни граници за да знаеме што да сториме со нашите деца; меѓутоа, за да ги одвратиме од злото, можеме во молитва да Му ги препорачаме на Бога со овие зборови: „Господи, сега Ти стори го Своето; омекни ги и потчини ги срцата на нашите деца”. И Тој ќе не услиши. Тој ја слуша секоја молитва на од грижа совладаните мајки и ги гледа нивните солзи. Кога Христос бил на земјата, оптоварени со своите грижи, мајките Му ги донесувале своите деца, верувајќи дека, ако Тој ги стави Своите раце врз нивните малечки, тие како мајки ќе бидат охрабрени да ги воспитаат како што треба. Спасителот знаел зошто тие доаѓаат кај него со нивните малечки и ги укорил Своите ученици кои ги задржувале со зборовите: „Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто, на такви е царството Божјо” (Марко 10:14). Исус ги сака децата, Тој будно внимава како родителите ја извршуваат својата должност кон нив. {ХУ 71.3}

Беззаконието се умножува на сите страни и за да се спасат децата мораат да се вложуваат усрдни и истрајни напори. Христос рекол: „За нив Јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината” (Јован 17:19). Тој сака Неговите ученици да бидат осветени и им дава личен пример, за да можат да Го следат. Што би било кога татковците и мајките би заземале сличен став, велејќи: „Сакам моите деца да бидат цврсти и постојани во принципите и сакам во тоа да им дадам пример со својот личен живот?” Ниедна жртва неопходна за спасението на своето семејство, мајката не треба да ја смета за премногу голема. Имајте на ум дека Исус Го дал Својот живот за вас и вашите мили да ве спаси од пропаст. Во оваа благословена задача ќе ги имате Неговата помош и сочувство и ќе бидете Божји соработници. {ХУ 72.1}

Во било што друго да доживееме неуспех, но во делото за нашите деца да бидеме потполни и истрајни. Ако тие, благодарение на домашното воспитување, во животот појдат чисти и полни со доблести, ако заземат едно место – било тоа најмало или највисоко – во големиот Божји план за доброто на светот, нашето животно дело нема да претставува неуспех. {ХУ 72.2}

Сподели го ова:

Поврзани статии